Јас имам некој среден тен, ама повеќе ми оди на темен. А таков и одсекогаш сум сакала. Чоколаден. Не онаков африкански, туку чоколаден, кафен, не црн.
Сакам црн тен, многу многу црн, а јас сум бела како снег. Кога се сончам само ќе изгорам, ништо друго. Јбг
Не дека имам аристократски тен, ама бела сум, дури лицето на жуто ми мава бе. А вака посакувам чоколаден тен, и брзо поцрнувам иако бива и да изгорам малку понекогаш. И сметам дека е подобро да имаш потемен тен, зашто ни бубуличка ти се познава, подочници, рани, лузни, стрии и слично.. А вака на мојов тен се ми се познава, а и пеги имам, леле бе. Сега уште малку ќе одам на одморче, па ќе си се вратам чоколадна.
Јас имам светол тен, ама брзо ме фаќа сонце, за два три дена скроз поцрнувам Ама па и мразам ко ќе се исунчам многу. Не ми одговара на плаво-портокаловава коса
Same here... Само што јас не си го сакам... Сакам бела ко снег да сум, амааа нема се што сакаме нели Добра сум и вака не се жалам
Па да ви кажам имам многу светол тен со многу дамки.Не можам на сонце да излезам ведаш горам.Но сепак си ја сакам мојата бела кожа некако се издвојува од другите
Многу сум бела и веднаш на сонце горам ама не фаќам многу боја ептем малце а како раке се прам Би сакала да сум малце по темна ама и вака не ми е лошо
Aбе глеј можеш да бидеш и ќумур црн па да бидеш нежен,колку повеќе ја негуваш кожата се понежна ти станува,јас сум за Аfrica.
Јас имам ептен светол тен(секогаш сум бела, колку и да се сончам на плажа пак сум мн. бела), и не ми пречи, баш си го сакам тенот.
Јас не фаќам боја. Ни црна ни црвена. Како што се родив сирење така и си останав. Не ми пречи тенот што го имам. Така не морам да менувам пудри со секое поцрнување.
Снежана! Имам светол, бел тен. Многу си го сакам, не сакам ни малку да сум потемна, поточно не сме баш нај пријатели со сонцето!