Јас сум светла,чиниш најбледиот човек на свет.Абре нема човек што сум го сретнала до сега, побледа кожа од мојата.Никој.Денес малку што излегов на природа,одма се направив црвена,жар.Веднаш се испеков.Сепак,во секој случај,сакам нормален тен.Неколку нијанси потемен од мојот,колку за да не бидам ко мртовец.
И јас имам од тој "аристократскиот тен" де,и јас од од тиа белите деца,ни фаќам боја,ни бојата ме фаќа мене,ама ич не си го сакам тенот,да имав малку понормален тен,за две-три нијанси потемен од мојот,кога одам на одмор мора прво убаво да се припремам,па да се испечам,па конечно да фатам боја која ќе ми стои додека си дојдам дома,а после тоа иста песна...
И двата си имаат посебна убавина. Јас по природа сум бледолика.. посебно во зима. Ама во лето многу поцрнувам.. веројатно затоа што сум постојано изложена на сонце, едноставно таква сум неможам мирна да седам. Постојано сум во движење
Јас имам многу светол тен, дури и бледа сум хахахаха Тешко поцрнувам, а мислам и дека нема да ми стои темен тен
Аристократски тен. Не дека мала боичка не е лоша, туку едноставно освен црвената боја друга не се добива
Сите во моето семејство имаат потемен тен, а јас (изрод) немам. Толку сум бела што луѓето ме прашуваат да не сум болна. Еднаш еден ме праша дали сум посвоена зошто сите од семејството биле темни а јас бела ко снег . Никогаш не сум била потемна од една нијанса, само горам а не се сончам. И искрено вака мислам дека повеќе ми прилега.
Бела сум, скоро ич не ме фаќа сонце. А ако ме фати - има добро да ме испече, ќе си трпам болки, ќе се излупам, и на крај пак бела. Еееех колку ми беше криво порано, ќе се вратев од одмор, и сите ќе почнеа да ми зборуваат како тоа не сум била ич потемнета. Ама сега гајле ми е, дури не се ни трудам да се сончам и да фатам боја. Епа тоа е, не може сите чоколадни да сме. А сакам тенот да ми бил маааалку потемен...
Сина крв - тен Со сонцето нешто посебно не се љубиме. Ја го избегавам него, тоа ме избегава мене. Ако веќе сум подолго време изложена на сонце едино постои шанса да станам црвена као рак, од црно ни ц Аристократски тен for good
африкана секој може да постане,ама аристократија не,таков се раѓаш или не,значи дефинитивно аристократија
Јас имам аристократски тен си го сакам. Блед тен си имам тоа ни наследно/фамилијарно. И секогаш кога нема да ставам шминка (пудра, руменлио...) ме прашуваат абе девојче болна да не си им викам не бре аристократски тен имам. Убаво ми е кога ќе видам некој со потемен тен, но за жал јас колку и да се сончам ме фаќа малку боичка. Така да, дефинитивно си го сакам тој аристократски тен.
Колку се смешни луѓето. За тенот ќе се фатат да ја упоредат својата големина. Сем ако не живеете во замок и вашето семејство не се благородници или грофови, јас не ви ја гледам аристократијата. Прашањето ми е дали? А и со лепотата како стоите? А душата? Мојот еднаш имам пишано, нормален, накај темен, бледникав, со жолт подтон, си го поштувам многу. Темнее кога треба, нормален е зиме. Екстремите не ги сакам фосфорен пребел тен, како што не ми се допаѓа претемен цело време со црвеникав подтон. Ама од тогаш кога сум пишала, до ден денешен фасцинирана сум од идејата како ситници од овој тип прават луѓето да се чувствуваат посебно... шта ќеш.
ја сум како сиренце бела.. знам дека е поубаво да си бел ама идеш на плажа и после 3 дена алергија од сонце факам и ја не се сунчам ја ГОРАМ и мн ми е нежна
бела сум...ако земам да се сончам ќе повцрвенам ќе се излупам и че останам крастава а сакам да бидам чоколадна
Епа сега Лилит некој е среќен што го има она самиот што кај другите го смета за убаво. Ајде секој збор dа си го премериме пред да напишеме нешто. И аристократите се само луѓе од крв и од месо ако е за така, па некој им дал титула и замок. Некоја аристократ а некоја латино, колку за споредба, не дека вистина мислиме така или ќе се оствари. Он Јас сум бела, баш така аристократски бела. Немам ни некој голем проблем со потемнувањето. Не можам да дојдам до чоколаден тен (и не ми се допаѓа многу чоколадниот, превештачки ми делува), ама ако се сончам подолго време добивам некој нормален на лето.
Јас сум прееееееемногу бела. Плус имам алергија на сонце така да.. сега дека бев на одмор и дечкоми се заебава со мене ми вика: Ах си фатила малку боја,сега личиш на нормален човек.. -.-
Јас имам аристократски тен. Тенот ми е многу светол. А сакам да мие потемен, ама не да биде а ла Африкана. Толку темен тен не сакам.