Јас имам многу бел тен,блед и убаво ми стои некако особено во комбинација со косата дека ми е потемна,ама морам да признаам дека си се допаѓам и коа ќе се исончам ама онака малце,умерено чоколадно... Не можам да извојам кој ми се допаѓа повеќе..кај секој човек различно..
Секој различно. Јас имам некој тен измеѓу. Значи не сум бледа али не сум ниту црна. Во лето многу убава чоколадна боја си фаќа и ми стои подолг временски период.
И јас имам некој тен измеѓу.Немам толку светла кожа ама немам ни некој чоколаден тен.Во лето го добивам тој чоколаден тен иако не ми стои толку долго
Блед тен here. Иначе на лето за брзо поцрнувам ама и за брзо ми се губи бојата. А во зима се повампирувам, кхм.. се вракам на старо.
Каква разлика има од ова мислење до коментарите на оние кои се критикувани во истото? Ете и тука гледам ставање на пиедестал на тенот што дотичната членка го спомнува само затоа што е нејзин во однос на бледите и црномурестите кои се не толку пријатни за нејзино око. Офтопик, ама смешни ми се некои коментари едноставно. Другите ќе ги критикуваме за нешто што и самите го правиме.
Природно имам многу блед тен , а па да не зборувам кога сум болна или кога ми е лошо пребледнета сум како дух, би сакала да имав потемен тен.
Имам бел тен,не премногу,но бела сум. А се допрам,се штипнам веднаш црвено ми останува. Инаку имам природно руменило на лицето,кое понекогаш и ме нервира.
Имам темен тен со жолт подтон.На лето кога ќе се исунчам се правам ала Африкана ама она буквално! Си го сакам тенот,убаво ми седи посебно дека имам црна коса и црни очи(претемно кафеави)
Јас имам светол аристократски тен и си го сакам Не дека не ми се допаѓа темен тен,напротив сакам,ама или природно темен или ицончан на летното сонце.Во солариум ми е ептен вештачки.Преферирам природен тен.
Имам темен тен. Кога одам на плажа 10мин. да полежам = како да сум седела со саати.. одма потемнувам Јас во Скопјево се правам црна ,не пак на одмор да отидам Спојлер * Летово,кога се вратив од одмор и кога ме видоа дома после толку време ..сите беа како ..Абе од Индија да не доаѓаш..?
Знае некој дали кај нас има продукти за потемнување на тенот, од тие што се машкаш и оставаш преку ноќ и другиот ден тадададам имаш црн тен .. видел некој?
Јас сакам и имам Аристократски тен, ла Африкана ми е одвратен посебно водителкиве во солариум кога ќе потемнат.
Јас имам бела кожа, односно светол тен. Не сакам сончање и солариум.Преферирам се што е природно, па макар и да е типично изразен темен тен.
Ako imash bela kozha, ne e nishto teshko da se isonchash. Zgora na toa denes se dostapni barem nekolku brzi i lesni metodi za dobivanje na bronzen ten. Od druga strana, ne e ni priblizhno taka izvodlivo crna kozha da izbelee. Zatoa, prvoto mi e podobro. A i obichno ne mi se dopagjaat mnogu temni lugje.
Jас имам аристократски тен и поаристократски не можи да биди хахахах се чувствувам убаво со мојот тен, иако има многу недостатоци да бидеш толку светол, многу пати луѓето мислат дека ми се слошило дека сум бледа, и најсветлата пудра ми е темна, а сончањето е непозната појава за нас, екстремно белите хахахах. А вака на лето изгорена сум да излезам и да се сончам, ама немаа