Аристократски т.е. бел тен е поздрав освено ако не сте природно по раѓање друга раса, да речеме од Африка. Премногу изложување на кожата на сончево зрачење може да предизвика со текот на годините забрзано стареење па дури и рак на кожата. Сонцето (поточно озонскиот заштитен слој околу нашата планета) не заборавајте не е истото како пред 30 години.
Аристократски!!! И таков имам, постојано се кријам од сонце не сакам да потемнувам и општо секогаш повеќе ми се допаѓале луѓе со светол тен.
Аристократски. Не ми стои потемен... Ич не се свиѓам кога ќе ме фати боја како изгледам. Едвај чекам да падне бојата од мене, изгледам толку неприродно.... Мачкам и 50ка фактор и се ама пак ме фаќа боичка.
Би сакала да имам потемен тен,ама го имам аристократскиот тен т.н royal skin Бела кожа многу проблематична да се почешам на лице или врат пола саат вцрвенета сум и природна руса коса, тенко влакно,премногу мека што не се осудувам да ставам регенератор или маска пошо ке бидам ко накиснато маче. Исто и влакненцата по нозе раце и интима ми се многу светли и не се толку цврсти за да можам да ги издепилирам,се кинат и се прават поткожни и плус 3-4 дена кожата ми е црвена многу. Малце зезнато ова...
Јас сум бело и нежно девојче. Изгледам дури помладо одошто сум. Да, ми рекле и дека имам аристократски тен, им благодарам на комплиментот.
Поаристократски тен не можев да имам, ама дефинитивно повеќе сакам кога ќе се исончам и добијам потемен тен.
Имам многу светол тен, а многу темна коса и очи. Ми се допаѓа контрастот, мислам дека е нешто што не се среќава многу често барем на нашиве простори.
Немам ни аристократски тен ниту африкански измеѓу, на лето лесно "фаќам" боја и стои подолго време, коса светло кафеава и зелени очи. *Искрено сакам аристократски тен
Prirodno imam nekoja mlechno bela nijansa na kozhata, koja mnogu si ja sakam, a na leto sekako postepeno so kozmetika na Eucerin postignuvam bronzen ten koj si trae nekolku meseci, taka da zavisi od periodot...
. Kolku shto znam jas a i so tie okolku mene aristokratski ten otsekogash bil poim za zenite koi so izgledot na bela, chista, neguvana kozha go pojasnuvale visokiot status vo opshtestvoto porano... Sekako crvenire tonovi se razlika kaj poedinki i zavisat od ishrana, chustvitelna kozha itn... taka da aristokratski e za devojki koi poradi svoi ubeduvanja ili zdrastveni prichini se drzhat do prirodnata boja na kozha koja e svetla i takva ja neguvaat.
Мене и тоа и тоа ми изгледа преубаво. Имам гледано девојки со бел тен на кои тоа делува преубаво, а на некои делува ептен испиено. И девојки со темен тен исто така. А и девојките кои се мешани се прекрасни. Пак повеќе ме влече потемниот тен. А лично за мене, јас сум бела како сирење и сакам малку потемен тен да имам. И не е лесно да се добие потемен тен на здрав начин. Солариум не сакам никако, а тие креми и чуда често изгледаат портокалово и неприродно.
Аристократски. Колку и да се обидувам да добијам потемен тен, завршувам со црвено лице и рамења, како ракче сум.
Аристократски. Толку многу сум бела како сирење, бетер од Русиве сум. Ама сепак си го сакам тенот дури не се ни трудам да добијам потемен тен.