Аристократски тен или а.л.а Африкана? ...црното гројзе е послатко велат, ама наскапите и најпосакувани недостижни за многумина вина се сепак белите...сепак, кој не би посакал рафинирано нешто-убавината
Аристократски тен или а.л.а Африкана? Јас не сум ни бела, ни премногу црна, некаде во средина. Ама кога ќе излезам на сонце одма ме фаќа боја, мислам не одма али 4 дена сунчање и веќе имам тен. Обожавам чоколаден тен по секси е, нели.
Аристократски тен или а.л.а Африкана? Јас имам бел тен..не сум нешо ептен бела ама така, светла. Малце се нервирам ради пегите на носот летно време што ми искачаат..ама па можам секаква шминка да користам и нема граница со бои за облека што е обратно кај темниот тен
Аристократски тен или а.л.а Африкана? хаха и мене така ама не е до светлоста на кожата туку кожата ти е многу тенка.. и мојата е таква и цело тело како лавиринт ми е хаха шала, ама по малце
Аристократски тен или а.л.а Африкана? ...лице без пеги е како небо без звезди... секако дека секој ке си брани тенот, господ прво на себе си пуштил брада...тоа што воодушевува визуелно кај теновите е бојата на очите во склад со тенот... :geek:
Аристократски тен или а.л.а Африкана? Си го мразам белиов тен што го имам од толку што сум си бела имам и неколку капиларчиња околу носот и на устата не се страшни ама сепак ме нервираат ми викаат дури и дека кожата ми е како прозирна заболекарката ми вика дека сум како оние со "плава" крв, бела, најбела со пеѓички и така црвени точкички на горната усна Си се сакам многу со поцрн тен, многу сум поубава така на солариум еднаш имам само одено за матура, ама затоа обавезно секое лето користам креми за самопотемнување
Аристократски тен или а.л.а Африкана? Јас имам ни многу темен ни многу светол тен ,златна средина а копнеам по чоколаден тен. Ме фаќа боја многу лесно ,само нека излезе сонцето и одма почувааат да ме прашуваат дали одам во солариум . 3 дена да појдам на одмор се враќам како ала хитана Кога одам на одмор не излегувам од вода а сепак потемнувам многу ,се прашувам што би се случило ако цело време се сончам Не би сакала да имам бел тен бидејќи сестра ми го има и покомплицирано и е и за шминкање , и за сончање наместо да и потемнува кожата и се вцрвенува и и се лупи ,како и да е поосетлива е за разлика од мојата . Уште такви проблеми ми фалат ,ноу тенкс
Аристократски тен или а.л.а Африкана? Јас сум сирење. Многу бел тен имам, пудрата Young Derm 5ка совршено ми се вклопува, иста боја ми е со тенот, па видете. Ми треба многу време за да фатам боја и пак тоа е многу малку, а пребрзо горам. Никој не ми верува на одмор дека сум била кога ќе се вратам. Инаку мислам дека нема врска тоа со привлечноста на жената. Секој има различен вкус, а плус во целокупниот изглед и убавина на истиот играат улога повеќе работи од тенот.
Аристократски тен или а.л.а Африкана? Извинете мене ме буни насловот- зарем не се пишува а ла, а не вака со точки
Мојот, бел..најбел... аристократски тен не го давам за ништо... јас заштитен фактор користам преку целата година... лицето, деколтето и дланките не заборавам да ги намачкам пред секое излегување... а на плажа... лесно се препознавам..најбела... со еден тон крема на мене...и ленена тенка маичка....која иде и во вода со мене ... не сме пријатели со сонцето. Ја почитувам светлината, не и топлината.
мојот тен е средно темен не сум ни црна ни бела. а секако дека им е полесно, така да се изразам на оние девојки кои имаат потемен тен, бидејки поштедени се од оние изгореници и тешко добивање на потемен тен, кои може да ги добијат белите девојки. едноставно белите девојки треба "да платат" за да имат темен тен.
Имам светол тен, и тоа многу светол. Малку ми е чудно, ама многу лесно ме фаќа боја. Но мислам дека поубаво ми стои бел тен. Не сум одела на солариум, а креми за самопотемнување имам користено неколку пати.
Jас сум си беличка таман, не дека не ми се допаѓа тенот ок е, али би сакала нијанса потемен. Јес да од друга страна сум благодарна што немам розевкаст Али летно време фаќам убава боја иако имам бел тен, бидејки најчесто тие девојки горат а не фаќаат боја, и едноставно си се обожавам. Се чуствувам многу секси, многу привлечно, со црн тен некако се прикриваат малите недостатоци на телото. Уф уф одвај чекам летоска да се печам и да си го шетам тенот африкана
Јас сум некоја златна средина, можеби малку повеќе накај светол тен. Ми се допаѓа бидејќи зимно време сакам да сум по нежна и по светла. Преку лето пак многу брзо фаќам боја, го добивам посакуваниот не многу темен тен и потоа само го одржувам. Не сакам да бидам ептен темна. Не дека не ми се допаѓа чоколадниот тен, но поради тоа што имам сини очи сметам дека белиот тен ми прилега поубаво. За разлика од повеќето мислења кои ги прочитав јас повеќе си се сакам зимно време. Сини очи, бело лице и црвено носе.
Јас сум бела,т.е згрешив...јас сум пребела Мојот е стварно аристократски тен.Мајка ми кога бев мала беше убедена дека сум анемична зошто како дух сум во лицето,никогаш,никогаш не поцрвенувам Ама од секогаш крвта ми е супер,и докторката секогаш ми го фали аристократскиот тен И јас да бидам искрена си го сакам,што ако имам бели нозе и во лето..ми е гајле...не ме интересира дали другите ќе веруваат дали сум била на одмор,не одам за нив туку за себе.И затоа,никогаш не се сончам само се капам,избегнувам зошто не ме фаќа боја никогаш Другарките многу ми го фалат лицето со блед тен,црни очи и темна коса Вампирска комбинација