јас сум беж и такви пудри користам, но малку сакам потемен да ми биде. а во лето сум африканка, баш така поцрнувам ептен и плус имам виткна коса, ми се случува да ме прашаат дали сум мулат !
Јас имам среден тен, но сепак повеќе сакам потемен тен..на лето ко ќе потемнам некако се чувствувам посекси и мислам дека многу поубаво ми стои, оти имам зелени очи и кафеава коса, а и да не заборам послаба личам со потемен тен зато одвај чекам да дојди лето и да си се исунчам, па да си се шетам со мојот темен и секси тен
Имам темен тен, порано многу сакав да бидам бела и кога одевме на плажа се покривав да не поцрнам. Сега повеќе сакам да сум црна, мислам дека подобро ми стои. Искрено мислам дека светлата кожа е многу попороблематична кога се работи за сончање затоа што најчести резултати се дамки кои потоа тешко можат да се изгубат, изгореници и црвенило така да не се сложувам баш дека оние со бела кожа ако сакаат можат да бидат и темни (беше спомнато некаде во темава), да, може да поцрнат до некој степен оние со средно темна кожа ама таа боја потоа веднаш се губи. Ако една девојка е секси, што се однесува до мене, последно нешто поради кое е секси е тенот. Единствен тен кој не ми се допаѓа е овој
ПРЕаристократски!!!Бело...сиренце! Еднаш на одмор се надмашив себе си,Black Up и кантарион ..комбинација смрти..и малку потемнев,но најмногу во целиот мој живот и бев пресреќна зошто обично се правам ракче. Имам темна коса и едно време си го мразев тенот.. Но сега веќе не ми смета..со малце пудра и руж се си е океј.. За џабе не се рекло аристократски
Е јас сум африкана Значи се мразам себеси само заради тенов...Сите сакаат потемен тен само јас секогаш различна од сите да бидам морам.Многу сум црна,зиме и лете,а особено летно време од сонцето.Затоа кога сум на одмор,на базен или било каде што има сонце или се се кријам под чадор,а евентуално се покривам целата со крпи за да не ме фаќа...До толку мразам што сум толку црна. Сакам барем малку да обелам ама не бива.Се гледам ко помала,бела сум многу,со текот на времето сум поцрнела. А да,и никогаш ама баш никогаш не горам и не се лупам заради сонцето
Абе това не је више Аристократски тен това ти је више вампирски тен Али затова јас се правам како циганка само што ке започне летото
Јас сум ти една чудесија хаха. Откако ќе се исончам бојата на телото ми трае (особено на нозете), ама затоа лицето и вратот станувам претерано бела. Многу чудно. А, инаку ми се допаѓа како ми стои искончан тен, пукната сум за сончање. Многу сакам црни девојки, прекраснотии
Ова ме потсети на средношколските денови кога на англиска литература ги анализиравме сонетите на Шекспир. До ден денес се сеќавам на она „во тоа време, плаво, нежно и бледо девојче било поим за убавина, верност, стабилност. Денешните жени пренесени во тоа време би биле поим за нешто расипано, неатрактивно.“ Мојот тен? Во зима најнормален, светол но не сум бледа (освен во денови како овие, кога имам дефицит на сон) а летно време одма поцрнувам, речиси никогаш не горам но не сум пак претерано црна туку фаќам баш убав, чоколаден тен и многу си го сакам. Никогаш не ми се допаѓал бледиот тен, и самата кога сум премногу бледа во зима, гледам или сонце да ме фати или да си потпомогнам со некоја крема за тонирање. Бледо ме асоцира на нешто болежливо, пу пу скраја да е, но ете и самата така си изгледам кога сум бела и бледа, ко да сум болна, дух, Каспер. Едноставно мене не ми стои. А има девојки кои со бел тен изгледаат беспрекорно. Ама сепак според мене кожата секогаш е поубава кога е нешто потемна па и недостатоците не се гледаат. Се разбира се додека не се претера со некоја неприродна морков нијанса од премногу солариум, или пак ако не сме ко Рос од Friends, па на прскање заборавиме да броиме и добиеме претерано црна боја само однапред Ете затоа го сакам летото и си го сакам тенот, и кожата. Си се сакам бе. После туширање си го бакнувам рамото и си велам - ооо, колку си нежна. Њуњуњуњу. Мх мх, душа! Џигерче! Ела да те бубнам пак! Ooooo!
Мојот природен тен е потемен. Меѓутоа не можам да направам избор кој тен повеќе ми се допаѓа. Бидејќи вкусовите ми се променливи. Конкретно, кога бев средношколка беа во мода тие суви како Сахара кармини на Маргарет Астор и во доста темни бои трула вишна и кафеав, па ставав неколку броја посветла пудра од природниот тен, косата ја бојадисував црна ( природно ми е костенлива ) ми беше до струк долга и ми се допаѓаше овој vampire look, . Ми се чинеше дека е аристократски и префинет и што е најважно дека изгледам повозрасно, а тоа е меѓу главните опсесии на таа возраст, барем со маскирање на изгледот да се инфилтрираш во возрасните . Сега сум повеќе љубител на поприродни и помат тонови и покрај што користам пудра најблиску по нијанса до природниот тен знам со четка да создадам уште поголема автентичност на боите, значи да бидам со пудра и руменило ама да не изгледа сето тоа како промашено дело т.е. портрет на аматерски сликар. На лето многу бргу потемнувам и тогаш обожавам да носам бои како жолта, портокалова, старо злато, црвена и сите кои го потенцираат потемнетиот тен. Просто сум луда по себеси со ваков тен. Меѓутоа оставам простор пак да си експериментирам со изгледот таму каде што е дозволено и на природна основа, така да не знам што би ми се допаѓало во некоја си проектирана иднина, но ќе настојувам да сум опен-мајндид кон сите свои потреби за селф-експресионизам, !
Да можев да бирам би била 6 месеци од годината со побел тен, а другите 6 со исончан тен Ама онака автоматски без многу труд Мојот природен тен е нешто на средина би рекла, и ми се допаѓа што е таков Летно време обавезно си се сончам бидејќи многу си се сакам таква темна Иако не сум од оние што многу лесно потемнуваат, никогаш не горам и не се лупам. Само еднаш во живот ми се има случено да ми се лупи кожата, и тоа само на едно мало место, и ми идеше да се убијам, во депресија паднав Едвај чекам да се стопли уште повеќе времето бидејќи веќе е време да почнам да се подготвувам за тие 6 месеци а ла африкана
и јас имам аристократски тен и ми стои. а потемен мн мн мн сакав да имам ама воопшто не ми стои. еднаш бев во солариум и некако чудна бев. можеби зошто имам ептен нежна фаца па глупаво изгледав “чоколадна“
Jas prirodno sum posvetla imam sini oci i plava kosa koga i da odam na plaza ne sakam mnogu da se soncam poveke sakam da plivam i uzivam vo vodata a mi se slucuvalo i da zaspijam na plaza a koga ke pocrnam imam temen (ne afrikanski ten malku posvetol) a kosata mi stanuva skoro bela i izgledam mnogu cudno [mod-kirilica2pmnz05][/mod-kirilica2pmnz05]
А јас јадната сум РОЗЕВА ок, телото ми е да кажеме бело, не онака ептен ама бела сум сепак, со смеѓа коса. ама лицето малце кога ќе се појави сонце ( како сега) ми е розевко, не изгорено туку не знам ни сама едноставно розево! инаку во лето фаќам боја онака пристојно, ни многу ни малце, порано ми беше опсесија да бидам што е можно поцрна на одмор, ама веќе не. горам ако преседам на сонце инаку не премногу. ама како и да е во фаца повеќе си се свиѓам бела ( розева) отколку црна, а за тело се слагам со некоја девојка што пиша дека изгледам послабо кога сум исунчана
Јас имам мешан тен Не сум ниту скрос бела па ниту темна, онака некоја средна нијанса, но баш ми се допаѓа.
Јас имам светол аристократски тен.. А летно време многу брзо потемнувам и ла африкана станувам И двата ми стојат
Преку лето имам темен (не баш африкански) а во зима бел тен Мене многу повеќе ми се допаѓаат исончани девојки отколку бели! Затоа си посетувам солариум преку лето и исто се сончам многу кога сум на одмор! И така стигнувам до посакуваните резултати,го добивам темниот тен што го сакам и преку цело лето јас сум си црна! (па дури и преку зимата ми се задржува малку бојата) Ставам и потемна пудра бидејќи многу поубаво ми стои! едвај чекам да дојде лето па да се исончам мнооогу
Имам бел тен како сонцето да не ме видело никогаш многу тешко црнеам и ако немам ставено 50 фактор на мене одма ќе станам ракче црвена. А колку само сакам да имам убав бронзен тен само да не биде премногу темен па да изгледам како црнче.