јас сум повеќе за светол тен и сум многуу среќна што сум светла, а не ни се сончам не сакам да поцрнам Многу другарки ми викаат леле блазеси ти што си бела немашмногу влакна и богами да еве уште ми немаат пораснато влакна на рацете раат сум, не ми ни растат уште бркчиња супер ми е сега за сега
Епа јас сум онаа од „тешката аристократија“- бело, бело ,бело, побело здравје, дури ВРИШТИИИ!!! Предности на тенот: 1) За маскенбал можеш да бидеш Каспер, Зомби или Франкенштајнова невеста, без употреба на белило. 2) Секогаш делуваш болно, па те пуштаат преку ред (мислат ти се слошило) 3) Не може кола да те удри ноќно време, просто зрачиш! Негативни страни на тенот: 1) На секоја продавачка во парфимерија, после моето шопингување и треба психијатар (додека да ја погодам нијансата на пудрата да не ми двои од вратот) 2) 2002 год. летото на одмор во Црна Гора, добив изгореници од втор степен, па 3 дена ме ложеа во мокри пешкири, добив сунчаница, примав инфузија и „копав“ на секакви иљач-мазала, зглобовите на нозете ми беа како на Едип, ама после имав тен како отстојана кора од банана. 3)Какво и средство за заштита да ставиш, секогаш ја имаш фазата рак-црвена, а потоа следи едно дооооооооооооооооллллгггооооооооооо прељупување до средината на ноември! И ако некогаш негде на одмор сретнете згоден тип, со два чадора за сонце, викенд- фрижидерче, гума за пливање околу вратот, кантички, лопатчиња и зборува под брк сам со себе,отприлика вака , Е тоа е мојот сопруг!!!
имам аристократски бел тен и кога потемнувам потемнувам многу малку, плава сум со светли очи и многу нежна. сепак за матура ке носам фустан со потемна тиркизна боја, па планирав да одам на тен масажа за да потемнам берем малку, сепак бидејки е син фустанот пак убаво ми оди на тоа што сум бела,се двоумам не знам што да направам? ве молам за совет.
ихии црн тен имам нешоо вака и си го сакам тенот http://www.maabeti.com/userfiles/image/darkskin-tips.jpg
Абе денес цела аристократија се црни и сончани.Не држи вода,ич!Сменете наслов болен тен или аристократски потемнет!Точка! Се зезам. Поштувам здрав и нормален тен или убаво исончан,не препржен.Бел народ не сакам,мене ме асоцира на анемија,а не аристократија.Кога ќе ги видам на плажа бели сиренца,жал ми паѓа,ќе ги изедат рипчињата чиниш.Башка потемно,посекси делува. Кога бев мала ми викаа дека имам аристократски тен.Имав нормален,кој тера кон темен,со бледникав сјај,зошто бев...анемична и премногу болежлива!!! Сега ми е нормален кон темен.У секој случај,го поштувам многу и ете,пошо Ремзие спие,многу ми рекле дека имам убав тен и дека сакаат таков! Зиме тамам,лете брзо потемнува.Е сеа...има и мал проблем,ако не се мачкам со повисок фактор,брзо фаќам боја,па ако шетам у ден пладнелетно време по градон добивам и тн шоферски тен,односно рацете,фацата и вратот брзо ми потемнуваат,а под облеката сум ко шо сум.
Јас сум и за двете. Во различни периоди Во зимо сакам бел тен, многу убаво изгледа бел тен на снег и ладно, таква румена во образи, со капче, плава коса....абе нежнотии несакам исончано тело во зима. На страна оние со природен темен тен А во лето нормално, нема ништо посекси од исончан тен. И облеката летна, шарена изгледа многу подобро на темен тен. Бикини + темен тен ми е перфектна комбинација Јас сум некаде на средина, а предност ми е што не горам на сонце и многу бргу добивам темен тен па така секое лето сум "црна". И солариум си посетувам мај-јуни....
од што сум толку бела, сите вени на лицето и на телото ми се познаваат а највеке ме невира кога некој ке ми каже-леле колку си бела а бидејки имам црна коса и светли очи, ми стои малку потемен тен, ама не сум отишла никогаш ниту на солариум, ниту користела крема за потемнување-оставале флеки
Јас имам мнооогу блед тен, лицето ми е толку бледо па често ме прашуваат дали сум здрава од што немам никакво руменило по образите А јас повеќе сум за потемен оној чоколаден тен....
Сакаш кажи аристократски, сакаш кажи анемичен, тенов ми е бел, блед, не знам више ни како да го опишам. Кога сум на сонце фаќам пеги наместо боја. СУм била по цело лето на плажа, и сум фаќала боја колку нормален човек на третиот ден. Всушност, на сонце сум само кога сум во вода, инаку сончање на крај памет не ми паѓа. Последен пат кога се сончав, во далечнат 97-ма, завршив со огромни пликови кои ги добив првиот дден од одморот, а ги имав до крај на летото. И ако си мислите дека цел ден сум била на соце - се лажете - во прашање беа само 10 минути! И децава ми се ептен бели (нема на кого ), па на плажа одиме од 7 до 11 (и ова 11 е доцна, малиот ми се исфрла после 10), строго под сенки, и втора тура од 17 - 20. Во меѓувреме кога децата спијат на пладне, јас пливам по еден саат од прилика, кога се стекнувам со изгореници на лицето, ама сакам да пливам, и точка! Вообичаено луѓето со посветол тен мислам дека се посклони на болести, па од децава мои вели глава не можам да кренам Заклучок: сакам темен тен. Ама нема. И тоа е!
Јас имам ни чоколаден,ни светол тен.Измеѓу ми е ма да повеќе оди накај темно.Многу брзо потемнувам,па и може да се каже дека воопшто не горам. А,ако е за кој повеќе мене ми се свиѓа,на мојава кожа,тоа е црниот тен.Си ја обожавам бојата на кожата после одмор.А,што се однесува на белите луѓе,машки со бел тен ич не ми се свиѓаат,женските повеќе,особено како им стои црвениот кармин.. И како одговор на темата ќе дадам ни таков,ни ваков туку нормален,златна средина,ни таму ни ваму
Значии мојов тен е но комент на тело сум бела бела амааа она најбела сите ми викаат лелее колку си бела а пак на лице иам розева боја. Пудраа еееееее тоа е мојот најголем проблем мн тешко можам да си ја погодам и лицето ми е цело со пеги еве на пример сега сум прав далматинец имав и до сеа пеги но излезе пролетново сонце и ми доискочија. Изгледа темниот тен ке си остане моја неостварена желба зашто не сакам солариуми кремови и слични такви работи сакам природно да го добијам тој тен....
исто леле... бел бле тен...и никако неможам да потемнам...само што мене не ми искачаат пеги, туку во лето сум цела црвена како патлиџан и многу ужасно изгледам
Имам аристократски (ако можам така да го наречам) тен. Баш како девојката на сликата на yawn. Само што јас сум бринета. Но кога си дојдам од одмор..... Тенот ми е исти како косата. (во тие периоди обожавам да носам бела облека НЕЗНАМ ЗОШТО ) Така да јас си ги обожавам ТЕНОВИТЕ хахаха.
Јас кога бев многу мала бев бела како сирење Сега сум имам тен што наликува на цветен мед и си го сакам.
Имам светол тен,аристократски Дури сум ненормално бела. Проблем ми ствара летниот период и јакото сонце,но и покрај тоа си го обожавам тенот. Немам ништо против потемниот тен,ама пак...повеќе ми се допаѓа светлиот