ее бело си сум, а мн посесекси и посиматично ми е чоколадна боја( која никако да ја добијам ) а црна ептен не ми изгледа мн убаво.. сепак за вкусови се работи..
Без размислување Аристократски! Си имам таков убав бел тен, не многу бел, онака на срединка. Брзо ме фаќа сонце и лесно фаќам боја, ама не ми се уопште привлечни црните луѓе, дури имам некаква одбивност (не сум расист ). Едноставно не ми се допаѓаат црнците. И искрено поубава сум си белка
Јас имам бел тен,но сега периодов одам на солариум за да добијам потемен тен,не сакам ни мн.темен тен меѓутоа повеќе си се сакам малце потемна кога сум,посимпатично ми е некако за на лето,светол тен е за зима
Ако излезам на сонце, одма ке фатам убава темна боја ама не сакам. Аристократскиот за ништо не го мењам. Многу повеќе го сакам.
Имам аристократски тен и тој ми е искрено поубав. Тие што имаат светол тен ме потсеќаат на еден уникатен изглед кој ми е навистина женствен, нежен, мистериозен,но истовремено и силен и прекрасен... Блед тен, корална боја на коса, зелени очи-прекрасно. Работата ми е што сите можат да одат во солариум,но аристократскиот тен е уникатен и или го имаш или не.
Де, де, само јас ли сум циганче на форумов? Јас си сум црно, од роџење. На лето особено. Да ме видите од прва низ град во тој период, гарант ќе си помислите дека сум некое циганче. Се шалам, не сум дотолку црна. Понекогаш некои познаници кога не можат да ми го погодат името ме викат црно. Порано ич не си го сакав тенот, се осеќав ко 13то прасе, оти сите во мојата околина беа ко сиренца, бели. Ама сега, и тоа како си го сакам. Па луѓе одат во солариум да потемнат! Црното чоколадо е послатко нели? И воопшто повеќе ми се посимпатични луѓе кои имаат темен тен. Попривлечни и помистериозни ми се. Тие со бел тен ми се неинтересни за окце, ми делуваат како кревки, кршливи. И немојте сега да ми се нафрлите, сиренца!
Имам ептен аристократски тен, ко сирење сум бела, а за да поцрнам ми треба барем еден месец да се сончам, така да кога идам на одмор по 10 дена не се ни обидувам да се сончам, џабе ќе се горам кога знам дека ќе има минимални резултати. Си го засакав белиов тен, ми нема спас од него
Имам светол тен, не би рекла дека ми е баш она аристократски бледо, но пак што сум бела, бела сум Боја не фаќам по природен пат никако, а со солариум не сум се обидела, па би рекла дека повеќе ми се допаѓа овој аристократскиов. Некако ми е асоцира на некое нежно суштество, на нешто убаво како на пример порцеланска кукла . И аристократскиот, светол тен според мене прилега на луѓе со светли очи (зелени, сини) и темна коса. Но и темниот тен ми се допаѓа, има луѓе на кои им прилега повеќе отколку аристократскиот па сепак би заклучла дека се е индивидуално.
Ја сум аристократска. Бела, бела, порано ме викаа и сиренце. Иначе не сакам да имам црн тен. Пред некоја година кога отидов на одмор, се сончав без никаква крема.. Поцрвенев ко патлиџан, ама ни трошка не поцрнев. (фала богу)
Аристократски и многу си го мразам Поради тоа многу ми се познаваат и поткожните влакна. Добро зарем 2-3 нијанси неможев да бидам потемна? Од сите луѓе околу мене јас сум најбела а ла сирење Ужасно ме нервира,едвај чекам да појдам на одмор само поради тоа!
Јас не сум толку бела за да поцрвенеам наместо да се исончам. Малце сонце да ме фати и право циганче. Едвај чекам да дојде време за одмор па да се вратам. Нема да ме познаат сигурно ( како и секоја година ). Значи, гласам за а ла Африкана! :up:
Јас сум толку бела што изгледам како да ми недостига некаков пигмент на кожата (да се разбереме не сум албино) ама од сите мои другарки јас сум најголемото сиренце и се би дала за да имам потемен тен. Постојано давам купишта пари за креми за самопотемнување (со краткотраен ефект) и летно време се пржам ко компир на сонце и боја едвај ме фаќа Да сумирам , јас сум за а ла Африкана тен, посекси ми изгледа потемена кожа.
и јас сум за потемен тен . поубаво ми изгледа некој со чоколаден тен . но никогаш не можам да се исончам колку и да сакам . ми се појавуваат само повеке пеги и ми гори кожата. на раменици сум цела пеги од кога почнав да се сончам . би сакала тен како на Адријана Лима
Аристократски тен дефинитивно. не сум толку бледо бела туку нормално, кога одам на море ме фаќа малку боја , а сестра ми секогаш е црна ко ќумур. Но сепак си го сакам мојов тен и научена сум си на него
Aристократски тен рулзззз Бело дете колку и да сакам да потемнам, ма небива и небива ... ко ќе размислам подобро меѓу бело и црвено сепак бирам бело
мојот тен е а ла Африкански,значи темен тен имам а кога ќе се исончам а брзо ме фаќа боја станувам циганче и си го сакам мојот тен затоа што не треба да одам на солариум за да бидам темнаа
Имам аристократски тен и си го сакам. Ми пречат единствено коментарите дека сум била бела и не можам да поцрнам. Првата недела од одење на плажа црвенеам, но потоа тоа се претвора во боја и натака црнеам (иако не сакам). Сепак, аристократскиот тен ми е преодреден и убав ми е!! Иако, во летен период две три нијанси потемен тен не штети!
А ла Мехикана ,насреде Зимно време сум аристократка ,летно време - африкански дивјак Многу лесно поцрнувам и не горам.Идеално.