Јас само малце да излезам на сонце добивам одма боја темна сум уште од кога сум се родила и кога ќе се исончам добивам многу убава боја,но јас сакам да бидам уште и уште поцрна...затоа ова лето решив да користам кантарионово масло....инаку многу си се сакам штои имам ваков тем,а бела кожа ....не не благодарам нека си ја чуваат тие што ја имаат..
Јас лично имам светол тен на кожата...но не премногу па да изгледам како мртовец.. хахах инаку многу лесно ме фаќа сонце и си се сфиѓам исончана !!
Јас имам посветол тен, но сега сум поцрнета и морам да признаам супер ми стои... инаку преферирам природен тен, без употреба на солариуми, креми итн итн... па каков е таков е
Тенот ми е светол, да, но копнеам по чоколаден тен, бронза бе брат, иако ова лето добив африка тен, ептен црна и сега еве се лупам како риба лушпи цела сум, но сепак идеален тен ми е бронцениот уффффф, а штета што сум бела, а би сакале преку цела година на солариум да одам, бар малку тој ефект да го доловам, но страв мие од рак на кожа, и затоа.......
пишав дека имам аристократски тен, али во моментов, тазе вратена од на море баш сум а ла Африкана и да си кажам многу сум си среќна поради тоа, ако ништо друго барем не трчаат роднините по мене да прашуваат што ми е, дали ми е добро и дали сум болна... и се чуствувам многу посекси
обожавам исончан тен , ептен ми ги истакнува очите и забите - дава супер контраст така да Африкана дефинитивно
Сите што ме знаат, а и тие што не ме знаат кога ќе ме видат летно време, мора да прокоментираат колку сум бела, колку имам бел тен, дрн, дрн. Мислам, стварно имам многу светол тен, ретко се наоѓа нешто вакво ко мене (освен таму во тие земјите на север сонце кај што ретко пече ) и не е ни чудно ко вампирка да им заличам на некои некогаш . Порано прилично се нервирав што сонце не ме фаќа, што не можам да поцрнам и само црвенеам и ништо од потемен тен, но сега баш ми е гајле . Си се сакам ваква како што сум и си ја обожавам кожата што ми е толку бела, делува многу нежно и природно некако, а и дечко ми ми го сака аристократкиов тен
аристократски тен, и иако ме фаќа сонцето, не се изложував на сонце многу бидејќи повеќе сакам да сум бела
Имам аристократски тен, ама не сум бледа, баш како на сликата. Шо знам јас си го сакам тенот. И се согласувам со Ариел, белите луѓе се понежни. Само ме нервира кога некој ќе ми каже: лелеееее, колку си бела.! И либето има аристократски тен, само што тој е блед. И има црна коса.... мммм идеално за мене. Ако имаме деца, проѕирни ќе бидат пу пу...
Јас имам посветла кожа, но не е бледа и никогаш не сум изгледала бела како сирење. Исто така, прилично лесно потемнувам кога сум на сонце и добивам чоколаден тен, па затоа не знам во која група спаѓам.
Чоколаден тен дефинитивно,моментално сум многу сунчана и си го обожавам тенот,а и не само то,туку кожата ми стнаува понежна и поткожните влакна се губат целосно...нема нешто поубо од Лето
Имам среден тен Ни ептен бела ни ептен црна.Лицето ми е така побело од тенот.И ми се допаѓа вака.Смеѓа сум,па и тенот ми е таков одговара Благодарна сум што немам светол тен.Бела коса,небесно сини очи,бели веѓи,трепки... Спојлер (п.с.една моја непријателка е ваква и јас си ја викам коза,само немојте вие белите да се лутите оти тоа е наменето само за неа Башка и мустаќите и се бели,па мисли оти и се бели не треба да се депилираат, демек не се познавале,а они шо убаво светкаат на сонцето Добиваат златест сјај ). Инаку девојките со посветол тен како што опишав,делуваат мистериозно и нежно Така да Господ како мислел дека сме најубави,со таков тен не создал Нас ни останува така да си се сакаме
Јас имам многу бел тен, ептен. А косата ми е црна и очите.. И тоа е нај заникаде пошто морам сите влакненца на нозете и на рацете ама баш сите да ги извадам пошто ми се ептен црни како и косата а кожата ми е многу бела и се се познава
Убаво изгледа белиот тен, млечен, сиренчаст , но јас повеќе сакам потемен тен. Прво затоа што потешко гори кожата, а се сонча. Не сакам многу чоколаден тен, повеќе ја сакам онаа бронзена нијанса, ни многу темна ни многу светла. Инаку имам среден тен, ни многу темен ни светол. E ваков ми се допаѓа.
Јас мојот тен е мнооогу светол,бела кожа,светли зеленкасти очи,плава коса-многу тешко поцрнувам а полесно поцрвенувм така што не се трудам веке да црнеам-абе бела сум си најубава
Мојов ни е аристократски, ни а ла Африкана, нешто во средниа. Преку зима и есен така, мава накај бело, ама во лето брзо поцрнувам, не ни ставам крема кога се сунчам, и не горам ко за чудо, може само на лице мааалце, на грб, рамници, нема шанси А сестра ми е ептен аристократска, бела, бела, сирење, нема шанси тоа дете да поцрне некогаш , и мајка ми е исто, не може да поцрне, само да изгори .А јас и татко ми сме поцрни.
Јас сум аристократска мачка, молим! Бел тен, ама си го мразам на лето, не поцрнувам колку што ќе посакам. Фала Богу што не горам на лето, туку постепено црнеам, но џабе и да се пресончам секој сончев летен ден не го добивам омилениот- чоколадест