Јас сум си бела. Порано ме нервираше тоа што тешко потемнувам на лето, сакав да бидам за нијанса потемна, сега не се замарам. Целата сум светла, кожа, коса, ваква си се сакам и не можам да се замислам поинаку. Сите ми викаат дека имам благороднички тен, и... епа сега, тоа ми годи
Го делам мислењево. Но да напоменам, воопшто не ми се допаѓаат вештачките(солариум)девојки. Природно си е природно Јас сум си бела, нежна и таква си се сакам. (Многу убава контраст сме со дечко ми,он е чоколадце)
Тенот ми е нормален. Ни преблед, ниту пак африкански Имам тип кожа која што ми го апсорбира буквално секој сончев зрак на лето и доста потемнувам. Па и доволно долго ми држи бојата потоа, а и ми стои. Го обожавам тоа кај мене, уште прв ден по плажа јас имам потемен тен Туф туф што си се испофалив
Апла аристократски. Бела како снег. Во лето потемнувам но за нијанса - две. Порано не ми се допаѓаше тоа што сум толку бела но сега ми е ок. Сепак тоа сум јас П.С. Секогаш можам да се извадам на тенот и тоа без да сакам. Доволно е да направам една тажна фаца и одма сите мислат дека сум болна. Посебно професорите, мислат дека сум пребледела од што ми е лошо.. А јас таква секогаш
Аристократски тен со тапија. НиТ во зимо ниТ во лето јас сум поцрнка.. Во лето најчесто горам, никогаш не поцрнувам. Тоа ужасно многу ме нервира, ама .... Абе кантариони, масла, путери, креми.. што не сум пробала у лето за да бидам поцрна.. натинг
Па некој нормален тен имам.Во зима побела,а во лето ако сакам можам да потемнам за 3 дена.Не се сончам многу,ме нервира и се ме пецка после некое време,а и побрзо старее кожата така. Ми се свиѓаат природно потемнети девојки без многу претерување,а од солариум резултатот ми е грозен...и во некои други теми се изјаснив дека сум фан на што поприроден изглед.
не обожавам воопшто девојки со премногу блед тен, ми изгледаат премногу бледо уморно па дури во некои случаи и болно но сепак тоа е тоа и токму овие девојки треба многу да посветуваат внимание на својата кожа, шминка во глобала, на се!...јас лично преферирам девојки со црн-ЧОКОЛАДЕН тен како мојот за мене нема ништо посекси од чоколадниот тен а посебно на лето кога можеме да си дозволиме малку повеќе откривање на гола кожа(посебно нозете ммммм)
бела, бела, бела, снееежно бела сакам што сум бела но ова моево некогаш знае да ме извади од такт... малку да го исчешам образот-ПОЦРВЕНУВА и си стои така подолго отколку што треба, доколку се појави некој непријател на лицево и од него останува белег али во глобала го сакам мојот белбелбелбелбел тен
чоколаден тен. нема нешто посекси од кафен тен, исто како мојот како што сум слабичка, имам 42 кила и плус кога ке поцрнам како чоколатце сум.. многу ми е убаво тоа
Преку зима сум ко француска пуслица, нагласено црни очи и веѓи имам, и ако сум малку побледа, си се сакам таква. Инаку, во лето, обавезно се печам и сум ко чоколадно колаче наредните 5 месеци. Ја обожавам таа боја на себе, не се вади брзо, зошто не горам, рамномерно си се сончам и се чувствувам попривлечно, поприродно, поздраво, динамично. Чоколаден тен, бирам повеќе!
Аристократскиот тен ме асоцира на префинетост, дамски изглед дава, нежност и женственост, посебно кога е придружен со темна коса и големи темни очи. Африкана тенот е секси, моќен, жежок, попривлечен ... Јас сум некоја средина ниту пребела ниту прецрна. Кога сум изложена на сонце лесно потемнувам, само ми трепа повисок заштитен фактор, ми црвенее деколтето, лицето и препоните Повеќе си се допаѓам кога сум исунчана и имам природно добиена бронзена боја. Нема да генерализирам што е поубаво, на секого му стои различно, ете на пример не би можела да ја замислам Никол Кидман исунчана или пак Ева Мендез бела, не оди
Jaс сум белчо и белчо заувјек ќе си останам Се сунчам ама џабе горам ко рак слабо темнеам Пробав со оние кремине за потемнување, ко морков бев грозно. И се откажав, нема чаре за мене. Белчо сум и ќе си бидам и ми се свија ми стои Неретко сум приметила дека исто ми се свијаат плави луѓе, со светли очи, светол тен. Убаво ми е, барем мене лично Аристократија над аристократиите
Имам некој среден тен, ама далеку од бела сум некако. Инаку повеќе сум за чоколадниот, па ја имам таа среќа никогаш не горам на сонце и си добивам за брзо време убава боја
Исто. Скроз, тотално исто. Дури и ми се чудат како бојата на кожата ми стои толку долго Едвај чекам да дојде лето...
Има разлика од Ла Африкана тен и "кокошка на ражен" тен. Јас си го имам мојот аристократски. А затоа што кожата ми е поосетлива од газе бебешко ретко се сунчам,оти за 3 минути се правам ракче. Или па ми се иритира кожата.
Јас сум повеќе за природна варијанта. Летно време гледам да не фатам многу бија (особено не на лицето) затоа што приметувам дека ми ја оштетува кожата и ми се појавуваат брчки.
јас имам плава коса мн крупни кафеави очи и аристократски тен....во лето си потемнувам али во глобала и едниот и другиот ми се свиЃаат!
Јас сум смеѓа и бела, но во лето фаќам доста боја нормално ако се пржам на сонце. Не горам многу, носето обавезно ми се лупи цел одмор, може по малце рамениците и тоа е тоа. Ама бојата баш и не ми трае многу долго, можеби месец дена. Лицето дефинитивно си го сакам повеќе бело, а телото со малку боичка пред се затоа што не ми се познаваат поткожни влакна на нозете и плус некои смеѓи влакненаца што не ги депилирам (горен дел на стомак, на грб, над лактите) стануваат светли скроз и не ми се познаваат ич