имам аристократски тен, и си го обожавам кога сум на одмор се трудам да си го одржам тенот, да не поцрнам случајно, несакам да си го изгубам епитетот Снежана
И Никол Кидман ми е убава,а и Џенифер Лопез ми е убава (најубава).Го бирам чоколадниот тен пред аристократски-белиот тен. Спојлер Баш така!
Нежно бел тен И мојот е таков, нежен и бел како цветче и капка роса... Таков им прилега на девојчињата, и токму девојките со бело лице се опеани во сите народни песни Само бело лице
Ма да се исончам па се поубаво стои а и посигурно се чувствуваш ,ништо не се познава ни бублица , ни рана , ни ништо. А да имам аристократски тен ама создава проблем при избор на пудра
Јас од еден ден на плажа поцрнувам максимално... Лошото е што и лицето ми поцрнува а тоа ме нервира многу... Ама со капче се средува се Значи не баш А ЛА АФРИКАНА, ама може
Јас сум некоја средина, повеќе накај светол. На сонце не поцрнувам многу, а и не сакам многу црна да бидам. Убаво ми е вака и не би менувала
Не сум којзнае колку бела ама не сум Африканец ! рани како и кај секој се познаваат . Голем проблем се лишите кои се појавуваат и ако одиш многу често на базент
Јас имам среден тен, може малце накај по бел ама многу брзо поцрнувам. Еден ден на плажа и веке ми се познаваат неисончани врвки што страшно ме нервира. Иначе сакам да имам аристократски ама онака ептен, ептен блед. Спојлер И ич не сакам темен тен на себе , на друг не ми смета мислам на секој различно му стои и секој со својот вкус.
Мразам да се сончам, почнува да ме врие главата после 5 минути. Цел ден сум или во вода или под чадор. Среќа брзо потемнувам па си доаѓам до посакуваниот тен, а тоа е некое средно потемнување. Доволно ми е да ми се изедначат некои недостатоци на кожата и да имам некоја нежно чоколадна боја. Претерано поцрнување не ми изгледа убаво, а и многу се оштетува кожата. Башка лупењето после некое време е еднакво на хорор филм.
имам онака среден тен можеби сум бела но сум видела и мноооогу побели од мене така да некаде на средина спаѓам а сакам да имам бронзен тен онака убаво секаде иста боја по црнка... (и чоколадото е црно но сите го најат-се шалам)
Јас мнооогу сакам темен тен, онака чоколадно исончан. Кога би имала можност преку целата година би се сончала, но временските услови и финансии не го дозволуваат тоа
Jас имам па ептен аристократски тен, не сончање,свети сончање не ми помага, јас горам не темнеам, и после температури, страшни рани, да ти е страв на сонце да излезиш ... А да користам средство за самопотемнување несакам дека се нервирам флеки,нерамномерно и такви ми ти глупости, многу сакам да одам на солариум ама пусти страв од рак на кожа ....