Иако не сум за Сдсм ниту за никоја друга партија, ама Шеќеринска највеќе направи за армијата им покачи плата и ред други бенефити, ама сето тоа до април ќе важи бидејќи тогаш ќе има Нато оценување, заради тоа сега се им угодуваат. Од кога им ветуваат хранарина и сеуште нема, ама да дадат некоја саглам храна не конзерви.
Потполно се согласувам со двете мислења . П . С . И јас не сум за ниту една партија , тоа што искоментирав за Шеќеринска , навистина го мислам . Таа највеќе вложи во АРМ , и да беше од сосем десетта партија , повторно ќе го кажев истото . Кој знае како ќе биде со Славјанка сега .. Да се надеваме дека ќе биде барем приближно како со Шеќеринска .. Ама се сомневам .
Не вложила ништо Шеќеринска. Не дала пари од сопствен џеб. Тоа се донации од НАТО држави. Напротив, војската никогаш не била во толкава ужасна состојба. Супер, маж ти добил тренерки и чизми, тоа е критериумот дека е подобро, а тоа што во најелитните единици се примаат државни непријатели, доушници и во некој следен меѓуетнички конфликт први ќе пукаат на македонската војска. Македонскиот народ никогаш не треба да го заборави злосторот што го направи Шеќеринска врз Волците. Нека оди Шеќеринска и нека работи во приватен сектор, нека заработува пари ко секој нормален човек. Доста се изнагледа Македонија добротии од неа последниве 30 години. Класичен крлеж што преку мртви лешеви ќе гази само да е на функција и да лапа огромни дневници.
А, ти па знаеш дали Шеќеринска двоела од сопствен, странски или државен џеб. Кажи ми Мицкоски, Костовски и компанија што направија за државата? А, да, они уште не дошле Власт, не се во Војската, инаку ич не би газеле преку лешеви, со уцени, закани, мито, корупција. Рози би цветале во рамки на внатрешната политика со цела врхушка на вмро, видовме изминатите години. Прочитана книга сте.
Не добил само маж ми , туку сите кои работат во армијата . И не , не е за тренерките . Дали двоела од џеб или од НАТО , бар нешто направи . Касарна Илинден беше во ужасна состојба . Подовите се корнеа . Сега е барем реновирана . А ти од каде знаеш во кои единици влегува непријателот ? Еве во четата на маж ми , нема ниту еден од нив . Сите се Македонци , од командир на чета , па на даље . А таа чета е впрочем и најважната . Преку нив се одвива се .
Не дека сум компетентна да зборувам на оваа тема, ама сум била многу пати во касарната и од она што сум видела, опремата, се е тоа старо. Сум била на Ден на АРМ многу пати, кога се изложуваат возила и оружје. Стари БТР возила, се е старо. Треба да се набавува оружје, опрема, а не истите возила од 2001 година уште да ги изложуваме како нешто нај, нај...За војниците па што да кажам. Рамковни вработени наместо во текстил да шијат облека, тие армиски војници, оти се примени по национална квота. Мажи војници што да кажам, јас во заби ќе го носам со моите 165 цм. Имам роднина армиски војник, и знам дека порано имаше многу критериуми. Човекот ем воена академија заврши, ем физички способен, плус поткован со познавање на странски јазик, и ај сега спореди го него со некој кој од критериуми исполнува само услов за националност и ништо друго. Моето мислење е дека армијата е под секакво ниво, а полицијата е бетер.
Буквално секаде ги има више. Ако ги нема во четата на маж ти тогаш ги има во командата на таа единица.
Не , командата е составена од неколку срби и македонци , што едноставно не ги ебаваат никого ( освен началникот на генералштаб , и тоа , само ако е во право ) , да не зборувам за тие што се под него . Без разлика дали се Албанци или не , тие никого не ебаваат . А кај нив е уредот за прислушкување . Така да , мислам дека сме безбедни во тој поглед . П . С . Некој ја спомна 2001ва погоре . Во 2001ва , издајникот работел во таа чета , за жал . Тие што се постарите многу го мразат и знаат кој е . Откако ги издал Волците , добил паричен надоместок за тоа и киднал . И не е Албанец , ќе те разочарам . Македонец е .
Како не разбираш? Штабски е информиран братот. А, сите знаеме дека штабовите се првите информациски пунктови на државата. Што ќе се зборува на состанок во штаб тоа е, не постои друга вистина.
Ај, не глуми лудило на форумот. За разлика од тебе, јас немам само еден другар и едно куче со кое го поминувам денот, туку цел ден сум со луѓе. Знам што се случува, што се прави, на што личи полиција и на што личи армија. Таа членка горе е партиски пристрасна. Го вработиле мажот и преку партија во АРМ (да, и таму се влегува со протекција), па сигурно нема да плука таму кај што лиже. Ти одговорија другите членови. Не си влегла во државна администрација, војска, полиција да ја видиш Приштина пред свои очи.
Немаш ти ниту еден другар, ниту женска, тоа е проблемот. Во спротивно не би бил толку исфрустриран да лупаш глупости и скокаш ко падобранец во секоја дискусија штом членка даде позитивна критика до Владата. Ако е @CrazyGirl15 задоволна од ангажманот на Војската во моментов, и третманот кон мажот кој wow бил вработен со протекции, (голем кур, како и во секој поедин државен сектор), кој си па ти да го оспоруваш тоа и зборуваш како е она пристрасна, кога и ти самиот пола и повеќе познаници што ги имаш се партиски ботови, кримоси и пајташи заглавени на левел 2001? Светот се промени Франкфурт. Порасни или одјеби. Нека ме банираат слободно, ама критиките не ти се воопшто конструктивни, а уште помалку објективни во било која ситуација.
Џизас, муабет на 15 годишно девојче во тело на жена. И, некој тука зборува за пораснување. Ок, прескокни ме следен пат. Нема потреба од навреди.
А кој ти рече дека е вработен со протекции ? Донеси еден специјалец што бил 6 пати на ренџерски курс ( сите 6 пати успешно завршен курс , со сертификати и достигнат максимумот на бодовите , 100 од 100 , и два пати бил на селективен , на кои исто така го кркал стапот од подебелиот крај , па тогаш кажи ми дека е со протекции примен ) , да имаше " ветар во грб " ама го јадеше два пати на селективен пред да го примат , откако е примен е максимално уназадуван и малтретиран од " партиските војничиња " бидејќи не е човек кој се замара со партии , а и не е примен од партија , туку од поединец . Тој си ја оправдал платата што ја зема и чинот што го има ( пред половина месец беше унапреден , сигурно не е за џабе тоа ) , а оние што им гори под нозе , може само гомна да јада за него . Не затоа што ми е мене маж , туку затоа што навистина заслужено е таму каде што е . П . С . Воопшто не сум пристрасна . И комшија да ми е , би го кажала истово . Немам потреба да лажам , анонимен форум е ебате . @fana што е смешно ? Си чула ли за ЧДН ? Или онака се смееш и се трескаш од земја ? Сакаш уште инфо ? ЧДН е Чета За Длабинско Набљудување ( оние што требаше да бидат пратени во Диво Насеље , што не ни беа известени за ситуацијата уствари ) . Дали воопшто имаш поим со што се занимава оваа чета ? Немаш . Затоа и се смееш . Нејсе , смеј се ти , нека ти е забавно .
Не реков јас дека е вработен маж ти со протекции, Аbracadaver го пиша тоа. Јас само се надоврзав на дискусијата. На погрешно место цитираш, јас ти ја разбрав поентата и се согласив.
Колку нова опрема имаме последните 4 години? Тенкови, хеликоптери, авиони, оклопни возила, пушки, обуки на пилоти, технички кадар, реновирање на касарни, изградба на станбени објекти за војниците итн? Чизмите и топлиот оброк оставете си ги за по дома. Погледнете во Србија. Чисто за компарација колку се вложува во армијата.
Добро нас не дека ќе нѐ нападне некој.Си фаќа прашина Ти глеј во воена академија што им даваат ова од втора светска е 100%
Да е само оружјето старо, се е старо. Возилата не знам од која војна им се, ама ако нешто го оштетиш има со години да плаќаш, а тие ниту поправани од памти век.