Абе шо Армија имаме... Кој од кој од ДУИ е напикан. АРМ треба да се деактивира и персоналот привремено да се регрутира во специјалните единици на МВР и онака тие први излегуваат во конфликт, демонстрации, штрајкови, тероризам, бидеќи државава корист од АРМ нема, единствено за некој пожар шо ги активираат. Само да се остави полкот за почести колку да се води дека имаме Армија .
Само не дај Боже се вика бидејќи ако дојде до такво нешто толку се и опремени и извежбани што готови се веднаш.
Луѓе значи не дека сум компетентна на темава, ама знам луѓе што работат во АРМ, и како што се друго е уништено од 2001 година наваму, така и АРМ. Може има поединци кои се таму заслужено, ама само поединци. И се прави распределба по рамковен. Во Куманово главен на гарнизон беше Албанец, ама затоа пак во Кичево со години главен е Македонец. Потоа во Куманово го сменија Албанецот, кој инаку беше жител на Скопје, и беше обвинет за силување(имаше за ова и по медиуми), па донесоа друг Албанец, кој прашање е дали е Албанец, туку веројатно е Македонец муслиман. Тој пак е родум од Кичево. На сите во АРМ кои му се обраќале на албански јазик, тој им одговарал на македонски јазик, бил многу лојален, па сфатиле дека тој во суштина не е Албанец, туку така се изјаснил за привилегии. АРМ е партал за мене. БТР возилата што татко ми на вежба ги возеше во 2001 година, уште ги изложуваат како да е тоа за фалба. Пред некоја година имаше армиски војник што мамел пензионери за дрва за огрев. Излезе во црна хроника и муабетот беше „па не бил на работа и не носел униформа додека го сторил тоа“. МВР бетер партал. Еден полицаец кој го знам. а инаку имаше и награда за својата работа, денес јас ако направам некое кривично дело, ако имам сообраќајка, или украдам нешто, утре по цело Куманово ќе ме разнесе. Е тој таков награда доби. Значи во полиција полицајците си ѕиркаат по извештаи еден на друг, и разнесуваат приказни по народот, кој, кого за што пријавил. @Abracadaver инаку не ги сака Србите, па еве ќе ги спомнам во овој контекст. Кога јас сум била бебе, командир на ПС Куманово беше мој далечен тетин Србин, и тој професионаленизам од тогаш нема врска со ова денес. Ако дојде до војна, сами ќе се спасуваме, оти полиција видовме колку имаме кога се случи Диво насеље. За 2 дена ни убија 7 полицајци и ранија 37.
Колку нова опрема очекуваш за 4 - 5 години ? Они пред Шеќеринска ни униформа немаа . Тоа е се што треба да знаеш .
Акцијата во Диво Насеље е најдобро изведена операција во историјата на Македонија. Затоа и толку е држена во тајна, за да не исцинкари некој. Иако се потврди дека на терористите им е дојавено пред влезот во Куманово дека им се спрема ликвидација. Во тоа време СДСМ и Шеќеринска добро знаеме што работеа. Цинкареа, продаваа лажни приказни кај странски дипломати, целата акција ја претставуваа дека е масло на Груевски-Мијалков бла, бла бла (иако целата терористичка група е следена долго време во строга тајност)...Албанците ги претставуваа како невини жртви на “режимот’’ на Груевски, за да освојат гласови, а при излезот од Диво Насеље илјадници Албанци покажуваа среден прст кон армијата.
Затоа не знаеа колку луѓе се и какво вооружување имаат . Ги пратија на слепо . Жарко беше татко на две малолетни дечиња .. Бога питај колку од загинатите имале мали деца дома , или чекале бебе .. Битно акцијата е " најдобро изведена во историја на Македонија " . Аха , исто колку и сите " акции " во Мк . Свесно ги праќаат во смрт , како војската така и полицијата . Да , тоа им е работа затоа се платени , но барем да загинат во фер борба , не вака како што загина Жарко , Александар и сите останати ..
Теренот во тој предел е многу густо населен, многу дивоградби, непрегледен. Се извади максиум од акцијата со минимални жртви и ЦЕЛОСНА ПОБЕДА НА АРМ врз АЛБАНСКАТА ТЕРОРИСТИЧКА БАНДА, кои денес живеат во затворот ко да се во Хилтон хотел, затоа што знаеме зошто...
Во таа акција не учествуваше воопшто армија, туку полиција. Тоа се бруки невидени, да загинат 7 специјалци за 35 часа борби. Па нели се специјалци? Ги виде ли полицајците на видеата, влегуваат со возила кај пазарот, на 30 метри им се терористите пред нос, а тие пушат цигари. Неспремни тотално. Тоа се би избркала од работа. @Abracadaver ти си просто заљубен во ВМРО-ДПМНЕ и затоа гледаш се розево. Акцијата била изведена најдобро во историјата, како не. Со возило на Брза помош од Липково терористите дошле во Куманово. Колку што знам во тоа време во Брзата помош имаше само еден единствен Албанец и тоа беше обичен шофер на возило. Дали некој го затвори него? Не. Има видео каде терорист им претрча на полицајците пред нос, овие дремат со пушки. Тоа ти е се за откази. (со таква полиција арно не колеа цивили по Диво насеље, пола улица АБдула Прешева беше населена со Македонци, и по нападот поминав на сите македонски куќи стоеше „куќата се продава“) Таа власта на идолот твој Грујо, на оние што дома примија терористи со наши пари им ги изгради куќите. Значи ако се оштетила од борби, ги урнаа до темел, и одново им изградија. Значи ако имал куќа градена пред 50 години, сега си добија нова. Ова ти е во време на ВМРО. После ми се чудиш етнички Македонци немале куќи убави, епа нема да имаат бе батка. Дали знаеш дека кога Јовелски беше министер од Куманово 50 Албанци одеа на работа во гарнизонот во Штип? Таму се вработени. Овде беше пред повеќе години, сега може се повеќе. Пак ќе кажам, не сум компетентна, ама ние армија немаме. Тоа е смешка. На секој барталјон, ако командант е Македонец, заменик е Албанец, и обратно, и некаде некој Србин или Турчин ако се протнал. Со средно земјоделско и средно текстилно армиски војници, ма ајде бре. Нема ли академија, не го сметам за ништо и не вреди. Поединци секаде ќе има како мажот на @CrazyGirl15, ама тоа се поединци, кои не ја менуваат целата слика.
Темава излезе од контекст. Срамно е да плукате по армијата, тие што се таму најдобро си знаат како живеат и работат. Има една стара поговорка која гласи " Кој не рани своја војска,ќе рани туѓа" .
@Zhukov не навредуваме, кажуваме вистина. Од шивачки, пекари, земјоделски техничари не бива војник, ама тоа само со Рамковен се може.
Проблем е во раководниот кадар, а војник е војник макар и со 8 одд нека е. Сепак он извршува наредби само, тоа е таа војничка хиерархија
Јас многу добро знам како треба да изгледа една државотворна власт, војска, полиција, систем во една држава. Има разлика од тоа што јас посакувам и тоа што имаме на маса како најдобра моментална опција. Желбите се едно, реалноста е друга. Мене никој не ми е идол, затоа што сам си носам леб дома, никој не ми го дава. Партиска книшка немам од никој и ниту сум некаде тропнал политичар да ме вработи. Најмалку политичка партија или премиер. Гледам свој интерес и која гарнитура носи подобри економски, политички, социјални мерки. Ако ме прашуваш мене Никола Груевски и тогашното раководство на Владата се најголеми предавници и се ова што се случува во земјава е резултат на тоа. Ги жртвуваа националните интереси во име на личните. Нема тука идеализација на предавници. Со нив е завршена приказната. Ете, тие заминаа, проценивте дека не се добри, ги заменивте и тоа е легитимно. За акцијата во Куманово. Да, полиција беше тоа, не армија. Најдобро изведена од независноста, но не и најидеална. Првпат да добиеме битка. Во 2001-ва бевме поразени, затоа и добивме Рамковен. Плус, во оваа држава имаш се помалку Македонци. И, тоа треба да си земеш во обзир. Нашите позиции слабеат, нивните стануваат посилни. На сето тоа кога ќе додадеш политички гарнитури, кои само си го гледаат личниот интерес, а не националниот, тогаш резултатот е таков во 2022 година. Среќна нека ви е на сите.
@Abracadaver епа тоа ги зборувам и јас, а ти упорно не убедуваш како Шеќеринска дрндорела нешто небитно таму. Нас ни загинаа луѓе, па голема работа што правела Шеќеринска која пак си била во опозиција. Тие што примија терористи дома, ако имале дупки на фасадите од куршуми, државата ги урна и им изгради нови, а мислам дека дури се градеа куќите седеа под кирија и државата плаќаше. Значи од наши пари власта ги награди што 7 луѓе однесоа во смрт. Кој успех е тоа? Од друга страна, јас имам останато без работа по директива на Грујо, кој измислуваше кривични, даноци, казни, на фирми. ВМРО ме има уценувано за работа која немаше ни да ја прифатам. Член на ВМРО за ич ништо ни се закани мене и колешките ко на шала „ќе не ставел во црн тефтер“ знаел кој за кого гласа. Без разлика, ВМРО или СДСМ, има да тоне и армија и полиција и се. Подобро нема да биде. За српската армија, моиве работат по Хрватска, и Хрватите се плашат од српската армија. Велат дека еднаш ги згазија, и денес да има војна, пак ќе ги згазат.
Па и јас ова го кажав , на мој начин . Додека беше Вмро ништо не се вложи во војската , ниту во полицијата . Еј основно нешто е униформа и добра чизма .. они во 2015 - та носеа Миле Драгич чизми од ЈНА останати по магацини . Исто така не се вложуваше и пред да дојде Вмро , но тогаш Бранко беше тој што кажуваше амин ( оваа постава на Сдс беше малку изменета ) можеби затоа и малку од малку се дигнаа на нозе . Не е одлично и никогаш нема да биде , го знам тоа , ама е подобро од што беше , барем во поглед на опрема .
@Abracadaver повеќе е до неводење сметка за национални интереси. И да имаш 85% Македонци во државата, пак ќе е исто како тргнало. Земи ја за пример Црна Гора. Па таму имаш 31% Срби, кои немаат ниту пола права од овдешниве малцинства, плус Албанци, Бошњаци, и какви не други. Бранителите со години ги влечкаат, па дури и пари враќаат на државата тие што земале оштета и тоа со камата. Нели можеа од нив да направат армиски војници, кога веќе со 3 степен средно, со диоптрија тегла, со висина од 160 цм, и 50 килограми тежина влегуваат мажи. Туку дај јас да примам терористи дома, да не ме гонат, па и куќата да ми ја изградат од темел. Еден од тие помагачи за Диво насеље го пуштија од притвор, па кажа на Тв ќе тужи. Не би ме чудело ако си лапнал едно станче од пари од државата како оштета ( живеше во стара куќа, сега е во нова), а ние тука не можеме едно собче да закрпиме со години, и разглабаме глупости што тропала Шеќеринска, таа некаде некого кодошела, како да била некаде моќна. Додека СДСМ го напаѓа ВМРО и обратно, ќе имаме партал држава.
@CrazyGirl15 Те читам цело време, или не си информирана или си додаваш работи цело време, друго објаснување немам. Миле Драгич биле од ЈНА ? На времето носеа Миле Драгич униформа и чизми само старешините. И можам да кажам дека е една од најквалитетните униформи и чизми до сега. и да, нови униформи имаше во 2013 ..
Се напнавте бе другари. @Zhukov Ти постар си, претпоставувам имаш служено војска? Ако да, имај предвид дека Крејзи е помлада од тебе, плус е девојка која не е инфилтрирана во милитарни структури, на ниту еден начин. Информациите веројатно ги добива преку сопругот. Од каде да знае она? Лол. Mислам, тоа е исто како калибар да ти изгледа исто што и шкорпион. Ја разбираш паралелата вајда. Ок е ако уште не ги знаеш членовите, ама не може да очекувате млади луѓе да знаат. Просто не служеле војска, не користеле оружје, не биле регрутирани низ четите и тоа е тоа. Камо среќа и никад да не знаат, да не се повтори сето она што се случи пред 20 години.
Сум служел и можеби сеуште сум активен Но кога не сме добро информирани нема потреба да избрзуваме со мислења
Епа тое што останале ( од деведесеттите , по магацини ) како и да се викаа најмалку битно е тоа во ситуацијава нели ? Во 2013 маж ми не ни бил примен . Она што со сигурност го знам е дека првата униформа што ја доби беше парталава , фалеа копчиња , сам ја шиеше дома , бидејќи ниту еден шнајдер не сакаше да ја среди ( многу работа имало велеа ) . Доби една посалам за свечености , веројатно од тие од 2013 година што велиш . Вежбовната беше трагедија . Во меѓувреме , успеа да најде платно и на свој трошок да си сошие униформа ( на шнајдер де ) што ден денес ја користи . Ја сум лаик да , но не сум ни глупава ни луда . Знам што зборувам . Сигурно нова униформа не би дошла до степен на распаѓање по еден месец вежбање .