Арогантни продавачки

Discussion in 'Општи дискусии' started by prettygirl, Nov 27, 2009.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    1,504
    Likes Received:
    5,579
    Прво,мислам дека реченицата што ја болдирав е крајно провоцирачка и потценувачка,од моето 11 год.работно искуство,сум работела и во канцеларија и како продавачка.Не разбирам како било која работа ја гледа некој како потценувачка ако си е чесна-по кој критериум?!Јас и тие што работат како чистачи по улици не ги потценувам,голем дел од „ценетите„ во нашево општество се луѓе кои стекнале богатство со криминални дејности.И голем дел од продавачките се и со вискоко образование-со познавање на странски јазици и компјутери што дел од купувачите кои доаѓаат за да се понашаат од високо со нив таму не го поседуваат самите.Немаат ни основна култура,а тоа и нема врска со образование и квалификации.
    Не велам дека нема нељубезни и арогантни,секаде има секакви на сите работни места,а повеќето работни места вклучуваат работа со луѓе,ете и канцелариските работници ако не друго имаат доста колеги.Па баш ме интересира како сите кои така лесно судите,се заканувате со откази и сл.се однесувате сами на своето раб.место или оние кои учат ќе видиме како ќе се однесуваат кога ќе се вработат.
    И продавачките се луѓе има шанса да имаат болен човек дома,да нема кој да им ги чува децата,да не зеле плата 2-3 месеци,да немаат скоро никакво греење на работното место,да имаат добиено дискус хернија од кревање тешки предмети,да поминале не знам колку по број луѓе кои одат по продавници да лечат комплекси бидејќи и тоа како ги има ваквите-па нормално е да не им е секогаш до смеење и умилкување.Јас не барам од никој вработен во дејност услуги вештачки насмевки и умилкување,сакам професионален однос смирено и нормално однесување без убедување со лаги само да се продаде,следење низ објектот и сл.
    И повеќето луѓе кои купуваат секојдневно пр.во близина на раб.место се знаат луѓето кои работат во близина и се љубезни едни со други,се познаваат бидејќи секојдневно си купуваат,а тинејџерите кога одат во групи по продавници не само што не купуваат ништо,често само се потсмеваат со персоналот и немаат ни основна култура дека станува често збор за личности кои по возраст и родители мозе да им бидат.
    И никој не вели дека мора да се купи,меѓутоа оние кои секој ден доаѓаат и ништо не купуваат,а се однесуваат иритантно и не е лесно да ги поднесеш и останеш љубезен.Дури имаше коментари како и ситно кога ви бараат ви сметало,па за сите кои не сте работеле со каса и да имате промет од 200.000 ден. пак се случува да ви снемаат банкноти од 10 или од 100 апоени.
    И на крај лесно е да се рече нека си оди за тој што работи,но често нема кој да го замени бидејќи и покрај огромната невработеност има многу и тоа без никакви квалификации што бираат работни места или паразитираат на туѓ грб и се трајно незаинтересирани за било каква работа.
    Јас не го оправдувам грубото и недолично однесување на некои продавачки,но има и неподносливи купувачи и никој,повторувам никој нема право никого да малтретира психички на работно место.
     
    Mili28, DivineChaos and Hova like this.
  2. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Joined:
    Feb 20, 2010
    Messages:
    2,087
    Likes Received:
    1,649
    Крајно ме нервираат арогантните продавачки бидејки живеам во мал град па си ги знаеме оние фините продавачки. Еве еден пример пред 10 години имавме бутик за деца и воздрасни, почесто си држев смени иако бев мала. Еден ден влегува еден дечко така убав и ме замолува нешто да му понудам за дете од 4 годинки и јас кога почнам може ова може ова му извадив сите комплетчиња што беа за машко, нормално купи , потоа ме замоли да му раситнам мислам дека беа 1000 денари ,му реков немам многу ситни но ќе ти забршам работа. Дечкото не беше од нашиот град а многу ми беше убав :P, и после неколку дена се распрашувал за Фината продавачка од бутикот и така започнавме врска и ми рече ааа па ти си родена за продавачка јас немам сретнато ваква продавачка. Ееее мили млади продавачки бидете љубезни бидејки можеби некој убав дечко ќе се заљуби во вас :D


    П.С Купувачот е секогаш во право
     
    Nika666 likes this.
  3. Hova

    Hova Истакнат член

    Joined:
    Oct 25, 2010
    Messages:
    248
    Likes Received:
    127
    Ве читам и право да ви кажам крајот не ви се наоѓа |( Едни викаат дека ги нервира тоа што продавачките одат по нив, ви кажав тоа не го прават затоа што така сакаат тие, така им е наложено од газдите... секој бутик си има свој концепт како ќе работи, во Калиопе или теранова не идат по вас, за разлика од нив пак во Евроазија или во Васидора одат...ама јбг така треба, сфатете дека не се криви тие... Од друга страна пак ве нервира ако пијат кафе, ако решаваат крстозбор... мислам навистина ја претерувате...Не ги бранам јас, сум налетала и на никакви( по карактер) и на совршени продавачки...дај имајте малку трпение и ако ве нервира тоа што иди по вас продавачката, љубезно кажете и дека само разгледувате и ако ви треба помош ќе ја викнете... :!: ќе ве разбере секоја...
     
    Angelche likes this.
  4. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Joined:
    May 15, 2010
    Messages:
    2,096
    Likes Received:
    5,018
    Gender:
    Female
    Ауу мене ова многу ме нервира бог да чува да те избрка од продавницата а не да те натера да купиш нешто.Пред некое време купував ланче од итал силвер абе таа продавачката намќор ни да ми покаже ни ништо да ја моли човек,а па кога го платив уште од глава да ми го треснеше ни повели ни ништо.Ама и јас не и останав должна и кажав Фала за ништо и и лупнав врата хаха.А рака на срце си има и многу фини продавачки да ти е мерак да купиш и ке ти покаже и ќе си направи муабет како човек,како една во Шатци абе девојчето сирото целата се испрска со парфеми за да ми покаже :D
     
  5. lady05

    lady05 Истакнат член

    Joined:
    Jan 30, 2011
    Messages:
    110
    Likes Received:
    48
    Арогантните продавачки многу ме нервираат ако начекам некоја таква не купувам од таму ке одам од друго место ке си купам каде што убаво ке ме услужат.
     
  6. Faline

    Faline Популарен член

    Joined:
    Feb 9, 2011
    Messages:
    682
    Likes Received:
    551
    Леле бре луѓее бидејќи сум од дома воспитена да не враќам,да бидам културнаа не и прозбореев,а ме извади од такт.Одам во Поштаа и еднаа постара жена онака културно ме упати на другиот шалтер и одам јас и сега прв пат праќам што знам што требаа и ја прашуваам и ми се развика дали сум одил на училиште,општа култура сум немала и што ли уште не,јас само ја погледнаав :o сегаа ме копкаа зошто не и вратив :- "Па ти да беше толку вообразувана немаше да се однесуваш така " но ете поминаа уфф
     
  7. Mili28

    Mili28 Истакнат член

    Joined:
    Mar 17, 2011
    Messages:
    32
    Likes Received:
    7
    Значи поглупа идеја од твојава нема, па што мислиш дека ако е продавачка ќе ти даде тебе нејзини податоци на слепи очи, ало девојко прво ќе се легитимираш ако си од некаква си "асоцијација" кој е глуп да ти дава лични податоци без соодветна легитимација??!! Боже.....СВАШТА
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2010
    Messages:
    2,847
    Likes Received:
    2,159
    Значи немора да и бараш лични податоци, доволно е да кажеш дека си таен купувач, а продавачките носат легитимации со име и презиме, така да ко што знам не е потребно други податоци...
     
  9. Mili28

    Mili28 Истакнат член

    Joined:
    Mar 17, 2011
    Messages:
    32
    Likes Received:
    7
    хахахаах читам и не ми се верува, па тајниот купувач не се издава ако е таен купувач, знаете ли вие воопшто што е таен купувач? Ако знаете пишете па после ќе правиме муабет ;)
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2010
    Messages:
    2,847
    Likes Received:
    2,159

    Хах, не бе не знам што е таен купувач, ти знаеш повеќе од мене...
    Туку ај ме мрзи сеа со тебе да се објаснувам, гледам не си го сфатила муабетот, прочитај убаво за што зборувавме па може ке ти се разјасни
     
  11. angel92

    angel92 Популарен член

    Joined:
    Feb 10, 2011
    Messages:
    2,704
    Likes Received:
    7,123
    Значи во светот на маркетот нема емоции. Доколку вработениот има проблеми дома, таа треба проблемите да ги остави на прагот од продавницата и да влези ведра и насмеана. Сепак никој од купувачите не и е крив за нејзиното/неговото лошо расположение. А воедно, купувачите се секогаш во право и немаат право да се инаетат во врска со тоа.
     
    mila85 likes this.
  12. Mili28

    Mili28 Истакнат член

    Joined:
    Mar 17, 2011
    Messages:
    32
    Likes Received:
    7
    Па очигледно е дека незнаеш, да знаеше зарем ке напишеше ваква глупост?!
     
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2010
    Messages:
    2,847
    Likes Received:
    2,159


    Леле жено многу си напорна

    Еве ти
    Тајните купувачи се лица кои по потреба остваруваат анонимни посети на компаниите, претставувајќи се како редовни купувачи и од купувачка гледна точка објективно го мерат квалитетот на услугата наспроти претходно дефинирани критериуми. Последователно тие подготвуваат соодветни извештаи за своето купувачко искуство.

    И ако некоја продавачка ме изнервира и ако и кажам дека сум таен купувач, сигурно дека нема да и биде сеедно, без разлика дали јас ке се идентификувам или не, и без разлика дали тајниот купувач има право да каже дека е таен купувач или не... Башка многу од продавачките сигурна сум дека не ни знаат што е таен купувач...

    Така што, ако имаш нешто паметно да пишеш на темава пиши, ако не не го тупи многу
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    3,956
    Likes Received:
    6,952
    Gender:
    Female
    ги има да и тоа многу
    ги скенирам еднаш од горе до долу вртам полу круг во дуќанот и ќе ме видат уште еднаш на кукуш :D
    а и да си имам гнасно карактерче да му поминувам оикрај дуќан со кеси полни и да му се смеам у фаца :D
     
  15. mila85

    mila85 Истакнат член

    Joined:
    Nov 7, 2010
    Messages:
    114
    Likes Received:
    51
    Мислам дека поарогантни створења ( можам да ги наречам баш така ) од продавачкиве во Скопје, НЕМА!
    Баш прееска купував ракавици, и дотичната продавачка мислам дека не можеше да ме поднесе, не и се збореше, не и се живееше, мислам дека, и кај и давам пари за ракавици и викам убави ви се овие обетки, ама дека со цвет не ми се свиѓаат - и она мене ми вика - Е па што да ти правам -....ја гледам вака и и се дерам во себе, ај пак си викаш, ако она е некултурна, да не се спуштам на јас нејзино ниво...иако заслужуваат многу повеќе, и уште многу други работи, на пример во бутик и бараш некој фустан, па се туфка пола саат, а за тебе ли, аха ок, е па нз, аха, ова , она, па те загледува налудничаво, те анализира, нели ко она многу подобра од мене........ми иде сите такви да ги кажам некаде, да ги пријавам!!!!

    Па, мајку му стара, ако не ти се работи, нека ми каже, нека стане, јас ќе работам на нејзино место, и така не сум вработена, некој плаче за работа, јас на пример дипломирана, а не можам да најдам работа ни во бутик ( толку ми е среќата и таква ми е кармата ), а они дремат, значи ништо не работат, освен што го отвораат и затвораат дуќанот, ПЛУС земаат плата до 12000 во ГТЦ, и толку......Сега, кога веќе си на некое работно место, а секојдневно си со луѓе, ќе си истрпиш сестро златна, колку и да те боли стомак, и да ти се лоши, или едноставно не ти е денот - ЌЕ СИ ИСТРПИШ!
     
    koritsaki likes this.
  16. karak

    karak Популарен член

    Joined:
    Apr 11, 2010
    Messages:
    4,486
    Likes Received:
    5,457
    mila 85 може би не си ги пронашла вистинските дуќани за шопинг. мислам дека не е фер да ги ставаш сите во исти кош, можеш да си го кажеш мислењето за оние дуќани каде што си се нашла навредена вака мислам дека не е фер има толку прекрасни продавачки и луѓе просто да ти е мерак да те услужат, а многу од нас тука работат како продавачки и мислам дека воопшто не е така како што опишуваш
    ова не ти треба
     
  17. Mili28

    Mili28 Истакнат член

    Joined:
    Mar 17, 2011
    Messages:
    32
    Likes Received:
    7
    Епа тоа е работата што ти мислиш дека ако се продавачки не се информирани или не се доволно паметни да знаат што работи тајниот купувач? Убаво си го извадила ова од нет за тајниот купувач што верувам дека претходно и не си знаела што всушност значи таен купувач! А ти ако сега отидеш во некоја продавница и ако продавачката те изнервира и ти тогаш се претставиш како таен купувач па кој ќе ти поверува ма, мислиш дека продавачката ќе ти поверува, па тајните купувачи се професионални во својата работа и ако се навистина ангазирани тоа нема да го казат и мислам дека секоја продавачка го знае тоа. Затоа информирај се поубаво пред да напишеш некоја глупост, а таквите како тебе што по ова "не го тупи" показува каква некултурна особа си, не ни заслузуваш да бидеш соодветно услузена во било која продавница. По ова само се гледа дека ти си една арогантна особа, барем тоа го показа тука!
     
  18. mila85

    mila85 Истакнат член

    Joined:
    Nov 7, 2010
    Messages:
    114
    Likes Received:
    51

    Карак, немој да ме сфатиш погрешно, не реков дека сите се такви, еве на пр.продавачките во бутик МИЛА во Бисер префини се, потоа во ЕУРОАЗИЈА ептен ми се фини, БОДИЛАЈН ГТЦ ептен се фини, кај мене во населба сите се фини, не генерализирав, ама навистина има неуслужливи, и те гледаат попреку, па те оговараат и се смејат кога ќе излезеш ( половина во Рамстор се вакви на пр. )
    Инаку, и јас сакам да работам во бутик,ама не можам да најдам работа, па мислам дека ако најдам, кога ќе најдам, од среќа што сум нашла рабора, нема да ја тргнам насмевката!!! :D
    Извини ако те навредив..
     
  19. karak

    karak Популарен член

    Joined:
    Apr 11, 2010
    Messages:
    4,486
    Likes Received:
    5,457
    нема врска ок е :) не дали јас сум се нашла повредена ќе се најдат многу. сепак сите не се исти има и фини има и неподносливи, и јас коментирав на темава за одредени места и личности но сите не се за исти ќош.
     
  20. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Joined:
    Mar 21, 2011
    Messages:
    135
    Likes Received:
    111
    Најфини се продавачките во маркети за технологија (мое мислење) се трудат да ти објаснат едноставно на некој начин те привлекуваат да се заинтересираш уште повеќе за производот за кој прашуваш.