Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Арогантни продавачки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од prettygirl, 27 ноември 2009.

  1. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.702
    Допаѓања:
    8.778
    Пол:
    Женски
    Кај нас досега не сум сретнала некоја арогантна продавачка,сите се фини и покажуваат се што ќе им побарам.Со дел од нив сум во добри односи,пријателски па кога купувам не се плашам да не ми се раздерат :)
    Во Скопје е друга приказна,во Евроазија ми се има случено повеќе пати да ме следат,можеби работа им е тоа да го прават ама јас се чувствувам како некој разбојник кога влегувам таму,затоа веќе и не одам кога доаѓам во Скопје.Затоа пак има и супер продавачи.Последен пат кога бев во Скопје пробував чизми и дечкото буквално ми ги облече,ми го закопча патентот,се врткаше и ми покажуваше најразлични модели.Ептен ме бендиса :) И една девојка во Елит,пробував фармерки и многу добро се однесуваше со мене.Ценам многу такви продавач(к)и.
    Морам да ја пофалам девојката од Сара Фешн овде во мојот град.Толку е културна,добра,вредна...Еднаш многу ми се допадна еден прслук ама немав доволно пари па без да ме познава ми рече да и донесам утре и дека нема проблем.
    Во Дуки Дасо се исто така многу услужливи.
     
    На mila85 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mila85

    mila85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    50


    Во ЕУРОАЗИЈА мораат да шетаат по тебе, така им налагаат шефот , газдата и другите богови на обичниве смртници, сироти тие - зар сакаат да се шлепаат по нас ( И МЕНЕ ПОРАНО МИ БИЛО ЧУДНО, ПА СИ ГИ ПРАШАВ ШТО Е ФИНТАВА ) :) , не сакаат , ама мораат, верувај немаат време да седнат да јадат, трчаат цел ден, и не си само продавачка, туку работиш СЕ, од чистење тоалет, пеглање, роба донесување до горе со луѓево низ продавницата, само по сто пати секојдневно по скалите нагоре-надоле до магацин и назад....Го знам ова, скоро сите ги знам таму што работат, иако некои веке си замина поради прекрасните услови што ги нуди ЕУРОАЗИЈА :devil: , нив ГИ ОПРАВДУВАМ, ама продавачка во мал бутик и прави само отвори-затвори, па се мршти кога ќе влезеш, па збори на тел, па те гледа чудно ко да сум ALIEN, гарант после ме оговара сама со себе, па насмеј се девојко ми иде да и речам....е тоа не оправдувам.......... :clap:
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. PinkPrincess

    PinkPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Пазарував во Tinex и ја предавам корпата на каса и продавачката ми вика еве ти кеса стави ги сама работите во него :@ :@ :@
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.094
    Пол:
    Женски
    ^Е добро де, она додека куца ти си ги ставаш работите во ќеса. Не занм што има тука чудно. Да не сакаш да ти ги искуца, па додека другите чекаат да ти ги стави во ќеса?
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Мене нешто што најмногу ме нервира е кога ке одам во продавница и кога типката ке се прави попаметна од мене и ми кажува дека нешто ми стои многу убаво само за да го продаде, или пак кога ке и кажам дај помал или поголем број овие нема да ми бидат таман, и ке ми водат инат: нееееее таман ке ти бидат како така, леле види колку убаво ти стојат леле леле... :envy: :@ тоа нешто ме вади од такт и почнувам да вријам и се воздржувам да не и се развикам, шо кој к***ц :@ нервозна сум за такви работи што да правам. :doh:
     
  6. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Па сите луѓе сами си ги ставаат работите во кесата. Никогаш досега не ми ги ставала продавачка ;)
     
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    кај мене во маало неодамна отвори ја ново тедико, не знам како можеше сите продавачки да бидат која од која полоша
    кога ќе влезеш ќе те иззјапаат од глава до пети, здраво, повели и пријатно им се како странски јазик и секогаш за сите што поминуваат на каса коментираат од типот
    -овој педер е знаеш, О госпожава слабнала и сл.

    не можам да ги смислам да најчесто си идам до тинекс, барем се пристојни таму :@ :@
     
  8. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    За продавачките во Евроазија више немам збор
    ПОследно нешто што ми се деси денес и не планирам у брзо време да влезам таму.
    Не верував дека некогаш ќе го кажам ова, но со вакви продавачки радо би пазарела во Солун
    Значи вака:
    Требаше да се најдам со другарка во град и како по обичај она касни и за тоа време си викам ај да идам до Евроазија да видам што има, да си исплакнам очи
    Влагам јас и ми доаѓа една продавачка, мепраша дали да ми помогне некако.
    И викам не, нема потреба, само си разгледувам. Не рече ништо
    Значи јас само гледав, не пипкав алишта и сл.
    И сеа да поминам, таа госпоѓата не ми се тргна, а можеше зашто јас бев до рафт со алишта, немаше кај да одам, и да поминам таа ми ја бутна ташната кајшто имав телефон, и слични кршливи работи
    Ниту ми рече извини, ниту се сврте да види што направи. Само главата напред
    Јас ваква :o
    И после да и отидам да купам нешто
    Не фала
     
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    И јас преска влегов во евроазија, барав нешто конкретно, не ми беше до разгледување и ја прашав дали може да ми помогне, почнав да и објаснувам што барам и оваа на сред рченица ме прекинува и ми вели "еве побарај" и покажува со рака накај внатрешноста на цела продавница....Ако беше за поарување низ толкав бутик и правење попис, немаше да ја прашам. Барем да кажеше дека незнае дали има, или да ме упати каде да барам, да побара со мене.....она си застана на страна со статуа

    А да ја пофалам продавачката од Miss Poem. Стварно е многу фина, се што ја прашав ми покажа, ми извади се што има слично, ја малтертирав, ми вадеше еден куп ствари и една сукна што ја бендисав пред некое време неможев да ја најдам и девојчево буквално цел бутик го пребара за да најдеме што барам. Дури и таму позади отиде некаде за да побара. И ептен фина беше цело време. А не да се мршти. Такви сакам
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Значи има такви продавачки што од што ги мрзи да бараат низ робата ќе ти кажат: Не сум надлежна за овој регион јас прашај ја колешката и ти прашуваш која во супермаркет? И таква изнервирана или ќе дојде со арам да ти покаже што ти треба или ќе земе да ти објаснува кај да ја најдеш а за тоа време сам ќе си го најдеш производот или па: ТОА ШТО Е ТУКА, ТОА Е онака со повисок тон како да си прашал хероин дали имаат. Или ќе прашаш цена и ти вика: па сврти ја етикетата на неа позади пишува не можам да ја знам јас цената на сите и ти и викаш:па не пишува. ( |( ) и таа ти го дрпа производот и го треска на каса и и вика на касиерката:Дај жити се види колку е ова, аман треба да редам роба.
    :devil: :@ :fubar: :swear:
     
  11. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    А после тоа ќе ја видиш како си праи муабет со некоја пријателка, си се кезат си се смеат, и тогаш уствари не треба да редат роба, слободни се за кафенце, муабет и цигарче. |(
     
  12. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Нељубезни и арогантни продавачи мразам кај мене во драгстор ако должиш 1 денар4е ќе ти речат одма да донесиш или донеси па ќе го земеш тоа што си го купил мислам секој ден од истото место купувам па за 1 денар4е ах бе и после да купиш нешто од кај нив :x :x :x

    Љубезноста е клучен фактор во маркетингот.
    Купувачот е секогаш во право
     
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски

    :D :D мене ми се има случено така во Форнети продавницата. И викам да ми стави фета форнети за 50, таа става таму и испаѓа 51 или 52 и одма вади едно па доаѓа до 45 и ми вика немам да ти вратам.. |(
    Не ми е мене за тие 5 денари... туку од мене 5, од тој пред мене 5, од тој после мене 5... ;)
     
  14. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Можеби не толку арогантни, колку што се неуслужливи.

    Значи во продавницата до училиштето воедно и единствена, продавачката толку е бавна и тромава старица, која како што се движи(БАВНО) така и зборува :envy: . Тотално да те извади од такт, ти игра на најтенката жичка.
     
  15. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Арогантоста на продавачките единствено си ги брка купувачите... и сакаш нешто да купиш ако видиш ти се понаша ко глупа излегуваш и чао и никогаш нема да ти текне да купиш нешто таму.
     
  16. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Особено ме живцира кога ќе влезам и ќе глеам низ закачалките а таа оди позади мене и ги мести работите-демек со моето гледање сум и ги изместила :@
    П може тоа да го направи откако ќе искочам а сигурно не ги преместувам од едно на друго место :talk:
    Немаат основна култура некои-а се знае -една насмевка -и на сила-и едно добар ден-бар тоаа да го имаат.Срамотааааааа :tmi:
     
  17. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Ех колку ме нервираат такви арогантни и прости продавачки, ни здраво ни добар ден ни ништо не викаат, а не знаат дека со нивната ароганција само си ги бркаат муштериите и не прават ништо добро, туку ако нив не им е погоден денот, или ако имаат некои проблеми тоа го приметуваат сите купувачи. Па не знам и ова газдиве што гледаат, едноставно такви продавачки кои не се услужни само им ги бркаат купувачите не им прават ништо добро! Има еден маркет во кој не влегувам баш поради тоа што таму сите продавачки секогаш се намрштени, нерасположени, арогантни и не услужливи!
     
  18. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    кого не го нервираат вакви продавачки, знам кога бев во Хрватска на одмор случајно на една тезга застанав и на една и се обратив: “Дали работите вие тука?„ а она ми вели: па ваљда РАДИМ? :puke: со таква аргоанција и цинизам што досега го немам уште видено, фацата и беше толку убиствена мислам ќе ме истепа. :^)

    но тоа е секакви ги има и мораме да ги поднесуваме, на крајот на краиштата имаат шеф па право кај него.


    а моите пак имаа тука една незгодна случка, имено во една од продавниците за подароци таму кај Мекдоналдс, купваа нешто и на каста како секој нормален купувач даваат пари и така продавачката која е воедно и сопственичка будала у очи го направи дека не дал пари, не бе никако да се убеди и мораше уште еднаш да го плати истиот производ уште спремна беше полицијата што стоеше тука да ја свика. :punch: ептен сум аергична на вакви.
     
  19. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Многу пати сум сретнала вакви продавачки. Има некои толку незаинтересирани и мрзлеиви, не дај боже нешто да им побараш, вртат очи, прават фацо. Па нели тоа им е работа? Има и такви кои те следат и ти дишат во врат додека разгледуваш и упорно ти досадуваат да пробаш нешто. Најмногу ги мразам тие лицемерните кои кога ќе пробаш нешто паѓаат во несвест од тоа колку добро ти стои, а ти кога ќе се видиш во огледало не можеш да се изначудиш :fubar:
     
  20. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Ме нервираат некои на кои кога ќе ги прашаш каде се наоѓа нешто веднаш вртат глава издишуваат и се како |( „Онаму.“ Ме нервира што некои ги гледаат луѓето како толку да се под продавачките и не им е достојно да ни дадат нешто па ако толку сакаат да бидат почитувани нека завршеле факултет нека имале некое достојно работно место за восхит и почит.