арогантни и не баш ама ме нервира кога ке влезам во бутик и продавачката ке лети по мене, кo ке и украднам нешто -.- и пробувам нешто и големо или мало ми е и она епаа еве од овој модел има, земи го ова,убаво ти стои, па ајде ке попуштам 100ден. ама земи го.. -.-
преку глава ми е од вакви арогантни продавачки. влагам јас во продавница за накит, чисто ме интересираше што-како има за поклон ми требаше нешто. и сега и велам јас на продавачката ако можеш извади го ова да го видам, и таа таква , викам има некаков проблем? и и се насмевнав, и таа ДА ИМА ПРОБЛЕМ!!!!НЕ МОЖЕШ ПРЕКУ СТАКЛОТО ДА ГО ВИДИШ?!?!. јас изнервирана, да ме нема. цел пат ја пцуев, денот ми го расипа
Ми се случило да влезам во бутик и да иде продавачката по мене како да сум крадец. Ме нервира кога ќе влезам негде,а таа си збори на телефон и нема намера да прекине. Тоа ми е ужасно многу некултурно и ниско. Да ја мрзи да стане да ме услужи или да ме гледа намќоро. Стварно нема смисла такво однесување.
Епа, овој за кого ќе раскажам е ПродаваЧ. Али ај... сега, ми недостигаа 6 денари, обичен дуќан, без давање сметка, ни ништо. Сега, комшии сме, се знаеме, никогаш не сме имале проблем со парите, таман работа, ама кога ми недостига некоја паричка, никогаш не оставам за подоцна, одма идам дома, си земам толку што требало, ги давам парите, и фала чао пријатно. Овој ми го зема лебот од рака, и ми вели-кога ќе ги донесеш сите пари, ќе го земеш лебот. Ама како го грабна лебот, јас вака останав- А слушајте сега иронија! Купува една жена пред мене (откако се вратив во дуќанот, откако бев дома и зедов уште 10 денари), и неа и недостигаа 100 денари! Значи 6 денари-100 денари, голема разлика! Она си кажува-ќе ви ги донесам парите подоцна (а јас му реков-сега идам дома, ќе ти донесам уште 6 денари, ама мене ме врати до дома значи). И тој и вика-НЕМА ПРОБЛЕМ, ГОСПОЃО! Спојлер What the F**ck?! И сега се мислам, дали да го направам резиљ, зошто таков е отсекогаш, порано сум се расправала, и сега веќе попуштам, што да му направам?! -.- И што е уште поинтересно, ми врати 2 денари вишок, и јас прашувам-26 денари беше лебот? Тој-да, колку ти вратив? - Јас, па 6 денари ми врати, еве ви 2 денари. И пред да кажам-еве ви 2 денари, он ми вика-врати ми ги тие две денари!! Јас дури потрчав малку-да не помисли он дека му украдов две денари. . После во главата моја... *Epic пцуење*
Морам да ви кажам за ова. Моите биле испаднати пред некој ден и се паркирале пред тротоар - каде што може да се паркира кола - за мајка ми прво да купи нешто од супермаркет. Потоа сакала да влезе во продавницата за чевли што била точно таму каде што ја паркирале колата. И луѓенца, замислете, испаднал сопственикот и почнал да ги ПЛУКА сите коли кои стоеле таму. Му ги бркале муштериите од продавницата. Им се раздрал, како се осмелиле таму да се паркираат, ќе почнел да дупи гуми бла бла бла... Моите па не сакаат да се караат многу многу и се препаркирале, ама ни му влезе мајка му веќе во продавница ни па ќе му влеземе. Од чиста мира и од беснило да фатам да плукам... После немал муштерии. Е, па, нека продолжи така, сигурно ќе му дојдат.
аууу колку ме нервираат. Па ако ме следат кога ќе влезам да не украдам нешто. Не сите млади со ранец крадат. Господе боже. Крајно антипатични ми се, и ми иде да не им влезам пак во продавница.
Пред некои 6-7 години (во средно) најмногу облека купував од Еко. И барем еднаш неделно одев таму да си се почастам со некое ново парченце облека. Еднаш добов повеќе пари од моите дома (веројатно за роденден, за нова година или таков некој повод), и отидов на „голем“ шопинг. И си одам јас во Еко, најчест муштерија, и си одбирам маичка на една тезга ја земам , ја пробувам, но многу грдо ми стоеше. И ја враќам на продавачката и и велам дека не ми стои убаво, а таа ме погледнува попреку и ми вика - Кога немаш пари, не пробувај! Која дрскост човече! И не и реков ништо, но знам дека во тој момент имав повеќе пари во себе, отколку што е нејзината месечна плата и страшно ме изнервира, па веќе на таа тезга не сум се приближила. А кога купував секогаш гледав да не ги малтретирам продавачките, да бидам културна, да не им растурам по тезгите, и она мене да ми се понаша... За кратко време после тоа Еко почна да пропаѓа, и со години немам стапнато таму.
Hе знам дали ја имам споделено случкава беше пред 2-3 години во Oхрид во Спојлер ричи и си пробував јас,и женава ми предложува ако ги знаете оние како плетени наметки,само преку глава што се облекуваат без ракави? и јас и кажувам дека не сакам да пробам,зашто претпоставував дека ке изгледам како мечка женава се запна мораш да го пробаш,мораш и пробав и што никако не ми стоеше,баш како на мечка,и таа леле како ти стои ,одлично е одлично мажот ми ме виде дека нејкам да го купам,и и вели немам пари да го земам сега,морам да префрлам пари и така повеке не се вративме никогаш,едвај ја откачивме
имаш среќа што воопшто те услужила. Обично само те следат како кучиња и молчат. Не, извини... зборуваат ама само што ќе излезиш низ врата... дада, секако дека зборуваат за тебе
нека ме вработи мене некој во продавница,и ќе бидам најљубезната продавачка која некогаш сте ја сретнале ви ветувам.
Уште една арогантна продавачка на листата безобразни бутикашици Значи во бутик во кој се на се имам потрошено околу 200 евра да ти се испонашаат сељачки ,некултурно и безобразно ... Бевме со една другарка да разгледуваме во бутикот бидејќи пишуваше дека има намаление и си бендисав нешто јас ама немав пари ,затоа не ни пробав. Другата ден појдов со намера да купам ама не ми стоеа убаво блузичките и ништо не купив си заминав . Значи се на се во бутикот влегов 4 пати во месецот во кои 2 пати си купив нешто ,еднаш и правев друштво на братучеда ми која си купи неколку фустани,еднаш бев да разгледам за намалението и ден после тоа да пробам ама не ми стоеше убаво .Тоа за некој е ту мач После неколку дена бев со братучедка ми (и правев друштво) за да да си купи фустанче и слушам едната продавачка и вика на другата. Цитирам: продавачка1:Леле аман сто пати дојдоа и никако да се одлучат да купат нешто цццццц (беа околу метро и пол позади мене) продавачка2 : Сега пред една недела зедоа 1 блуза од 500 денари (кажано со иронија) продавачка1: Фала богу му се згрешило да земат нешто. Ги слушнав ,се изнервирав и ништо не им реков а ми идеше да ги отерам упм. Две недели после ова другарка ми зеде плата т.е денес и одиме за да си купи нешто од таму. Продавачката доаѓа и вика :-разгледувате. Аха да и викаме . Таа вика : разгледувајте ако не ве замара . Тоа беше капката која ја прелеа чашата. Незнам со какви не зборови ја изнавредивме со другарка ми на мирен ,тивок и културен начин. И и кажав дека ако сакам секој ден ќе влегувам и се ќе пробувам и ништо никогаш нема да купам и уште еднаш ако се испонаша безобразно и недолично ќе раскажам насекаде за нејзиното дрско однесување и никој нема да и влезе. Не е убаво да го оцрнува местото од кај што го јаде лебот. Само се тресеше од нервоза и незнаеше како да се одбрани ,секако ако беше таа во право ќе знаеше . Сега ми е полесно...
Сум налетала на арогантни продавачки, имаат крајно дрско и безобразно однесување и не им доликува воопшто. Познато ми е тоа, одат по мене како да имам намера да украдам нешто, има некои кои не се доволно услужливи. Или па влегувам јас во еден бутик, а продавачката упорно си зборува на телефон, не ме ни забалежа дека влегов.
Морам да го напишам ова..Денес бевме со две другарки и сестра ми во град да си купиме фармерки(ако најдеме некои убави ,не ни се брзаше) и влегуваме во тера нова,имаше фармерки по 700 денари па земав едни да пробам (ми се погоди цената немав многу пари за арчење ) и одам да ги пробам..Ги пробав видоа како ми стојат (другарките) но мене нешто на нив не ми се допаѓаше кројот можеби незнам не ми беа баш убави се пресоблеков и и ги дадов на продавачката(односно таа што дава бројчиња за во гардеробата) и сестра ми ме прашува ќе ги земеш и јас и викам не да разгледаме и на други места(тоа беше моментот кога и ги подадов фармерките) и оваа со цел памет ми вика епа за 700 денари па уште се мислиш можеби тоа го кажа на шала (бидејќи се насмеа малку),но сепак мене незгодно ми падна незнаев што да кажам па и викам планирав и друго да купувам па затоа се мислам.. пс:не дека се испонаша нешто арогантно продавачката но сепак треба да бидат по љубезни,сигурно зошто така ми кажа нема да се предомислам да ги купам..лол
незнаев дека ја има темата... Еве го моето искуство....Понекогаш сакам да си се почастам себе си со поскапи чевли, се разбира доколку имам повеке пари, ...и вообичаено тогаш влегувам вo shoe art, miss sixty, геокс,бенетон-сисли и понекогаш в.шавињон (за да не се навреди некој ,или искоментира - за мене тие се поскапи, зависи од џепот нели, сигурно има и поскапи но за мене се тие) Е сега морам да кажам дека во овие продавници ако отидеш цел брендиран со марки сите се вртат околу тебе ко де бре да си господ, а ако отидеш во по,-ке речам обична варјанта пр. со фармерчиња од калиопе и некоја едноставна маичка , одма прават фаци, и си шушкаат мегу себе оваа нема да купи ништо- што ке ја услужуваш... Јас мразам кога сите продавачки се вртат околу мене ,не е дека немам брендирана гардароба (мислам дека кај секој може да се најде некое парче) или незнам,не сакам да изигравам- ке речам шмизла(без навреда) , но сакам да одам во шопинг во фармерчиња апостолки...без да се замарам што носам и како носам...така пред една година влегувам во геокс и ми се допаднаа едни чевли, го прашувам дечкото што работи таму дали има 37или38 број (затоа што сум измеѓу) и овој ми вели дека нема...а пред мене беше една госпоѓа кој му рече да и ги стави настрана некои два пара чевли па она ке се врати за неколку минути....јас незнаев за кои чевли тогаш се работи и додека разгледував се врати госпоѓата , и му вели дај да ги пробам уште еднаш, овој ме изгледа мене и и ги даде ...кога гледам чевлите и броевите јас што ги барав...и сега стојам и чекам да заврши госпоѓата да го земе парот што и одговара па јас да го пробам другиот..и додека чекав дечкото ми се врти и ми вели дрско -ти реков дека немаме броеви што стоиш уште...а јас па -овој не е тој број ,..и овој ми вели -нема, нема!! ...го изгледав смеѓо и му реков па мене баш до овие ми дошло како да нема други продавници...во истиот момент му се обраќа госпоѓата и му вели - не ми одговараат ни двата пара, земи си ги ,а и онака скапи ми беа........и неможев да се воздржам и иронично му се исмеав во фаца и си заминав ...е па дечко ..тоа ти е ..животот се враќа и се плаќа
Мене од такт ме вадат арогантни и некултурни продавачки. Едни што не ти обрнуваат внимание кога ќе влезеш, ни здраво ни право, телефончето на увце и си бркаат работа, втори си муабетат со колешката или некоја пријателка, па или те зјапаат што ќе пробаш и те оговараат или не ти одговараат кога ќе ги прашаш за цена или број и трети оние што како пијавици ќе ти се залепат и те следат во секој потег и ти нудат работи кои демек "сега сите ги купувале" и "ептен се носат". Да се вратам на темава, сите од овие три типа ми идат на живци и до сега сум имала неколку ситуации кога ми идело да им шлапнам (онака една лефтерна) и од лева и од десна страна. Една ситуација кога бев во една продавница за чевли во ГТЦ и влагам па ме бендисаа едни сандалки и ја прашувам веќе "зафатената" продавачка дали имаат бројче (за 40ка мислам) ми се врти и со лош поглед (од што ја прекинав) отсечно вели НЕ. И јас не и обрнав внимание па си продолжив да си барам наоколу ама не ми даваат мир тие претходните сандали и решив да ја прашам (сега веќе втората продавачка, ми се виде по ОК) да не случајно имаат таков модел и број во другата продавница. Е тогаш ми се врти онаа првата и ми се дере: Девојко ти кажав веќе еднаш, НЕМА. Си видела ли ти колкава нога имаш, нема шанси да најдеш... Ова кога го слушнав беше врв на се. Па не ти барам 45ка (а и да барав што има врска, тоа не е начин да му кажеш на некој дека има големо стапало) за да се однесуваш така... И не знам како ама со броење до 100 и назад успеав да не и одговорам на нејзината дрскост и некултура, а во истиот момент умирав од желба да ја задавам. Се разбира си излегов, викам фала многу, ептен сте љубезни (онака цинично) и не сум влегла таму повторно. Имам уште еден куп вакви ситуации со "слатки" продавачки (замисли со машки не сум имала), ама ќе ми биде потребно времеееееееееееееееееееее за да ставам се тука на куп. А и онака нејкам да замарам, си знаете и сами
Па добро ова и не спаѓа баш во темата "арогантни продавачки" но сепак е една нељубезност од нивна страна (според мене можеби претерувам) .Сепак на мене е да одлучам што ќе купам и дали ми се свиѓа без разлика на цената..
Да не си ти таа продавачка? Не било нејзино да кажува колку се што се и дали она се мисли или не. Нејзино е да продава и да одговара кога некој ќе ја праша или пак да ги покаже новите модели итд итд, а не да дава такви коментари
Ам ај маска за куче да и стават!!! Не, не сум јас. Јас мислам се пошегувала и ти дала совет дека бадијала се фармерките и да ги земиш...