Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Арогантни продавачки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од prettygirl, 27 ноември 2009.

  1. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    ги има во секоја втора продавница и навистина не ми е јасно зашто работат такви продавници кога се однесуваат како да мразат луѓе?! Од намрштени со никаква желба да те услужат, до оние што ќе те следат каде и да одиш. Преку глава ми се. :^)
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Последен пат кога продавчка ми се испонаша , си го доби млекото на касата буквално ! Си заслужи кај ми се понаша уште се обиде и будала да ме направи . Кога велам отворено е млекото отворено е ! :devil: За друг пат ќе си знае :wasntme:
     
  3. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Е јас од овие „арогантните“ продавачки во некои продавници си имам речено дека нема да стапнам никогаш повеќе па макар најубавата и најефитната облека да ја имаат :devil: Idiots
     
  4. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Женски
    Не е до продавачките до луѓето е најчесто.ЈАс работам во кафич и верувајте какви све не болесници видов ! Се расправа со мене зашто во чашата имало 2 коцки мраз а не 3! Секнала боцата со пиво на точење мене ми се дере како можел тој да пие пиво од флаша !

    Како што реков се е до човекот! Мислат ако седнал да се напие нешто ја сум негов слуга и треба на глава да му висам.Така и продавачките исфрустрирани од многу работи и многу будали!

    Не викам дека нема некои што на глава ќе ти се посерат без потребно и урлаат уште вие не влезени ни з врата...ама тоа е тоа
     
  5. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Ги има секаде,мене лично ми се има случено кога барав фустан за полуматура и сега влегуваме со другарками и ги гледаме тие посвечените и таа кога почна тие не се за вас сосила се правите теткици и ја фати другарка за рака и надвор ии ние така останавме,и сега брзо беше бев во теранова и влегоа внатре едни посиромашни и продавачката појде и му вели овде цените се многу високи ве молам излезете надвор не правете гужва-.-'омг,ццц каки не има :?:
     
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.020
    Пол:
    Женски
    Секаде ги има за жал. Некои се исфрустрирани зошто знаат дека можат да работат и подобра работа, некои си ги носат проблемите од дома на работа, а некои се само...некултурни.
    но, во ниеден случај не треба да се однесуваат арогантно, не им се останатите криви за нивните проблеми.
     
  7. dlikedevil

    dlikedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    55
    Леле значи колку ги има вакви, да си помисли човек дека не сака да ти продаде нешто. Разбирам јас дека е малце тешко да се работи со луѓе, ама кога некој најчовечки ќе ти се обрати аман тргнете го тој намќорест поглед ко да сакате да ги ишамарате муштериите.
     
  8. barbiche

    barbiche Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    120
    уфф има и тоа како .. Еве еден чист пример, со една другарка влеговме во обична продавница да си купи лабело она.. и девојката која што шета таму која треба да ги услужи лугето, ја прашваме каде им стојат лабелата.. а она па види таму некаде ( ние двете прашалници ) добро нема везе ги најдофме, таа зад нас цело време иди, кога рдугарка ми посегна по лабелото на нејкење ( незнам ни јас како ) му се откачи онаа рачката каде што висат лабелата,стварно не беше намерно на секој може да му се случии она наместо да ни поможе ги преврти очите и вели " па намести го де " онака иронично, другарка ми се мачи го мести она туфка цуфка зад нас.. а таја таму е калена за да поможи ако се деси баш нешто такво или слично.. толку ме изнервира ми идеше да му втерам една преку очи..ама ај не вреди си рекоф ја фатиф другарка ми за рака и излеговме(Без да го наместиме тоа ) Мразам иронично кога се обракат ко синкир главни се они. |(
     
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ејј колку има такви само ццц, ај што се арогантни и не се услужливи плус. Кога ќе влезам во таква продавница и ако е арогантна или неуслужлива веднаш ќе излезам :^) :^)
     
  10. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Ги има доста. Мразам и кога ќе се залепат за мене и не ме оставаат на мира да разгледам, но има и такви што ни едно здраво не ти викаат кога ќе влезеш во продавница. Баш пред недела дена ми се случи. Влегувам во една поголема продавница, зедов нешто што ми требаше и одам на каса за да ми наплати продавачката. А таа, си разговара на телефон, се смее и ме гледа упорно.. а јас нели нормално, ја чекам. И за кратко време доаѓа газдарицата и и вика: Добро, ќе го услужиш девојчето ? Што правиш по цел ден со телефонот на уше ? Е баш мило ми дојде :D :D
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Во единствената парфимерија во градот каде можам да си ја најдам козметиката што ја користам, за беља работи најголемиот немтур што го познавам а што се нарекува трговец...
    Постојано е надвор со цигарата во уста или разговара со некој, па не ни влегува внатре да те услужи како муштерија туку однадвор те прашува ''Да не треба нешто?'' Онака сета нервозна во стилот-Ако купуваш ајде земај и бегај, ако не -не ме замарај, ќе ми изгори цигарата... |(
    На почеток многу се нервирав но сега и терам инат...Намерно заглавувам внатре што подолго, разгледувам и тоа што не ме интересира, би се заколнала дека да може ќе ме исфрли надвор на најгруб можен начин...Ама не може ]:)
     
    На Gernika му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Panicarka

    Panicarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    19
    хахаха...има секакви...моја последна случка... си го однедов на чевлар чевлите да ми стават нови капачиња и платив што требаше и ми вика дојди по 3 сати да си ги земиш и ок одам јас по 3 сати тој не беше тука туку жена му беше тука и добар ден се разбира нема.....јадеше едно јаболко...прска дали прска....се мислоев да си отвроам и чадор да не ме истушира.... и јас и ги покажувам моите чевли кои се и си ги земам ...а во меѓувреме таа си јади уште.....и шлапка....ГНАСНО .....и јас и викам фала и пријатно и таа одеднаш....ЕЈ ЧЕКАЈ А ДА ПЛАТИШ.... и јас ...ама платени ми се...му ги платив на сопругот и таа АА ЈАС НЕ ЗНАМ ТОА...ТОЈ Е ПОЈДЕН ПО ПИПЕРКИ ...ПОЧЕКАЈ ГО...хахаха и кога дојде тој нормално се расчисти недоразбирањето....а од неа ни ИЗВИНИ ни ништо....ама то е....ама моментот беше со јаболкото.... мораше да го дојади :D :D
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    КОј бил на макпетрол бензинската кај нова железничка знае-НЕ тоа не е нељубезност, арогантност како сакате наречете го тоа е КРЕТЕНИЗАМ! Не враќаат кусур од 5денари и подоле никогаш, цигари ако ти даде точни радувај се, еднаш у 100 години, а добро вечер/пријатно... се зборови кои не ги познваат и ги нема ви нивните речници.Простотилук и безобразлук. Да не работеа 24 часа немаше ни да стапнам таму, ама тоа е кога само они работат у 4-5 сабалје. Не дај боже да купиш со картица-ќе издивне како да си и кажал да ти даде бесплатно, и ќе ти буља додека пишуваш пин како да не видила до сега. Култура 0
     
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Имам милион примери за арогантни продавачки.На пример влегувам јас во бутик и и кажувам на пример барам таква и таква блуза и таа ми вели па разгледај таму |( .Ми се идеше да и речам жено зар ти е толку тешко да си го дигнеш газот и да си ја работиш работата како што треба али тоа ти е услуга на ниво :) .
    А ако не се арогантни тогаш се нападни.Знаете од оној тип што ве тераат без оглед на се да купете нешто.Па ќе ти ја извади цела гардероба па ќе почне да те убедува еве ова ти е супер,ова ќе ти стои добро итн.Еднаш барав искинати фармерки и буквално во секој бутик ми покажуват некои фармерки кои се се само искинати не и си велам божее :x само нешто да ти продадат не е битно што.
     
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    По по по,можам да кажувам примери до утре наутро ама има една случка која нема никогаш да ја заборавам.Значи беше нова продавачка на бутик кој беше на мојата улица.Влегувам и надевајки се дека ке ги најдам сопствениците на бутикот кои ни се кукни пријатели и гледам тотално непозната фаца о.0.И викам Здраво а таа ни здраво ни Добар ден ми вели што сакаш,повели ме чекаат на кафе надвор.WTF?И викам кај е чичко _____ и ми вели,е не знам каде е не сум му дадилка :@ :@ и викам добро и се насмеав иронично кога ме праша зошто се однесуваш вака?Само ја лупнав вратата и си отидов дома.Толку осет да се немало цццц :x
     
  16. equip

    equip Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    25
    Да би имала сопствен бутик никогаш нема да вработам некоја арогантна простачка.
    Последно ова лето, преглупава случка од Охрид ,
    во еден бутик толку се изнервирав што никогаш повеке нема да влезам внатре ,
    продавачката не се понашаше ни изгледаше како продавачка , туку како проститутка,
    ми идеше коси да и искубам. Ама сфатив дека сите што работат како продавачки посебно по бутици, немаат ни основно образование , а ни основна култура ( секоја чест на исклучоците) и само се лигават, да купиш 2-3 ствари основна математика незнае да ти пресмета без дигитрон, ужаасс! :@
     
  17. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Леле како не сум ја видела темава порано!!!
    Поарогантни створења од продавачкиве кај мене у маалската продавница нема. Кај се сите сељанка до сељанка, ама стварно онака да не им упаднеш во продавница додека праат муабет за било што, ќе ти се приповрати од толкав простотилук. Второ, во делот за сувомеснато мора они да те услужат, особено ако треба да се исецка, така да ако планираш да купуваш нешто треба да излезеш 30-45 мин порано од дома затоа што истите ќе ги оставиш таму на чекање и покрај тоа што веќе си ги викнал да те услужат нели! Трето, толку ги мрзи да работат тоа е чудо невидено. Таман стигнав на ред, затоа што нели само едната каса е пуштена, а чекаат 9450495 луѓе, и на таа девојката и текнува да си иде да кажела кафе да и направат :@ е ми пукна филм и остаив се на каса и си излегов. Четврто и најважно крадат бе луѓе!! И тоа не ситно, по 50-100 денари понекад! И тоа нема вага кај што си земаш овошје/зеленчук туку на каса и секогаш ја местат корпата за да ти искуцаат демек повеќе си земал, сеа пред некој ден намерно ја поместив корпата и ме погледна онака :o и ја само и се насмеав :) И прекуца после, кучка. Еднаш па ми коментираа за маицата, беше со натпис за сида, демек леле колку морбидна маица, и ми пукна филм и одржав едно предавање за сида и кондоми и уште се чуди, кој знае од кое село паднала, ма какво село бе и во најпланинското се поедуцирани и пописмени, кој знае од каде е. И за инат после се таа маица и ја носев .!.
    клајхфдјкдсхгксдхгскјдхгкјд а најтрагично е што треба сега да идам по леб, секад идам спремна да доживеам уште некој шок. Трагедијава започна од кога ја затворија другата продавница што ми беше исто блиску, остана само оваа... ;( ;( ;( стварно ми се плаче!
     
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Bаба ми бре, од најпланинското село горе, без вода и струја, и неписмена е жената, буквално е неписмена и не знае да се потпише, па кога е продавала урда на пазар е била милион пати по културна продавачка од било кој скубаник* што го мрзи да живее и тешка работа му е да дише, а камо ли да услужи некој а за тоа плата зема.
    Еден таков скубаник што се нарекува себе си продавачка има во еден бутик спроти полицијата во Кочани. Ни добар ден, ни повели, ни што ве интересира. Појдувам јас до еден рафт, наредени свиткани блузи една врз друга, разни дизајни и броеви, ама да видиш дизајн треба да ја развиткаш. Ја гледам првата голема е, се фаќам за уште една не ми се допаѓа шарата... и оваа тогаш се стрча накај мене и ми вика ееееј види ја ти неа сета роба ми растури!

    Едно е човек да те игнорира, ама да ти се обраќа во трето лице, да ти збори ко да не си до неа! :o Си влегов во комшискиот и бутик, и девојчето не го мрзеше да се подигне од столот, па повели, па која боја, па за со кратки или со три четврти, па каков материјал, се живо извади да ми покаже и избрав што ми одговараше, платив и, излегов со фала и пријатно. Не и се уста изеде да ти прозбори убаво и не ја мрзеше да свиткува после мене.

    *Скубаник = прекратка сукња и преголем каиш, со превише години за изгледот, со некој си бушаво исшатиран стил на коса во боја што не и одгвара ама таа мисли дека е Cool, претерано тенки веѓи нееднакво исчупани, носи цело шише маскара на трепките и џвака мастика додека ти збори во стил на крава кога прежива
     
  19. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Во евроазија мислам дека ги вработиле најнамќорестите продавачки. Ај што те гледа под око и ти го следи секој чекор ко кученце(дај боже да беше кученце, овие се повеќе ко џукели(од улица оние што касаат)), барем да ти помогне да најдеш нешто кога више те демнее ко манијак. Немој случајно да ти помогне, ќе се умори!
    Можам да ги пофалам само продавачите/чките во меднес значи они се најфини луѓе секад ќе ти помогне макар и ништо да не купиш.
     
  20. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Ех само кога ќе ми текне...косава ми се крева. Од Битола одиме за Охрид да видиме што како има, и влегуваме во еден бутик со мм, некој новкао мн стилски и си разгледувам јас сама, продавачката малку намќоресто ме гледаше и си гледам бројче за да пробам, и дотичната одма ми се спушти као не знаеш ти јас дај како јас очи да немам бр да го видам и згора како да нз кој бр облека си носам. И пробав што пробав, виде дека не сме од тука и дека не планирам да земам нешто, додуша сакам ама ми се одмили се кога ја видов таа ароганција на две нозе и со цел памет ми вика не знам зошто овие страчиштава и туристиве влегуваат и растур ни прават по бутициве кога ништо не купуваат. Ако немаш пари подобро не ни влегувај, не ни се шетај а камо ли да растураш со гледање ако не земаш ништо. Леле како ли само мидоаќаа наливи да ја искршам и да ја закачам на некоја закачална да виси на излог со дреч салотејп лента на уста тоа чудо едно. И само и се насмеавме и на излегување само велам, е сега знам зошто така си правеле туристве... која мизерија