Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Арогантни продавачки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од prettygirl, 27 ноември 2009.

  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.985
    Допаѓања:
    4.767
    Живеам во Охрид и има многу арогантни продавачки али најмногу кај што ме нервираат е во продавница за чевли "Перла". На нерви ми лазат тие продавачките - неможам да ги смислам. Едноставно ми се повраќа од нив.
     
  2. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Леле да. Со две другарки влеговме во еден бутик да разгледаме некои маички. Разгледувавме онака и наеднаш продавчката ни рече: Ќе купувате нешто или? :^) Во смисол: Ако не купувате ништо ајде одете си. |(
    Од тогаш никогаш повеќе не влегов таму.
     
  3. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    :tmi: :tmi: ам не пазари кај нив ! :tmi: еве сега ке се префрлат потака деновиве го купија дуканот од Гамакс !
    Еве јас работам како продавачка во нивна близина , а пак мене знајш што ме нервират? ми влегуваат муштерии и е се поздравуваат а дуканот е голем и некогаш можеби со друг муштерија ке сум зафатена и тук ке ми излезит некој апансус а ко ке влезет да речет добар ден барем ке ги видам ке ги прашам што сакаат !За односот со муштерија треба многу ГАЗДИТЕ се виновни земаат за продавачќи девојки кој не се заинтересирани за работата .
     
  4. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.985
    Допаѓања:
    4.767
    Па не пазарам. Плус чевлите се 50% поскапи од другите продавници... срамота е што продавницата е на ударна локација а има лоша услуга.
     
  5. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    80 камшика за нив!
     
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Јас во Перла во Охрид секогаш сум била одлично услужена и немам непријатно искуство со тамошните продавачки.
    Ангел мислиш на истите чевли, ист модел исто производство се поскапи за 50%?
    Не сум забележала, стварно имаат скапи чевли но квалитетни, а имаат и ефтини, моделите што ги има секаде низ Охрид не се поскапи кај нив.

    Да не велам два пати сепак, не сум купувала од таму две години. Но ако се се’ уште истите продавачки, сосем ок се.
     
    На WhiteAngel и Lov3 им се допаѓа ова.
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Тука во мојов град што има една старудија одвратна која има своја продавница за накит и шминки и цело време е таму...ауу како намќоресто гледа незнае да каже добар ден и пријатно....ако фанеш нешто ке ти рече само гледај не фаќај да не скршиш...и пола од градов кога ќе видат дека старудијава е во продавницата не влегуваат бидејќи едноставно на живци им оди оваа старицава.
     
  8. christina

    christina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Така си губат муштерии!Не е само квалитет,цена,реклама,туку и УСЛУГА!Ама тоа е трка за остварување профит.Толку им сече :)
     
  9. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.985
    Допаѓања:
    4.767

    Верувај ми, и јас пред 2 години само од тука купував чевли... Во право си, имаат квалитетни и бев спремна да платам. Но сега инаетот ми е голем и не купувам бе! Тука едни обични сандали беа 1500 денари, сега крајов на Август а на други места - веќе на попуст ставени истите за 500 денари.... и ајде сега? Плус таа намќорка една, бо бо бо...Другарка ми ја зема чевлава во рака,да види цена и број и уште не догледано,типкава ја зема штиклата и вика 37 е И ЈА ВРАЌА НА МЕСТО. Па што ако е? Можеби другарка ми сакаше да ја проба пошто 37 носи. А за култура 0... Кога влегуваш со мрза кажува Здраво како да си ја убила а кога излегуваш НЕ ВИКА НИ ЧАО!!!!! Мака и е да работи... ОДИ СИ АКО НЕ ТИ СЕ РАБОТИ... има девојчиња кои немаат работа и радо би ја зажлужиле таа работа.
     
  10. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Овие 2 букви веќе имаат огромно значење за Мкд, не би ги пишувала во ваква конотација и со мала буква. Се шалам :D
    Што се однесува до арогантните продавачки ги има насекаде и многу иритираат, буквално те бркаат од продавницата, засекогаш.Или се неуслужливи или пак премногу досаѓаат и те демнат. Мене еднаш ми се случи да во маалска продавничка продавачот ми врати 100ден помалце и кога јас му укажав на тоа ладно ми рече "Аман ма, мораш се да преброиш" ни извини ни ништо....Лом го направив и не влегов повеќе тамо
     
  11. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Многу ме нервираат напорни продавачки, што никој не им влегува ниту купува, па кога ќе влезе некој да разгледа буквално го напаѓаат.
    Влегуваме со сестра ми во еден бутик во ГТЦ, видовме на излог свечени фустани, па ај чисто онака да разгледаме нешто што има. Таму не пречекаа една госпоѓа (сигурно беше газдарицата на дуќанот) и продавачката. И ги вртам јас фустаниве и ми вика госпоѓава...,,ц, не така, од другата страна почни да ги вртиш и види го тој розевиот фустан, тебе тој ќе ти одговара,, и и вика на продавачката ,,ај покажи и на девојкава како се разгледува,, и ние со се сестра ми надор да не нема.
    Таа најде да ми кажува како се разгледува, како кој знае тоа колку да е битно. Напаст |( .
     
  12. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59
    Аууу,супер што ја најдов темава.Баш претходната недела влегов во EUROASIA и разгледувам само онака,да не има нешто интересно и најдов едно јакниче на попуст. Идам да го платам,и ми враќаат кусур 70 ден. помалце |( .и,ја и викам на продавачката а она онака арогантно ми вика "Аман ма, мораш се да преброиш".Да не беше јакната нешто посебно ќе и издерев и немаше ни да ја купам.
     
  13. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Вчера влегувам во продавница и и викаm раситни ми 1000 . И она вика немам ! И јас тивко си зимам едно сокче и ми она ми враќа кусур бе . :| |( И одозгора ми вика глупаво детиште ке ме зафркава :@
     
  14. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Лелееее е тоа се луѓе што би ги плукала од што не можам да ги поднесам ... иди си ма дома ако не ти се работи, како со сила да ја довлечкале па уште и очи ќе превртува како без пари да и зимам :@
     
  15. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    :!: ам можда немала промет за да имат толку ситни ! сепак не требало така да коментират !
     
  16. OnlyGirl1

    OnlyGirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    9
    ауффф има ужасни продавачки |( .Кога влезеш во продавницата како да си им влегол дома :fubar: ....намќори! и се одат по тебе и :Еј ова супер би ти стоело ,Зошто не си го купиш ова,преубаво е....и сл.(иако ти бараш фармерки,тие ти покажуваат јакни...) .Јас знам во што се најдобро чувствувам и што најдобро ми стои ...Но,добро.Тие сепак сакаат да направат поголем промет,тоа е нивната работа.А секако,нивното мислење нема да влијаее на мојата одлука :D што сакам тоа ќе купам :)
     
  17. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Влегуваш - нема добар ден.
    Има - дишење во врат.
    Има - собрани продавачки на купче, те посматраат и очигледно шушкаат за тебе поднасмевнато.
    Има - досадни, нападни.
    Има - незаинтересирани, да ти е страв да прашаш нешто.
    Нема - пријатно.

    Една случка (а, ги имам милиони, кога ќе се сетам, ќе пишам): пробувам фармерки, продавачката 3 пати ми ја тргна завесата, а јас по гаќи. И` викам, немој, не сум готова, ама за џабе. На крај ги зедов фармерките и и` реков: не ги сакам, и си заминав. |(

    Втора случка - на викенд во Охрид, во Перла, бендисав сандали и продавачот ми шепоти, земи ги, зашто девојкава (погледна на една) сака да ги купи истиве, а нема број. Јас импулсивно ги купив. Надвор од продавницата, каква среќа гледам другар Охриѓанец. Тој ми вели: ааа, од најскапиот пазариш....Јас му кажувам за случката, и тој зачудено погледна и рече девојката (наводната муштеривка) е продавачка овде. Ех, ако не ОриЏани, кој друг ќе те зафркне??? :devil:
    (пс. истите сандали заминаа в канта после првото облекување :@ )
     
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Донекаде и ги разбирам,секакви говеда има и се напорни.
     
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Малку да го подобјаснам моментот зашто работам ко продавачка во парфимерија

    И мене некој да ми дојде за раситнување велам немам, иако реално имам. Зашто цело време всушност ни требаат ситни пари за кусур и кога ќе снемам треба ко будала да трчам ваму таму да се молам да ми раситнат мене, а муштерии чекаат кусур. И плус треба или да го затворам дуканот или да го оставам без надзор додека јас се снајдам.
    Е сега ако некој купи нешто сигурно нема да речам "неможе да купиш, немам кусур". Баш за таквите муштерии што купуваат е тој кусур и ситни пари.

    Јас кога би имала неорганичено не ми е проблем, ќе раситнам на секого. Ама зашто би си стварала непотребни незгодни ситуации....
     
    На ana.ubavkata, nenuska, WhiteAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  20. talentirana

    talentirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ја гледавте серијата Бунтовничка со Езо кога се омажи за тој богатиот и кога отиде во скапа продавница да си купи фустан и кога таа продавачката ја погледна како таа да е една сиромашна што само копнее по убав фустан, па Езо на краот и остави пари на продавачката и таа да си купи еден фустан. Ја спушти до петици.Е така му треба на сите арогантни продавачки.