Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Арогантни продавачки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од prettygirl, 27 ноември 2009.

  1. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Колку пати имам само налетано на вакви продавачки ако можам да ги наречам.
    Влагам во бутиков викам добар ден...не ми возвратуват,седнала на фејсбук пиет кафе ич со око не мрдинат,и јас онака културно си разгледувам во бутиков али ништо не ми се допадна,и си излагам и и' викам пријатно. И таа викат...ааа ништо не купуваш? Kолку време разгледуваш и ништо не ти се допадна!( онака нервозно). Видов не видов ја наведнав главата и си излегов.
    Ме нервираат ваквите премногу...незнам кој ги пуштил да се вработат :D :D
     
  2. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Имам наидено на вакви продавачки и не знам зошто воопшто се вработиле ако не сакаат да работат со луѓе.
    Сфаќам дека има и напорни купувачи но сепак треба да знаат како да се однесуваат и со едните и со другите.
    Мразам кога ќе отидам да разгледам нешто и ако не купам одма еден поглед ко демек " зашто не купуваш само ме малтретираш да ти покажувам роба и кажувам цени "
    Па тоа им е работа да понудат, не знам што им смета, нормално треба да разгледам да видам како ќе ми стои нешто и секако како стојат цените по продавниците па да купам.

    Исто една случка одам во продавница за накит во ГТЦ и една госпоѓа се зачитала списание не ни забележа дека влегувам.
    Велам "добар ден, имате ли жад"
    Ми вели "да имаме".
    "Mоже ли да ми кажете како се движат цените колку се обетки со жад, или прстен?"
    Ме погледна така напреку зашто прашав и ми вели "аааа немаме" и си продолжи да си чита не ни стана од столчето, а јас гледам дека имаат. :devil:

    Или кога ќе отидам во некоја продавница и ми се појавува продавачот и грубо вели "што сакаш"
    -Па сигурно не тебе :fubar:
    Имам наидено на многу вакви продавачки и продавачи и не сум влегла повеќе во тие продавници токму поради нивното однесување.
     
  3. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    :rofl: :rofl: комшии те од ,,ПЕРЛА,, те изнервирале и други на форумов се жалеа од нив дека арогантно се однесуваат ха,ха,ха ама навистина најубави кондури продаваат еве јас ги гледам секој ден ама никогаш не си имам купено бидејки се скапи ! Еве сега во нов дуќан ке се префрлат деновиве уште поблиско до дуќанот јас каде што работам ! :swear:
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Најлоша работа е онаа каде имаш контакт со клиентите.
    Да културно е добар ден и приетно.
    Но од друга страна имаш разни ситуации.
    Дојди до нив. Зашто ми диши во врат?
    Оди на страна. Леле види ја не ме рецка!
    Погледни ја. Леле што ме зјапа оваа?
    Не ја гледај. Добро оваа мисли да ме види дека сум во продавницава?
    Разговарај со колешките и набљудувај ја да не украде да не и треба нешто. Види ги ме оговараат?
    Не и обрнувај внимание. Аман овие тука најдоа муабет да прават ко на кафе да се. |(

    Не дека нема арогантни продавачки кои станале на лева нога и секој им е крив.
    Јас да имам дуќан ќе праќам мои луѓе да проверат како се однесуваат продавачките со клиентите.
    А многу газди само ќе вработат девојки ил момци, ќе донесуваат роба и не обрнуваат внимание на односот со муштериите, а од тоа зависи и прометот.

    Последно е што една тетка уште во гардароба да ме внесеше сосила да пробам. Јас гледам фустани наредени и си молчам, а таа ми вади броеви и ми дава ајде ајде пробај и ги закачува во гардароба.
    Реков фала и си изглегов :tmi:
     
    На Hipica, marama и AlicaInWonderland им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.094
    Пол:
    Женски
    Мене ме нервира нешто погоре што спомнаа, Се облече? Прашање проследено со тргање на завесата. |(
    Па полека бре, ќе излезам, ако е таква работата што не кажа, нема ни да влегувам таму да се соблакам. Иако ова повеќе спаѓа под некултура, а не арогантност.
    А тоа за раситнување, ни јас не сум ситнела, само односот и тоа глупаво детиште не и требало. Кажи немам и чао пријатно.
    Еднаш исто така реков немам и зема да купи нешто човекот, па да не испаднам дека лажам, отидов демек да раситнувам. :lol:
    Овие арогантниве мене ми се повеќе некои исфрустрирани што мислат дека можат повеќе, а заглавиле на некоја таква работа, па се истураат на муштериите. Ама ако е така подобро седи си дома, ако ти е испод част да работиш нешто, а не да замараш народ што си ја брка работата.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Еее најмногу мразам кога ке влезеш во бутик чисто онака да разгледаш и ке ти дојде некоја од уво до уво насмеана и со мил глас ке ти рече: Да ви помогнам? Не бе, само разгледувам. И ке преврти очи во стилот зошто ми губиш време?
    Или ко ке пробаш нешто и сега продавачката леееелееее ко за тебе направено срц (да и вака викаат многу често). Да си го купиш, супер ти стои. А оно ти изгледаш ко циркузант.
    А има и такви што не им е гајле дали си влегол, дали си излегол, дали ти треба помош, дали не... |(
     
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Пред некој ден бев во Еко да најдам подолго фустанче плетено. И пробувам јас и кратко ми беше. А сакав со дебели хулахопки да го носам, не со хеланки. И ми вика ама не ти се гледа отпозади ништо. А не сум глупа а и мајка ми вика ама многу ти е кратко, не дај Боже да се наведнеш. И не го земав и само ми го зема од раце, и рече пријатно девојко |(
    Знам дека треба да продаде ама не можам да купувам нешто што нема да го носам како што планирам. Сакам кога купувам нешто да ми биде по замисла.
     
  8. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    ете Јас работам како продавач - ка и тоа во продавница за машини и алати :tmi: :rofl: и имам смешни ситуации обично што е и нормално муштерии се машки и кога ке ме видат со недоверба прашуваат за алатите ,,демек незнам да им објаснам,, и знаете што се случува јас одма им кажувам ајде сега ке му се јавиме на главниот мајстор во сервисот и тој ке ви објасни подобро и мајсторот истото им го кажува но од фактот дека е и тој машко и мајстор се убедуваат во карактеристиките на производот !
    Ете на секој алат си ги пишува карактеристиките и бес мое објаснување муштеријата може да донесе одлука за да го купи АМА МУШТЕРИИТЕ СЕ НЕДОВЕРЛИВИ И БАРААТ И МОЕ И МИСЛЕЊЕ НА НЕКОЈ МАЈСТОР ДА ДА ОДЛУЧАТ !
    Е ПА МУШТЕРИИТЕ СЕ СЕКОГАШ ВО ПРАВО ,, некогаш знаат и на глава да ни се качат со замерки,коментари , а ние жални мора да си ја работиме работата и да се прилагодуваме на нивните барања .

    п.с. колешки пазете поготова ако сте сами на смена со ситнење на пари има случаи каде продавачката го остаа во дуќан муштериата и оди да раситни а тој и кради нешто вредно ! исто така има многу кражби, закани затоа сме многу претпазлии и наметливи и недоверливи бидејки ние работиме само за минималец , анекогаш нашите производи чинат и 5 пати повеке од минималецот па ,,недај боже некој да ни украде нешто ке треба 6 месеци зас бес плата да работиме и да платиме ,а дома оставаме деца за тие минималци ! :sweat:
     
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.822
    Допаѓања:
    23.623
    Пол:
    Женски
    Денес бев по продавници, се подновив 8) И некои продавачки многу ме изнервираја :^)
    Влегуваме во продавницата со мајка ми и фаќаме марами гледаме (нели мора да го видиш, шо материјал е ова-она), иди дотичнава и вели: -Полека, и ги мести таму од раце ни ја зеде. После фаќам едни нараквици и гледа одма, подмукло да не му направам нешто. И цело време се чувствував непријатно, како да сум направила нешто страшно :worried: Стварно се осеќаше негативна енергија во воздухот. И си заминав, ни чао ни пријатно!
     
  10. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Јас со арогантни продавачки се карам :D Озбилно, скоро секогаш кога некој ми се понаша арогантно, како многу ситуации погоре што сте ги опишале јас се расправам со нив. Мене повеќе ме нервираат оние ептен насмеаните што ве прават будала пред свои очи, ви велат дека нешто ви стои убаво а ти уствари изгледаш ко кловн, а притоа имаат насмевка од 6-ка до 6-ка. Е и вакви ме нервираат ама со нив не можам да се карам :D оти се насмеани и културни.
     
  11. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    СЕпак ми врати ! а не дека немала . Луге на автобуска секој ден поминуваат и по нешто си купуваат :D Ама којзнае Што и беше :?:
     
  12. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Продавачките треба да имат завршено трговска школа.Во времето на Југославија во државните продавници работеа продавачки со средна трговска школа што според мене е и нормално.
    Не сум наишла на арогантна продавачка.Сите се трудат да бидат фини да продадат за да имат промет да се оправдат пред газдата.Јас бев продавачка пред многу години се трудев и давав се од себе за да прометот биде добар.Не е лесна и едноставна оваа работа.Ме нервираат продавачки кога се обракаат со зборовите срцка,душо,мила се знае кој ти е душа и срцка домашните во фамилијата а не јас не ме ни познава.Невкусно и лигаво ми е тоа.Треба да си љубезен но во граници.
     
    На missperfect, nenuska и enca.69 им се допаѓа ова.
  13. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    Грррррррррррррррррррррр
    Ги мразам тие
    еве неколку случки
    1.
    идеме со брат ми да купиме подарок за роденден за едно заедничко другарче (машко) и ја сеа нели женски нз што да му купам на машко се думам не ми текнува и влегуваме во една продавнца и глеам едно костурче прашувам колку пари е и тааа ми вика немаме цени ЛОЛ Ми идеше да и се издереам како можете да ви е отворена продавницата кога немате цени на производитее ама неможев
    2.
    истиот ден коа се случи првата случка одиме у друга продавница со брат ми и викам на продавачката убаво и лјубезно имате топки и таа ми вика да и ме носи накај топките и ја и викам колку пари се таа ми наборјува 150 200 и му вика на брат (значи пази сеа разговара со мене и ненадејно му вика на брат ми) Ти колку пари носиш и брат ми вика 100 ја и викам фала пријатно и таа се раздрала од 1 километар ја слушнав господе господе како може да се купи топка со 100 ден ми идеше да и се вратам па да и покажам убаво
    3.
    Еден ден бевме кај баба ми
    баба ми ми вика стефи оди купи сок
    ја и викам добро бабо кје идам дај ми пари
    ми дава пари и ја си идам онака опуштено
    влегувам у продавница и викам пелистерка кола и ја и давам 50 ден нели И таа ми вика треба уше 2 денљари ја ја глеам зачудена зашто
    Таа ми вика и кесата се наплакја(а во кесата да стаиш толкав сок на пола пат кје ти се искине кјесата )
    ја ја глеам и викам па неам 2 денари и таа ми вика епа неможеш да купиш и ја онаква ја глеам молам си ги земав парите си ја треснав вратата и после си купив од друга продавница
    4.пред некој ден бев у шутка и сега ајде да си проба блуза
    мене не ми се свигјаше и го кажав тоа на мајка ми и мајка ми рече добро не го земај
    и ја реков добро после ја глеам продавачката ја бута блузата во кесата и реков на мајка ми мамо види и мајка ми и рече реков да не ја ставате блузата! И таа засрамено ја извади
    Да не беше таму мајка ми ја кје и се изнадерев цела шутка кје ме слушнешее


    ОУФФ колку болни лугје има(се надевам дека не ве изнамачив хихиихи и фала за истошенето време што го поминавте читајки го ова
     
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Цена немале, па што? Можеби била нова робата. Мислам, за вакви банални работи луѓето претеруваат. Бог да чува. Или пак за кесето, ќе кажеш не сакам ќесе. |( Глупости.
     
    На baguf4e, ludoto19 и WhiteAngel им се допаѓа ова.
  15. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    1.111
    И шо, за кесата се навреди и не си го зеде сокот? ...Претерувате.

    Имало и ќе има арогантни продавачи, јас сум баш пријателски настроена секогаш и најљубезно си прашувам што ме интересира, не ми се случило да ми врати со некој дрзок или препотентен тон. Насмеана сум и фина, па и така ми враќаат. А во прилог ѝм оди да се фини, многу лесно може да ме одврати од намерата да ѝм оставам пари ако ми се понаша.
     
  16. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    ако сакате да ви се дигнат нерви да добиете лоша услуга и успут големо оговарање откако ке ја затворете вратава само отидете во црвена ружа кај Никола Вапцаров....абе овие срмдли јас незнам и кој ги запослил,јајца на сред пат касети и сеа наместо она да ги намести кај што треба ти треба да пазиш како одиш да не плакаш скршени јајца,типкава намќор големи како дома да си и отидел (не дај Боже) да прашаш нешто дали имат одговор тие НЕМА-А ИМАТ него кој да дигне гз од стол,да ги замолиш да ти покажат каде стои нешто само со рака ке добиеш-ЈА ТАМ,а ти сам мисли му ја каде е тоа ја таму....и затоа едино ако сакате да си расипате ден отидете таму...а ако сакате да бидете добро услужени отидете во истата црвена ружа ама овде кај марворка они ти се тотална спротивност од овие намќориве...

    е друг на список ми е и еден бутик во глобало де....значи дали ти е дневница 250-300 денара мене уопште не ме интересире јас сакам кога ке влезам УСЛУГА БЕ БРАТ...девојкава се чупа влевам и само вели: кажи?....Алоооо што да ти кажам кај ти е добар ден повелете,разгледав се и ја питам дали од истиов дуксер има на бело или крем...одговор:нема тоа е што го гледаш ( со зберени веги) ок а од блузичево сива боја? Нема момичко ти кажах тоа е што го гледаш...Значи од секој модел по една боја и чао пријатно .Па мајка му стара јас од кај знам дека само оваа боја е? И јас фино лепо попиздувам и се раздерувам и јас: добро бе која будала тебе те вработи овде? И што се дераш ти си вработена овде ти си таа која треба да даде добра услуга или мака ти е што неисчупана остана? Дечко ми ме смирува и јас му велам ти молчи нели гледаш колку е само некултурна и проста,типкава таман зима залет јас посилна од неа,и излегувам од бутик и ја слушам како вели: глупачка една.................Срека има што дечко ми за рака ме извлече инаку ке видеше она која е глупачка а која не...
     
  17. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Леле ама се нервирам кога ги читам вашите случки, значи ми се креваат живциве. Мене во продавница не ми се случило нечто вакво ама во еден ресторан има една шо превртува очи. Одев едно време на терапија и беа забренети некои работи да ги внесувам, едно од тие беше сусамот. И седнуваме на масава и нарачуваме пица стапчиња а тие ги прават со сусам и сега јас и викам пола нека бидат со сусам пола не (оти нели другите сакаат со сусам да си јадат и затоа да не ставаат на сите сусам) и ме гледа и ми вика е како тоа на некои да има на некои да нема и и викам така на пола ќе стават сусам на пола не, незнам шо и беше нејасно. И после така и ми ги донесе како што побарав. Истата таа иде да ме полужи и јас болна сакам да пијам густи сок и ја прашувам од шо има и ми превртува очи и ми вика: е сеа од шо има од праска од портокал и шумско. Уф, ама се изнервирав. Си прашува оти некогаш ми се случило без да прашам да нарачам на пр. од јаболко па нема, ќе прашам јагода нема и сеа нема ја да погодувам, затоа ќе си прашам и кога ќе ми кажат од шо има ќе си нарачам. Од ваа исто и др се имаат жалено ама ете за жал уште служи во ресторанов
     
  18. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    леле зоза која е бре таа продавачка од глобалот ти си видела една на мене пола од тие кои работат таму се мрзливи и не се замарат дали има муштерија во дуќанот реткост се услужливите и верувај со нив и се поздравувам и на улицата кога се среќаваме ама пак ти кажувам ретки се таквите
    а за овие што работат во црвена ружа во право си ама не само таму туку и кај пазарот што е таа продавница обично од таму пазаруваме иста сорта се .
     
  19. Cookiemonster

    Cookiemonster Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    70
    И јас бев во Теранова пред некоја недела и влегов онака чисто за разгледување ноцев пари во случај нешто ако ми се допадне да го купам,и ми се допадна една маичка и ја замолив продавачката да ми најде М број и она као па нема тука сама да си побараш?!
    И по 10 минути доаѓа и ми ја носи маицата,и сеа јас си одам во соблекувална се преслекувам се и не ми се допадна она како стоеше на мене и излегувам и и викам не ми се допаѓа како ми стои и она ми вика:Девојче ти дојде тука за само да си пробувас алишта без намера да купиш!
    И јас не па ЖЕНО не ми се допадна како ми стои :@
     
  20. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Лелеле ми иди со топовско ѓуле да ги годам.