Многу често сум се сретнувала со такви арогантни глупачи, кој мислат дека работат во нуклеарна централа а не во обично продавниче. Но ќе им се исподерам и си заминувам
Кога одам накај Струга, обавезно одам до Спојлер Жанро (тамошни другарки ми го кажаа местото). Ама она понашање во никоја продавница, во никој град не сум го добила! Во Охрид се милион пати поарни (дека многу ги оговарав охриѓаните ). Од самиот влез добиваш поглед дека не си добредојден. Влегуваш, бинго е ако добиеш слабо, нечујно ЗДРАВО. Ако не купиш ништо - сонувај за ЧАО. Додека гледаш, не тргнуваат поглед од тебе собрани во мала групичка, како те посматраат од глава до пети некако подбивно, со тивко шепотење, очигледно оговараат! Ако завртиш низ продавницата одат по тебе...три круга заврти и тие по тебе три пати...дури и ако си на видно место! Ароганција, намрштени фаци до таван! Секое одење, им купував по некое парче, ама следен пат кога одам таму моја нога не стапнува повеќе кај нив, затоа што последниот пат не купив ништо и едната вели: што пробуваш, кога не купуваш!? Дефинитивно најбезобразните и најнекултурните продавачки. Јас да сум газда, онакви никогаш не би вработила.
Ухх, арогантни, дрски, безобразни, горди. На што се должи ваквово глупо однесување кога е обична продавачка?! Јас имам постигнато повеќе од неа. (шала, не ми се лутете. ) Значи да си продавачка ем арогантна е треба да земеш да нацрташ мост и да рипаш од него. Златна Хрватска, што фини луѓе се. Влегуваш во продавница (било каква) топло те поздравува, ти помага ако ти треба помош, ако не купиш ништо: „Ви благодарам, повелете и друг пат“. Нека е и лицемерие, не ми смета. И во Куманово не можам да се пожалам од продавачките. Ептен се фини девојчињата во Леџенд, во Персин, во Тера, Пинк.
ауу како ме иритираат па ми иде со тоа млекото или сокот да ги лупнам по глава па нека се чудат шо си мислат кај работат не знам
Ситуација број 1: Влегуваш внатре ти и велиш добар ден, ти праќа намуртен поглед и едно Што треба? со таков тон како да ти ги дава работите без пари ( а замислете таа беше газдарица на дуќанот ) Ситуација број 2: Влегуваш, се собрале 100 внатре, шушкаат зад тебе а тебе едно незгодно што и да ти се допадне нешто не се осудуваш да го пробаш од срам што ти е тебе, зошто тие не знаат за срам. Ситуација број 3: Те послужува во кафич повели ти вели а не си сигурен дали ти го кажале тоа или можеби некоја мува збрчила надвор ама ај ова не го сметам како нешто битно за замерка. Потоа ќе ти ги тресне пијачките од маса а не знаеш со што си го заслужил тоа ама пак ти си ќутиш. Ти праќа еден намќоречки поглед како во стилот: Што ви требаше да дојдете сега? Ситуација број 4: Влегуваш во продавница за облека. Продавачкава фина значи ти покажува се, пробуваш не се бендисуваш и и го оставаш. Те гледа попреку и викаш фала многу, пријатно и те гледа пак попреку и не ти вика ништо. Зар е толку тешко да се кажи едно чао? Е сега имало и случаи каде што сум купувала чисто само заради добрата услуга. И да прашам, и да ми објаснат и да ми понудат. И во краен случај од таму и со празни раце да излезам пак да се насмевнат и да ми кажат пријатно. Значи тие можеле сепак да си ја вршат својата работа. А на овие првиве изгледа и им е тешко тоа..
Последно нешто што ми се случи е пред некоја недела кога си купував чизми. Пробувам, барам бројчиња, ми се погодија и реков ќе си ги земам. Чизмите чинеа 1150 и јас на девојката и давам 2000. Ми направи некоја чудна, недефинирана фаца, не можев да протолкувам што сака да каже се додека не отвори уста и рече: Леле, па сега сите ситни ќе ми ги собереш! Со таков дрзок тон, што сакав да и ги оставам чизмите и да и ја треснам вратата. Ама ептен ми се допаднаа, па си го жртвував моето его за нив. Продавачката ме испрати со намрштена фацка, ниту кесата ми ја подаде, ниту пријатно не ми рече. За среќа немам наидено на многу арогантни продавачки, вообичаено знаат да бидат фини и добри, особено ако видат дека си заинтересиран нешто да купиш. Особено ми е пријатно кога ќе шетам низ турска чаршија. „Сакаш помало, поголемо бројче? Штиклата да не ти е голема? Можеме да ти ја намалиме ако сакаш, не е проблем. Фалело цирконче на машничката? Еве сега одма други ќе ти донесам.“ И од таму секогаш со мерак си купувам
Воопшто не ми пречи нивната некултура т.е. намерно или ненамерно не ги забележувам тие природно наку*чени фаци. Не ми фали нивното здраво ниту чао. У принцип многу боље ми е кога ме третираат ко дух . Не можам да поднесам продавачки-крлежи, кои одат по мене ко некое кученце. Па само што ќе се пофатам за нешто,следи Лелеее мации колку убаво би ти стоело тоа... Мрш ма! Стварно не ми сметаат,мајке ми. Влагам, гледам ваква фаца и не ја перцепирам воопшто персоната дека постои. Е сега ако нешто ми помрчи збеснувам. Колку сака нека е најубаво тоа што сакам да го купам, го оставам како што сум го земала, вртам грб и си одам без збор. Ги оставам да патат по мене...
Најголемиот дел се такви Во маалската продавница газда беше еден пријател на татко ми и се познававме со него... тој во продавницата имаше една продавачка која беше ЕКСТРАарогантна! Еден ден и побарав цигари родео.Таа ми даде меко, а татко ми ме прати по твордо и и викам тврдо ако може и таа само направи и ми даде. Јас не ги зедов и си излегов! Газдата беше пред врата и ми вика на шала: не ти се допадна ништо а? Јас му реков: ке купам тука кога ке има аслна продавачка што не е арогантна! По тоа следуваа и други поплаки од комшиите, па типкава беше избркана
Такви ги има доволно, но ретки се оние каде со кејф одиш да пазаруваш. Имав тука една во близина работи во дуќан и стално е намуртена и кога враќа кусур од километар ти ги фрла парите се гледа дека не си ја сака работата па другите и се криви
Со арогантни продавачки, во бутици можам да се справам, не сум од типот, он тебе со камења-ти него со леб, туку он тебе со камења ти него со планина. Со досадни и така-така и така... Не сакам да ми матат празна слама, но неможам да се справам со оговарачки во маалски продавници. Влагам во продавница и почнуваат- `слушна?! Ленка од трети спрат три дена ја носат со различна кола дома, којзнае колку дечковци има` a и тие што по цел ден виснат во продавица од што немаат што да прават и оговараат... `аааа можно е, и така пред некој ден видов каква кола ја врати, а слушна за Менка од 6ти?` Па добро бе, зар не сте размислиле дека можеби има другарки што се погодило тие да ја однесат дома? ама за да се најдеш во муабет, не мислиш.... Незнам зошто додека ми враќа кусур сум осудена да ги слушам овие муабети. И ја сменив продавницата, леб и цигари купувам малце подалеку, ама барем не слушам за соседите... а и утрниското шетање не ми е на одмет!
Kултурно излегувам од продавницата. И нешто најмногу да сакам да го купам од инает за продавачката нема да го купам. Последна случка влегувам во Шатци имаа некоја промоција на bourjois и таман немав ниту пудра, ниту маскара, а добра опција ми се виде.. ќе купам. Влегувам таму, си направив еден добар монолог како да се спремам за приемен на драмски пред огледало. Таа госпожата ги скрстила рацете,се намуртила, ниту да ме праша што сакам, ниту ништо. Каде одам јас, таа со скрстени раце позади мене. Толку ме напна што не ни го купив планираното и им упатив поздрав на ѕидот и на ентериерот внатре. Јас од продавачка барам само да ме поздрави и да ми понуди или да ми помогне во избор доколку го побарам јас тоа од неа. Не сакам да ми се мотка околу мене или на секое да ме напнува види ова, види она. Или па да влезиш,а таа си пие кафе и си прави муабет на телефон, па ако и побараш нешто веднаш ќе спушти и ќе ти се намурти како да си ја прекинала на сред секс.
Најмногу ме нервира кога ќе влезам во продавница и на продавачката не само што ќе и биде тешко да рече едно здраво, туку и ќе ме погледне како да и сметам што сум влегла, па ќе мора да стане да оди по мене, не дај боже случајно да ме остави да си разгледам на мира .. Ми се смачува и од купување и од се А озборувачките што ги спомна drugarka се уште полоши .. Влегувам еднаш во продавница (што и не беше баш близу до моето маало, и незнам како знаеше од каде сум) и продавачката почнува да МЕ ПРАШУВА ЗА ДЕЧКОТО НА ЕДНА КОМШИВКА!! .. И јас ја погледнав онака, ама си премолчав, што има да се замарам со некоја таму .. Само си излегов и оттогаш немам влезено во таа продавница.. Па јас отидов да си купам патики бре луѓе, а не да ме испрашува продавачката за комшиите бидејќи и снемало материјал за трачарење ..
Беќе се имам изјаснето на темева,дека ме нервираат ужасно што се такви дрски и некултурни,ама случкава морам да ја раскажам. Со другарка ми бевме до Еко во ГТЦ и сега на една тезга прашуваме за машки џемпери.Јас и викам имате ли Ѕ и таа ми покажува.Другарка ми си рагледува и зима друг џемпер и и вика а од овој имате ли L и продавачкава фаца и на повисок тон па нели Ѕ баравте ете тој е Ѕ!!!!Јас ваква и го фрлив таму џемперот и викам некултурна една и се тргнав.Бог да чува јас пари оставам таму а таа ми се дере уште,несмееш да прашаш. Е вакви не ги можам и не им ќутам па што сака нека е,јас разбирам секој има лош ден и може и се смачило,но кога културно ќе те прашам должна си културно да ми одговориш а не ми се дере таму.
E,тие па ич не ги поднесувам и иако не сум тип кој што сака да се кара,не им ќутам.А,има и многу фини што кога ќе влезеш добар ден викаат,па ако им кажеш дека бараш фармерки 300 пара ќе ти извадат,ќе те однесат до гардероба,ова-она...е такви јас си сакам
Влегувам денес во малечка продавница (газдата беше тука), заминувам, му викам гласно: Благодарам, Пријатно, а тој само ме погледна накриво и ништо не рече!!! Претпоставувам бидејќи ништо не купив! Само разгледував. И после сакаме продавачките да се трудат и да бидат насмеани, кога газдата е ваков намчор, а сака профит??
Јас се сваќам...на сите нас може да не ни биде денот добар...да сме нерасположени..и секаков народ има секој со свои проблеми.Но луѓе...РАБОТА Е РАБОТА.ако мислиш дека не си доволно спретна за таа работа што воопшто се нафаќаш..ако немаш пари не значи дека и на другите треба да им го згорчуваш и расипуваш денот..Како и да е велам низ се би поминиала и би преќутела.Но едно не сваќам...продавачкине ќе почнат со работа некаде...и ќе се замислуваат дека се од незнам која класа па уште ќе ме гледа мене накриво..како јас сум се облекла и што како.Ако се бутик у незнам каков трговски не значи дека и ОНИ се такви.Па немој случајно нешто обично да прашаш ќе ти се изнасмее..Како можат да се замислуваат дека се незнам кој бе...Читам по темава и прилично многу се чудам...свашта
Кога веќе си се нафатил на таа работа треба да бидеш љубезен и коректен со муштериите па дури и кога не ти е денот. Не велам дека нема некои кои само шетаат од бутик до бутик и растураат, пробаат а ништо немаат во план да купат па чисто тепаат време. Но, тоа не значи дека поради нив оној кој сака да си купи нешто и уредно си разгледува, да си го собере на крајот. Мене ужасно ме нервираат кога ќе пробаш нешто и некои продавачки во рок од 1 минута 434342 пати ќе ти кажат, ма преубаво ти стои, прекрасна си, на тебе најубаво ти стои до сега, лепотица.. Абе како снимено да им е на касета и се истото на сите, демек јас немам огледало да се видам. Колку пати ќе видам дека некоја девојка пробува нешто и очигледно воопшто не и стои а овие продавачиве, леле преубаво, како ти стои, ма феноменално Врвот е кога прашуваш нешто колку чини и оваа покрај цената ќе ти каже, ма преубаво стои. Абе луѓе како може за нешто да кажат преубаво стои кога на Петкана која има тело риба ипол ќе и стои топ не велам не, ама ако Трајана има вишок а моделот и не е така за крупни девојки нема да и стои баш и обратно.. Има па и модели кои на покрупни девојки поубаво стојат, одошто на слабите. Преубаво стоело, абе комедии.. И уште еден интересен момент ми е познатото "пери нос", така е мислиш тоа , пери носи, ми треба и да запеглаш, исушиш ова она... Не е баш пери носи, ма уставри мое право е јас колку и дали ќе го носам, и колку и дали ќе го перам бее
Naj se nerviram koga ke vlezam negde i ete ti ja prodavackata odma zalepena do mene i mi dise u vrat.Te gleda celo vreme vo race,nebare ke ukrades nesto Ne mozes ni na raat da razgledas i avtomatski ti se gubi zelba da kupis nesto od tamu,pa duri i da ti se dopadnalo...Obozavam prodavnici od tipot-Teranova,Hepening...sam si biras,si probuvas,plakas i cao prijatno.
Многу искуства со вакви госпоѓици и една баба-девојка имам во богатата архивска евиденција на сра*ата на кои се лизгам доста често во животот. Горе-доле, ситуациите се тие што ги набројавте, па то дишење у врат, или меркање од глава до пети и соопштување на висок тон (да се свртат сите во дуќанот) дека за мене нема број, ама случката со бабата од дуќанот за чевли е невидена. Имено убавите девеести одамна поминаа, ама јас тогаш бев уфурана у некој филм и строго пратев мода, а модата беше ваква: Спојлер само што тие што сакав да ги купам беа бели. Ги имаше како најнов модел само во една продавница за чевли, а таму работеше и сеуште работи една баба, со која ни еден муштерија не излегол на крај. Намонтирав осмех и влегувам целата така културна и фина и дури во еден момент кога и се обратив си го слушам гласот, абе како да запеав на „Златно славејче“: - Добардееееееееннн!!! Ќе ве молам госпоѓо, дали имате од чевливе број 38? (поразлигавена во живот не сум била) - ИМА-како да ми прозборе батлерот од Адамс фемили. И молк, молчам ја, молчи она, се гледаме едно 30 секунди и јас продолжувам и понатаму пријатна во тонот со цел да ја ублажам ситуацијата: -А извинете, ќе може ли да ми ја дадете десната 38 да ја пробам? :geek: -Можеш да ги пробаш само ако ги купиш, ако не ги купиш нема пробување! -Ама јас мора прво да ги пробам за да ги купам.-веќе тотално бев збунета, не очекував ваков пристап и ладен туш -Нема пробување!!! Ако купуваш-купи, ако не излегувај и не замарај!- И јас целата запрепастена, излегов како посран голуб од дуќанот, а госпожата остана зад мене да мрмори нешто неразбирливо, но најверојатно во овој стил Дуќанот и ден денес постои, а бабата уште работи и тоа исклучиво во втора смена.