Еееееејјјј мислам дека еднаш имам коментирано во темава ама морам повторно...ме инспирираа две продавачки во "PRINCIPE" ...разгледувам јас и шо ми се допаѓа земам да пробам а ти е две не ме фермаат ни за жива глава...па уште застанале и озборуваат како можело некое девојче да отиде во бутикот и да се фати за здиплената блуза шо не била изложена и како можело да и отвори работа после да дипли...мислам алооооооо за што си таму примена ма идиоткооо тоа ти е работа ако не сакас да диплиш има некој шо сака и што бара работа мислам се згрозив од тие две тоа што е таму е за гледање а на нив им е работа да диплат за тоа пари земаат...
Има една продавачка у продавницата у маало,еден намќор,една дрска жена што ме нервира,а посебно кога е втора смена... Сега кога е она на каса не и зборувам,а она единствено ми се обраќа за тоа колку треба да платам.Не и кажувам ни добар ден ни пријатно
Ги има многу, и штом почне некоја било како да се однесува од познатите симптоми (душење у врат, одење по мене, убедување или игнорирање), порано ми сметаше многу, сега ми е смешно и СИ ОДАМ, не ни застанувам! Морам да ви кажам за една случка, не кај нас, во странство бев пред скоро време. Во хотелот каде што бевме сместени дојде продавачка на алишта (нешто во типот на тие кај нас што ѕвонат на врата и продаваат), ама ај, дека е во хотел, ондак е класа “повеќе’’ Се фатив за панталони, прашав колку се, ми кажа 20 евра. И добро, ги вратив. ЛЕЛЕ кога ми се сврте - А ти што мислеше колку се, ако ти се скапи, оди во супермаркет купи си!! Пукнав верувајте!!
Арогантен продавач во шутка! Бев недела дена пред нова година и му викам да ми даде блуза како на една кукла да ја пробам (имаше многу кукли поредено-поточно само делот од половината до вратот колку за блуза не беше цела кукла-не беа високо поставени баш да крене раката и да ја земе) и ми ја дава ја пробав се видов ама не ми се допадна баш поради дизајнот ,не е важно,му ја враќам и му викам нема да ја купам и ми вика нешто во стилот „Абе ти со мене се зафркаваш ?“ ако не и со тие зборови . Му викам само што дојдов оваа е прва што ја пробав да разгледам.Што толку го измачив незнам, разбирам дека е ладно ама не му направив голем неред или слично ако му е тоа причината нека оди дома и нека ги обеси на прозор па од дома нека продава на топло.
Ооооо па ваквите ги има насекаде. Приказни и приказни.Затоа на таквите продавачки,ништо не им пререкувам,до оној момент кога на крај ќе рече: Уште нешто треба? - Да, едно 100 eвра,ако може Нејзина фаца :geek:
Охоо во Штип ги има за извоз ! Пред нова година излеговме со сестра ми да си купи она фустанче и веќе беше 19:40 кога влеговме во еден од бутиците и сестра ми бендиса едно фустанче но се двоумеше дали да го пробува не беше сигурна, и јас и викам: "ајде бе пробај го ништо не губиш, само ќе видиш дека сум во право дека ќе ти стои." Продавачката така како што си стоеше до нас од еднаш дрско и вели на сестра ми : "Девојче ајде пробувај ако пробуваш јас ќе си затварам бутико немам време тебе да те чекам " И јас во тој миг се изнервирав моментало и и велам: "Извини но на вратата пишува дека работите до 20:00 сестра ми нема пола саат да го пробува тоа е 5 мин. работа не морате толку дрско да зборувате." И типкава уште толку силна : "Ајде! ако пробува нека пробува ако не, не мора нема неа да ја чекам! " И сестра ми така збркана тргна накај гардероберата и јас и викам "Чекај, остави го фустанчето у соседнио бутик има исто од таму ке си го купеш, чим на оваа дрската и се брза." И си излеговме од бутикот со сестра ми, им се чудам ти сакаш да купиш од нив да им дадеш пари лебот да си го заработе а она дрска како мислиш крадеш...Тоа ти се вика ни леб видело, ни за леб плаче!
Многу ме нервира што се занесуваат ептен .... Неможеш нешто да потпрашаш, а камоли да згрешиш и да побараш нешто што го немаат. Дрски се и безобразни. Секако има исклучоци но тие се многу ретки. Некои со искрена насмевка кои сакаат да помогнат и да услужат.
Кај нас во маалото има една продавачка да ти е страв да ја гледаш те гледа како да си и непријател , многу е непријатна и незнам како ја ставиле баш оваа од 5450 илјади :fudbar:
Пред некој ден се зачудив со една, не беше арогантна воопшто,ама ептен си зеде за слобода да ме искритикува на некој начин. Замислете,барав хеланки низ бутиков и типкава ми извади едни.. и замислете што ми рече: Еве овие се само,ама не се за тебе,класичен ти е стилот, а овие се трендовски. МОЛАМ?! Абе ќе ја прашав како успеа да заклучи каков ми е стилот за 5 минути и башка да ми одржи лекција што било во тренд,ама ај ништо не реков...
Колку што мразам некултурни продавачки, ништо не мразам повеќе. Една, можете да замислите, тргна да не бара мене и мајка ми низ соравија!!! Ова се случи во extreme intimo, бев со мајка ми и си купував гаќи, пижами.... И кога разгледував кои гаќи да ги купам не знам дали знаете ама имаат еден дел во ќошот каде ги ставале гаќичките во едни коцкички, и сега јас и мајка ми не видовме дека ги имало истите гаќи и на закачалките па ги вадевме од коцкичките/преградите и купив доста- значи не само да растарум за да си разгледам. Искачаме од продавницата и се шетаме низ соравија и одеднаш во една продавница влага една жена и и се обраќа на мајка ми: вие да не ги вадевте гаќите од коцкичките? И сега, мајка ми и јас се збунивме- не ни ни текна за што зборува, и мајка ми вика: молам? И оваа вика, не не, кажете ми , вие ли ги вадевте? Дека сега ЈАС треба да ги диплам! и си излага од продавницата каде што бевме со мајка ми ама не знаете со каков тон се обрати! И мајка ми, луда тргна по неа и влага во продавницата и вика: како се осмелувате вие мене да ме барате по продавници дека сум ви ги растурила гаќите? Кажете ми го името ваше? и оваа ќути! Ништо не кажува! И мајка ми пак : кажете ми го одма името, јас за ова ќе се обратам на вашиот газда, и на вашите претпоставени во Хрватска ( не знам од кај го извади ова ) Али женава од памет се извади и цело време ќутеше. И мајка ми се обраќа на другиве продавачки и вика кажете ми го името нејзино, и сите ќутат со главите доле, и после и се обраќа на оваа што дојде по нас да не брка и вика бројот сакам да го дознаам од вашиот газда и оваа виде-невиде и го кажа И мајка ми вика, јас ќе го побарам и да знаете дека ќе се вратам... Сирота жена се упрпа цела Памет за друг пат!
Уффф ги мрзам таквите Еднаш бев во еден бутик со мајка ми да купувам фармерки и одбрав едни кои ми се допаѓаа и ги пробав ама не ми беа точни требеше поголем број и и велам на продавачката имате поголем број од овие фармерки и таа ми вели немаме и ги превете очите и јас и велам на мајка ми ајде ќе одиме во друг бутик и така пред неа го реков тоа и таа чекај ќе проверам(колку да не испадне арогантна) ама нема мислам и "провери" нема и си правеше некои фаци нејзини и јас и велам на мајка ми ајде мамо и намерно и ја тупнав вратата Ме ваѓаат од мозок таквитеее
Арогантна баш и не беше, ама непристојна да! Белград, Делта Сити, Тејли Вејл-бренд кој секогаш го носам, секогаш го купувам и сум задоволна. Разгледувам на еден сталак или закачалка како и да се вика она на кое се обесени алишта на закачалки. И оп, една од продавачките и се обраќа на другата да го средела малку. Всушност, не обрнав внимание се до моментот кога ми го тргна од раце. Буквално ми го тргна без да ми рече ништо. Ако се зафатев да го видам џемперчето ќе требаше да се движам по продавачките. Ја погледнав и уште ми се насмевна. Си ја напуштив продавницата без да го купам џемперчето иако ми се допадна. Кога таа не е услужлива зошто јас би и правела промет?!
Јас во околината си имам такви продавачки...во колонијал продават ама понекултурни немам виденоо..значи влегваш и те пречкават како да му си непријател..па ако се инзервирани нешто ниту те пречекват решив поќе да не пазарам од каај нив..ми го прават денот ужасен и нервозен, таква енергија шират. Не можам да сватам зошто работат ако не сакат има милион паметни културни луѓе шо чекаат работа како нивната
Девојките што работат во Еликсир во Веро се многу неподносливи. Кога и да влезам ме скенираат од глава до петици. Ги мразам
Уф, еве не работа сум само што седнав, и одма на темава налетав.. Ќе искоментирам, морам иако ме чека куп работа ама не и купувачите. Не сум во малопродажба ама и те како работам со купци и тоа странски. И верувајте знам што сака секој купувач. Тоа е да му излезеш во пресрет на неговите барања, што побрзо. За однесувањето не станува ни ,,з,, од збор и место за тема за тоа нема. Ама, за жал кај нас и те како се се случува.. Најтазе ми е случка во ,, Багат,, На Рекорд. Влагам и барам внатрешен патент за суќња. Имаше нормално, ама јас имав само 1.000,00 МКД, само што бев извадила од банкомат. А патентот мислам беше 35,00 МКД и сега Г-га продачка немаше за кусур. И ми вели е немам, од кај јас од наутро толку пари, неможам сега да ситнам и да излагам, и врв СЕГА ЗА 35,00 МКД јас да го оставам дуќанов. Хелоо си мислам па тоа продавате, патенти, макари, конци, да продавате автомобили.. И си мислам, не реков нисто науст, ако на Вас не ви значат ништо моите 35,00 МКД, добро немора да купам и си излегов. Нормално не побарав јас да раситнам и не купив. И немам намера никогаш повеќе да влезам таму. Чим имаат средства, немора и јас промет да им прават. И одам сега и јас да работам, мене да не ме чекаат купувачите, да не ми пратиле некој маил.
кај нас во Битола дефинитивно во хепенинг катастрофа се па дигнат носот леле демек шмизла јака тааа,абе ни здраво ни пријатно, а па ако сакаш бројче да побараш, пазисе можи и ќотек да јадеш,ајде ви се молам не рабодите во д енд џ или версаче во милано ,секоја чест за средениот изглед,али тука мислам дека голема улога игра пикањето под кожа на газдата грк,(простете за муабетов али така е)
Во било која продавница во Мк, од Хепенинг, Бела, продавачките ми се исти, кренати. Веројатно дека на нас гледаат на помлади девојки, кои ништо не би купиле. Спрема жените поинаку се поставуваат.
Е од таквите смачено ми е.. :geek: ‘‘Ами ова не би ти стоело,не е твој стил,не е ова не е она.„ Ами ако ми се допаѓа јас ќе си го купам,што к*р бара да го продава кога нејќи? Затоа јас си имам една пријателка од мама,и само кај неа одам во шопинг Плус ми попушта и ако ми се допадни некое парче а таа го нема во тој момент,специјално го набавува за мене Така да се што сакам можам да си земам од кај неа,отколку да се расправам со други