До некаде ајде можам се да разберам, не им е денот, нервоза на сите страни ама едно нешто ме стварно вади од контакт. Кога разгледувам нешто, мразам некој да ми стои над глава и на секои 5 сек. да ме прашува ,,што ве интересира,, ,, да помогнам,, ,,што бараш,,...ако нешто ми е за прашување и од старт знам што барам, само влегувам и прашувам веднаш, ама кога сакам да разгледам и да видам дали нешто ќе ми фати око, сакам на тенане да си видам. И покрај тоа што ќе си кажам ,,само разгледувам да видам што имате,, тие и понатаму продолжуваат. Баш последен пат во Х продавница така се намќореше што ја фаќав облеката ваљда појма немам, а уствари само офингерите ги туркав и ја гледав гардеробата и на крај и кажав ,,неможе да погледам,, и таа пак почна со фамозните реченици и си излегов. Подобро ќе си поминеш со тие што си седат и пијат кафе или се зезаат на компј. Цел дуќан можеш да го изнесеш и око нема да им трепне ама мирни се, не досадуваат . Јес да од петни жили ќе ги натераш да ти најдат соодветен број од нешто ама па не се муртат. По брза постапка го наоѓаат парчето ти го џиткаат и пак си седат и не се замараат со тебе. :geek:
Ух последно беше во Охрид у Look мислам.. Влегувам и се качив горе оти нели таму е машкиот дел. И продавачката таму фина,ми даде бројче од двете маички и јас сакав да ги земам. Се симнувам доле да ми наплатат и земав да ја барам касата. И ми иде една од продавачките и ми вика "КАСАТА Е НАТАКИ!!!!" се дере ко ретардирана и ми покажува со прстот. И јас и реков "Се извинувам,фала." и тргнав натаки и оваа ми вика "Е не надвор сигурно не е касата!" И мене ми зовре и само се вртам на кај неа и и правам . Многу ми беа убави маичките инаку ќе ги оставев на каса и ќе си заминев. И ми наплатија таму се и квачкава застанала пред врата и ми вика "Фала дечко со здравје да си ги носиш" и онака насмеана лицемерно и јас само ја поминав. Ама искрено многу ме изнервира сакав да и ја врзам една на стаклото да ја залепам.
Дали здосадено им е на продавачкиве од муштерии и од секакви луѓе па што се понашаат толку дрско, не знам, ама мене воопшто не ми е гајле дали госпоѓата станала на лева нога денес. Ако не ти е денот, воопшто не ми се обраќај, јас сама ќе се снајдам. Последно, влегуваме со другарка ми во прдавница за машки кошули и разгледуваме за дечко и. Бираме бои, дезени и една по една ги фаќавме да видиме што материјал се, пошто другаркава не сакала да се гужва многу. Ги гледаме, ги вртиме, се мислиме и од еднаш кога избувна продавачкава јас се стаписав. Ни се развика, зошто сите сме ги извадиле и зошто сме ги туткале за да видиме дали се гужвале, што ќе било ако денеска сите што ќе влезат така да и направат. Кога и се пушти другарка ми и вика, а да не треба и без да ја видиме одма да ја купиме и на толку извадени сите и ги оставивме. Некултура...
нешто што премногу иритира е постојано следење а и кога продавачката ќе почне да те убедува колку нешто убаво ти стои бла бла ласкање имаш огледало сам можеш да процениш .... и исто ме иритира арогантноста да во ред е некогаш да не бидеш насмеан од уво до уво сите имаат лоши денови меѓутоа не да се однесуваат како да ги мрзи да зборат и да ќе те убијат зашто си ги прашал нешто. има многу такви барем во скопје чест на исклучоците ...
Лесно им е на Арогантните продавачкиси работат за плата,но ако им скусиш на плата за лошо однесување кон муштерија бидејќи приватните од муштериите зависиме тогаш нејзино е да си замине или да го промени однесувањето ,самиот промет ќе покаже,а потоа може и награда да добие .
Ме нервираат и продавачки што зборат многу тивко. Значи ти ја прашуваш нешто таа како на носот да си збори, и на секое треба да и викаш: како извинете не ве слушнав и таа пак по нејзино. Аман збори погласно!
јас секогаш сум си друштвена па може понекогаш и претерувам до одредени граници,секогаш само зорам и ако е комуникативна насмеана до уши кога ќе купам нешто а некој кога ќе ми се раздерат од што не им се прави муабет или да им влечеш зборови со клешти едноставно им викам види ако не ти се работи тука јас знам многу што сонуваат за вакво место цел нивни живот и ќе се вадат ама не е така ..... и после да видите оп сменето расположение а некои кои ќе се бунат и понатаму им викам заради твоето расположение никакво ќе продадеше 2, 3 работи за инат ќе им речам и тоа многу убедливо и ќе си заминам
А овие маалскиве што крадат? Безобразлук невиден. Ќе ме краде она мене на млеко. Ќе ми го куца два пати и тоа на фора го куца еднаш, па после ме прашува, дали млекото било мое за пак да си го куцне. 52 денари да ми извини срцката може еднаш ќе ми украде и свака и част, ама втор пат курац. Па коа се вратив па лом напраив се таму, ми прекурчи веќе. Толку се провидни, толку се сељанки невоспитани што ги мрзи да работат, толку се арогантни немам зборови. Една асална да се погодеше. Штета што тоа ми е најблизок маркет иначе немаше очи да ми видат, а и на пола маало во околина што сме. Искрено и за продавачка бе треба да се има некоја основна култура и мене денот некад ми е срање па не им го лупам лебот на каса, или кога ми џиткаат шише со газиран сок, па тоа ќе се исклунка па аууууу тоа ми е не знам!! За по бутициве ајде де, ама по маркетиве единствено во Веро ми се чини малце од малце пазат да одберат НОРМАЛНИ луѓе.
чекај нме сфаќам зашто 2 пати да ти го кунце, па поштено се гледа дека ти си земала 1 млеко . Kако може 2 пати да ти наплати намерно, па таа толку ли е глупа, дека ти нема да приметиш или куца за пред газдата, да му покаже демек 2 млека се продадени .. Hе сфатив
претпоставувам оди на тактика дека не секој ја проверува сметката, па после работа ќе си стави во ташна млекцето и уште нешто што спечалила
Значи пуштаат една каса намерно за да се створи гужва и сеа позади мене има 94859485 души и нели сите брзаме што побрзо да набутаме во ќеса/торба и да се губиме. Дур ја ставам леб и други ствари у ќеса она го куца еднаш и го остава пак на исто место не подоле нели кај искуцаните работи за да го ставам у ќеса, куца друго нешто на пример лимони и после ми вика за млекото и млеково ли е твое? И јас викам нели да, мислејќи дека не го куцнала. Ама ги научив, истата фора стално ама си ќутам дур сум на каса, после гледам на сметка и намерно пред другите муштерии им се враќам и најгласно што можам викам ПАК ми искуцавте дупло, А? Али полека ги учат тие што проверуваат сметки па не смеат баш да се заебаваат. Неверојатен безобразлук и ЛОПОВИЗАМ (иако не постои ваков збор ) А парите од украденото не знам кај идат, ама сигурно у нивни џеб зашто иначе би краделе.
Јас навистина не знам како ги вработуваат ваквиве жени абе не ја бива за ништо, а дреме и зима плата. Влага мајка ми во една продавница за играчки и детска облека таа не ја ни забележува, а па камоли повелете да каже :geek: И ја прашува што има за 11 годишно дете, и она и одговара "Еве тоа тука што е" и пак си гледа на страна После влегува во друга, продавачката на врата стои и пуши цигара , и мајка ми зирнува така зашто нели не може да влезе пошто застанала оваа на врата и ни да се тргне бе, ни да праша дали треба нешто, дали може да помогне
Значи овие во Зегин се 80% ненормални. Во една нивна аптека купив 4 работи, од кои само 3 ми ставиле во кесето, а нормално се наплатено. Кога се буневме , правеа и попис, па дури мањак биле, а не вишок Во другата нивна аптека, ја праќам мајка ми да ми купи нешто и кажувам што да каже и пак погрешно и даваат убедувајќи дека е тоа лекот со повеке милиграми, а оно на него фино си пишува со огромни бројки помалку НАРАВОУЧЕНИЕ: Отворете 10очи кога сте во Зегин, забегале во последно време
Мислиш на Лагараж тоа е на спрат со "најучтивите и најкултурни "продавачки.Една сметка ми немаат дадено таму ,се парите во заден џеб од фармерки ги пикаат.Незнам за што беше само се сеќавам дека на мајка ми и се испонаша како да си муабети со 7 годишно дете и муабетот на продавачката и беше -Шо ти сум јас , јас не сум ти должна по вас да идам и сметките да ви ги чувам, кој ви е крив што си ги фрлате бла бла бла.Типката имаше само лоша проценка на мајка ми изгледа чекаше да и речам фала што ми ја направи волку млада мајка ми пошто се однесуваше како кон помлада личност од неа.Епа баш и фала, ама мајка ми ги има добри 50 години и добро што нема краток фитил -Исто и во Кам купував нешто и таа типката ми се испонаша ,изнаразвика леле мајко
не е за арогантЕН .. ама во Битола .. до Трикотажа Пелистер .. И до поранешно Џордан .. Има едно продавниче за сувенири .. нешто како gift shop .. Продавачот е ненормално досаден .. Влегуваш во продавницата и почнува .. : здраво како сте .. шо можам да ви понудам .. и му викаш .. само разгледваме .. и тој пак ... шо барате .. шо можам да ви понудам .. да ви поможам .. и трча по тебе ко вошка А во Веро .. на Корзо .. да не прајме муабет колку се прости продавачките .. од (мислам 8 каси) работат само 2 .. и на тие двете .. најглупите продавачки .. една со друга си прат муабет ..
Најголем блам што ми приредила продавачка е на саемот на книга пред две години. Разгледувајќи книги со еден колега наидовме на дело, кое беше по цена од 500 денари. Јас се насмеав бидејќи неколку денови претходно книгата ја изнајмив од библиотека за 10 денари. Во моментот кога ја гледавме истата на штанд јас ја носев во ташна, му ја покажав на колегава, се насмеавме и поразговаравме за апсурдноста за цените. Тргнав да се префрлам на друг штанд и цурава ми вика девојко застани и дај ми ја ташната да ти ја прегледам па да ја видиме апсурдноста на крадењето книги. Во прв момент се замрзнав. Со гласното обраќање и wannna be саркастичната интонација демек еве фатила крадец, остај што сите околу мене се свртија и се спремаа за сеир, мене ми доаѓаше да ја задавам од бес. И велам нема проблем само претходно викнете го менаџерот или надредениот на издавачкава куќа. И цурава ревносно станува и го носи на штанд, мислејќи дека јас ќе се вадам, извинувам итн. И доаѓа човеков вели Добар ден, што е проблемот? Велам ташната да ја предадам пред вас за да видите дали крадам на дело. Цурава пуна себе ја зема ташната, ја наоѓа книгата и таква се смешка демек win-win ситуација у нејзина корист. Ај и викам отвори ја книгата на прва, последна и негде у средина и обиди се да го најдеш печатот на Библиотека - Браќа Миладиновци. Абе у моментот мислам дека говното и смрзна. И викам сеа што праиме? Што ме избламиравте пред пола народ е една работа, што се задржав и изгубив 15 минути на глупости е друга. Чаре? Менаџеров почна да се извинува, во нејзино име, во име на издавачката куќа, па ајде надоместок за ситуацијата - некаков си прирачник итн. Половично ја разбирам ситуацијата, секаква стока од народ шета со цел да краде и подоцна украдената роба се надоместува со тоа што газдата ја кине од плата. А плата им е 8000 денари. Затоа сфаќам кога внимаваат на муштерија, односно шетаат по него како куче. Ама другово.. Крајно неписмено. Не барам насмевка, барам учтивост, во најмала рака ОПШТА КУЛТУРА. Добар ден. Повелете? Во треба помош? Кое бројче? Пријатно. Тоа се 5 реченици кои се стандардни и кои мора да се запазат. Другото е пролазно.
Многу често се среќавам со такви.Ми се чини секој втор дуќан има по некоја лева продавачка.Навистина често одам во Србија особено во Ниш,ама овие нашиве не можат ни вода да им носат.Само споредба во една нивна продавница за чевли во центарот кога ќе влезеш и она нивно слатко -изволите,и не ти дишат во врат,дискретно се позади тебе лоцирани,во момент да помогнат со совет.И да не сакаш да купиш срам ти е да излезеш со празни раце.А ако и така биде не те гледаат како воен злосторник.Такво нешто кај нашиве немам сретнато.Ниту во Куманово ниту во Скопје.Кај некои од нашиве можат да те прободат со некој убивачки поглед во стилот не е тоа за тебе,броевите ни се стандардни ,сега ли најде да ме замараш кафето ќе ми се олади надвор...Или некои како да лижеле супер лепак.Збор не произведуваат.Е,на таквите ми доаѓа кога би имала пари да ја откупам продавницата само за да ги отпуштам.
Страшно сум исфрустрирана од ваквите.А посебно оние: "Леле мацо/срце/душо/кукло,како ти стои,како створено за тебе" Аиии,стварно ? Јас не знам да си проценам сама како ми стои,м ?Сеа ќе ви кажам една случка.Одиме со мајка ми во Бисер(лани беше ова) да видиме за фустанче за на свадба.А пошто јас сум си така полничка,викам да биде до коленици,или евентуално над коленици и да не биде тесно.И влагаме во една продавница и и викаме на таа дека ни треба фустанче.И таа ни нуди некои моделчиња од тесни по тесни.Извади едно што ме бендиса(не многу до душа) и ми вика пробај си го ова.И го пробувам јас,убаво ми стоеше,ама беше кратко.И мајка ми вика,ај пресоблечи се,кратко е,ќе видиме за друго.И таа вика-па ако,она млада си е,си носи кратко.И јас викам ама не ми стои.И она ми вика-па мацо баш си прекрасна.И јас оваква -.-
Во ред е тоа дека продавачките треба да бидат културни и љубезни. Ама морате да разберете дека и нивната работа е многу тешка: по 7-8 саати да седат или стојат на каса, пример во маркет да креваат сокови и води од 2 литра за да ги куцнат, лубеници од по 4-5 кила, да внимаваат што куцаат и сето тоа цел месец за само 8 000 денари? На крајот од смената треба и да чистат низ маркетот. Па сега вие размислете што можете да направите со тие пари во месецот, дали ќе платите сметки, за храна и облека и колку ќе ви останат за да си остварите некоја друга замисла? Лесно им е да зборуваат на тие што имаат добро работно место пр. во канцеларија, администрација кај што ги сметиле мама и тато, па после ќе кажуваат како продавачките не чинеле! Како прво продавачките во Македонија повеќе никој не ги ни почитува, сите им се обраќаат на ТИ, наместо со ВИЕ како во секоја нормална цивилизирана земја. Туку толку им е културата. Јас сум работела во маркет и сум била љубезна со повеќето клиенти, значи Добар ден, повелете, пријатен ден, ама доаѓале и многу исфрустрирани луѓе. На таквите ни збор не сум им викала. Да имав врски и јас немаше да се убивам од работа за никаква плата (имам и солидно образование), ама за жал не е така сјајно при барањето работа. Позз