Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Арогантни продавачки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од prettygirl, 27 ноември 2009.

  1. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    Кога ќе налетам на некоја таква одма ја напуштам продавницата! Инаку не знам дали ќе можам да се воздржам.
    Такво однесување без причина не трпам од некој близок а не па од некој што ништо не ми значи во животот а работа му е да биде љубезен!
     
  2. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    за ваквиве сум тата мата :lol: одма им се впуштам, лом ги праам :rofl: они со мене арогантни.. пфффф :lol: :lol:
     
  3. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Еднаш отидов во adidas за да видам нешто спортска облека/тренерки и одам кај нив и почнав да разгледувам и дојде една од продавачките и ми вика „Облеката за деца е таму“.И онака се гледа дека не сум детенце,дека носам поголеми броеви и и реков „Не ми треба за деца,ова сакам да разглдам“.И оваа цела таква изнервирана ми се раздра ТУКА НЕМА БРОЕВИ ЗА ТЕБЕ,ОДИ ТАМУ.Цела продавница глеаше во неа.Толку се изнервирав што веднаш излегов ни срам ни перде.
    Во секој случај,од кај знае она кој број носам и за кој всушност разгледувам? :swear:
     
  4. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    :clap: :clap: :clap: ....Браво! За ова ти симнувам капа.
     
  5. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    4.004
    Пол:
    Женски
    Имам сретнатно такви продавачи ама после таква дрскост не сум им влегла никогаш
     
  6. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Јас пак може сум единствена на темава што не ја нервираат некои арогантни продавачки. :rofl:

    Или пак може не сум сретнала, не знам. Никој не ми викал, не ми се дерел, не ме бркал од дуќан, не ме пцуел (бар не на глас :rofl:), али се на се, не памтам да сум излегла навредена и изнервирана од некоја продавница.

    Али ваљда за мене не е арогантност кога одма те прашуваат што ти треба, па ти ласкаат и кога не треба, па и дури ни кога не ме прашуваат, си разгледувам, ако нешто ме занима, си прашувам и тоа е тоа. Јас сум секогаш културна и викам чао или пријатно, па така и ми враќаат. Не им го трошам времето ако не планирам нешто да купам, или да пробувам, а нештото не ми се допаднало. Како нема да те погледнат накриво кога ќе им отидеш - еве пример во парфимерија, ќе се испрскаш со се и свашта што има, и пак нема да си најдеш нешто?! Не сум продавачка, нити знам некој близок што работи тоа, али ги сфаќам бе, многу тикварски народ постои.

    Е, една работа што ме живцира и ме вади од памет, општо за луѓе зборам, не само за продавачки - е бавнотија. Косата ми се ежи кога треба да чекам нешто, зошто некој друг е флегматичен или не си ја знае работата.
    Пример - пред некоја недела со мајка ми во Ск, шетавме низ ГТЦ и се симнуваме доле во Верото, си земавме сокче и некои грицки и си чекаме да платиме. Теткава на единствената каса што работеше, си беше целоо време завртена и си правеше муабет за сигурно некоја многу битна тема со колешките - тетки - касиерки (две беа). И така ... Чекавме 2 минути за да се заврти, да ни го куцне тоа што требаше, и уште две минути за да и текне дека треба да ни наплати и да ни врати кусур. Мене како и обично кога тепам време за бадијала - ми пукна филмот и и викам на мајка ми која ги држеше парите - Ај мамо, остај и ги тие 5те денари што треба за кусур да ни ги врати, и да си одиме, може ќе и текне дека е на работно место! :^)
    Теткава ме слушна, оти прилично се издрав и ми дава ваков поглед - |(.
    Јас пак и давам двоен ваков - |(.
    Ако и се работи, нека работи, ако не, нека си седи дома и нека си иде по кафиња со комшивките, очигледно дека тоа и е најбитно. :D
     
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Што ги мрзам таквите препотентни арогантни |( .Порано ги трпев,а сега налетам ли на таква ,излегувам одма од дуќанот.Не ,ајде ќе се мислиме 5саата дури таа да ми проговори ,јас со клешта зборовите ќе и ги вадам.
    Имав случај ,налетав на една таква арогантна,издигана продавачка во бутик,јас најљубезно ја прашувам ова колку ви чини како што она само погледот ми го сврте на другата страна и ладнокрвно ми одговара едвај устичето го мрда и скиселе во таа фацата :@ ми идеше еден бокс да ја шлапнам ама ај си викам штом не и се трпат муштерии ,не и купувам ништо и точка!!!
    Не мора да ми прави муабет ,не сме школски де :emo: ,ама барем да обрне внимание и еднаш да се :) ќе биде доволно.
     
  8. maja57

    maja57 Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    20
    Да многу пати... ги жалам :worried:
     
  9. Vesna.Spi

    Vesna.Spi Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Забележувам дека во последно време некако се помалку има арогантни продавачки. Мислам дека причината е страв од губење на работното место, што е навистина и страшно моментов, кај нас посебно. Независно какво им е, се трудат, објаснуваат, услужуваат.
    Нешто што малку нема врска со арогантноста е дека кога влегуваш во бутик или слично го имаш моментот ренген од глава до пети :))))
     
  10. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Нема да бидат поштедени и од наша страна ,така да знаеш што следува ;) (сепак е нивото на култура ниско ,се самовреднуваат бидејки се продавачки .Како професија секоја чест си заработуваат поштено но некој едноставно мислат дека се некоја компанија Assistant manager |( или некоја слично звање наречено продавачка ) :bow:
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Не, не, го знам лекот јас за истребување на таквите. Да не земаат фикс плата, туку процент од продажба додека тие биле на смена, притоа задолжително да се осигура шефот дека сите клиенти биле убаво услужени и информирани, инаку ако го нема второво, нема ни пари од тој ден...тогаш да видите како работите ќе почнат да се менуваат.
     
    На senza.parole и Dvolicen им се допаѓа ова.
  12. Fancyx3

    Fancyx3 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Хооохо секако дека да и мене многу ме нервира тоа но ајде во помал број се таквите .. ама најглупо и највеќе ме нервира кога ќе влезам во бутик и едно 2 девојки ќе идат по мене ко да сум најголем разбојник и едно 500 пати ќе те праашат што сакаш а ти 500 пати ќе им кажеш дека разгледуваш |( |( |(

    Поздрав :*
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Да ми се има повеке пати случено во животов да налетам на арогантни не услужливи продавачки.Јас небарам многу,несакам да ми се смешка цело време па разбирам и јас дека и тие се луѓе кои имаат потреба да бидат некогаш намуртени и на работното место али има и претеризам кои се замислуваат незнам што.Ми се има десено 5 пати да ја прашам продавачката ова колку пари е а она си збори на телефон леле мајко па уште пст ми прај со прстот па бре на работа си или не ало.Или пак ова ми се деси пред некој ден во маркет не многу голем малска продавница ама како самопослуга,јас разгледувам шампони и продавачката ми вика еј ај дај ми солна киселина тука до тебе е па јас да и ја однесам аман бре јас не сум и помошничка не ке ја делиме платата после.И ред други работи во главно ми се има десено повеке пати.
     
  14. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Пола продавачки во ГТЦ така функционираат сигурен сум ,затоа и напнуваат а и според некој нивни критериум ако не си потенцијален купувач прават една фаца |( .Јас да сум газда би ги платил малце повеќе бидејки проблемот лежи во тоа .Едноставно немаат мотивација .Се разбира со по строги критериуми за работа а не седат кафиња пред продавница и весници во рака а ти си дремеш некој да те услужи (културно ) ...
     
  15. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Значи колку ме нервираат продавачки што одат по мене додека разгледувамм!! :devil: :@ :swear: :fubar:
     
  16. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    A чувството дека има100000 камери и дека те зјапа некој/а дали ке им се украде нешто, по поножувачки неможе да биде :fubar: :swear: :swear: .Приватност 0 . :x
     
  17. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    епа такви се како мислиш терористи сме!
     
  18. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    мене најмногу ме нервираат кога ќе почнат - повелете, што ви треба ?? што барате??? а јас сум отишла само да разгледам.. океј разбирам, се обидуваат да бидат услужливи ама тоа според мене многу нападно а и ако ми треба да побарам нешто имам уста, можам да ги прашам |( за се друго, најчесто кај што купувам се воглавно навистина добри и услужливи..
     
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    A како кај како продавчка да знам дали ти ќе украдеш нешто или таа после тебе? Како би знаела кои од тие 20 луѓе што денес ќе влезат, се со намера да оштетат или украдат нешто па јас да го надоканувам од свој џеб?
    Незнам што е тука понижувачко...
     
  20. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Многу такви имам сретнато.Една од кожа ме извади, бев со мајка ми и влезе мајка ми и јас 5 минути по нејзе вратата ширум отворена сред лето и си викам не ја затворам може не треба, а уште коа отидовме беше отворена, влегувам до пола ми ѕвони татко ми да сме оделе со мајка ми, и оваа чавкава ја слушам , види ја , телефонот на уво вратата не ја приметува, а јас морам капаче да ставам и и викам па и предходно пред да дојдеме беше отворена и ми вика, абе како не, сеа коа влезе ја отвори и не ја затвори, а јас изнервирана и викам на мајка ми, мамо ај да одиме рече тато, и ја слушам од таму вика- татко и и рекол , како не , и и се вртам и ја глеам на криво. Абе нездрава, не беше со сите, еднаш ме накриви дека сум ја скршила рекламната табла подолу ,а јас дека помала метар и жилет бев, неможев ни да ја достигнам бе. :fubar:
    Втор случај една па влегувам и ми вика, пази ке ја скршиш вратата, јас ваква :| и ни збор илегувам само. Вратата подотворена, јас ја буткам за кваката за да влезам она ми вика пази да не ја скршиш вратата бе, спремна беше да ме тепа, чукната една :fubar:
    Уште што не ме истепала некоја ваква , ама нека смееше да ме допре од земја немаше да стане, освен ако не носела пиштол или нож, не дај боже . Шала на страна , само господ нека чува од вакви пореметени... :whew:

    А да , извинете што редактирам, да кажам уште нешто :$
    Идеме со друштво и гледаме доаѓа една жена во продавницата каде што разгледувавме,само ние бевме и доаѓа женава, и прашува дали може да оди до вц да се напие вода, а имаше таму вециња за персоналот и за муштериите.И вика оваа продавачкава чекајте да ја прашам газдарицата и ние вакви |( :fubar: и вика, газдарицата не пушта , се извинувам. И ние сите вакви :@ и излегуваме и коментираме надвор, абе стварно лудачи постојат....Да не пушти ВОДА , обична ВОДА да се напие, а изгледа беше трудна жената, се приметуваше... Абе од такт ме извади :x