Ако сакате пример за ароганција укомбинирано со продавачка слободно обратете се во Ламас или како и да се викаше оној бутикон во гтц кај што има фустани со шљокици паринки тулови и тако даље... Нема добар ден повелете....само еден добар поглед под 30 ступњева у знак дека не си пожелен, а случајно ако те сетат дека зборуваш на дијалект готов си на другарка ми продавачката фино лепо и рече : А ти планираш да купуваш или само онака си се расшетала. Ако речеш да(како што рече другарка ми) имаш реплика - Скапи се овие фустани за тебе ако речеш не уште полошо try it yourself
Сум сретнала многу такви..влагам во продавница незнам точно која беше и само типката ни добар ден ни ништо се зачитала списание -.- и ја прашав нешто ме погледна на криво и ми кажа цена и толку беше..ми се лоши од такви продавачки!!
Ги има многу.Дури ти остава таков впечаток дека ако ја прашаш за цена,ќе дојде и ќе ти удри бокс. Па си викаш подобро ќе си се прошетам вака,ќе си глеам работи и нема да им ја знам цената.хаха
Прочитав и еве да ти одговорам тоа не е голем проблем поголем проблем е кога ке влезес во некоја продавница и таа јаде уф како ми иде на живци.
Ех колку има такви , јас обично кај ќе флезам прв пат втор и не влегувам. Па што да ме гледат на криво и да ми биде незгодно на мене?! Ма дајј Инаку во една продавница одам и си најдов убава сукна сакам да ја пробам а оваа продовачката ме виде оти доаѓам и како да не ме виде , не ме ни примети , исто како да не сум влегла А видов соблекувалната и право си пробам ... Многу ми се допаѓаше сукњата инаку ќе и ја оставев на маса..
Само ќотек е спасот, они глупи и прости засекогаш ќе си останат. А кај ги има, по втор пат не идам, или ако идам, бетер од нив се понашам, па нека нив им иде криво денот, мрсни крофни!
Дека некогаш претеруваат, претеруваат... ама и тие се луѓе така да нема потреба од навреди. Има секакви, не велам не... ама грев ќе ви си пиши ако навредувате а незнаете ништо за нив. Тие ако се арогантни, немојте и вие
Навистина има такви, но кога имав прилика да се најдам од другата страна на пултот сфатив дека арогантни муштеријки можеби има многу повеќе отколку арогантни продавачки.
ова најпресно ....вчера влегувам во симпо на партизанска да прашам едни троседи...и продавач човек во години седи таму зад пулт јади нешто и не се мрда само ме набљудува...тоа 200м од мене ми вика што сакаш???? ало бре па сигурно не дојдов по јогурт си мислам во умот и му викам сакам да разгледам троседи...имаше еден пред мене тросед и го прашувам културно овој колку е и тој замислете уште од таму се дере вика тоа оди со двосед и е 44000илјади јас колку? тој пак 44ооо илјадииии.... викам супер ми одговара ама само тросед..виде не виде стана едвај се довлечка а уште јади нешто викам овој сигурно е фиксен вика да шо ќе ти е таков, не е за секој ден ....!!!!мислам хелоуу... јас уште по учтива велам па да не ми треба мене за секој ден мн ми е убав го сакам за во Гостинската Соба да ми стои.... дојде по мене ми покажа уште нешто и фати си замина си седна пак позади пултот...јас полека се си рагледав си седнував си гледав и си заминав ....страШно ама ми беше многу смеШно си мислам што не држи ова земја божеее
Има арогатни продавачки и тоа многу, влегуваш а таа ни здраво ни повелете туку си јаде, па добро вака мислиш нешто да продадеш? А во поголемите бутици како Евроазија,Теренова и сл... не се арогатни туку те следат ко нешто да ќе украдеш поготово една стара женичка во Евроазија абе ја кај идам она таму уште у соблекувална да ми се пикнеше.
Многу ме нервира кога ( со мајка ми) отидовме на фризер,ама на некој прв пат идеме.И оваа си седи,не погледна и ни вика Имате закажано?Нема добар ден,овде.И и викаме не,а ова салонов празен,жив човек нема.И мајка ми и вика а кога ви е наредниот закажан термин? И оваа и вика за 2 саати.Па чекај малку,имаш празен салон,тек за 2 саати ќе ти дојде некој и уште ми вика не примаме без закажување Ама да работи на процент,да видиш како ќе рипа да те ишиша,и кафе ќе ти свари,ама не се на процент,тоа е работата.
е па ако е 8 часа на работа а притоа не смее да ја затвори продавницата и нема пауза,мора да јаде во тие 8 часа,нели?
Во Трафик не те ни услужуваат , само ќе те погледнат и ќе си поминат ..А имаат и дрски продавачки , како да те потценуваат .Бог да чува .
Уф колку мразам такви продавачки или ке и речиш ке разгледувам само и по тебе иди како некое загарче или кога ке се запани абе пробај пробај си..
Ааааа...Во Симпо се махери во нељубезност, почнувајќи од шефицата у канцеларија што им седи па се до продавачки и продавачи. Кога ќе ми текне дека некогаш им бев на интервју, ми се плаче. Влегувам почесто за да прашам за клиенти, никогаш не сум била услужена асално, еднаш дури и видов убаво парче мебел кое им одговараше на клиентите, ама од инат не им го предложив, премногу се арогантни. И во Голден Роуз многу ме нервираат, во трговски, абе во кошница ќе ти се бутне, а влезеш трча по тебе со кошницата и сеа ми ја дава и пак ми стои до мене, ми се пика ли ми се пика, а јас пуста после работа си го релаксирам мозокот со разгледување . И уште една случка, во Ноел, влегуваме со дечко ми да одбереме кошула, ај продавачките што не не натепаа уште малку, па едната му кажува кошулава таман ќе ти биде, другата вика аааа, мала ќе ти биде, абе да грабнеш и да бегаш, ужас. Честопати кога ќе налетам на досадни продавачки, вработени, си одам, не можам бре да се замарам сеа и со тебе, а со неуслужливи се знае, не влегувам повеќе или ако ме фати инат упорно прашувам, додека не се сети која и е работата
Не сум имала се нашла во таква ситуација, ама дефинитивно во болниците медицинските сестри се прават ептен газди, за разлика од докторите кои иако се свесни дека се доктори не си ја дигаат цената. Некни баба ми ја стави ташната на бирото кај една медицинска сестра за да извади едни резултати, и таа право одма да ја тргнете ташната, и јас и реков па јас многу длабоко Ви се извинувам нема да се повтори и и ја треснав вратата, ама баш силно
Леле кај нас еден има во книжара што стварно не заслужил да работи таму .. Влегуваш внатре и му викаш сакам пенкало и овој покажува кон една кутија и ми вика Ајде бирај си ! И ја си земам едно и ми вика тоа не е за продавање. И ја викам добро и земам друго . Ми вика 20 ден. е ова . И ја му плаќам и он ми враќа клусур и место убаво да ми го подаде пекнкалото он фрла бе !
Пред 2-3 недели идам да си ставам кредит и да си купам цигари од една маалска продавница.. А таму некогаш на смена работи една девојка што мрази што постојам, а не знам стварно зашто. И сметката беше 265 денари и и давам на госпожата 500ка, земав кусурот и излегувам зашто дури и непријатно ми беше што и газев на 'исчистените' плочки... И само што напраив еден чекор од продавницата, видов дека ми вратила само 35 денари. И се враќам и и викам извинете, ми вративте само 35 денари а ви дадов 500ка... И ми вика не, девојче, грешка си нешто, те видов јас тебе изгубена си цела, не ми даде 500 денари, туку 300. И почна да ми врие во мозокот зашто пробува да ме направи мајмун и и почнав да и објаснувам дека сум сигурна дека и дадов 500 денари и дека ОНА е таа што е збунета, или барем така и одговара.. и џабе се расправав, проба луда да ме направи, ме убедуваше со цинична насмевка на фацата дека сум се помешала... И на крај и реков стварно си мизерна и си отидов.
Јас сум била продавачка и не е се така црно-бело.Љубезна сум била со сите ама до одредена мерка, ако започнеа да ми ги тестираат живците знам да бидам дрска.Одма ми се закануваа ќе ме кажале на газдата ма јас само ќе се насмевнев и ич не се замарав .Иако на почетокот не знаев да префрлам и се трпев од страв да не го изгубам работното место, ама после се изучив.Па мислите лесно е да ви дојде некој и да ви се испука без причина, а муштеријата е секогаш во право и да го трпам и после срце да ме стега, па јас не сум таму за еден ден и не сум ставена да дојде некој да купи една кифла од 20 ден. и да се иживува после на мене и јас сум човек од крв и месо и имам чувства. Најпрост пример една ГОСПОЃА од општината стои на каса додека враќам кусур на друг муштерија, не ја следи ситуацијата и после ми ги буквално грабнува парите од рака и ги дава на муштеријата и зборува дрско со тврдење дека јас му враќам помалку пари.Јас избувнувам нормално која е она дрвен адвокат ли ќе изиграва и тоа не за неа, па од озгоре и не во право, да беше во право ќе сум се извинела.Освен тоа полна продавница со таа постапка ми го руши угледот излава дека подкраднувам.(Само и реков 10 вакви како тебе да ми дојдат и да ме учат како се враќа кусур, јас на крај плата нема да земам и после се лути, што да се прави кога вистината боли)Има еден милион вакви примери ама да не замарам... Не викам некогаш стварно знаат да се арогантни продавачките и од такт да те извадат, ама има и муштерии кои се арогантни и безобразни.Респект за муштериите кои беа културни и кои и ден денес после толку време ако се сретнеме ги поздравувам иако не работам повеќе на тоа место . Спојлер П.С Не е фер да има само ваква тема јас ќе отворам тема за Арогантни и безобразни муштерии па и продавачките да си ги кажат маките кои ги тргаат со таквите како нив