Уф една глупача денес ама ме изнервира... У недела на мајка ми и беше роденден и братучедка и и донесе еден гердан таков плав и ич не и се свиѓаше а ни мене..и ни кажа дека го купила у петок и ако сакаме може да го смениме така кажале..иначе таа бижутерија е попозната тука...и идам денес да го сменам и таа глупача ми вика демек неможело , а си пишува на етикетата trendy како што се вика бижутеријата...240 ден беше и вика ваков немаме ние...среќа имаат уште една продавница иста па си отидов у таа и си го сменив... Многу ме нервираат некои идиотки такви , прости , не школовани бев општа култура да ми се прават нешто да глумат а уствари не ги бива за ништо...
Jас нема да зборам сега за продавачкиве, луѓе ете за мене да си кажам. Eдноставно, ептен ми е незгодно да им ријам, да им барам, да им разместувам, да ги прашувам Jас ќе видам нешто, не го ни пробувам, одма знам дали ќе ми е точно, и дали ќе ми стои, и така си го купувам Hезгодно ми е да ги малтретирам што да правам таква сум, само цена ќе прашам, и толку периодов не сум налетала на некои забегани
Повеќе сум се напатила од досадни продавачки што идат по тебе и ти дишат во врат, ама еднаш една ми стапна на нерви во една бижутерија во Беверли...кај купувам, кај се брзам, па уште мене ме праќа да и раситнам пари...алооо луда жено...ги оставив обетките на каса и и реков дека засекогаш ме изгубиле како муштерија, а често купував од таму...не дека нејзе и е гајле де! А што е најтрагично две продавачки беа и немаше никој друг освен мене во продавницата, таа другата демек реди нешто таму и се прави дека не слуша. Можеби културно да ме замолеше ќе размислев дури, но таа со еден арогантен тон ми ги фрла парите и вика немам ситно иди раситни си...
Aбе дишат во врат по бижутерииве, во случај на крадење, и нив им е кажано така Aма сега секаде има камери, така да не идат по тебе колку-толку Bо Eвроазија велеа се влечат по тебе, јас кога бев, па баш ниедна не се влечеше дефинитивно најодвратната сопственичка на бутик, го затвори бутикот, и пропадна бизнисот, па како и не би, тоа беше олош од жена, сигурно никој не и купивал па на таква лудаќиња кој би и влегол у бутик, а уште помалку па и парите да и ги остава на скиселената фацка
Би ги сместил во категоријата продавачки арогантни на ,местата за брза храна каде што се .Значи ме вади од кожа кога ке си нарачаш одредено нешто и за се посебно треба да ти нагласи МОЖЕ ова ,А може она со фацка МА дајјјј мислам стај ми само чечкалица и искачам .Се знае што следува во одредено нешто а ако несакам ке кажам пред време .Некултура !
Ехеее,не се бројат на прсти. Секогаш кога ќе влезам во продавница или ме следи да неможе човек на раат да си виде,или ќе ме замара што сакам да купам за што,како. Па пола саат ќе ме моли да купам... А јас само сум излегла да видам што има а не да купувам. абе бог да чува -.-
Во последно време ми се нема случено дешавка со продавачкиве ама се сеќавам порано одам во аптека да си купам лабело и сеа лабелово да беше 52-3 ден. и ми вика немам ситно да ти вратам. Вака ја гледам а не и давам 1000 ден. па да ми рече немам ситно туку 100 ден. и + беа две продавачки немаш никој само ја бев во аптекава, и неможе еднава да отиде да купи а другата да работи. И си испаднав, сигирно нема да одам ја да си растинам и да си купам лабело bitch please Друго досега што најмногу ме има изиритирано е една продавачка, значи луѓе од мала памтам мама ме носеше во продавницава ми купуваше купаќи стално од таму и тоа не евтини туку на lisca и нема везе живеевме и со женава (Продавачка и газдарица) и маж и. Пред неколку година ја затвори таа продавница и отвори друга буквално пред мојата зграда. Овој пат бутик. Цело време купував од кај нејзе и не по една работа туку повеќе работи месечно. И нема врска еден ден одам јас, гледам чизми баш ккви што сакам а неможев нигде да си најдам и во таа смена беше друга продавачка исто шо ме знае дек акупувам целов време ос кај нив, и и викам може ли да ги земам чизмиве неносам доволно пари, бевме петок и реков во пон. ќе ги платам, и ми вика ааа незнам ја тоа со газдарицата и е зачудив оти и другпат така имам земен без проблем ќе ме пише па ќе донесам пари, и одам после втора смена газдарицава на работа, ја прашувам и ми вика, ааа не многу се скапи чизмиве неможам да ти ги дадам еве ќе ти ги тргнам донеси пари и земи си ги леле ама се изнервирав, одам дома и кажувам на мама и ми вика не ги зимај, шо ме натера ја толку инат, не бе ќе ги земам нема да си најдам. Глупава. И мама се изнервира женава и ми вика утре ќе извадам пари и ќе ти дадам цела сума плати и ја. И одам ја саботата сабајле станувам и носам пари и кога госпоѓата ја нема и маж и ме гледа и му викам има тргнати чизми за мене да ги платам, и ми вика туу па шо не си ги земала де ќе донесеш пари ама шо да му речам, тоа е очигледно госпоѓата има некој проблем. И одтогаш немам стапнато во продавницава. Се каам шо ги купив и чизмите. Ама глупа продавчка, она губи, поарно да земам па да платам отколку да не и купувам. Уф
Ако сакаш некој да ти купи треба и ти да бидеш добра и мила. А не да ми праќаш некои смртоносни погледи... Е најчесто ги избегнувам таквите, ме нервираат и ми го расипуваат денот.
Јас пред некоја година налетав на арогантен продавач. Се сеќавам, шетавме со другарките низ ГТЦ, и бидејќи не знаев како ви се класифицирани парфимериите и продавниците , кои се за богаташи а кои за смртници, па влегов во една со надеж дека имаат каталог од Севентин од тие што беа со инструкции за шминкање , па најкултурно ги прашав дали имаат козметика од Севентин, па еден господин ме погледна на криво и ми рече не немаме ама имаме пудра од Мејбилајн ко за тебе (тогаш имав многу акни,ама не бев нашминкана бидејќи ќе одевме на базен),најискрено се почусттвував многу навредена . Па ај да не ипаднам некултурна па прашав за цената, ко ми кажа колку е вака останав , излегов и не ми текна пак таму да влезам, еве 2 години кај што живеам во Скопје , па имам забелажано дека многу продавачки ме гледаат чудно , во смисла што бара ова тука , па уште дијалектот кога ќе ми го слушнат... , ама па затоа кај фините и насмеаните продавачки обавезно нешто си купувам и ги правам уште понасмеани, кога ќе имам точно пари или ќе земам еден куп работи и ќе ги платам со картичка . Драги продавачки бидете насмеани и јас ќе ве направам уште понасмеани.
мене ме изнервира една на шалтерот на автобуска,по грешка застанав на тој шалтер а требаше на благајна,уствари и не се возам често со автобуси и не ги знам баш правилата,и кога дојдов на ред дотичната шкубла ми се издера НА БЛАГАЈНА ДЕВОЈКОО онака нервозно пред сите таму и ме засрами пред бившиот,излегов глупава,и ништо си застанав на благајна,ама важно се испонаша и ме навреди ,не можеше без викање да каже
леле, денес во супермаркет, чекам да ми измерат сиренце, и стои една ми вика Jас не сум на овој оддел, почекај ја таа што е, и си стои бе до нив божем не може да ти пресече едно парче,да го измери и да му тури цена, и ај со здравје. па 20 минути може чекав, па најсериозно сафра да го фати човек
Една сезона имам работено како продавачка. Ве читам по темата и незнам дали да се смејам или да плачам. Ако вие имате по еден- два- три примера од продавачки јас за таа една сезона имам 10 000 примери од некултурни муштерии. Ако уште еднаш земете да ја исчитате темата ке забележите дека секоја се нервира за најразлични работа. Значи на една и смета ако продавачката оди по нејзе а на друга ако ја нема продавачката блиску да и одговори на секое прашање а на некои друри и едното и другото. нема и непостои вистински критериум за љубезна и не љубезна продавачка и културен и не културен муштерија, како што постојат фрустрирани продавачки, а не викам дека не постојат исто постојат и фрустирани муштерии кои си ги лечат своите фрустрации каде и врз кого ќе стигнат.Така да нема правило кој е понекултурен едниот или другиот.
Во една локална продавница стално пазарувавме се и сешто и сум оставала доста пари(за разлика од комшиите кои јадеа на рабуш).Ми дадоа расипано млеко (се случува)јас отидов да го вратам со малку млекце внатре како доказ и ми вика таа продавачката малку млеко мостра сум донела не можела да ми даде ново .Пошизевввв,се испокарав и викам дека изгубиле муштерија со вакво однесување и она ми вика големо чудо.Ако де нека е мене повеќе нема да ме видат да влезам.
Секакви имам видено. Напнати, нервозни, досадни, арогантни..низава до бесконечност, со можни варијации и комбинации. Тешко да најдеш некоја што знае што и е работата, а за такви со утната професија... Од горенаведените врсти најмногу ме нервираат сезнаечко-досадните, уште не влезена внатре ти се чини за ракав те влечка: повелете, та повелете Што ви треба? Кажуваш...И не те ни слуша. И велиш темнозелена боја, таа вади се освен темнозелено. Тиркизно, небесносино, трева-зелено... она што го има во моментот. И те убедува дека тоа што го бараш или не постои, или тебе не ти стои, или не се носи. Ем ти троши нерви и време во објаснување, не можеш да ја откачиш, пробува да ти продаде она што наумила... ем на крајот пак со празни раце ќе си одиш. Наредна прилика правиш лак од 20 метра настрана од влезот на продавницата, да не те снајде истата беља
Низ цел свет да шетате ..нема да најдете поарогантни продавачки од Струмица.. никакви се ..ги мразам ...прости се . неискусни и нељубезни личности ..
Секој треба да се потруди она што го работи, да го работи најдобро што може! Тоа како прво. Затоа што овие продавачки според мене се хмм.. искомплексирани, зашто работат на такво работно место, а сметаат дека заслужуваат многу повеќе па затоа и се такви, НЕРВОЗНИ и НЕУСЛУЖЛИВИ!
Значи денес во ДМ како ме изнервираа Абе прости луѓе, без култура ОДВРАТНИ...Ќе видиме дали уште еднаш ќе им стапнам у мочаната парфимерија. Што е многу многу е. Па и јас сум работела како продавачка али со толкава непочит не сум им се обраќала на клиените Срамота
Многу ме нервира кога некој уште од вратата те прашува што ти треба и те следи.Па добро,ако сум ти рекла дека разгледувам значи немам специфично нешто одредено што да купам.