Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Арогантни продавачки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од prettygirl, 27 ноември 2009.

  1. Lostedlove

    Lostedlove Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    11
    уфф :^) .. значи кога влегов внатре одма видов дека е антипатичнна, некоја си издигана ... ии како за инат ја измачив .. и таму почна нешто со една друга да збори ко демек сум ги измачила ама се направив дека не ги слушнав и си излегов.. :D
     
  2. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.157
    Јас не работам како продавачка, ама имам секојдневно контакт со над стотина странки. И верувајте ми некогаш можат и нервите да ти попуштат од некои странки, особено од оние што си наумиле нешто и се ни обидуваат да те слушаат, а не пак да те разберат што им објаснуваш. Инаку сум против ароганцијата да, не сум арогантна со ниту една странка без разлика колку и да ме изнервира. Мене лично ме нервираат продавачки со кои неможеш збор да прозбориш, еднаш ми се случи цело време додека бев во продавницата таа да си муабетеше по телефон и ме изнервира до крај и си излегов. Па сите имаме важни разговори по телефон, ама можеш да го прекинеш на пет минути и да и објасниш некои работи со странката па после да си продолжиш со разговорот. Ако не ти се допаѓа работата оди си тогаш, има други луѓе кои би ја работеле истата за истите пари и услови. Непрофесионализам ужасно нервира!
     
  3. cute57

    cute57 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    1
    Пред некој ден бевме кај баба ми бидејќи кај нив блиску има една продавница и јас требаше да и купам нешто....И сега влегвам во продавницата и викам на продавачката добар ден а знајте та како ми одговори
    (аааааааа) |( мислам стара жена беше и таква некултура за срамота...
     
  4. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Јас имам сопствен дукан работам со луѓе навистина некои се супер,а некои без трошка култура,но џабе не се рекло муштеријата е секогаш во право,сепак имав случка влегов во продавница која ми е во близина на дуканот и требаше да пазарувам, дотичната продавачка се однесуваше како вистински идиот не можев да се воздржам и затоа и реков... "треба да поработиш на своето однесување со муштерии" овдека си за да си го 'заработиш лебчето' а има толку многу кои чекаат за работа,а таа ми вели мене никој ништо не може дечко ми ми е газда и се насмеав и реков: сигурно е "глупак" штом е со тебе и таа збесна... по некое време одам по намирници гледам друга девојка толку љубезна чудо ја прашувам каде е претходната...девојката вели ја напуштија... некако ми олесни можеби звучи свирепо од моја стрна но кога одам да пазарувам и да оставам пари во некоја продавница потребно е бар малку почит пред муштерија и јас сум нервозна но со секој муштерија сум насмевната и фина на крајот на краиштата тој решил во мојот дукан да остави пари и затоа мора да се почитуваат муштериите тие не зависат од нас туку ние од нив
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Ме иритираат такви продавачки... Оној ден одам јас во продавница за мебел и сега на секоја гарнитура имаше цена, но нема димензии, а многу ми е важно до цм затоа што мал ми е просторот... и ја прашувам јас таа гуска што работи таму кои се димензии на едно, па на второ, па на трето и она на третото ми вика: "Ееее сега како на пазар да сме ќе се прашуваме", јас са погледнав само и фала пријатно, прво и прво она треба да има лична култура, а потоа и професионална, и за што е уопште она вработена таму, треба да се лигави, да те моли и убедува да купиш нешто. Таквите не треба никој да ги жали само дома да си седат без работа, кога не се за живот :x
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    :clap: :clap: Секоја ти чест.Уште ова да додадам ти си типичен пример какви треба да бидат сите продавачки.поздрав до тебе :)
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Кога се маалски дуќанчиња кај шо ги познавам газдите, обично одма ги издавам, демек за нивно добро, работата во дуќанот да оди подобро. Ми е гајле колку плата зема и шо и' се дешава по дома. Од таквите како мене живее и треба да биде цивилизирана и фаците и премрежувањето со очи и комлексот створен од фактот дека работи на место во кое не може да си дозволи да пазарува да ги остави за нејзините по дома.

    Сите донекаде работиме со луѓе и вршиме одредени услуги. Баратели на тие услуги се секакви луѓе од најдобри до најлоши, ама штом од нив живееме не треба да изигруваме свилени принцезички. Ако е за тоа, ај сите да напуштиме работните места пошо муштериите не ни чинат. :fubar:
     
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Јас не сум тип кој што ке ги навреди некои продавачки,но ако забележам таква,најискрено ја напуштам продавницата и одам во друга,само ке и кажам дека има и други продавници дека не е единствена.
    Па нека си размисли каде згрешила.
     
  9. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Муштериите не се во продавницата заради нив, продавачките се таму заради муштериите. Не за друго, од нив земаат плата. Ако не и се допаѓа тоа што го работи може слободно да си замине, зашто има многу други што би работеле на нејзиното место за таа плата. :!:
    Не дека сум толку свилена и дека страшно ќе се навредам и ќе се фрлам во депресија ако ми превика. Само ке и вратам смирено со иста мера и ќе си заминам (а под мустаќ ќе ја колнам да и се запали продавницата и да ја шутнат од работа :swear: ). До тој степен ме нервира тоа однесување. Тоа ти е работата, да услужиш луѓе, да се насмееш и да ги земеш парите што ќе ти ги дадат. Ако тоа неможеш незнам што....Сите имаме лош ден ама некој константно се во ова расположение.
    А не дека и ние сме цвеќиња. Имам другарки со кои ни под разно не би отишла во шопинг. Ќе ја претурат цела тезга бре, ќе почнат да се пренемагаат, а пред време знаеш дека нема ништо да купат |(
    А да, незнам дали имаат некое покачување на плата, парична награда, ако фатат некој како краде. Може ќе ja одликуваат "продавачка на годината" ако како инспекторка ти дише во врат или скока на се што ќе го фатиш. Има вратари на влезот жено... Плус стално е до тебе неможеш на раат да се нашалиш на некои змијско/тигрести/крокодилски материјал :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    2.448
    Некои не се свесни дека од таму си го ваѓаат лебот, но крајот им се знае, доколку продавницата е нивна сопственост за брзо ќе пропаднат, а доколку се вработени нормално дека никој газда нема да чува такви.
    Продавачките се тука да те услужат, мене покрај тие со арогантно однесување ме нервираат и некои кои се многу нападни. Пример влегувам во бутик и продавачката не се одлепува од мене, овие ти се убави, овие се нови модерни, овие убаво стојат, пробај си... итн. Значи ако нешто ми се допадне јас ќе ја прашам каде можам да пробам, дали има бројче и слично така само ме брка од својата продавница.
     
  11. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Имам многу случки со арогантни продавачки еве некои од нив

    За на свадба кај една братучетка ќе одевме цело семејство и сега баба ми ми рече да појдам со неа да одбереме некое костимче за неа и одиме во бутик така како за постари жени и најдовме едно костимче така како за баба ми и сега викам ајде пробај го и баба ми излегува од кабина и продавачкава:
    -Леле преубаво многу убаво ти стои
    А тоа и пука малечко тесно абе никакво а продавачката се изнадава комплименти :tmi:

    Бев во слаткарница и нарачувам сладолед и наместо од чоколадо продавачкава ми стави од
    БАНАНА :puke:
    И јас и викам јас нарачав од чоколадо и таа ми вика каков сум ти донела таков ќе јадеш но тогаш не виде газдата од слаткарницата и и викна неа ја караче и викаше
    Ама убаво и направи :D

    Одам во бутик да си купам фустанче и продавачкава оди по мене никако да се тргне |(
    Пробав неколку и последното ми се допадна и таа ми вика аа не поубаво ти беше претходното многу уваво ти стоеше ова не е убаво заемиго тоа претходното што го облече .......
    И јас и викам па нема ти да го носиш јас ќе го носам тебе ако ти се допадна тоа претходно што го облеков купи си го ти
    Има уште многу примери на вакви продавач/ки
     
  12. AloneM

    AloneM Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    46
    АМА купувачот е секогаш во право, основно памтивекно практично но и теориско правило во трговијата.
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Ја само им викам „далеку ќе стигнеш со вакво понашање“ а тоа што им го велиш ти, јас му/и' го викам на газдата/газдарицата, a ако не ги познавам лично а е попознат маркет во прашање, обавезно праќам mail за поплаки со име и презиме на таа која не ме услужила убаво. Затоа што фактот дека има и други продавници повеќе ќе го засегне газдата отколку продавачката.

    Ми е гајле. Како мојата неефикасност на моето работно место некој муштерија да ќе ја премолчи...yea right
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Верувај ми дека таа нема ни да подразмисли моќта за размислување и е 0% тадури ќе мисли каква типка е... мене ми олеснува кога ке им плеснам во лице бидејки како што таа мене ке ми го расипе денот морам да и го вратам истото чуство да види дали е пријатно таквото однесување макар што ретко ми се случува да бидам дрска но кога некој ќе ти згазне на жуљ па вреди да му вратиш
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Многу ме нервираат арогантни продавачки и оние кои те следат како да си разбојник! :devil:
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Ја би и' рекла „Ако е за ти каков сакаш, ти ќе си го платиш.“ :D
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    55
    Во најголем дел се ужасни и безобразни...стварно не ги разбирам ако не им се работи нека си седат дома.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Или сладоледот во фаца и "јади си го ти од банана" :lol:
     
  19. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Ме нервираат продавачките кога ми дишат во врат ама ајде тоа ќе го тргнам настрана. Две случки толку ме извадија од такт што еве најдов каде да си ги кажам :)

    Прва случка-влегувам во мојата омилена, ама буквално омилена продавница каде што редовно купувам и гледам нови 2 продавачки. Си наоѓам едни фармерки, ги пробувам и ги носам на каса да ги платам. И едната ми вика - А овие ли ќе ги купиш? Викам - да, зашто? И ми одговара - епа едни се овој број сакав јас да си ги купам!?!? Викам - епа сега тоа е (појма немам што да и кажам). Се туфкаше едно добри 5 минути зашто сакам баш тие да ги купам и најпосле се реши да ми ги наплати. Плаќам и викам - се извинувам фискалната во кесата ли ми е? И вика - па незнам нешто не е во ред со касата, почекај сега ќе ја направам, еве шефицата ќе ја направи(а многу добро знам дека таа не е шефицата). И чекам и викам нема проблем не ми треба фискалната. Она намуртено ми вика добро, тргнувам да си одам и ги слушам како коментираат - пф што се замислува па уште и фискалната ја бара!!! Се вртам и им викам - да, ја барам фискалната што е тука чудно? и така законски треба да ми ја дадете. И едната вика да де добро, јас пак тргнувам да си одам и они двете пак позади грб истата приказна! Е тука веќе станав :@ се враќам и викам добро што ти е на тебе проблемот, досега сум редовна во оваа продавница и сите се однесувале пред се нормално, а вие две се однесувате ко дуќанот да е ваш и биди среќна што не те пријавувам за тоа што не даваш фискална.
    втора случка, пак исто за фискална :lol: си купувам во една продавница блуза, ми ја наплатува продавачката и ја прашувам за фискалната и нејзиниот одговор: А па види во ќесата ако не е таму ќе ти извадам уште една дупликат!! Сите што работеле во трговија (вклучувајќи ме и мене) знаат дека неможе да се извади фискална 2 пати за иста работа. И викам - ммм не, не е во ќесата. И реакцијата нејзина-ама запињате бре по овие сметки аман од таквите.

    Е како после да влезеш пак во тие продавници?
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  20. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Незнам за вас али мене во Елит ми се многу арогантни родавачките.
    Еднаш влегов и повеќе не влегувам!