Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Арогантни продавачки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од prettygirl, 27 ноември 2009.

  1. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    478
    Значи како ме нервираат такви продавачки :@ Еве и една моја случка:
    Бев во една продавница за да си купам фустанче и си разгледаувам , разгледувам и оваа од зад мене продавачката од ѕм ме извади. Цело време по мене идеше и таман некое фустанче ќе го фатам да го разгледам и оваа одма со цените :envy: `А бре жено ако сакам нешто да те прашам ќе те викнам` сакав да и речам. Ама па затоа си излегов и не ни купив од таму фустанче :D :lol:
    Значи како ме нервираат :@ :x
     
  2. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Ми иди да ги истепам. :envy: Посебно ме нервира кога во бутик упорно те убедуваат да пробаш нешто што не сакаш. |(
     
  3. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    На мене лично не ми се има случено но еднаш на татко ми му напрајива така се сеќавам јас и тој бевме ( татко ми беше спортски облечен во тренерки бидејки ногата во завој му беше) и тој си купуваше влечки тие влечки беа скапи 3.000 ден и татко ми и вели дај ми од овие 41 -42 а оваа му вели неможе овие се премногу скапи за тебе немаш пари да ги платиш татко ми само ја погледна и вели дај ми ги да ги пробам му ги даде и татко ми си ги плати и нам и вели абе јас имам пари ама ти немаш ум .. :D
    но во секој случај најмногу ме нервират кога нешто не ти стои а тие ти велат преубава си .. :devil: :devil:
     
  4. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    Многу пати ми се има случено :^) не ги рабирам како аплицираат кога ѓи мрзи да прават нешто такво
     
  5. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Лелеееее како ме нервираат кога упорно ме убедуваат да купам нешто што не ми се свиѓа. :@
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да си кажам нешто за продавачи/ките и остали персонал по маркетите.
    Апелирам до газдите да почнат да си водат сметка за тоа кого вработуваат.
    Ако треба нека ги однесат неколку дена на Зелен Пазар на разглед, пример.
    И таму има секакви, ама ги има бре и обдарени да успее со однесувањето скапаното за поскапо да ти го продаде. А не госпоџиците кои си седат под клима, зиме-топличко, лете-свежичко, па ти превртуваат со очињата пошо ги мрзи да стојат и да диплат алишта/средуваат рафтови (нешто што и по дома го правиш а и секој месец пари зимаат за тоа) во маркет и ти ц`цкаат у фаца, прашувајќи ја колешката уште колку минути до пауза додека ти претураш по ташната со брзина на светлината да не ги узнемириш принцезиците и принцовите (кои по понашање повеќе ми личат на принцезици со нивната осетливост и “свиленост“).

    Што се однесува до овошјето и зеленчукот и др производи кои што можам да си ги земам од пазар, ве откачувам. А треба и писменце едно да напишам до неколку газди да си ги подотворат очите пошо не сум само јас со овој проблем.

    Си се вратив со две полни кеси од пазар. Женичките како ме услужија дури жал да ти падне да не им земеш...ама ете... и тоа било еснаф, не било за секој.
     
    На senza.parole и Barbie07 им се допаѓа ова.
  7. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Мене во џамбо една ме изнервира на каса. Го плаќав тоа што го купив ама цената што ја куцна не беше таа што ја пишуваше таму. немаше голема разлика, прифатливо беше, ама ај реков ке прашам, и и викам се извинувам ова кошта 100 или 105 денари? и ми вика -ти пишува таму, не читаш? викам, да ама тоа што го пишува таму и ова што излезе на касава не е исто па затоа прашав. и ми вика НА ШТО ТИ ЛИЧАМ ЈА? ШТО МЕ ПРАШУВАШ МЕНЕ? јас се стаписав, а после мене една жена друга чекаше ред и се замеша во муабетот и вика на продавачката - а кого да го праша ма? ти работиш овде, не работам јас!!! (со овие зборови) и почна жената да се кара во мое име :) се и изнарече, и на крај и вика да си имала повеке мозок ке си била на друга ПОЗИЦИЈА а не продавачка да бидеш :)
     
  8. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.981
    Пол:
    Женски
    Леле значи баш добра тема сте отвориле.ВО моево место има такви две продавачки кои ептен се арогантни ама баш ептен но повеќе работат на смена и неможат да ги затекнам овие добрите па се кај овие двете се паѓа кога ќе се симнам до продавница, хаха.Ама не им молчам, јас никако тоа.ВЛегувам во продавница и веднаш превртуваат очи ко незнам што да било..Пред некој ден, таман беше застарена кавгата и оваа едната ми вели што толку се чудиш ајде земај нешто нема цел ден да те чекам..И јас со фаца :o :devil: и велам е извини али ти си ставена тука да работиш и да не сум јас, исто ќе биде ти пак ќе мораш да чекаш додека не ти заврши смената.Потоа прашав кај има шампон шаума и влажни марамици и таа продавачката ми вели разгледај малку, слепа ли си..ц.ц вели секој ден сум идела до кај продавницата кај што работи таа и се намерно сум и правела демек сум ја измачувала додека да ми најде се што и барам.И тогаш мене ми пукна филмот, готово неможев веќе и и изнареков се во фаца дека јас ретко одам кај нејзината продавница токму поради нејзиното однесување, а таа ми вели дека секој ден сум и правела така..Значи култура и памет, НУЛА, колку се глупави ни сами незнаат..А и да напоменам, едната од нив пред некое време удрила некое помало дете зашто и идело на нерви.МИслам ХЕЛООУ? Да удриш туѓо дете во продавница?ц.ц после тоа газдата и рекол ако се повтори тоа ќе ја избркал од работа, ама ова МОРА да се пријави, а мислам дека јас ќе бидам заслужна за тоа добро дело. :lol:
     
  9. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Најпосебно оние во Џордан ,неподносливи се затоа и многу ретко влегувам таму .Несмееш да ги прашаш нешто чиниш ке те затепаат ,намуртени стандард .Јас се прашував дали ги гледа тој газда и за што воопшто ги плаќа .На многу места ги има ваквите .Или влегуваш во продавница она седнала си решава крстозборка и не те рецка ,можеш комотно да си земеш нешто и да си излезеш нема да приметат .Крајно неуслужливи створења |(
     
  10. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Леле,сум се сретнала со многу такви..значи буквално можат да ме поместат од ум..Еве денеска бев во продавница со сестра ми(која е помала од мене)и сестра ми си разгледува,и незнам зема една гумена тастатура да ја види,и продавачкава и вика не пипај тоа остави го..Значи ми идеше да и ја заврзам една..Па фала богу тоа е за продавање ставено таму како ќе го видам какво е,што е само од гледање?Ништо не и прокоментирав само се свтрев спрема сестра ми и и викам излагај одма..Арогантно створење :swear:
     
  11. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Од такт ме вадат.
    Пред година дена во Рамстор доле има една продавница, не ми текнува која беше точно, со венчиња, шнолки, маски и такви тракатанци... И влегуваме со другарка, ни требаше да разгледаме за маски за 1ви април, ама при крај на работно време, што значи имаше уште пола саат минимум. И само што влеговме, почнавме да разгледуваме, продавачката демек фина си стои на страна. И наеднаш, не поминаа ни 2 минути, станува, излегува и почнува да ги спушта решетките за да ја затвори продавницата и уште стои таква, со цинична насмевка и тупка со ногата демек нервозно.
    :o Добро бе маму ти е*ам неписмена, не ли имаш уста да кажеш, макар што уште не е завршено работното време, кажи си: Треба да затворам, побрзајте.
    Ццц илјада пати се покајав што не и` кажав ништо, туку само си излеговме.

    Сега во училишното бифе имаме една арогантна, ќе ти ги фрли работите пред тебе и да ја нема! Или прозорчето ќе ти го затвори пред нос. Згора на тоа ќе си прокоментира: Ај откачете ми се више, не можам да ве поднесам!
    Жити се? За што си ти тука, да си ја прчиш цел ден на работа? Јас ти давам пари, ти ќе вршиш услуга.
    Убав пример за култура, браво. Посебно вака во училиште што те вработиле.
    Ама фино лепо си се пожаливме, па малку се среди... А знам дека пак по старо ќе си продолжи. :tmi:
     
    На tessie и tami1 им се допаѓа ова.
  12. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено икс пати да налетам на вакви продавачки. Не омаловажувам ниедна работа, но тоа се дефинитивно искомплексирани ликови, кои своите фрустрации и комплекси ги лечат на муштериите, а пред се неписмени, а се понашаат како да се обама, наместо секогаш да бидат пријатни и услужливи. Дефинитивно ме нервираат :@
     
    На Monika.J му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Незнам дали треба ова тука ама една продавачка од такт ме извади. Во Porfois во сити мол,имав пробувано балетанки со дечкоми за да знае кои да ми ги купи,и идеме после 2 недели заедно и на каса ги носиме и таа ми вика аа те памтам кога ги пробуваше ти се свиѓаа,и го погледна дечкоми со една таква манијачка фаца како да сака да го силува,и оваа ги куцна и ги земавме да се прошетаме да видиме и пртенчиња и го бацив дечкоми и у реков фала срце и се свртев и така ме гледаше како мајкаи да сум и ја убила,и беше една дебела(извинете ако навредувам некој ама оваа стварно беше одвратна а сум видела и убави дебели девојки) и таква беше одвратна у фаца и излегуваме и дечкоми беше малку понапред од мене и го гледа и му намигнува и му вика чао срце,и дечкоми ваква фаца напраи :o и јас само ја погледнав и и мавнав и и реков чао и на тебе срц. -.- ИДИОТКА !
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.689
    Пол:
    Женски
    Многу ме нервираат арогантните продавачки. До сега сум налетала само на една таква. Тоа се случи во декември 2009г. Излегов во град со намера да му купам парфем на маж ми (тогаш дечко) за роденден. Отидов во Рубин кармин во ГТЦ, од страната на Комерцијална банка. Внатре имаше 2 продавачки. Едната беше млада, а другата беше жена во години. Ме услужи постарата. И реков дека сакам да купам машки парфем и да ми даде еден за да го помирисам. Откако го помирисав парфемот, побарав да ми даде уште еден парфем. Го помирисав и тој и малку се подзамислив. Не поминаа ни 10 секунди, продавачката се изнервира. Го зема првиот парфем и ми се развика - Де бре, девојче. Овој ти е толку (го тресна парфемот од стаклото), а овој ти е толку (истото го направи и со вториот парфем). Јас го земав првиот парфем и излегов. Многу пати се покајав што не и се развикав.

    Мене не ме интересира колку плата земаат продавачките. Како што тие не се замараат колку плата земаат муштериите, нема зошто јас да се интересирам за нивната плата. Многу ме нервираат продавачки кои што превртуваат очи кога ќе им влезеш во дуќан. Изгледа на таквите не им се работи. Ако некоја продавачка ја мрзи да го мрдне газот и да работи, нека седи дома. Има многу девојки кои што би сакале да ја работат нејзината работа.
    ,
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    The customer is always right!

    Ама нашиве изгледа не го чуле тоа.
    Мене па не ми сметаа толку оние кои се убедливи, што ти раскажуваат за се и сешто, го знаат цел асортиман напамет. Ги сваќам, затоа што тоа им е работа, гледаат да те убедат и што поише за да продадат. Посебно кога се информирани за секој аспект од производите, мене ми е сосема океј, сакаат да заработат само што е можно повеќе, од тоа им зависи и платата на некои, ако се на процент посебно.
    Мене ме нервираат оние обратните, незаинтересираните, намуртени, што ги мрзи газот да го мрднат, и кога ќе прашаш било што, со пола уста одговараат, ги мрзи да ве услужат како да ние сме таму заради нив а не тие заради нас.
    Ама јас кривицата ја гледам во газдите, кои не ги обучуваат, не им даваат соодветна плата или не вработуваат соодветен персонал. Не знаеме да правиме бизнис, се покажува тоа.
    Не толерирам обично такви арогнатни, дрски, посебно незаинтересираните, си искачам одма од продавницата.
    Да се распавам не планирам, ама од мене нема ни денар да видат.
    Од тоа поголема загуба според мене нема.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. izgubena5555

    izgubena5555 Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    14
    мислам дека на пазар по ќе те услужат отколку по продавнициве цело време околу тебе мислиш сакаш да крадеш па они тука полицајци изиграваат ниаква култура
     
    На a.c.k.a, Monika.J и Jule.Sk им се допаѓа ова.
  17. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Вчера во еден бутик влегувам да гледам чевлички, и продавачкава како некоја напумпана со муабет и ме чекала мене да се издиши:

    - Кажи што бараш? Чевлички? Кој број? Каква боја?

    - Чекај, - и викам - да разгледам.

    - Нема чекање, ајде кажувај што треба како треба.

    |(

    Де, мори, де. Не влегувам веќе таму. Надуена една глупава. |(
     
  18. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Неописливо е колку може од продавачка да замразиш продавница.
    Кога станува збор за уникатни парчиња, рачна изработка треба да се вработи некој кој на еден начин ја претставува продавницата. Кој знае да ти даде идеја, да ти помогне ако забележи дека ти треба помош и слично.
    Продавница која мене лично ми беше како втор дом. Секоја можна заштеда ја оставав таму.
    И одлично си комуницирав со вработените, да ти е мерак да потрошиш пари :D
    Сега донеле некоја нова, неуслужлива, девојка која шири негативна енергија околу тебе
    Прв пат кога ја видов ме пречека со едно дрско ШТО САКАШ?
    СИ викам, девојче олади, доаѓам тука уште пред ти знаеш за местово!

    И веќе не ми се оди таму, ако веќе морам строго со список и во што е можно најбрзо време НАДВОР!
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.689
    Пол:
    Женски
    Во продавницата каде што пазарувам, до пред некое време продавачките беа многу арогантни. Еднаш отидов таму во 21 и 20, а работат до 21 и 30. Само што влегов, продавачката ми вика - ајде, побрзај. Автобусот ќе ми избега.
     
  20. Play

    Play Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    69
    Јас не сум воопшто против оние кои се трудат да те убедат дека нешто убаво ти стои, што веднаш одат и те прашуваат што ти треба па дури ни тие што доаѓаат по тебе да не украдеш нешто.

    Ги разбирам, така им е кажано па дајте луѓе нив ко да им е убаво да те убедуваат за панталони кои изгледаат ко да ќе ти пукнат или те прават десет пати пониска да ти кажуваат колку прекрасно ти стојат и да убедуваат 30 купувачи дневно колку им стои прекрасно или пак како куче некое да те следат,но тоа им е кажано од нивните шефови и барем се заинтересирани да ги слушаат и почитуваат.

    Мене како што кажаа и некои други членки, многу повеќе ме нервираат оние кои не те ни забележуваат, влегуваш не те прашува дали ти треба помош, разгледуваш бараш бројче гледа не можеш да се снајдеш не доаѓа воопшто, но не таа е госпожа со нос кренат мисли во НАСА работи,а не во кое бутиче. Или пак оние по две што се цело време пијат кафе ма не те забележуваат мислиш цела продавница да им ја украдат не ќе погледаат, но да ги прашаш нешто море вртат со очите се понашаат ко да зависиме од нив, алоо заради луѓе како мене-купувачи работиш ти си тука за мене не обратно...

    Но како и да е никако не може да се погоди некој златна средина што би рекле :D да ти даде совет и мислење,но не упорно да те убедува за нешто што ти стои ужасно и што изгледа дека тоа те носи тебе,а не обратно и да ти обрни внимание, да ти помогне да биде љубезна и услужна. Но еве штета е тоа за нив, не губиме ние нешто тие губат бидејќи кога така бар со мене ќе се испонаша некоја таму не се појавувам повеќе, а и ако нешто испадне на муабет за бутици или продавници нормално дека нема да го препорачам, така да нивна загуба е, нивен процент од заработено или ако не работат така помалку пари за бутик па несигурна работа, во секој случај нивна загуба. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.