Летово барав работа и во певекс одиме со мајка ми. Мајка ми ја прашува продавачката да не се бараат продавачки и она ни пет ни деевт кој ке те земе тебе стара си. Ми идеше да и ја влепам една преку пултот вампирка, не дека она беше млада, а ни мајка ми не е стара али ај. Истата никако незнае да се понаша, ја прашувам извини имаш бројче помало од овие фармерки- незнам види побарај...а за што е она тука, изгледа само да седи и да оговара со колешките кој влегол кој излегол. А има една девојка во истата продавница поуслужлива не сум видела. Секогаш кога има нешто убаво донесено ни кажува.
Е овие ги мразам најмногу,колку се прости и гнасни бе ццццц да не одговарам ќе ги убијам влегуваш ги мрзи да ти речат здраво,ни повели ништо,ги научив сите и си барам се сама не му велам ни чао ни повели пари ни ништо нема да се понижам на некој фуфици што работат обична работа,не се ништо повеќе од мене и од народот кој им влегува
Не ги сакам арогантни, ама човече, коа ке почнат да се влечат по мене низ рафтови...Како да су крадец и ме следи пола саат. Последно у YUSK продавачката тргна по мене и се праи коо демек баш от тие 4-5 рафра да и требаше да види нешто. И си излегов, не купив ништо. 100% им викаат следете ги, ама продавница која ме смета за крадец не ги заслужува моите пари. Е така
За тоа ги разбирам и воопшто не ми пречи, затоа што знам со сигурност дека украдената роба ја плаќаат од нивен џеб. И да има аларм во дуќанот што ќе свири на врата ако си замине некој без робата да помине на каса, ако доволно брзо трча личноста, ништо не напраивме. Една имало така пред едно 5-6 години, се изнаоблекла и со робата на неа шпринт. Тоа свири, ама џабе, девојкава трчала ептен брзо иако имала не знам колку облека на неа. Значи за ова со демнењево, криви се газдите што не платиле за подобро обезбедување на дуќанот а не продавачките кои не може да бидат и продавачки и секјурити и све. А за нечија арогантност, нељубезност и невоспитаност, крив си е самиот човек. Да земеш јавно да се жалиш од секој oд примероциве, многу би испоизгубиле работа. Пред една недела, во една продавница за чевли. Значи имаше еден пар, навистина ми беа чудни. Штиклата висока ептен, него ај шо беше висока, туку и подебела немам видено во живот. Можеби некоја мода шознам. И на мм му викам „глеј ги жити се`.“ Само толку. Ни придавка искористив ни бутур. И продавачкава коа ми се избаци, као демек на мене ако не ми се свиѓале, на друг може ќе му се свиѓаат, да не зборам така, како ќе и` се задржат муштериите ова она... И јас на ова и` викам „Ако задржување на ТВОИТЕ муштерии е МОЈА работа, дај уште сега да се договориме за хонорарот. Второ, тоа што прислушкуваш туѓи муабети е одраз на твоја дисциплина и домашно воспитување. И трето, ако пред да се вработиш тука си потпишала дека по секоја цена ќе ти се допаѓа до воодушевување секој производ овде е ТВОЈ проблем.“ И Хипстер, не верувам дека е толку до обуката. Едноставно оваа као топла земја е преполна со намќори и луѓе полни со омраза и негативна енергија, и ги има низ сите професии. Aбе сакам на шетање да одам за да се расположам, се враќам понерасположена од претходно. Само кисели фаци, дури ако видам некој дека се смее и си потпевнува, одма си донесувам заклучок дека е странец, пошо еј, ако е наш, нетачен ќе го направат и ќе му ја убијат позитивната енергија сместа. Еее оваа моја чудесна земја.
Јас мислам дека продавачката е онаа што треба да ја направи убава атмосферата во продавницата. Повеќе пати имам забележано дека можноста да купам неко е парче е поголема во продавница каде што продавачките се пријателски настроени кон клиентите. Еве некој примери од мое искуство. Со самото влегување во некој бутик, ми се случувало продавачката да не ме регистрира. Си седи на биро и си се лакира свртена со грбот. И велиш ДОБАР ДЕН, се дереш ко идиот мислејќи дека е глува или слепа па затоа си се понаша релаксирачки и не се ни врти да види кој влегол во продавница. Ццц.. Разгледав некој фустани, ништо не ми фати око и си излегов без поздрав... Чинам, земјотрес да имаше оваа немаше да забележи. Еднаш, со мајка ми разгледуваме нешто и зема таа една здиплена блуза ја рашири да ја погледне и оваа продавачкава дури почна и да и се дере зошто ја одвиткала мајцата. Мајка ми само и ја фрли во лице и само и рече „Да даде господ никој ништо на тебе да не ти одвитка“ Абе царица е мајка ми! Иии да! КЕЛНЕРКИ Седиме со друштво во еден кафич и ја повикавме келнеркава да ни ја донесе сметката. Девојката вели: де ај станете шо сте седнале влезете на шанк и платете си....
Дека има арогантни продавачки, ги има и идат ненормално на нерви како и тие лигавите и досадните кои што те пратат како да си најголем криминалец Мене ужасно ме нервираат и келнеркиве/келнериве. Толку се арогантни ,неприступачни , просто никогаш повеќе да не се напиеш кафе со нив. Пред некој ден седевме со дечкото на кафе во еден од кафичите во Кисела Вода, и откако ни донесе келнерката кафињава, дечко ми љубезно ја замоли за вода да ни донесе. Луѓе мислам дека 300 пати му преврте очии ејј -.- Па да земеш тоа кафето врело у фаца да и го фрлиш за да научи да се понаша ! Ако не и се работи гитла ! има луѓе кои плачат за работа.. И да згора на се вода ни донесе после 30 минути и се извинуваше како изумила -.- требаше и ние да изумиме да платиме.. нели ради преголемата љубезност не друго
Ја зашо живеам у Скопје а најмалку посетени ми се скопските локали, било да се кафичи, ресторани, дискотеки. Претпочитам места кои ќе ме наполнат со позитивна енергија и каде со мерак ќе ги давам парите.
Мене на топ - листата ми е една мргуд - продавачка од маалско продавниче која ги дочекува муштериите со цицките потпрени на пулт и на моето „добар ден“ ми одговара со „кажи“?? Срцка е!!
Затоа јас си влегувам ко нема без да кажам здраво и чао, ма кој ги јебе нема да им влечам зборови од чиста култура јас
Мислам дека продавачките во ГТЦ одат на курс за намќорско однесување. Додека бев во Скопје имав безброј средби со арогантни продавачки ама една ми остави најголем впечаток, со неа се испонашав како Џулија Робертс во Убава Жена. Мислам дека бутикот е Quicksilver во ГТЦ, држев во раката неколку пара фармерки за внуците (секој пар чинеше околу 3-4000 денари) маици неколку и кошулки 2,3 и стоев кај маичките и ги разгледував тие што беа обесени и здогледав една која ја немаше обесено и сакав да видам дали ќе одговара со фармерките. Кога ми дојде таа женската, вцрвенета во фацата и ми вика: Ти ма , ќорава си, нели гледаш дека сите маички ти се обесени тука, цел ден ли ќе диплам по тебе Ајде да растурив нешто предходно ај и некако да и ја разберев реакцијата ама и да растурав сепак тоа и е работа, ме запрепасти девојката. И како што држев во рацете роба вредна накај 20.000 денари ја прашав дали работи на процент и ми одговори дека да работи на процент и ги подадов алиштата и и реков: Е од овие сега нема да земеш процент, ма и си излегов.
Ги има еден куп, секоја работа е тешка, јас разбирам, ама па ако не ти се работи никој не те тера со сила. Кажи девојче шо е, викам не гледа број како нема број, еве овде(нервозно)....Ааа мало тие ова...ааа еве бр 42, облакам тоа ко вреќа... Сите ви се изложени. Да, ама само најмал број, и пак за да пробам МОРАШ да извадиш друга...Свашта. Од инает не купувам така. Кај оние асалнине, да ти е мерак да купиш, ај да пробам, слободно за проба пари не зимаме, ми се има често случувано да ми даде и нешто да пробам само колку таа да види како стои...ко модел да сум им...ПА треба и да се привлече муштерија.
Мислам дека треба барем малку де се погледне на другата страна,а веднаш напоменувам дека не ја оправдувам ароганцијата.Ако се набројат арогантни муштерии не знам каков би бил соодносот.Оние кои целосно арогантно се однесуваат во продавница игнорирајки ја помошта на продавачката и воопшто игнорирајки го нејзиното присуство,влегуваат и излегуваат без добар ден и пријатно,несоодветно се однесуваат кон изложената стока или зборуваат на телефон по 5 мин а продавачката е таа што мора стрпливо да ги чека...прочитав многу претерани,навредливи зборови на оваа тема и не е добро да се оквалификува некој како прост,некултурен неписмен.Да се омаловажува како личност.а уште помалку како професија бидејки ниедна професија не е за потценување.Ако некој излегол од дома нервозен,му недостигаат пари да си купи нешто,сака да види се,а се брза,го влечат децата за ракави“утепува време “зашто “избегал од домашната атмосфера“или нема со кого да поразговара па ке расказжува низ продавници разни чуда...тогаш сигурно ке му биде продавачката арогантна.Но за тоа би требало да се отвори тема за арогантни муштерии.Не велам дека исклучоци нема,има секаде па и тука,но толерантно работите треба да се гледаат од двете страни.
Да се гледаат работите од двете страни е во ред, ама мислам дека најголем дел ќе се сложат со мене дека најчесто продавачките се криви... Првин јас во секоја продавница кога ќе влезам кажувам "здраво" и најчесто никој не ме ферма или пак љубезно одговараат и тие- ама ова има и друга страна- ако не купиш ништо- "чао" нема да слушнеш од нивна страна... Јас не очекувам од нив којзнае што, ама треба да те поздрават кога ќе влезеш и излезеш, да те услужат соодветно- без да превртуваат очи ако побараш два броја од два различни производа... Ако не им е денот, тоа не е мој проблем- можеби и мене не ми е денот, ама тоа ќе го оставам за дома, не смеат да си дозволат таква непрофесионалност!!! А видете оној ден што слушнав: влегов во еден бутик да разгледам што има ново, а овие продавачките без срам: На оваа многу и се шета, секој ден доаѓа и разгледува а никогаш не купува ништо!!!!! Е на што личи ова???
Овие од Певекс сегде се безобразни. Никогаш нема од бројот, секогаш истото: Што имаш таму, тоа е... А, потоа сама си наоѓам бројче, зошто ни сами не знаат каква гардероба имаат. И од што им е се несредено, испопаѓани алишта...а, тие зафатени со оговарање и зјапање по муштериите. И мразам продавачки кои ми дишат во врат. Има место, а таа се пикнала зад мене и ме следи во чекор, а некогаш застанува пред мене да не можам да разгледувам. И 10 пати, повели, си одбра нешто, најде, ајде виде, е кажи што сакаш...не од култура, туку од наметливост... (Да не кажувам каде, одма ќе се препознаат продавачките, а може и газдата така ги тера). И си пробувам во гардероб, а таа запнала, закачалката дај ми јаааа, како крај на светот да е, морало закачалката да и ја дадам (ова во истиот бутик). И ми виси на завесата, ајде до кај си..ајде го проба... И затоа не им одам повеќе таму, ниту по излог гледам.
Ау ми текна на една во слаткарница во Рамстор - девојкава продава сладолед. Ко отров да продава. Еден идиот шо е - значи здраво не рече, а ние двајца и рековме, ја прашавме нешто - не се сеќавам што, и не ни одговори, збор не изусти додека не послужваше и на крај и викаме двајцата чао, не одговара, јас и викам пријатно, ќути ко вол, дечко ми и вика чао девојче, оваа како удрена...пак со дерење и викаме ФАЛАААА ЧАОООООО, она не погледна коо ние да сме несалам и пак ќути. И викам пријатно по трет или четврт пат - ме фана инат и викам да видам до коа ќе ќути, пак ништо не рече, И ние у хор двајцата - едно чао да речеше мори глупачо она пак не реагира. Или е нема и глува...или е таков идиот на кој не му се работи, па држи место на некое дете што со радост би работело. АКо не ти се работи, фани патот ој си дома. И така, во таа слаткарница што сега не ми телнува како се викаше у Рамстор на втори кат - не влеговме цело лето, а јадеме сладолед секој божји ден и се шетаме. Така што ако чита газдата, е таа е причината што ниту ние, ниту нашите пријатели не влегоа цело лето таму. Не е битко колку изгубија, ама јас насекаде ќе зборувам дека таму у таму - работи идиот, не вреди да одите. Купете си од друго место кај што ќе ве гледаат како човек, не како штетник.
Ми се повраќа од ваквите. Примери,ако набројувам,ќе треба цела тема да испишам,па и не е убаво да ги оговарам.
Море како ме има изнервирано една дебела о*оспија, извинете на изразувањето и никако, во никој случај не зборувам за сите продавачки, професија како професија, а во секоја има секакви луѓе и оние кои не се тоа, ама.... Купив една јакна за поклон што не успеав да го дадам, одам во бутикот да ја вратам, необлечена, неоштетена нормално, така како што ја купив со етикети кои стојат. Не ми ја земаше назад кравата тие пари не враќале назад, па уште го крева носот, ми изиграва некој елитен бутик а тоа една кичаста пештера Резил ја направив и си заминав. Таа мене нема да ме услужува, неписмено никој и ништо. За да немам лоши искуства со досадни или нападни продавачки повеќе сакам да купувам од оние големи бутици каде воопшто не мораш ни да разговараш со нив. Постои алармен систем и заштитени се од кражби. Нема што да ми дише во врат . А да ви кажам, овие наши неспособни трговци летаат во облаци со цените. Измамници се ако не сите до еден, тогаш едно 99% од нив. Колку работи што во странство не вредат ни две евра кај нас се продаваат за илјадници денари
Вообичаено немам проблем со арогантни продавачки, многу ретко ми се случува да налетам на некоја таква. Последен пат ми се случи да ми се испонаша една продавачка (мислам дека газдарица е) во Биси продавницата на Буњаковец. Многу често купувам од таму, еден куп кондури, патики и чизми ми се од таму. Пред една недела бев да си побарам кондури и убаво и објаснив какви барам, а она се фати некакви мартинки да ми покажува Јас и викам нешто поелегантно, она ми вика: За поефтини пари нигде нема да најдеш (а јас во ниеден момент не спомнав цена). Ја прашувам кога ќе добијат нови бројчиња бидејќи немаше мој број од моделот што го сакав, а она ми само ми замавна со раката и иронично ми вика: За еден месец! Значи толку пари имам оставено таму, наместо да ме почитува како редовен муштерија, она испадна тотално некултурна. Е па не и одам веќе!
охоооо колку ги има само ...колку ме нервираат,кога ќе појдеш да разгледуваш те следи насекаде веќе ушка уште не ми качи! и кога ќе пробам нешто на мене одма почнува: ''лелеееее колку убаво ти стоиии аиииии обавезно да си го земишшш мнооогу ама мнооогу убаво ти стои лелееее нема да зажалиш ако го земеш'' Па добро бре,ако ми се допаѓа ќе го земам,не туку ми кажувај ќе зажалам нема да зажалам, и на крајот на краиштата, кој побогу те праша за мислење?! јас мајка ми не сум ја прашала кога ќе пробувам а не па некоја си чкљ продавачка....само да се грабне некоја пара те одавде те оданде дрчотии за пари....