Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Арогантни продавачки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од prettygirl, 27 ноември 2009.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Женски
    Значи колку прават се само за да продадат нешто.
    Кога си купував јакна, барам xl она м ми дава, ок нема везе ај ќе пробам, ама и викам мала ќе мие, она запнала нееее точна, таман е.

    Ја пробав, шта да видиш- ни да го приближам неможам патентот за да ја закопчам јакнава.
    И викам, не мала ми е нема поголемлем број?
    Она вика немаме, ама што ќе ти е поголема, земи ја овие така се носат.
    Викам абе неможе да се закопча, она запнала ама девојче така се носат.
    И викам ок нема везе фала, и она онака дрско и арогантно ок ти си знаеш ама сега така се носат ти незнаеш што бараш.
    Татко ми виде дека се изнервирав и ми вика ај остај ја сеа ќе се расправаш ли...ццц
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.688
    Пол:
    Женски
    Пред 7 години требаше да одиме на свадба. Сестра ми реши да си купи фустанче. Отиде во еден бутик во ГТЦ. Таму имало 2 продавачки. И рекла на едната - сакам да го пробам ова фустанче. Таа и рекла - тоа нема да ти стои. Сестра ми и рекла - дај ми го да го пробам. Продавачката и рекла - ама тоа нема да ти стои. Сестра ми се изнервирала и и рекла - не мора да ми стои. И излегла од бутикот. После тоа си купи фустанче од друг бутик во ГТЦ.
     
  3. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    По бутициве ретко да најдеш некоја што навистина ќе те услужи или нема да ти подзамижува додека те услужува.
    Едно нешто највеќе што ме нервира е тоа додека разгледувам,продавачкана го следи секој мој чекор.
    Како ке се поместам јас,така и она.Па добро де,не дојдов тука да украдам нешто,а најмалку па да оштетам.Да не можеш на раат да си разгледуваш......
    Сега во четвртокот бев во Еуро Азија.И си разгледуваме со мајка ми,но не приметив дека некоја маица паднала тука,некој ја бутнал највероватно.Доаѓа една,така изнервирана го крева од земја и вика ова со закачалка беше?-а таа проста не гледа дека уствари на маицата стои закачалката.Јас и мајка ми ја гледаме така зачудено и и викам ете ти ја во раце,и оваа како посрана да не кажам ја закачи и избега.
    Потоа одам да пробувам и на излегување и го давам бројчето и нормално си ги земав алиштата да ги купам,а таа истата ми вели ќе ги земеш?-мојата фаца на ова |( .
    Не сум падната од Марс,логично штом ми даваш бројче,а јас ти го враќам и си ги земам алиштата,значи дека ќе ги купам.
    Леле боже еј..како да не сакаат да им се троши робата. :|
     
    На felisitas и Cka им се допаѓа ова.
  4. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Требаше да одиме на крштевка и отидовме во Голдмак во ГТЦ. Ги фативме тетките како си предаваат смена. Едната беше културна и не замоли да почекаме, а другата ништо не рече. Кога испадна, оваа покултурната си замина и нас ни се падна редот да се обратиме кај другата продавачка. Што да ви кажувам...малку и фалеше да ни удри по еден стап и да не избрка од дуќанот. Сакав да ми покаже едно златно ланче...и женава едноставно не сакаше да се помести...само ни рече, ако го земате во ред е ќе ви го покажам...ако не...не може. Ние со мм останавме зачудени, како да купиме нешто што не сме го допрале?!?„?„ И реков фала си излеговме и отидов во Златарна Целје, таму жените беа премногу услужливи и коректни и таму и направивме промет. А во голдмак, повеќе не влегувам...фала им многу!
     
  5. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.597
    Пол:
    Женски
    Еднаш така влегувам во една книжарница каде се продава школски прибор и и велам на таа продавачката ај дајте ми толку тетратки со лини, ама прво да видам какви има односно кави се, и тогаш само ми се испули ко за тепање страв ме фати и ми вели оди земи си не ги гледаш кај стојат |( и само и се испулив и си заминав и ко и ја треснав то вратата! :lol: Глупача та мене че ми кажува онде...
     
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Му купив на татко ми за роденден џемпер. И многу се мислев околу бројчето, помалото ми гледаше мало, а поголемото големо.
    И продавачката ми рече, купи го кое сакаш, ако не чини дојди замени го.
    И така го купив и не ми даде фискална (демек не работела нешто во моментот). :tmi:

    И следниот ден се враќам со џемперот да го заменам со другиот, ми вели, а камо фискална. И кажувам дека не ми даде, ми вика, аааа, не може така. :o И од каде да знам дека е од овде купено и кога... Се правеше скроз наудрена. :@ :@ :@

    Да не ми дадеше збор дека можам да го заменам немаше да се нервирам (а, може немаше ни да го купам). Сега го носи татко ми, поголемиот број, ама голем му е, не тоа тоа. :^)
     
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Какви се продавачки има,мислиш ти си им крива за нивниот промашен живот :^) Баш пред некој ден одам низ бутициве,влегувам во еден и зимам еден фустан да пробам и таа ми вика мал ќе ти биде,јас викам ќе го пробам секако,и она ми вика не глеаш колкава си,каде ќе се протнеш во него.Како ме изнервира и реков само,заради таква ароганција ништо не ти се продава и си испаднав.Она преврте очи и ништо не кажа.
    Тоа ти се вика кретен.А тие пак што упорно доаѓаат по тебе па и ти викаат многу убаво ти стои,како шиено за тебе,а јас ко свиња во шалвари,да се чудиш како им текнува :D Барем се попријатни за разлика од тие погоре.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Ако сметате за арогантност тоа што цело време оди по тебе и ти стално бута некои работи во раце, тогаш имам мнооогу да кажувам. :rofl:

    Сум имала искуство со неколку арогантни продавачки..

    Случка 1:Одам во бутик и си пробувам фармерки, таа цело време намутрена и се мршти... Јас сум си маанаџика малку за фармерки па си пробав 2-3 модели и не ми се допаднаа и таа ми кажа (со дијалект) "ааа ако не ти се свиѓа ова оди си, неможам со тебе време да губам" фацата ми беше на мене :o не знаев дека има толкава дрскост. Инаку сега бутикот и пропадна на таа жена, никој ништо не купуваше... виде не виде го затвори.

    Случка 2:Одам да си купам бикини, ги гледав и му се допаднаа 2 пара но ги немаше во мој број, им кажав дека ќе разгледам некои други и таа онака арогантно ми кажа "девојко ајде чао, ќе затворам". На вратата пишеше дека се затвара во 19:00 часот беше 17:30, не знам кој е крив овде. Ама барем културно да кажете дека треба да излезе и да го затвори дуќанот. Си излегов јас многу нормално... и повеќе не се вратив во дуќанот, иако најубавите бикини ги имаше таму. :D
     
  9. Ludaaaa

    Ludaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Многу се арогантни и неуслуЖливи..
     
  10. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Прво да се извинам за офтопикот,но навистина не е во ред да се суди за нечиј живот на основа од работата што ја работи.
    Јас работам како продавачка,а сигурно и многу други на форумов и не се чувствувам како да имам промашен живот.
    Познавам многу луѓе од други професии кои се арогантни,за тоа каква продавачка сум даваат оценка купувачите но таа оценка не е и за мојот живот.
     
    На Smiley11 и stojanovskata им се допаѓа ова.
  11. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Нешто одам да купам пиво за татко ми бидејќи нарачавме пица и ми побара да му купам пиво.Го купувам се тоа и оваа ми вика
    -Ама,како да ти го дадам јас ова сега?
    -А,зашто да не ми го дадете?
    -Кој те прати тебе ма? |(
    -Татко ми а,зошто?
    -Па,малолетна си не знам.

    Ми пукна филмот веќе и реков ми го давате пивото или не.Фала богу ми го даде и повеќе од кај нив не пазарам.Од една страна разбирам ајде да не види некој малолетна сум и да зимам алхохолни пијалоци ама,во комшии ми е ме знае и секогаш е ваква со сите муштерии.Па кога купуваш ти виси над глава како закачалка мислиш цела продавница ќе и ја ограбиш. :geek:
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Еднаш се потепавме за денарче јас и продавачката. Значи, таа има сопствена продавница, никој не и бара многу, скапи производи продава, уште за денар почна да ми вика кога немав... а, на нејзините деца, 10 бесплатни сладоледи по ден им дава! :fubar: Мене ме окапа кај неа за денар, на децата нејзини слободно? :o Сега поретко одам кај неа, во Вајота почесто си одам, поблиску е, а и нема арогантни продавачки. :lol:

    Едит: се сетив на една случка, истата продавачка беше... отидовме до продавница со сестра ми да купиме мастики за друштвото. (секој си даде доволно пари) Продавачкава излегува пред врата и прашува за кој се мастиките... и кажавме дека се за другарките, пак следеше прашање, за кои другарки, ајде и ги наброивме сите по ред, но се покајавме што и ги кажавме... не излажа дека немала мастики, а таа кутијата преполна мастики беше... :!: :x
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Мене ме нервираат простачки и неизживеани суштества од типот,влегувам во продавница а таа со 3 метра отворена уста расшлапана џвака мастика потпрена на некое бироенце прекрстени рацете те мерка од главс до пети едно 50 пати дури си внатре не прашува ништо ни како да ми помогни ни што да ме услужи буквално закована во местото седи се вртам ја траскам елегантно вратата и си заминувам ни чао ни пријатно нормално,мене повеќето за жалење ми е исфрустрирани кутрите и искомплексирани со чесни исклучоци нормално,има и љубезни фини све,некои па китрите мислат дека работата во канцелариите на ЕУ неможеш да прашаш нешто тоа ти е свашта :D
     
  14. ivana63

    ivana63 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    229
    И мене исто така ме нервираат арогантни, нафурани продавачки шо не те ни поздравуваат кога ќе влезеш во продавницата, а не пак да земат да те услужат и да ти помогнат. Ми се има случено, еднаш кога бев да купувам чоколадни бонбони за роденден (јас и моето благо :$ ) и и викам на продавачката нема да земам големо, туку мало пакување. Одам на каса да ги дадам париве и ми вика сигурна ли си дека го сакаш малото пакување, немој после да се враќаш. И викам не, нема проблем ( за разлика од неа ја барем се потрудив да останам учтива :^) ) ова ќе го земам. Господ да чува. |( И после тоа за инат нејзин, отидов пак во продавницата и и викам, ај ќе го сменам, еве ја фискалната. :lol:

    Покрај таквите, ме нервираат и продавачки шо го следат секој твој чекор, како да сакаш да им ја масакрираш продавницата. Значи во буквална смисла како да се поврзани со јаже со тебе, па како ти се помрднуваш и они со тебе. А покрај тоа упорно се обидуваат да те убедат дека фармерките кои ти стојат многу грдо, во нив си "секси и заводлива". :^)
     
  15. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Секаде ги има. Само треба да најдете метода нивната ароганција да не делува на вас, просто кажано, да не се изнервирате од нивното некултурно однесување.

    Знаеме сите дека добриот збор железни врати отвара.
    Велес ни е малечко градче, со не многу продавнички и лесно е да се научи каде кој како се однесува. Имам сретнато продавачки од типот:
    *незаинтересирана
    *одвраќа
    *гледа да те избрка
    *те следи како ненормална, овај те брка
    Кај сите овие практикувам повеќе методи како да го ублажам нивниот однос спрема мене, а и да не се доведам во ситуација да бидам изнервирана од обична продавачка.
    Едно обично здраво и како сте, многу можат да сменат однос.
    А ако ми е однесува лошо и дрско сеуште, барам нејзина помош во комбинирање или прашувам парче што таа го носи од каде е, и некако веднаш се чувствуваат корисно и добро, и се сменува нивниот однос. А оние, сиротки, за кои нема помош, гледам колку што може помалку да прашувам и да зборувам, едноставно ги игнорирам, а тие ме оговараат со нивните колешки, т.е бабите кои седат таму и ништо не прават освен трачарат.
     
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Женски
    Прееска кога купував чизми ме изнервира баш продавачката.
    Сеа чизми се, треба број да се најде, да било дозволено сама би си барала, а не вака ми испреврте очи додека ги најде и ми ги донесе.
    После на рафтовите беа наредени чизми и баш таму кај што гледав јас она значи пред мои очи пружа раце и ги преместува.
    И си искочив, не и купив ништо, влегов во другата каде продавачката беше многу фина. Фин културен муабет, ме послужи се што требаше, алал да и е.
    А кај оваа првава втор или трет пат влагам и секогаш е намуртена и дрска незнам што и е филмот.
     
  17. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Мене еднаш баба ми ми кажуваше колку ја нервираат продавачки кои уште од врата и кажуваат „Госпоѓо немаме ништо како за вас!“ :x Од каде знаат дека таа не купува за некоја од внуките(за мене и братучетките, за мајка ми, за вујна ми, за поклон за било кого/која)? И јас се имам соочено со тоа, девојче нема број за тебе, добро си велам 44ка барам не 50ка |( . Па не сме сите неухранети и недоносени па 36ки на 20 и кусуро години да носиме :!:
     
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Не потреба од вреѓање.Некој си се осека убаво во size 36 на 20 и кусур години и воопшто не се гледа себе си како неухранет и недоносен. ;) |(
     
    На naturally, mims-89 и Mishela им се допаѓа ова.
  19. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Тие што ги познавам лично и носат 36ка на 20 и кусуро години имаат проблем со исхраната или се родени во 6 или 7ми месец не во 9ти или имаат проблеми со хипофизата од мали нозе биле ситни. Ако се вреѓаш за се што мислат луѓето сврши работа. На крајот на краиштата темата е за Арогантни продавачки, а твоето мислење нема врска со неа, очигледно се чувствуваш спротивно на тоа што го кажуваш штом толку бурно реагираш. Најстрашно е што и кога носев 40ка ми го велеа истото. Нешто не е во ред со луѓево. Генот ни е расипан.
     
  20. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Јас пред некој ден купувам на пазар. И реков ај едно кило патлиџани и си земам. И ко ми списка еден машки глас РЕД ПО РЕД, НЕМОЖЕ ТАКА мислиш на жена му се обраќа, се стресов. Разбирам јас правила и прописи, ама дерење по муштерии не. И само си се свртев и од другата тезга купив, и тоа три кила иако не ми требаа :$ (а чичкото на другата тезга ми вели земиси кое сакаш, одбери си)

    Инаку јас носам број 38 или маички М, но секогаш купувам поголеми, незнам зошто поудобно ми е така, не сакам облеката да е затегната на мене. И во една продавница се фатив за една кошулка 42. И продавачката ми вика, нема за тебе сите се големи, и викам ако дај ми да пробам, таа пак, ама слушаш сите се големи бре и не го мрда газот. И јас и викам јас не те прашав дали има за мене или нема или колку се големи, туку те замолив да ми дадеш да пробам. И штом им вратиш исто дрско подзакутуваат, па ај стана ми даде, па после и муабети ми прави.