Леле во една продавница за бижутерија имам 2-3 пати имам појдено и никогаш повеќе. Последниот пат, влегувам во продавницава и и викам здраво и не ми се ни опуле, не ми ни врати. И океј, разгледувам, ми требаше нешто за на свадба. Пред 2-3 дена имаше на излогот една ташна и ја прашувам за неа и кога ми се развика, да имаше пушка до неа во близина, ќе ме убиеше. И ништо не и реков само си заминав и тоа што ми беше во план да го купам го оставив. Глупача, сите муштерии ги испогуби со такво понашање.
Ехее, има такви случки да ги раскажувам 4 дена. Во продавница кај што има таква продавачка, јас само еднаш влегувам и друг пат куку и да ми е најблиска продавница, не одам во таа. Ако треба ќе изодам уште неколку метри и не влагам поиште таму.Ја нејзе промет ке и праам, а таа со мене така да се однесува, епа нема. Во маалската продавница отидов да купам чоколадо и му давам пари и беше некоја цена како 51ден и му давам точно и ми вика: -Ејј девојче, вакви денари поише не се важат .Најтрагично е што тој денар ми го вратија од истата продавница,како кусур,претходниот пат кога купував.И и викам вие ми го вративте сабајлето кога купив леб.И она:Како се осмелуваш да ме накривиш мене бла бла...И видов не видов и дадов друг денар коа се враќам дома и чоколадото со поминат рок ја пуштам сестра ми да го врати, не и го враќала дека не било купено од таа продавница сестра ми и рекла епа како кога сега сестра ми го купи а вие не и сте дале фискална.Виде и и го замена .По неколку месеци ја затворија продавницата од УЈП
Ме нервираат кога ке влезам во некој бутик и цело време ме следат,ништо неможам да погледам слободно од нив. Или пак оние кои ни "Добар ден,повелете" на знаат да кажат. Еднаш во маркет пазаревме и јас земав парфем шприцнав во капачето,зашто немаше ленти за тестирање,не шприцнав на мене .. и зад мене слушам продавачка: Девојко тоа не е за да се мирисаш ти! Ја погледнав само и го оставив парфемот,не и објаснував ништо.Глупача Пред некој вечер влеговме во продавница 15-20 мин пред да затворат и продавачката цело време не брзаше. Разбирам треба пазарот да се преброи ама за тоа се доволни 5 мин. Цело време : ајде побрзо треба ние да затвориме,да си отиде дома. Ке ве заклучам тука! Па таа платата ја зема да работи цела смена а не да си оди 10 минути порано секој ден.
Нешто што најмногу ме нервира во продавница е кога трчат по тебе како кучиња. Во вакви продавници политиката им е кој и да влезе да му продадат нешто. И да го немаат она што го тражиш упорно ти бутаат под нос работи кои не се ни блиску до тоа што го сакаш. И ти по сто пати повторуваш дека не ти одговараат. Една дури и ми тражеше слика од фустанот за да ми каже дека ќе ми одговараат сандалите што ми ги нудеше (а јас барав салонки, ама што е важно тоа) Исто, ме нервираат продавачки кои треба да ги гониш низ продавницата за да дознаеш цена или да ја почекаш да заврши со разговорот на телефон или со некој пријател кој излегол да шета па се сместил во продавницата како стручно жири. Во една продавница ми е кеф да влегувам. Продавачката секој пат ме пречекува со „Добар ден, повелете“. Ако тражам нешто конкретно одма ми помага и ми покажува. Ако и кажам дека само ќе разгледувам само ми кажува „Ако те интересира нешто прашај слободно“ и толку. Си разгледуваш, си коментираш на раат (ако си излегол со некој) без никој да ти виси над глава.
Дека кај нас сите работат мрзоволно - тоа е факт. Ама во странство да ги видите како се воспитани, сега ќе ви раскажам 2 случки и ќе бидам офф топик. Лани бев на одмор во Албанија- Валона. И сега секоја вечер во градот имаше како штандови се и сешто се продава. И со мајками ни текна да купиме парфеми за дома,оригинални на точење( може не скроз ама блиску до оригиналот). На штандот имаше една девојка луѓе девојката беше сон, ем убава ем воспитана,ем културна доста стабилно девојче. Јас сум многу мислителна девојка кога се работи за парфеми сакам да ми се допаѓа да го купам, а не да го купам а да има ужасен мирис. И добро си бирам јас едно 20 минути и девојката ми вика избери си 2 или повеќе кое сакаш ( ги немаше тие што ги барав) избери си внимателно, не брзај, јас ке ти помогнам. И јас и татко ми стоиме, и тато вика па ајде избери Бубо, не ги мачи девојчињата. И после дојде друга девојка, и ја си бирам 2те заедно ми помагаат и си избрав еден од Џенифер Лопез а др. незнам кој беше. И на заминување ми викаат со здравје да си ги користиш, да ни дојдеш пак, пријатно. И јас и викам девојче имаш многу убави очи ( јас кога ќе видам девојче со убави очи, ќе кажам имаш убави очи, а таа имаше мислам редок примерок на очи небесно плави). Втората случка исто така беше за парфем. Овој пат влегуваме во парфемирија и продавачот беше на возраст околу 40-50 години. Уште пред да влеземе тој беше станат, ни отвара врата влагаме ние и јас велам имате ли од тој и тој парфем, вика имаме повелете, ни наточи. Си разгледувавме со мајками, прашавме цена, многу беше фин човекот. И она што сакам да ви кажам дека нашите не се волни за работа. Им се смачува. Во албанија работат со став и се гордеат што работат нешто. Нашите попрво ви седеле и би зимале плата на празно. Прво и основно би било ако немаш домашно воспитание не би требало да се вработуваш. Јас додека бев и во кафиќ, колку сакаш си седиш никој не те брка. И со едно кафе да си, седиш. Многу се љубезни и фини.Имаат трпение и се желни да ти помогнат во Валона. А овдека тоа го немаш, ќе ти го спласнат јадењето пример само ладно а ти си платил за достојна храна. Ужас се нашите трговци и продавачи.
Пред некој ден влегувам во продавница и таму две продавачки муабетат меѓу себе. Мене не ме регистрираат. Ок, почекав така 2-3 минути и им велам може ли тоа и тоа, кога ми упатија еден поглед и двете , мислиш ги претепав таму. Дефинитивно не може секој да биде продавач.
Арогантни продавачки и продавачи.* Еве јас имам случка со арогантен продавач. Пред некој месец со татко ми бевме во продавница за спортска опрема, ако сте од Гевгелија сигурно знаете за која зборувам, во центарот е, спроти Житко. Се решивме да купиме два пара патики за мене, едните најк другите адидас, двата пара оригинал, што значи дека не се зборува за баш многу мала сума за плаќање. Чичево си влезе во задната соба, го почекавме некои 5 минути, и кога се врати со кутиите со патиките во нив, ја отвори едната кутија, извади една патика и ја стави на рафтот, а на нејзино место ја стави таа оштетената што беше за пробување. И татко ми многу нормално веднаш изреагира, а овој почна да се правда и да не прави слепи, демек не ја заменил . На татко ми му пукна филмот, му рече дека тој не е будала и го потсети дека не се единствена продавница во светот.
Такви ги има многу, посебно по маливе локални продавници... Ми текна на една дамнешна случка и дијалогот беше нешто сличен: - Добар ден, повелете? - Добар ден. Ја видовме (со другарка бев) кошулата на излог, па не интересираше колку чини? - XXX ден. - Ја имате тука некаде на закачалка да ја пробам? - Еве ја *ми подава L/XL големина*. Таа на излогот е помала, S/М ама можете и оваа да ја видите. - А ќе може да ја симнете таа од куклата затоа што оваа ќе ми биде голема. - Ако планирате да ја купите да ви ја извадам! Иначе немам време сега да соблекувам, па облекувам кукли!!! Си упативме еден поглед со другарката и изглеговме од бутикот. Подрско однесување од тоа здравје Кошулата ни пробана, ни видена, она сака да и ја купам. Да, ми се допаѓа и спремна сум да ја купам, но нели треба прво да видам дали ми е точна, како ми стои и ред други работи? Без коментар. Од тогаш немаме влезено во тој бутик ниту пак повторно ќе влеземе. А таа бедна, цел ден се моли и чека некој да и влезе во бутикот и да купи нешто, ни има за средување некои работи, значи буквално дреме - но немала време да ја соблече кошулата од куклата... Арогантност на највисоко ниво... Битно ја кошулата ја најдов во друг бутик, си ја пробав ко човек и ја купив по пониска цена од кај онаа "зафатената". WIN
Ми се има случено 1000 пати. Еднаш со една школска со која тогаш бевме блиски сега не сме и со еднод евојче од нејзиниот град таа го познавала бевме во еден бутик да разгледаме дуксер за роденденот на дечко и. И ја прашавме таа продавачката инаку надвор кафе си пиеше и ни вика "Ее имаме донесено убави модели ама спакувани се уште ме мрзи да ги отпакувам ај дојдете некој друг пат" Си мислам платата нема ли да те мрзи да ја извадиш од банка. И да не набројувам повеќе. Многу е важно продавачката како ќе се однесува. бев да си купам обетки за свадбата на братучедка ми сега скоро беше најдов едни според фустанчето ама сакав и на други места да разгледам може подобри ќе најдам ама женичката која продаваше беше толку фина и мила што требаше срце место камен да имам за да не купам. Влегов добар ден повелете и кажав дека барам обетки и каква боја ми покажа ми даде огледалче да ги пробам па многу убаво ти стојат и така натаму се по ред. И толку ми беше мила жената што ги купив тие ем не шетав по жешкото низ други продавници. Важно е како ќе се однесува продавачката сум имала случаи и кај што некоја само гледа да си заминам од продавницата. И ми вика ако мислиш да ја купиш купи ја ако не неможамд а ит покажувам сега. Мислам некултура.
Има една постара жена, всушност газдарицата е, но нема понашање жената. Разгледувам фустани, ниеден не ми се допадна и појдов да излезам, да одам во друг бутик. Оваа кога ми се раздра: -Ти не знаеш шо сакаш. Доаѓај ваму, сите ќе ти ги покажам, па да ми кажеш шо им фале. Таа ми ги покажа, јас искрено си кажав: -Јаа не сум жена за да носам такви фустани, а и да ги пробам ќе ми се големи. Во други бутици имам пробано некои од нив, и големи ми се. Не очекувајте дека тука ќе ми бидат таман. И си излегов. Ако не знаат да се однесуваат, особено газдите, нека си најдат некој кој е навистина фин и знае да услужи секого.
Леле таа од маалската продавница колку само ми оди на живци. Порано имаше нели шмек од Синалко и и го давам капачето, а таа не, ова не е тука купено, мора да одиш да си го подигнеш од таму кај што си го купила. Е жити се од кај виде дека не сум го купила од таа продавница? Да беше само таа продавачка ајде, а а има уште една. Можеби сум го купила бсш тогаш кога таа не била на смена. А и плус на шишето пишуваше дека може да се подигне од сите продажни места на Синалко. Друг пат одам и и носам исто шмек и ми вика а ова ти да не го напиша. Од кога јас почнав да пишувам компјутерски види ти? Трет пат одам и незнам што сакав да купам, а имаше доста муштерии и оваа почна да не брка. Вика ајде, ајде излегувајте морам да затворам, касно е. Наместо да си ги задржии муштериите, таа ги брка. Бог да чува. Четврт пат одам со мајка ми и наместо да не услужи таа почна да и прави муабет на мајка ми и да ја распрашува. Не задржа доста време, а и да не и кажевме што ни треба уште ќе не задржеше. Излегуваме на врата оваа уште збори, не враќа назад. Па и нема ли да бегаат муштериите од неа. Поради неа газдата ќе си нема промет. Што жена ќе беше.
Нашата маалска продавачка најбизарната од најбизарните.Навистина лоша,арогантна,строга и неуслужлива.И најлошо од се цела фамилија и работе таму,не даваат фскални се е поскапо,а има многу убави потребни производи.
Vistina e deka kaj nas ima mnogu arogantni prodavacki..do nekoj stepen mozam i da gi razberam poveketo rabotat za minimalna plata, nekoja ako zema 9000 + bonusi treba do nebo da se raduva...pravoproporcionalno so nevolnosta za rabota doaga i arogantnosta..Na Zapad kade sto sum momentalno platite se povisoki, sekoj si ja znae rabotata i kako treba da bide tretiran klientot. Eden pomaga musterijata da go najde toa sto treba , toj sto e na kasa obavezno veli dobar den /dobra vecer,prasuva kako e a tret gi pakuva proizvodite na musterijata. Ako se teski kesite mu pomaga da gi odnese do kola.. Mi se slucilo mal milion pati i mene da naidam na takov tip prodavacka i ne i vrakam , koja sum jas da i gi lecam kompleksite , neka si zivee vo zamisleniot svet Izvinete za latinicata od mobilen sum
Девојката што продава сладолед кај Мекиците од стража...е таа да ми се објасни. Продава најскапа лимонада на свет, и и е тешко добра вечер да каже. Повелете па ич...Вчера бев на раб да и кажам, извини, ама да не ти е тешко, да те сменам малце, оти многу тешка работ имаш...и ментано и психички,да не ги замори двата грама мозок...Ао не ти се работи, оди си. Има многу пофини девојчиња што за истата плата ке работат десет пати подобро.
додека сме кај арогантните продавачки да ви кажам што ми се случи вчера, со мајками баравме фустан за неа пошо денес сме на свадба. И јас се распрашував за една кошула цветна која стоеше на куклата на излог и последна била... и продавачката ми вика ќе ја купуваш или воопшто да не се малтретирам да луге даа баш со тие зборови ... и јас во ред нема потреба и во други бутици ја има нели?! фала што те изнамачив... и ми вика дада ја има но не по иста цена ... и мајками рече ајде ќе разгледаме па ќе се вратиме и заминавме значи никаква култура ... да ти се одмили пак во тој бутик да влезиш бе ....
Ми се случило неколку пати. Стварно е грозно, ми идело да им ги фрлам производите и да си заминам. Ако не ти е денот не значи дека треба да се муртиш и на сите да им го расипуваш.
Јас еднаш отидов во пошта, и се приближив до тој шалтерот па и побарав на вработената налог за да го пополнам. И таа претходно се караше со еден повозрасен човек затоа што тој не ја дослушнал убаво, а човекот можеби беше 80 години. И сеа јас ја земам уплатницата, ја пополнувам и ми вели: Еден денар кошта уплатницата онака ептен дрско, јас ја гледам и ми пукна филмот, и на повисок тон и реков, а ФИСКАЛНА СМЕТКА за налогов може ли да добијам, и таа онака ја смена бојата на лицето, а имаше зад мене цела редица, и само ми рече, дај ваму да ја уплатам (со израз на лицето: и изгуби ми се од пред очи). Ми ја уплати, и коа тргнав кон излезот, почна да јаде трици за мене....Ми идеше да ја изгазам таму пред сите...ај Бутик, ама ПОШТА ЧОВЕЧЕ?! Иначе во таа иста пошта работи и еден тежок сељак со флуросцентна маичка, и со сите се расправа, а да го видиш како на пикник да е, тешко сељачиште. Значи никаква култура, ред, поредок, воспитување, дрескод, љубезност...-верувам дека им е напорно со секакви луѓе, ама па на крајот на денот (зборувам за овие буџетариве) тоа им е работа, да трпат и да бидат љубезни, не земаат иста плата со продавачите/ките во бутиците.
Бевме сведоци некни на арогантен шофер. Патувавме некни кон Белград со Македонија Сообраќај и шоферот наместо да ѝ ја предаде обврската на кондуктерката да ги извести патниците да се подготват за пасошка контрола или барем да го соопшти тоа преку микрофон, тој почна да се дере „АЈДЕ АЈДЕ СИМНУВАЈТЕ СЕ АЈДЕ АЈДЕ!!!!„ како да се патниците некоја стока. Срамота! Можеше тоа да го каже пољубезно како што доликува на професионален превозник...