Сум налетала и јас на такви,и можам да кажам дури и ретко која се погодила љубезна да те натера да ти биде и мерак што ќе купиш од таа продавница.А јас бар секогаш сум им се обраќала културно љубезно и некоја кога ќе ми врати некој брз и груб одговор ми се повраќа или да ми издишува па ми има и превртено очи кога и побарав еден број поголеми фармерки,тоа е стварно катастрофа и да те изнервира на момент,за разлика на други места кај што сум била те пречекуваат со насмевка и се ќе направат да има повеќе муштерии и задоволни,па тоа им е работата
Ах арогантни, префинети и намќорести има еден куп, ама оние од euro azija се крај. Не можеш на раат да разгледаш, а влезеш од врата се лепат за тебе и ти висат над глава :evil:
Незнам зашо превише се нервирам коа ќе ми каже повелете. Ти и без да ми кажеш повелете ако имаш нешо убаво за купување јас ќе повелам. Она мисли дека ќе ми привлече внимание ако ми каже повелете. Па чекај малце јас на шопинг сум излегла и мислам на тоа не летам некаде.. Иначе последно нешто што интересно ми остана у памет е една млада продавачка во шанел мислам се вика тоа за обувки у гтц хахах девојкава паѓаше више од што беше уморна се глеаше ама онаква сите можни што ги побарав ми ги даде сите бои сите бројчиња се се и не напраи некоја фацка кисела! и за инат и купив иако на едно место видов нијанса поубави ! Преубав впечаток ми остаи Такви сакам да бидат а не некои . ок сваќам уморна си али од мене плата зимаш ма ееј! ххахаха! малце забегав али ај )
За жал во Скопјево сите се такви арогантни продавачките и јас еднаш налетав на таква малку фалеше да ја удрам од што неможев да се воздржам ама сепак срамота е подобро со збор да ја утепаш отколку со удар
Влегуваме во една продавница и се фаќаме одма за облеката да видиме што има, нели. И продавачката ни се врти и онака на косо не погледна и со еден ладен тон: "Што ви треба?" Жими се, сакав да и ја треснам една
Леле значи супер што ја има темава зошто бар овде можем бесов да го исфрлам Влегувам во продавница и имаше едно мн слатко фустанче и викам ова супер за матура и се решив да го пробам. И таа гуската ми доаѓа и ми вика:"Ќе го купуваш?" И јас велам не знам да видим како ми седи прво. И пази реакцијава, вика епа тогаш не може да го пробаш! Ако сакаш да го пробаш ќе си дојдеш со родител, ќе си облечеш градникот што си го планираш, кондурите, ќе си пробаш и ќе го земеш! Во шок останав!
Покрај арогантните не можам да ги замислам ниту оние кои веднаш ти се лепат и се само ти ''пикаат'' нешто под нос. Или пак оние кои со тенок и вештачки глас ти се обраќаат со ""злато, сонце, пиле"".Но сега знам во кои продавници продаваат такви па нив и ги одбегнувам. Така барем уживам во купувањето.
да да и кога ти се пикаат во соблекувална а ти сеуште не си го облечена си зимаат дозвола да ја тргаат завесата и само прашуваат проба? како ти стои?....мрш таму луди , болни и незнам више какви се
Ми се случило во Манго да влезам и онака јас си влегувам и си гледам една маичка и ја разгледував малку и ја оставив и после почнав да одам нанапред да гледам каиши (колани) а таа продавачката па цело време или е позади мене или пред мене и незгодно ми падна и онака ќе се видиме и двете и како ме гледа Божее и го пуштив каишот и си заминав сепак не е баш убаво така се однесуваат спрема тебе како да си крадец и ја па сум нашла од каде да крадам
Ауф..да во евроазија следат продавачките.стварно и јас приметив баш пред некој ден кога бев со другарка ми буквално идеа по нас ко да сме некои разбојници
Мене ме нервираат пак кога сакаат да се направат многу љубезни. Уште не сум влегла низ врата, таа „ Здраво срце, повели“ Ти стои над главата и за секое нешто коментира колку е убаво, па колку убаво ти стои. Газолижачи, само да купиш нешто и промет да им направиш.
Ауу јас во Бисер еднаш во една продавница горе на кат (не се сеќавам како се викаше)..Пробувам фустанче во соблекувална и го гледам скинато! Цело парче му беше откинато. Излегувам и и велам на продавачкава: Извинете, скинато ви е ова.. И таа кога почна да вика, да ми вели не беше скинато, ти сега го имаш скинато (а јас немав ни еден остар предмет на мене со што би го скинала што е најтрагично..а и да имав само ќе беше гребнатинка или скината црта, а не цело парче!) Мајка ми и жената на братучед ми беа со мене и јас си го слеков фустанот и излегов надвор, каде што чекаше братучед ми, бидејќи ако продолжев да се карам, се ќе резултираше со тепачка Прво убаво и се обратив и и реков дека ако се скинеше ќе кажев и ќе си го платев, а и ќе се слушнеше звук на распарување на материјалот, но таа почна да крева тензии. Тие внатре се караа и се убедуваа, мајка ми и викаше: Е ајде да те видам, тргај го да го скиниш, ако го скиниш ќе ти го платам (а беше некој глупав материјал и чинеше 700 денари) и таа глупавата го тргаше и се дереше и вреѓаше ко улава..И на крај тие си излегоа и таа излезе по нив и фати да се дери, тоа сите продавачки од другите продавници надвор да ти излезат И кога и се свртив и викам: Прво набавувај си квалитетна роба, второ фустанот беше скинат и тоа или ти го имаш скинато намерно или така го имаш набавено, бидејќи ова нема шанса да го има некој скинато и трето МА ГОНИ СЕ У П М исфрустрирано створење едно! Таа си продолжи да се дери, а ние си заминавме со кренати глави
не се сеќавам баш беше така дебелка, ама мислам дека беше шатирана.. Има нели еден бутик горе на кат за така посвечани фустани, мислам на П дека се викаше..Е таа беше во бутикот до него. До неа имаше едно бутиче на ќош поставено.
ау мислам дека знам ја си имав проблеми одма на 2ри спрат по скалите од напред коа ке се качиш, одма тој бутикот право 3 сестри го држат.... така црни се подебели ко шо памтам LOL,баш за матура коа барав фустан, влагам со мајка ми и видов еден, и викам да го пробам, ми вика не може да се проба ако не се купи бегај бе таму, на што личи тоа и таква арогантна никаква уффф... гарант ова девојчево кај неа било шо и кажала со родител, и со прслуци да дојде
тој бутикот кај шо влегов јас не беше тој свечаниот (ако во случајов погрешно ме разбра), туку тој до него
[/quote] тој бутикот кај шо влегов јас не беше тој свечаниот (ако во случајов погрешно ме разбра), туку тој до него [/quote]дада знам за кој збориш еден така малечок има до него... или е тој или тој одма од другата страна поголем е така абе општо земено се арогантни у бисер, само оној кај со е карши бижутеријана, нз како се вика, има едно женче старо ама мнг е фино хахаахаха другиве :n:
Еднаш си влегов во продавница во Неготино да си купам вода, поштено си чекав да ми дојде ред на каса. Одеднаш продавачката му се обраќа на господинот после мене „кажи комшија што ти треба“. Јас онака збунето и викам госпоѓо јас бев на ред, а она ми се развика како јас сум била на поминување и веќе немала да ме види, ако не сакам да чекам да заврши со редовните муштерии да сум си одела во друга продавница