Маалската продавачка е типичен пример за арогантно и некултурно створење! Срамота за нејзини години што ги има! Млада место да работи како што треба , таа намќор прав е!Ти превртува очи кога ќе идеш ко на вересија да зимаш! Продавачкиве се арогантни оти не им се работи така имам приметено. Да ги стават во конфекција да работат да видат што е мака а тие се жалат за едно добар ден што треба да ти речи, треба да те услужи и да си наплати. Ако не им се работи нека си дадат отказ, нека си седат дома или нека си бараат друга работа. Во поголем маркет никогаш не ми се случило да се однесуваат арогантно напротив се услужливи и љубезни. Ама се е до културата на човекот и желбата за работа која си ја има или нема, па ги мрзи да работат и така се понашаат за уште еднаш да не ти текне да им влезеш.
Кога и да влезам во една продавница во Рамстор,има една толку нељубезна повозрасна жена.Мислиш дека ако ја прашаш нешто за очи како да си ја фатил.Намрштена,арогантна,како да ти вика што мајка бараш да влегуваш.Па уште ако посакаш да ти покаже нешто,подобро не барај. Два три пати отидов да купам нешто,секој пат излегов со празни раце. Разбирам дека секој има лоши денови,ама до толку да си намуртен,не разбирам.Еднаш на телефон разговара и не ме ни удостои да праша за што сум влегла. До сега, освен овде не сум налетала на вакви неуслужливи продавачи.
Фаκт е деκа на повеќето пρодавачκи не им се ρаботи. Се забележува деκа ги мρзи да ρаботат. Не знам κаκо може да ги мρзи да κажат Добаρ ден/Здρаво и Повелете. Знам деκа ρаботат за мали плати, ама не тρеба заρади тоа да се однесуваат аρогантно спρема муштеρиите. Во денешно вρеме не можеш да биρаш ρабота и тρеба се потρудиш да си го задρжиш ρаботното место. Сеκогаш е добρедојден денаρ плус.
И јас имав скоро едно такво искуство, во една парфимерија во Веро Џамбо. Значи влагам да си купам некои шминки и разговорот се одвиваше вака: Јас - (барам насоки во кој дел се наоѓа она што ми треба) Здраво, ми требаат сенки за очи. Во овој дел десно можам да барам така? Продавачката - Девојче, сенки за очи постојат од сите брендови! - (Дрско ми одговара, со изразена нота на некоја си надмоќност во гласот, ете ти не се разбираш у шминки ама јас сум профи!) Јас - . (Ок, може не ми го разбрала прашањето) Не не, во ред е знам, само барав насока каде да барам. И ок, бирам сенки све тоа си ги држам во рака. И доаѓам до делот за веѓи. И стојат 2 производи, едното кутивче спакувано како сенки за очи, само што е за веѓи, а другово како мини римел, ама нели и тоа за веѓи. Во ред е знаеме сите. Ги земам двата производи и викам - Да ве прашам, ова кутивчево е повеќе како во прав, или повеќе како гел, пошто не можам убаво да видам, нема тестер а и не смеам да го отварам? Какво искуство имате вие? Продавачката - Значииии, тоа е за веѓи, а другото не е римел, туку исто е за веѓи. (Во овој момент сама си претпоставува дека немам појма, и дека мислам дека едното е сенка а другото римел) Лелеее зоврев, и во овој момент почнувам да бидам и јас дрска и викам ОК У РЕДУ Е, ЗНАМ ДЕКА Е ЗА ВЕЃИ, ВЕ ПРАШУВАМ ДАЛИ ЗНАЕТЕ НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА ПРОИЗВОДОТ! И она ми вика не би знаела да ти кажам. Земав тоа сенките платив, па со колешка и на смена се искикотеа демек скришно и гитла да ме нема. После 5мин, ги гледам низ Веро, со колешката заклучиле дуќан и со новчаниците во рака на пауза. Па јас имам работено во дуќан во Рамстор, не смееше да се деси клуч на врата и цела смена на пауза бре!!! Значи, не ја осудувам, може не сме се разбрале, ама ако не ме разбираш љубезно прашај или љубезно објасни. Ем не си ги знае производите што ги продава, ем нема техника на продажба да те убеди дека брендот е супер. На пример можеше да рече извинете нема тестер, ама гарантирам дека е супер или нешто слично. Или ако стварно си помисли дека немам појма, и покрај тоа што пред секој производ пишува за што е и која цена е, можеше малце покултурно да го изврти муабетот. Барем јас така би постапила. Не знам. Разбирам дека работат за плати мали, и дека цел ден се со луѓе, ама и јас работам со луѓе и јас земам мала плата и пак не сум со таков никаков тон во гласот и доза на надмоќност. Па побогу клиент е, ако треба на глава ќе стојам да ми направи промет.
Факт е дека повеќето маалски продавач/ки се мрзливи и дрски до немај каде, ама девојките што работат по парфимерии да ми се објаснат. Отворено зборувам за Космо дрогериите во Сити мол и трговски, мислам дека поневоспитани суштества од таму не сум видела. Прво на само влегување те гледаат попреку, ни добар ден ни ништо, појма си немаат да те услужат кај отсек парфеми. Мислам и јас читам дека парфемот е версаче, ти побарав една специфична нота што нема врска со понуденото. Второ јас разгледувам, таа застанала ме зјапа ко божем ќе земам да се шприцам а уста не отвара да се понуди за помош. Исто на сред работно време зема да се шминка со тестерите, што е правопропорционално причина зашто никогаш не можеш асално да пробаш нешто. Морам да додадам, ако веќе работиш во козметика, барем научи се да се шминкаш ако ништо друго просечно. Смачено ми е од портокалова пудра потемна 3 нијанси и разлеан кармин. Не остава добра слика на самиот бренд. Кај што јас лично оставам пари и ти преживуваш ради тоа, немаш апсолутно никакво право да се однесуваш како супериорно битие и да лечиш комплекси на муштерии. Јас разбирам дека се земаат мали плати, ама ништо не оправдува такво малограѓанско невоспитано однесување.
Jas vo evroazija bev taka ponizena na mene mestoto ne mi bilo ovde a gospogata prodavacka izleda neznaese oti jas gi znam gazdite i oti trebase da rabotam tamu no odbiv od moi togas licni pricini ne bev vo moznost da rabotam i mozev slobodno da ja naklevetam i da ostane bez rab no ne sakav oti ne e nisto poveke od mene obicna rabotnicka
Не знам, може е оф топик, ама морам да си пишам. Значииии на нерви ми одат продавачки во бутици кои на глава ми се качуваат да купам нешто што не сакам ни да го пробам. Абре девојче, јас ако сакам да купам некое парче облека од твојава продавница не ми требаш ти да ме замараш пола саат, и без тебе ќе си го купам. Ете така.
A od niv imam pazaruvano i nad 5000 den imam ostavano kaj niv no poveke ne nikogas ne stapnuvam vo vero sto e taa evroazija
Mnogupo usluzlivi se tie prodavacki sto rabotat vo peftini butici probas ako ti se dopadne nesto go kupuvas i gotovo
Во бутик веќе не ми се иде од што са досадни како пијавици по тебе идат аман остај ме да разгледам на раат,ќе земам нешто да пробам излагам да ме види тој што е со мене продавачката од таму се јавуа многу убаво ти стои по пет пати ќе каже,да и речам добро бе жено остај ме да размислам аман. А пак во маалската продавница не сака продавачката најлон да даде мора да и се каже па да даде па и напреку ќе те погледне,бог да чува најлон барам не барам кујзнае што.
Во многу продавници им е наложено од газдите на вработените кога ќе влезе муштерија да му се "залепат" и да му нудат да проба или друга алтернатива,битно да не излезат со празни раце. Па добро знаат ли они дека има тоа негативен фитбек ако сакам ќе купам ако не никој неможе да ме убеди!
Се сложувам со повеќето мислења, основно е "Здраво / Добар ден и повели" и "Ви благодарам / фала и Чао најпрво заради лична култура. НО, што правиме со некултурата на муштериите што секое парче кое го пробуваат го оставаат во соблекувалната.. на земја истуткано, развлечено, искинато, со бело прање / менструација... Кога обострано некултурата е на високо ниво. Страшно!
Лелее тоа залепување на продавачката на муштеријата цело време , и оди по неа цело време ТРЕБА ДА СЕ ЗАБРАНИ СО ЗАКОН !!!! значи понепријатно нешто од тоа што иде продавачката по мене цело време немат !! Еднаш помислив дан мислеа продавачките дека сум украла нешто што ми беа залепени ! Некои не можиш да ги прашаш што ти треба , други се лепат на тебе и ти кажуваат што ти треба
Тоа е таа професија што со себе повлекува понос и суета, тоа посебно достигнување во животот... Денес една во маркет ми вика „кеса сакаШ?“ И реков дека многу сакам. На друга ситуација не ми текнува. Толку би било моето целокупно искуство со величествените.
Значи Здраво и Добар Ден, насмевка на лице и културно однесување со странец кој дошол во локалот во кој ти работиш- е домашно воспитање. Неважно е колку плата земаш...
Задно што ми се деси беше од една 50 годишна жена која ми се обрати со тон дека ќе ми ја фрлела порачката затоа што не сум била во можност да ја земам порано. Дотичната мислам си направи антиреклама уште ми се закани дека ќе сум ја запознаела. Мислам алоууу тоа не е начин.
Не знаете што се крие во позадина. Можеби не име ден, можеби е болен некој,може има семејни проблеми, не е добро платена и сл... Не одете таму и готово. За жал се повеќе се вакви тмурни лица гледаме... Не само продавачки.
Колку пати неми било денот ми се плаче што се вика,од киретажа на работа отидов никој ништо неме примети. Имам еден многу јак кармин црвено бордо пред да влезам ќе си ставам и со смеење ќе почнам да работам. Карминот мие за позитива Имам колешки кои се страшно негативни и нељубезни и потрошувачите многу се жалат. Кога искачам од дома се што ми тежи си го оставам дома нема мене кој да ме трпи што не ми е денот. Јас моја колешка од друг маркет замалце ќе ја пријавев ама ај викам греота е. И поради неа во Рамстор експресот више не влагам убија човече каква појава.
исто... Така и ги поднесов најтешките денови, со темен бордо кармин што на некои не им се допаѓаше...