Има секакви и добри,кога не им е денот има и лоши Влагам во еден бутик во Бисер за фустани и почнав да разгледувам видов има муштери и викам ајде додека продавачката им покаже што има како има и мислам дека цел бутик го разгледав типката еднаш ме погледна не ми рече ни девојче извини секудна почекај ќе дојдам ја прашав само дали може да ми помогнете барам такво фустан она ми рече ете ти таму види си и реков само ок фала и си искочив од тогаш немам влезено во тој бутик нема ни да влезам! До овој бутик влегов во следниот иако жената имаше повеќе муштерики сите не услужи во исто време на мене ми даде неколку моделчиња на др жена и на сите што беа алал да и е После тоа јас пак ќе отидам во овој бутик.
Ја терате темата во погрешен правец. Не зборувате за болеста, зборувате за симптомот. Тотално бескорисно.
Требало со тоа што си го купила да влезеш во претходнот дуќан и да и го покажеш фустанот на продавачката. Па да видиш каква фаца ќе ти направеше. Нешто слично ми се случи во Сара Фешн. Влегувам таму, а внатре имаше само една муштерика - странкиња. Го барав тоа што ми треба и бидејќи не можев да го најдам, се свртев да ја прашам продавачката. Таа ја услужуваше другата муштерика. Неколку пати се вртам така, а таа упорно со муштериката. Очигледно мислеше дека таа ќе и направи поголем промет. Се изнервирав и си излегов. Таму нема шанси веќе да влезам.
Слична ситуација беше и јас помислив викам овие мушерикиве влегле заедно да гледат и си рекла продавачкава овие ќе ми направат промет повеќе ама како што сватив ни тие ништо не направија хахахах Не сум до толку идиот од човек да и отидам после таму не сум како нив тоа е лошото а треба да бидеме со ваков народ. Не гледат како пари ,а не како муштерии затоа имам одредени продавници каде што ќе влагам
Исто и јас. Нека сфатат дека треба да бидат услужливи со сите муштерии, а не само со поединци. А за ароганцијата да не правиме муабет. Очигледно е дека на некои не им се работи.
Oд продавачките очекувам само коректност. Не да го бацува подот по кој газам оти сум муштерија туку елементарна култура. На некои и тоа им е тешко и не е ич убава сликата. Свесна сум дека имаат 0 мотивација со оглед на тоа колку се платени. Кај мене одговорно тврдам дека вработените во услужните дејност, се дури и под минималецот. Земаат 12000 на сметка, а враќаат на рака пари. Јас за 9000 не би станала од кревет, а камоли да се смејам цел ден и мед и млеко да ми тече од уста. Ама пак од друга страна, кога самите не си го ценат трудот и свесно се имаат нафатено за таа пара и работа, муштериите се најмалце криви. Друг фактор, настрана платата, самата личност. Некои персони едноставно не се за работа со луѓе макар плати го и 30 000.
Колку што се они има и муштерии со какви не сум се сретнала Дошла од дома нервозна на мене почна да се истура како некоја ненормална Разбирам дека секогаш е муштеријата во право ама некогаш се претерува. Имам влезено во бутик незнам кој беше ама во Гтц и добар ден ја прашувам нешто она во телефонот се ѕвери и со прст ми покажува видов дека не ја интересира и си заминав. Океј нека седи на тел ама кога нема муштерии ама кога има е ств некултурно
Mi se ima sluceno i vo prodavnica, ama eve vcera bev da si gi zemam pasosot i doagam na shalter i i vikame dobar den jas i majka mi i taa se pravi deka ne ne gleda i posle 2 minuti diga glava i so aroganten ton vika "Shto?!"... stvarno vo takvi situaciii da ti dojde da ja utepas
Можеби платата на продавачките е мала, но тоа нема врска со арогантноста и немањето основна култура. Малата плата повлекува незадоволство, тага, безволност но никако тоа не треба да се одрази врз потенцијалниот купувач. Ако си лут, бесот исфрли го врз шефот или дај отказ. Сум сретнала многу фини продавачки а можеби и исто толку арогантни, а со иста плата. Значи не е до платата, до човекот е. Обично кога ќе ми се понаша продавач, не му правам промет. Па газдите имаат камери, ќе видат кој е крив за бегањето на купувачите. А има и безобразни купувачи. Една дојде во маркет во недела пред затворање и бараше сладолед па продавачката мораше да го отклучува фрижидерот, да го подига капакот, па да ги чека пола саат да одберат два сладоледи.
Нај безобразни и арогантни продавачки има во бутик ИВ Лептокарија. Толку се дрски, арогантни културно ќе те извреѓа и избрка од дуќанот ако не им се допаднеш како муштерија. Сите кој работат таму се такви многу има што се жалат од нив.
Па се приметува по профилот на истаграм какви се Им пишуваш во приватна порака за цена и дали е достапно тоа парче облека не ти враќат ,по некое време(15-30мин)стават видео некое или враќат после 3-4 дена епа не фала. И цените им се во плафон дигнати истите парчиња облека ги има и во др,бутици со нормални цени. Извини што те цитирав али кога ти го прочитав мислењето морав да надоврзам уште некои работи за нив. Незнам како успеват ваквите бутици со вакви вработени
Чудно дуќанот со години им работи, од секогаш имале такви продавачки како на кастинг да ги бирале која подрска и поарогантна ќе биде.
Е такви ама ми се одвратни Те гледат на криво од глава до пети и се прчат со тоа устите Одат по дуќанон како да е модна писта и косата у фаца ти ја бутат! Ако не си им на ниво те откачуват за секунда,ако не си облечена модерно по фустани и сукни одма во секунда ти викат НАЗОТ!
Кога некој работи со луѓе, треба да знае дека незадоволството или фрустрацијата од било што, треба да ја остави зад себе, а не да ја понесе на работното место. Никој не сака намуртени, безобразни и арогантни продавач(к)и. Сум пишувала колку е пријатно и колку е убаво кога наидуваме на насмеани и ведри продавачи, шалтерски работници, доктори, што и да е. Дури и кога некаде само телефонираме, сакаме љубезност а не дрскост. Пред некое време, се јавив кај ролетар и објаснувајќи што ми треба, жената ме прекина и ми се обрати со „бре“. И беше толку дрска, звучеше како да не и се работи, а само телефонски конткат имав со неа. Ми се згади, баш. Конкретно за продавачки и за такви случки, имам претходно напишано. Среќа па во последно време не сум налетала на такви. А ако во платата им е маката, има други работни места, не се купувачите должни нив да им се истураат. И позитивната и негативната енергија се ,,заразни“, лесно се пренесуваат од еден на друг.
Мене неми се верува така да викааат ама ај. Јас да речам на некој назад поубаво сама да си ја земам ташната и низ врата.