Јас сум многу фина продавачка Имало ситуации со нервозни муштерики ( женички )ама се зависи како ќе се поставиш.. она урла низ маркет јас одам по неа и зборувам полека, ќе ја прашам што сака па ајде заедно ќе најдеме па ова па она муабети па и правам смешки и така..еднаш ми се деси две женички доаѓаат и едната вика другата исто и додека зборев со едната еѕе ја другата ди мене и јас фино лепо одма на зезање ко што ме створил бог и си ги споив двете да си расправаат за кремите да си споделуваат искуства. После некое време и неколку сретнувања ме бараа на работа па уште и пофални зборови си добив во тетратката за впечатоци.. се чудеа колешкиве зш едната ја знаеја како еве ја оваа катилов иде, работев само 3 месеци они ја знаеле од претходно.. ете до пред да останам дома си доаѓаа па муабети па дрн дрн.. Една па друга опасна беше ама ја скротив па дури и банана ми купи ме изгушка хаххаха
Многу ме иритираат таквите, не им се работи, па коа ќе влезеш во дуќан, се однесуваат намќорски, за што побрзо да си излезеш. Не е во ред, во секој случај, природата на работата им е таква што бара љубезност и култура, а не ароганција.
Ако се неуслужливи или намќори обавезно се жалам кај претпоставениот па нека ги казни ако не им се работи нека дадат отказ а ако не нека работат како што треба.
Добро, не може да се насмеани 24/7. Нормално некад и намќор да си на работа, не може секогаш да ти е денот. Мене за продавачкиве по супермаркети искрено срце ми се кине коа ги гледам со какви будали си имаат работа и колку работа имаат, за толку ниска плата. Треба да имаш железни нерви за таква тортура секој ден. Општо работата не им се цени доволно за 200 евра плата и работа за празници. Па уште коа ќе им се стави некој паметен од типот ко "добро бе не можете малку побрзо, луѓе чекаат", ееее таквите да земеш со количка за пазарење да го прегазуваш доле на патос.
Има и такви кои пијат кафе во магацинот додека работи само една каса,а на ред чекаат 15 души. Па,уште и превртуваат очи кога некој ќе им рече да отворат уште една каса.
Да не несмеат кафе да пијат? А да јадат смеат? Знаеш ти како е од јадење да те кренат бидејки на некоја госпоѓа не и се чекало ред а тројца имало пред нејзе?
На пауза смеат. Ама,кога има 15-20 души да чекаат,мора да работат повеќе каси. Не е во ред една да се мачи на каса со 10+ души,додека 7 други седнале да пијат кафе.
Јас последно што гледам е изживување со продавачите. Последно во Рамстор,6 пати и враќаше кашкавал на сечење те подебело те потенки,ај реков зема поголема количина ,а тоа 300 гр, за толку кашкавал да малтретираш вработен да оди натаму наваму. Па една на коцкички бараше да и го сечкаат абе ајде,претеруваат и купувачите. Мене ми е жал искрено со какви искомплексирани глуперди имаат работа. Цепидлаки.
Девојче верувај дека повеќе од тебе знам дека има Јас тоа на коцкички неможам да го сватам па една се наљути зашто се изместиле коцките да не мислеше ќе и ги мазнам една до друга.
Знам што зборам,имам братучетка која е касиерка,а и јас и мајка ми добро стоиме со неколку касиерки. Сме слушале како кукаат и едни од други,не само од муштерии. Некаде се помалку,некаде се повеќе,ама немаат оправдание за во гужба. Некои се занесуваа,па добија преместување во друг маркет или 2-3 дена само да чистат и да редат роба.
Ок нека припаѓаат ама гужвата да се намали Јас еднаш кажав дека освен во КАМ маркет што се ужасни на друго место не сум видела не услужлив персонал.
Една во Кам не враќаше кусур ко што треба,па ја казнија да пече леб некое време. Секаде има некоја ужасна.Една во Веро дрско им велеше на некои што дале стари стотки дека не треба така,а она повеќе пати има вратено ко кусур стари,искинати пари.
За 12.600 не знам, продавачките сакате да се психолози, фини ко шанкерки у скапи клубови, толерантни концентрирани као хирурзи, слугинки можеби? Епа не може Најтешка е работата со муштерии очи во очи, а и да не заборавиме кој профил на личност денес работи ко продавачка обично - изнемоштени, луѓе што не се избавиле на време од тука, угнетени, пресиромашни, луѓе од најниската неиспишана класа во општествово, па тука се и студентарија, по некоја девојка што чека бугарски пасош па работи дури да излезе, као и постари госпоѓи кои веќе енергија не ги служи и целиот тој систем таму потрошувачки им делува толку тежок ама што да праат што пред пензија испаднале технолошки вишок или слично нешто!
Незнам каде живееш, но јас се повеќе сретнувам млади, образовани луѓе, кои работат како продавачи. И мислам дека најголемите поплаки се всушност за нив. Немаат трпение, почит и разбирање, ниту пак однесување, а сето тоа е затоа што знаат дека ако не работат во оваа продавница ќе се вработат во друга или ќе отидат некаде настрана и за три месеци ќе работат нешто на црно. Луѓето што ти ги опиша всушност се повеќе се вработени по конфекциите и се многу пољубезни, вредни и ќе истрпат се и секого само за да останат на местото за да си дочекаат пензија.
Нит сум пресиромашна нит сум изнемоштена,нит сум од најниска класа. А дали знаеш директорите,шефиците во маркетите што работеле претходно?