Пресиромашни жени работат како продавачки за 12.600 ден?! Стварно?! А оние побогатите, неизнемоштените, и од повисоката класа што работат?! Можеби медицински сестри за 15.000 ден
Ама стварно... Сум сретнала секакви и никакви продавачки, арогантни, дрски , некултурни и неуки, чиниш четврто одд немаат завршено. Ама исти такви луѓе сум сретнала и во просвета, во здравство, во судство. Со највисоки образованија и високи плати.. На некои све им е џабе!
Работев во аптека и од 1ви до 3ти во месецот имаше толку многу гужва што не стигнувавме да јадеме, буквално. Ми се јаде, ми се моча ама од каса не се тргам за да ве услужам вас неблагодарните. Пробај работи да видеш како е. И тоа за 12 000
Ако збориме за платата,јас зимам плата исто како блиска особа која работи во Министерство. Кога фаќам бонуси и ја надминувам Тоа значи дека и они се пресиромашна класа? Татко ми е пензиониран од државна институција но со бенифициран стаж на 55 години и не сакаше дима да седи,почна работа што нее чиста да оди со одело туку се враќаше од работа црн од глава до пети. Така облечен влегол телевизор да купи и продавачката му рекла еве за вас ќе ви понудам од овие,другите ќе ви бидат скапи. Татко ми и рекол девојче јас за скап дојдов фала многу пријатно. И ја пријавил без око да му трепне.
Па,ајде,две аптекарки можеби не можат да постигнат се,ама во маркет со присутни 5-8 вработени не е во ред една касиерка да работи,а другите да си седат иако љубезно се замолени да отворат бар уште една каса кога во маркет чекаат над 10 муштерии.
Аптекарките не продаваат? Какви поделби правите врска нема. Не е битна платата битен е карактерот, има и купувачи арогантни што ти влеваат пред да затвориш,ако веќе 15мин ти завршило работното време.
Во кој маркет една продавачка работи, а 7 си седат и те гледаат? Зар има такви газди овде, што плаќаат по плус 6 касиерки за така џабе да се шлаат низ маркет?! Чудно..
Во поголемите маркети секој си има свое место во маркетот. Дали на фрижидерот за сецкање, дали низ рафтови, дали на каса и секој си го работе она за кој е задолжен. Не може сите на каса да работат. До кај 10ти има гужва, ам првите 3 дена е најгусто. Не можеш каса да изброеш и сммена да предадеш од пациенти
Освен што истите тие вработени на многу места освен што треба да наплаќаат на каса и да им помагаат на муштериите со производите низ маркетот, треба и да примат роба, да ја средат документацијата за примената роба, а потоа и да ја наместат таа роба низ маркетот, а сета вишок роба да ја средат низ магацин и притоа магацинот да го стокмат цакум-пакум. Помеѓу ако стигнат да се измочаат, супер. Ако каснат, тоа ќе биде на нога и штрек чекајќи дофрлување од колегите за нешто што им треба. Вака е у ДМ барем. И на муштериите никогаш ништо не им е доволно добро.
--- Мислам дека треба платите да им бидат на ниво секако повисоки.... Но има една позната " Муштеријата е секогаш во право , дури и кога не е " ... така да толеранција(трпение) и љубезност треба и мора да постои , кон тие малкумина незгодни муштерии...
Не е така секаде.Не само на каса,ги тераат и роба да редат и да чистат.И шефовите/шефиците некогаш се приморани да застанат на каса и роба да редат. Некаде се стварно помалку,некаде се повеќе. Најдрски вработени има во Кам и Веро. Еве една ситуација. Кам маркет со 3 каси,внатре 8 вработени.Една жена на каса,а 14 муштерии. Седум души во магацинот си муабетат.Ајде,на една ѝ останале уште 15 минути од смена,ама се преморила,па седнала порано.Таа станува оти мора да оди дома,имала некоја ситуација.Ај,разбирливо. Двајца мажи роба ределе,па седнале да одморат.И тоа разбирливо. Двајца муштерии љубезно ѝ велат на касиерката девојче,ај викни колешка да отвори уште една каса,гледаш се насобравме.Таа ги вика,никој не станува.Муштериите викнаа погласно,ај не можеме да чекаме,отворете уште една да ни наплатите,па пак ќе си седнете. И една стана и рече,повелете на онаа каса.Не беше тешко. Во Веро... Огромна гужба,над 30 муштерии,работат само три каси иако во маркетот има повеќе каси и доволно персонал за да работат уште 2 каси. Почнаа луѓето да викаат,па тек тогаш ѝ текна на една шефица да им рече на другите вработени да отворат уште една или две.
Не смее да се потценува човек каква и работа да работи. Туку да се почитува. Не и уште им се дерат или се караат на каса со касиерки да побрзале.