Во местово каде што живеам има еден подобро снабден мини маркет и постојано таму одам. Има една нова продавачка што не кажува ни добар ден, ни пријатно, иако јас кажувам кога влегувам, ама ај си викам не замерувам за тоа. Врвот беше пред едно 5, 6 дена. Застанувам да купам нешто (беше 21 и 45 ч. а работат до 22:00) и само што влегов внатре таа со дрзок тон: девојче, затворам значи, побрзај ајде. И јас ваква Значи ме знае дека одам и сум правела по 500,600 денари промет секој втор ден, а таа да ми подвикнува. И јас и реков: ааа, ок, затворај си слободно и не сум девојче, туку жена. Оттогаш не сум влегла, ме изгубија како муштерика. Значи јас сфаќам дека требала да затвори и дека и е смачено до 10 навечер, ама мајку му стара кажи со убаво, a и не ти се виновни купувачите. Инаку другите продавачки во тој маркет се многу фини, ама поради оваа не стапнувам таму повеќе.
Па на неа мислиш многу и е гајле ,таа е вработена таму безразлика дали ти ќе дојдеш да и направиш промет или не таа ќе си земе иста плата.
Добро, и? Јас си кажав што имам, за тоа е темата. А дали и е гајле нејзе или не, многу па мене ми е гајле. Нека се расправа газдата со неа кога ќе увиди дека пола муштерии му ги нема зашто таа е голем намќор.
Иако се обидувам да ги разберам сите што ја работат оваа работа, и тврдам за себе дека сум стварно ок како муштерија, сепак максимално ги избегнувам продавниците од ваков тип. Секогаш пазарувам во супермаркети, самопослуги, истото важи и за гардероба. Не можам да поднесам вртење на очи ако не ми се допаѓа тоа што ми го понудила, да ми фрчи со носот ако не сум заинтересирана да купам. Сама си зимам шо ми се допаѓа, сама ќе си пробувам без некој да ми дише во врат.
Во маркетот кај што пазарам избркаа една вработена зашто постојано се расправаше со муштериите. И муштериите се безобразни. Мислат дека го фатиле Господ за м*да ако се муштерии. И да ти се развика без причина е во право. Ма немој. Ќе го отерам во пм па нека добијам отказ за тоа.
Баш завчера бевме во Feydom порачувавме мебел. Вработенава ја мрзеше што живее. Дури налутена ни одговори на неколку прашања, прашувавме за бои и штофови, баравме споредба на производи.. Цело време превртуваше очи и се однесуваше како едвај да чека да заминеме. Не гледаше попреку и не остави сами да си гледаме. Кога избравме, отидовме на каса, не ни го објасни начинот на плаќање, рече треба капар 3000. Ние и плативме и пред излегување читаме во договорот дека треба пред доставата целиот износ да го исплатиме. Таа иако беше виновна што тоа не ни го кажа претходно, збесна се развика и рече дај тоа тука. Ги искина документите, направи нови и го плативме целиот износ за да не мора повторно да одиме.. Крајно неубаво...
Па затоа ќе се пожалиш кај претпоставен па нека ја казни па следен пат ќе си подразмисли дали треба да лечи комплекси на купувачи.
Со оглед на платите што ги земаат, и да ме р'кне в лице, знам што е причината. - Луѓето треба да можат да живеат човечки.
Има една таква во моја близина. Секогаш ја заобиколувам таа продавница и по цена да треба да си платам повеќе во супермаркет или ако треба да попешачам до следниот маркет. Едноставно не ми се влегува таму, едвај те поздравува, а ни случајно да ја замолиш да побара нешто што не е на дофат низ продавницата. Сфаќам дека секому може да му се случи лош ден ама ова не е еднаш. Секојпат е.
Е баш и не е така. Ми е гајле мене колку плата ќе земе таа, проблемите за тоа нека си ги решава со претпоставениот. Јас сум тука да купам и ако ми одговара производот/услугата ќе си платам и чао пријатно, тас 2 дена ско сака нека ѓи превртува очи. Крај краева, ако не сме ние купувачите, таа нема ни да работи таму, бидејќи нема да можат да ја плаќаат. На некој начин зависат од нас купувачите, плус и ако зема процент од продажба.. Ама не на секој вработен му е јасно тоа..
Ич да не ти е гајле, тебе ти било тоа должност, а може они од незгодно така рекле. Не верувам дека им било сеедно. А, и да мислеле дека е ненамерно, еден ќе се пожали, втор, па трет... не верувам дека нема со тек на време да сфатат каква личност вработиле.
Во А1 салоните како крави да работат, а не девојки. Понељубезни створења нема. Поготово во оној А1 во Веро во Тафталиџе и во Лептокарија.