разбирам дека сакаат да се културни и се,ама има некои без усул.те следи,те прашува,она ти советува(а врска нема)...најубаво ми е во поголемите бутици,ко на пример манго,нити некој ме прашува,нити ми нуди ни ништо.ако имам потреба јас ќе прашам и готово.со мерак да си разгледуваш
колку мразам такви продавачки да не можеш да пробаш од нив или не ти прават муабет или те убедуваат дека пачето облека е убаво а ти веќе си и кажала дека тоа не ти се свиѓа ама овие во еуроариза се врв дефинитивно идат по тебе ко некои загари и +тоа те убедуваат дека убаво ти стои и дека сите тоа го купуваат и ако и кажеш дека не ти се свиѓа се мршти ко божем сум и брцнала у око или сум и дала кисело да јаде неам влезено таму неколку години а не ни планирам да влезам секоја чест на љубезните продавачки кои во последно време се чиста реткост.
Имав баш ваква случка пред некој ден, само не во продавница туку во менувачница. Отидовме со другарка да смени денари во фунти,затоа што и требаа за на пат, и девојката што работеше таму ни рече немам фунти и ние ја прашавме зошто нема а пишува дека менуваат и таа почна да ни вика дека ако не сакала нема да ни даде и дека кога нема нема.. неможела да ги роди каков простотилак.. ужас.. повеќе таму не влегувам.
ехх примери со цел кеф си купив корсет со подвезици , прво не бев услужена морав да почекам да се докараат и јако изнавреѓаат продавачките меѓу себе , навреди од типот ејјј бре нина па глува ли си девојчево седи тука пола саат те чека да завршиш со нуждата па да и кажеш колку е корсетот ќе може ли побргу неспособна една ?! се се чека на мене упм ајјдее што се задрпжа пи*кати мајчина шо праиш внатре га*от смр*ен дојси го ваму јас и понатаму со излитена насмевка трпеливо чекам , неможев да си одам многу го сакав и конечно го купив си одам дома гледам .. една подвезица фали се враќам најљубезно ја молам да ми даде друга и ми вели ах сега и ти , како цреша на шлагот си ..и ја нема и сега што , ај да земеме да плачеме јас шокирана збунето гледам ми вели ајде сега затварам , уствари пауза е , ама и тебе пак што ти е гајле ајде заминувај купи си се продаваат на парче не досадувај .. толку , си отидов колку за информација јас веројатно им бев прв и последен муштерија откако постојат, во дуќанот нема НИШТО едниственото што им чинеше го купив јас а и тоа е за никаде.. и да на моменти ми идеа невкусни мисли , слики кај што ја давам со жица од телефон но си викам relax , take it easy..
Арогантна продавачка во Охрид пред 2 години...ме гледаше како да и крадам, а не како да сум дошла да и направам промет. На крај со полна корпа, она нешто ми промрче, јас и ја оставив корпата на каса и и викам : Луѓе плачат за работно место, со оваа фаца да одиш да си седиш дома!!!!
има такви и тие изгледа не ја знаат онаа реченица од економски ЗАДОВОЛНИОТ КУПУВАЧ СЕКОГАШ СЕ ВРАЌА ВО ИСТАТА ПРОДАВНИЦА.
ми се има случено вакво нешто со една другарка бевме во еден бутик за фустанчиња и јас погледнав едно ама тоа не беше изложено и го дигнав да го видам ( беше здиплено) и таа продавачката ми вика : момичко не фаќај таму! сите ти се изложени! и јас си станав и си отидов .. дебилче
Мене еднаш што ми се деси во Бугарија. Искочив да си купам некои работи, и така со 5 кеси со мене влегувам во една продавница, пробував што пробував, и викам ќе ја земам маицава, другиве работи не. И таа ми вика, ај сега извади од кесите што стави внатре!!! леле , од што ме запрепасти не знаев што да кажам.Нешто што најмногу мразам е да краде некој, а не па да го направам тоа. И викам како не ти срам да кажеш тоа, и земав и извадив све од сите кеси, ми се извинуваше пола сат, ама џабе, ме направи да се чувствувам многу ниско.Ужас.
моево е за келнер. хаха коа ке ми текне. Во охрид во кафич ми носи кока кола. И му викам - извини, може и мраз да ми донесеш? И келнеров - Епа што ке ти е мраз ладна е кока колата. услуга на ниво стварно
Еднаш ми се случи да отидам во бутик со намера да си купам фармерки. Бев со другарка ми и двете разгледувавме. Таа продавачката не знам дали беше ненаспана, или сеуште неотрезнета, ама за се што јас ќе побарав - она ми викаше дека немало број. Дури не ни ја креваше главата за да види за кои фармерки станува збор, туку само ми викаше: Нема, нема број. Жал ми беше што многу пари имав оставено во тој бутик затоа што им бев редовна муштерика, ама веќе од тогаш немам влезено!
Во Специјал во Кисела Вода ми се смачи од исфрустрираната продавачка, веќе година дена не купувам ништо од таму. Имаше многу гужва и сите уредно си чекаа на ред, додека ми стигне редот се мислев што да купам и доаѓам на ред и ја прашувам со што се овие крофни а таа почнува да ми ги пакува и викам СО ШТО СЕ?! и ми кажува и и викам епа несакам од тие дајте ми од овие и ми вика за тука или за носење и и викам за тука, ми упати убиствен поглед и ми ги спакува практично ме избрка у стил ај еве ти ги носи се неможе да седиш тука, седнав за инает , додека седев еден дедо ја прашуваше дали е тазе бурекот, дали е топол т.е. она му вика да и му го пакува дедово го допира буреков преку кесата дека не е топол и и го врати и ја извреѓа дека е накултурна и дека лаже, ја посрамоти пред сите и си отиде без да им купи нешто ми се одмили јадењето во Специјал!!! Има едно бутикче карши Јосип Броз, жената што работи е стварно културна и расположена и само дава коментари, пред се ми делува искрено а ова не ти стои на пробај го ова, и ќе ти даде да пробаш 1000 работи и само си прави пресметки ова е волку, ќе ти го дадам за толку, ако земеш три ќе ти дадам попуст волку.... ми се допаѓа таа жена и сум и редовен муштерија
Баш пред некој ден , сабајлечки отидов со мајка ми до влае да земе плата и да ми купи нешто . Дур чекаше нешто отидов да земам до продавница палома и вода , жешко беше . Во продавницата немаше скоро ништо , од водата само 2 шишиња имаше и и викам палома една и ми вика ене онде . И идам онде и пред мене лом , хаос .. влажни марамици , паломи , салфети и викам не гледам , и оваа вика доле девојче , пред тебе девојче И викам уств нема тие со мирис што се , не фала и вика леле леле со мирис сакала . Викам ај чао . Не дека сакав со мирис ама ме изнервира и не сакав да и ја земам паломата .
одам преска со една другарка,сакав да влезам во една продавница за чевли во гтц.и гледам продавачката излегува заклучува врата,викам ќе може ли да разгледаме,ми вика аа дојдете за 5мин треба кафе да си земам може и се вратив после на враќање дома,кај буњаковец една парфимерија,влегуваме да си купиме лак,не разгледувавме ни 15секунди,таа ни вика,девојчиња ај ако купувате купувајте,јас сакам да затворам.а само што си најдов боите што сакам и тоа три,ама сега од друго место ќе си ги купам. место да молам да им влезеш и да се љубезни,они ќе те бркаат.затоа и никој нема да им купува
Како што забележувам секоја трета е во град таква. Влегувам еднаш во продавница за штикли(добро,може и делувам на мало дете во ликот,ама не сум мала за штикли мислам, 16 години имам мааајката ) и влегуваме со другарками разгледуваме, и јас и викам на продавачката ќе може ли од тие црните штикли тој и тој број. и оваа само ме погледна, за тебе? и ја викам да за мене, и ми вика Девојче ти да не си мала за штикли? Што и е неа гајле?! и ја само Ако сакам ќе си ги земам. И ми дава број ги облакам и после 10 минути (бидејќи штиклите беа скапи,а ако и купиш уште подобро) аа девојче убаво ти стојат, баш убаво ти стојат (и 5 минути ми ласкаше) и јас ги соблекувам и и викам извинете, мала бев за штикли. И чао,пријатно!
Пред некој ден отидов во центар да си купам чизми. Разгледував што разгледував во една продавница, а едната продавачка - како да не постојам. А гужва беше... Хаос. И викам: „извинете има од овие чизми бр. 39?“ и она ме погледна онака како да сум ја прашала дали убила човек и вика „НЕМА!“... божееее.. ако толку не им се работи не мора така да се однесуваат кон муштериите...Продолжив да разгледувам и ОП! - на излогот истите чизми бр. 39! ... се изнервирав и излегов од таа продавница... по неколку минути повторно се вратив, ама овој пат со мајка ми и она сакала да разгледа што има И се допаднаа едни чизми и сеа да ги купи - продавачкава и вика 1600. Мама дава пари и продавачкава ги зема и си пишува таму нешто во тефтерот. Мама чекаше сметка, а продавачкава се правеше дека не ја слушна дека побара сметка и после: „Леле извинете, чизмиве биле 1500“ (тоа откако виде дека мора да и даде сметка).... Пх.. сто од нас, сто од некој друг.... ќе си напраи профит за еден ден она!
Во Бисер во продавница за долна облека... Разгледувам јас танга гаќички и незапрашана продавачката ми мава еден висок тон - Девојко, нема за тебе број! Сакав да речам - а кој те запраша тебе, може разгледувам за подарок или чисто од ќејф. Ги оставив и си излегов. Теткиците во Тинекс се врв на услужливоста Не знам како ги бирале, веројатно компјутерски, тоа е феномен - сите до една да се толку нервозни, некултурни и исфрустрирани. Желудникот ми се превртува кога во толкав супер маркет ќе ми се сврте на каса и крвнички ќе ми забоде поглед - дај ситно! Добро бре, цел ден работите, како може ситно да се нема? Од друга страна, секоја чест за тие во Веро. Јас не сум налетала на ниту една некултурна продавачка. Ако имаш вишок производ на каса, го земаат и го враќаат, те упатуваат кај има, што има, услужливи и воспитани. Затоа и најчесто си пазарувам од таму.
Во една продавница за спортска опрема забележав интересни чизмички и влегов. Прашувам: Колку се? Ми вели 8000 и нешто. Јас велам добро, фала многу, пријатно. И човекот ми вели: Девојко ова е Риплеј, многу јака фирма. Е многу се изнервирав право да ви кажам. Типот го знае татко ми и знае дека тој работи физичка работа и не е платен, и коментаров му беше во смисла демек шо знаеш ти, што прашуваш за вакви чизми. ГЛУПАК! Уште еднаш не влегов во продавницата. СЕЉАК!
Бев во продавница близу мојот дом и имаше нова продавачка вработено. Дојдов на каса и ми вика имаш ситно. И јас и викам немам ништо ( а имав само 500 денари ). И таа направи некоја фаца кисела и ми ги фрли буквално парите на касата. Еднаш бевме во еден маркет со една другарка ( бевме помали ) и другарка ми сакаше мастики орбит зелени. И оваа вика нема и и стави едни мастики од 2 денари во кесата без да ја праша. И оваа вика: Ама нејкам од тие мастики..и оваа почна да вика : кога нема земи други!!! но комент