Само поради тоа што не сте платени да го вратите стварчето на место, не значи дека треба да го фрлате кај ќе стигнете после некој кога ќе побара број да го бараме низ цел реон. Исто така не треба да значи дека треба цела маса да ја растурите за 1 минута а предтоа некој се мачел пола саат - саат да ја намести и трудот да му падне во вода само ради тоа што вие "не сте платени да диплите". Никој не ви бара коцка туку да не растурате. Рачунај дека како тебе се 95% од муштериите па иако скоро цел ден се дипли 7 саати трчаме ка спобудалени зошто до крај на смената две-три вработени треба да го направат реонот цакум-пакум среден за следниот ден. А замисли колку е тешко кога трудот ти паѓа во вода на секои 5 минути ради таквите како тебе. Не е одлука на вработените дали цела роба ќе биде на закачалки или не, ниту некој не прашал кај треба да бидат, ниту пак на вас муштериите ви е изговoр да го ломосате цел дуќан. И бтв, работам во дуќан каде бебешката роба е цела на закачалки, без ниедна маса и ниедно стварче не е вратено таму кај што било, и таму најчесто е пола роба на земја. Таму кај што работам има каде да се остави пробана роба, и никој до сега не ја искористил да бидам искрена со тебе. Гардеробите се фул со пробана роба фрлена во ќош на земја оставена превртена како што е соблечена. Тоа што НЕ МОРАШ да го вратиш сварчето на место зошто не си платен не значи и ДЕКА НЕ ТРЕБАШ. Прашање е очигледно до култура и васпитање, како и емпатија и свест. Ако гледаме така никој не мора ништо да направи, не мора да биде decent human being, па затоа и не има различни на светов. Луѓе и нелуѓе. Сеа, каков изговор имаш да си *кхм*?
Поради тебе и таквите ко тебе никогаш не би била продавачка, зашто се замислувате дека сте богови, а продавачите ги третирате како ваши слуги. А многу од тие продавачи за жал се со завршен факултет и вредат многу повеќе од тебе и од таквите ко тебе невоспитани. Оди така дома да растураш, па мајка ти нека трча цел ден по тебе зашто тоа и е работа.
Јас секогаш ја диплам облеката после пробување, користење итн. Всушност, многу често се случува да ми пристапат други „купувачи“ и да мислат дека јас сум продавачот. Се сеќавам една „тетка“ рече: “многу сте вешт во диплењето, мислев дека работите тука!“. Тоа докажува дека луѓето не се навикнати да се занимаваат со облеката откако ќе „си завршат“ работа, по принципот, “што ми е гајле? тоа не е моја работа?!“, Не е твоја работа, да, ама е работа на сите нас, затоа што И ТИ можеш да бидеш следниот купувач ПРЕД кој јас сум оставил неред, а продавачот не стигнал да го среди (бил презафатен со нешто друго!) Од друга страна, многу често, исто така, се случувало продавачи/чки во разни продавници да ме третираат како „потенцијален“ крадец, сомничаво да ме следат, дури и да се расправаат со мене крајно некултурно, да бидам осуден без да сум виновен („Што ви е тоа во раката?“, “Зошто не одите на оваа, а не на онаа каса?“, “Дај да ви го видам ранецот/торбата?“). Во крајна линија, може да бидат многу подискретни и пољубезни. Љубезноста никому не му штети ниту пак бара премногу труд. Тука не помагаат сите камери на светот, никакво обезбедување, кога сите би биле повеќе љубезни и покултурни, и продавачи и купувачи, на сите би им било ПОЛЕСНО. Ние ја ПРАВИМЕ сите ЗАЕДНО ТАА КУЛТУРА на однесување!
Точно е дека не сме платени да ја средуваме облеката, но тоа не значи дека треба да растураме. Со тоа што ќе ја здиплиме или вратиме на закачалка покажуваме колку сме културни пред сè. Мене многупати ми се случило да не можам да го најдам тоа што го барам заради несреденоста. Диплев за да можам полесно да најдам. Не можат продавачите да ги направат сите работи. Никој не може да се снајде во хаос. И тие се луѓе. Дека има продавачи без култура, има. И тоа многу ги има. Ама и некултурните муштерии се во голем број.
Тоа што има арогантни продавачки не им дава право на муштериите да ги фрлаат алиштата или други ствари на земја. Пред некој ден во Веро,една девојка што беше по мене на ред на каса не ги извади производите од корпата,туку само ја тупна корпата на касата.Си буљаше во телефон. Касиерката културно ѝ рече да ги извади производите од корпата и корпата да ја спушти доле.Девојката не реагираше,па касиерката пак ѝ рече.Девојката пак не реагираше.Дури на 3-от пат ја испразни и спушти корпата. Па,уште како ја погледна... Многу тешко било да се стави корпа доле демек. Многу пати во бутици гледав фрлени алишта на земја или лошо ставени и тоа кај што не треба,а во маркети пак неколку пакувања влошки и влажни марамици на земја или ставени на погрешно место.Исто и други производи. Ги враќам на место.Уредно ги враќам и стварите кои ги разгледувам. Не е тешко да се врати производ на место.
Не, воопшто не мислев на тоа кога го реков тоа. Муабетот ми беше дека некој и покрај тоа што завршил факултет, не успеал да се вработи по струка па морал да работи и во продавница и да се соочува и да трпи такви невоспитани и неемпатични муштерии. Додека тие што се со средно, не велам дека вредат помалку, туку со средно немаат избор за работа, на некој начин приморани се да работат во продавница или нешто слично и да трпат за жал такви муштерии. Ама некои муштерии немаат ни трошка емпатија, ги третираат продавачите како нешто најдолно и безвредно, како да се прости и необразувани па мора да трпат иживување од муштериите.
Искрено не се сеќавам да сум имала некоја посебна средба со арогантни продавачи/ки. Некогаш(често) проблемот е во муштериите.
Јас пак мислев дека правило е да вратиш облека од каде што си зел, да внимаваш да не растураш и да средиш тоа што си растурил. Не ми кажал никој до сега, едноставно тоа си е култура. Само еднаш знам во еден бутик јас кога упорно сакав да ги средам алиштата а другарка ми не можеше да ме убеди дека има задолжено жена за да ги зема алиштата од пресоблекувалната. И тогаш се расправавме и на крај пак земав и помогнав на жената. Едноставно не можеа да ми докажат ниту другарка ми ниту жената. Дете од село, јебига.
Така е. Кај мене пола се со факултет, има една од професорка-продавачка е сега. Сама вика од штикли на прашини тука. Има правници,уметници, психолози и педагози, економисти,меѓу кои и јас,студент ама не е важно тоа, не заслужува никој таков однос каков што добиваме. Мене само неколку пати пробале да ме понижат а и сите такво искуство имале до сега, а нивната моќ е само што сме на работно место и не ни е дозволено да им вратиме, на навреди мора да се насмевнеме, па за едни алишта да пазат. Такви де луѓето тоа е суровата реалност и нема што да се прави освен да се трпи или да се даде отказ, а. скоро сите фамилија гледаат и не можат да си дозволат отказ, па трпат. А и сегде како продавач исто е.
What? Корпата затоа служи, да ја ставиш на лента, сите производи да се на купче за да може и тој позади тебе да има место да стави корпа. На продавачката и е сеедно дали производот го зема од лента или од корпа. Муштерии кои вадат ствари од корпа ај што фаќаат дупло место и муштеријата позади нив треба да цупка со корпата (често тешка).
Не сакам по мене да се влечат продавачки и да ми дишат во врат. Нека има аларми на сите производи, камери насекаде итн. Ако сакам да најдам нешто ќе прашам. Јас секогаш знам што барам и многу ретко пробувам во гардероба, а да не го купам. Секогаш си ја знам величината и си наоѓам без да растурам по овие големите како Ваикики, Теранова, Њу Јоркер итн. Не оставам таму на куп, па може некоја величина ја бара некој друг, а ќе немаат време да ја вратат назад. Знам како е нешто кога сакаш, а нема величина. Во маркет нема потреба да се вадат производите од мала корпа, затоа и е таа да се знае што е мое. Ова најдобро е решено во Кам, од една корпа во друга, наплати и тргни се настрана и ставај си во кеса. Ама тоа што немаат време и не можат да постигнат некои касиерки и сакаат се да им е сервирано. Мразам само кога касиерката ми ги фрла производите како да ми ги дава без пари, а од муштериите кога дремат и не си ставаат во кеса, после куп па чекај ги да соберат.
До сега немам сретнато арогантна продавачка. Можеби 3-4 пати во животов. Секогаш гледам како "муштерија" или "купувач" да сум пристојна, можеви и до тоа е.
Да, за да ја остави следниот муштерија корпата со производи внатре дури корпата на моменталниот муштерија е на лента. На продавачката апсолутно никаква разлика не и прави дали зема производи од лента или од корпа. На муштериите им прави, многупати сум морала да држам тешка корпа во раце бидејќи тој пред мене губи време на преместување производи од корпа на лента (од шупље у празно) и така ја фаќа целата лента.
Одамна имаше во повеќето маркети испринтано на лист дека корпите треба да се оставаат на назначеното место.И до ден денес повеќето вработени им кажуваат на муштериите да ја остават корпата на назначеното место.Дозволуваат корпата да се стави на каса само ако муштерија има преполна корпа,а зад него чекаат повеќе од едно лице,за побрзо да ја испразнат корпата и да наплатат или ако се толерантни. Со причина ставаат и граничник меѓу производите,за да не се мешаат.Ако гледаш граничник на страна,а не е ставен на каса,речи ѝ на касиерката да го стави. А и да нема граничник,производите нема да се измешаат ако се уредно ставени на каса.Некои производи може да се стават еден врз друг. Тоа што некоја касиерка не му рекла ништо на муштерија што ја ставил корпата на каса,не значи дека муштеријата треба да го прави тоа. И не е ни во ред да му/ѝ додаваш работа на касиер/ка,особено кога тој/таа пред тебе имал/а повеќе муштерии.
Ама која работа му ја додаваш? Немој да мислиш дека се расправам, најискрено ме интересира. Како тоа им олеснуваш на продавачие ако ги извадиш производите од корпа? Ни временски има разлика, ни физичка работа им олеснуваш. Единствено што гледам е непрактичност.
Претпоставувам дека баш и за практичност се работи. Наредени на лента производите побрзо ќе ги искуца и наплати, отколку да буричка и лови производи низ корпата во седната позиција. Освен тоа додека реди корпа по корпа, може да работи со следен купувач. Мислам чисто претпоставки се ова, ама чим има назначено со листови известувања за тоа, сигурно не е одлука на продавачките. Нив и онака никој не ги рецка. Така одлучило раководството, повторно под претпоставка дека така ќе им се забрза услугата. Исто како што ептен, ама ептен мразам кога се влечат по мене продавачки во бутици, ги разбирам дека им е така речено. Ни нив не им е мерак тоа да го прават и свесни се дека ствара контра-ефект кај купувачите, ама ни нив никој не ги прашува.