Повторно не зборуваш за истата ситуација, не знам зашто, ваљда за да постигнеш ефект на драма. Јас лично никад не планирам да тужам за нешто што има везе со погрешно вратен кусур, поминат рок, лоша роба, још мање поради тоа што некој не ми рекол здраво, чао, фала. Си има услови за замена и секогаш има прилика ситуацијата да се реши мирно. И се надевам дека вака борбено настапуваш во сите ситуации, не само кај оние кои се послаби од тебе.
Davaat pokloni za da smirat situacija, stvarno naivno e da mislite deka mislenjeto na musterijata ne e bitno posto bile golemi lanci, jas ednas vo KFC na Malta cekav predolgo za eden obrok a 7 lica rabotaat na kasa i bas se iznervirav i mu kazav na menadzerot i sto pati mi se izvini i mi dade kuponi gratis za uste dva obroka.
Чекај зашто упорно се враќаш таму кај што те крадат и вреѓаат? Овие драми со тужби и рокови и кусури све у Џамбо се дешаваат?
И ако имаш толку горко искуство со Џамбо, зошто повторно одиш таму? Јас имав лошо искуство со друга продавница, после толку години, не стапнав уште таму. Но, не се расправав со продавачките, туку фино лепо си пријавив во пазарна инспекција. Бидејќи бев во право, законот мене ме штитеше. За вработените во Џамбо немам никакво мислење, бидејќи до сега не сум имала никаков проблем, си ја вршат својата работа и тоа е тоа. Но, секогаш вистината има две страни. Очигледно имаш нешто против нив и секое мало отскокнување од твоето расположение го демонстрираш со револт за банална работа. Ко на пример што побарале пари да доплатиш. Стварно страмота, нема што.
Уф кај ја отворив темава пак ми се крена коса Лани у ДМ направија таква будала и лопов од мене што дали 2 пати им имам влезено во маркетот од тогаш. Со овој памет сега да ми се десеше истото, маркетот у ваздух ќе го кренев.
Оставате производи на каса и ќерка ти и дава кеш на касиерката, таа гледа дека недостигаат пари и ви го посочува тоа, ти и глумиш лудило продолжуваш да си разговараш со ќерка ти колку си "воодушевена" и не и одговораш на касиерката, а таа кога веќе не може со тебе да воспостави контакт и се обраќа на ќерка ти а покрај цела твоја дрскост на крај тебе и тоа ти засметало, а си можела наједноставно да и кажеш дека знаеш дека недостигаат пари и дека ќе доплатиш со картичка. Пак ќе се повторам не е глупава касиерката.
Да де, ама исто така нема потреба упорно да се прават драми таму кај што ги нема за да се добиваат поклони. Секаква ситуација може да се случи, и мрзлив вработен, и лош ден, и многу гужва, и грешка. Што работите вие ме интересира, дали сте волку строги во вашата професија и дали вака строго постапувате со себе?
Се надоврзав општо на претходните коментари од темава. Дека сите останати на работа сме 100 % концентрирани цело време и никогаш не доаѓа до недоразбирања ама затоа продавачките се по дефолт неписмени и глупи. И да не се лажеме, сите ние да бевме на местото на продавачката од ситуацијата, веројатно ќе се збуневме што точно треба да направиме. Од една страна детето сака само да плати, од друга страна мајката дава картичка. Кажи ко човек: „Во кеш плаќаме толку и толку, и остатокот ќе го доплатиме со картичка.“ Не е во опис на работно место на продавачката да чита мисли, ниту да чита меѓу редови. Му мач драма целава ситуација
После је**ња нема кајања Не е толку лошо, зашто така мислиш. Треба да се разменуваат искуства и мислења. Нема како да те направат лопов, ако си сигурна дека не сносиш вина, си има камери. Доволен аргумент за сите препирки да престанат.
е дм, стварно беа дрски со муштерика, не со мене ама бев зад жената. Кога им пишав на ФБ за нивниот однос луѓето културно објаснија, се извинува и касиерката повеќе не работеше таму. За разлика од Џамбо, шлајм.
И пошо не и текнало, треба да драмиме, оти никој не смее да му се обрати на твоето дете? Тогаш зошто му дозволуваш да има интеракција, ако сакаш истото да остане еднострано? Не си во право. Ако сакам да платам дел кеш, дел картица го кажувам тоа јасно и гласно. Очигледно треба да пуштат оглас, се бара касиерка со видовити способности.
Јас би и рекла тука пред сите. Нема проблем. Сега ќе отворам и ќе провериш. Ако нема ништо идеме заедно да те пријавам. И обавезно би ја пријавила. Вака еднаш во Веро го набедија татко ми дека украл, а оно телефонот у џеб му беше. Може да се згреши ама треба нормален пристап. Не е она глупа у ситуацијава, ти си испаднала глупа. На толку работа, она на тебе ќе ти дешифрира мисли. Си можела 2 минути порано да и пријдеш и да и објасниш ако ти било мерак.
Бев у маица и тренерки, во џеб клуч и новчаник. Во маркетот неполни 5 минути бев, отидов да ѕирнам кармин само. На искачање урла алармот (океј ајде секое второ идење го слушав) ме застануваат и вадам се од џеб на каса ама не им беше доволно па ме пикнаа 2 девојки во магацин. Маици кревав патики соблакав за после и по втор пат да ме пикнат во магацин. Камери не сакаа да проверат ама изгледа интересно им беше да глумат полиција тој ден. Се колнам до ден денес што сум имала висок праг на толеранција, да ми се деси ова сега стварно ќе доаѓа полиција.
Многу фирми вработуваат лица со ограничени интелектуални способности, лица со Даунов синдром, слабовидни и слично, зашто сите имаат уставно право да остваруваат приход и да бидат вклучени во системот. Не сфатила. Небитно дали е глупа од раѓање или е нешто друго во прашање. Ти како попаметна, си имала шанса да изиграш и одреагираш поинаку, особено што твоето дете зима пример од тебе. И внимавај како се служиш со термините дебил и слично, возрасен човек си. Не ти украле бубрег.
Во ДМ една зима памтам нон-стоп рикаше тоа алармот. Ваљда се и они истрауматизирани. Соблакање е претеризам.