Postoi edno zlatno pravilo koj sekoj menadzer treba da go znae ako saka uspesen biznis a toa e deka musterijata e sekogas vo pravo. Moze da bide i otkacen musterija sto saka drami i preuvelicuvanje no kasierkata i nadredenite se dolzni da mu se izvinat ako musterijata ima poplaki.
Јас не се испонашав пред моето дете, тука кажувам. И да сум несалан, незина работа е да ме услужи најдобро што може. Она ќе заспиеше на каса. Не знае да сфати, нејзин проблем. Затоа е таму кај што е.
Во ДМ во ГТЦ мене и другарка не запреа на ВЛЕЗ. Кај алармот нели, ние влегуваме, а едни излегуваа. И продавачката не запре нас, а не нив
Ама ти вака напорна изгледа хоби ти е да ги реметиш касиерките и продавачките низ маркети, а!? И кај ти се погодиле бе никој да нечинат од шефови до вработени, пак тие дури и подарок ти пратиле наместо фино лепо да те набркале од објектот.
Ама те услужила најдобро што може, ама имаш високи критериуми бе Чка, ништо не е доволно добро за тебе, само идеш по маркети и влагаш у конфликти. Ѝ се спиело, па што. Жив човек. Му се спие, му се јаде, му се моча, му се збори, му се пие кафе. Ти што работиш? Странки како се задоволни од тебе?
Затоа јас многу сакам селф-сервис систем ко Америкине. Фино лепо, испазарувај, сам све најди си, напрај си, искуцај си, па ќе видиме колку долги ќе бидат редовите на селф-сервис каса. Има жртви секој ден да има
А бе македонска работа, не бива ако не се издереш на келнер, касиерка и сл. Нема човек што не мрази арогантни продавачки и нема човек што нејќе да е услужен. Ама па има такви луѓе што мислат дека свет ротира околу нив и треба да им се чита мисли. Кој работел во секаква услужна дејност, знае. Кој не работел мисли таму само глупи работат. Не дека платата ти е толку поразувачка, а дете имаш дома за гледање, не дека шефови ти се понашаат, не дека јадеш на пауза што побрзо од на нозе, сигурно си глупа штом не си екстра расположена. Па уште ако се дрзззнеееее да не ми го разгалува детето како што јас го разгалувам KAREN MODE I WANT TO TALK TO YOUR MANAGER Аххх бе, по филмови заебанции прават за ова. Ќе речам пак нешто што го имам по сто пати речено На се повеќето млади, не им се парите мотив за бегање за странство туку менталитет. Колку само да знаете возрасни вработени плачат секој ден од вакво понашање на муштерии. Не знаете. Само толку ќе кажам. Пресилна реакција ако некој те погледнел на криво. Страшно
Луѓе работат по две смени, по две работи. Во продавниците на каса честопати работат повеќе од 8 часа, односно прекувремено. Let's face it, не сме на каса за пријатели да си правиме. Не зимаат плата за да не забавуваат и да ни се смешкаат. Едвај се платени за она веќе што го прават. Се друго е на добра воља, односно ако има сила. Секако љубезно треба да се понашаат двете страни. А за директна продажба, да, ок, треба да има и set of skills за да му го направи филмот на муштеријата за да купи. Ама не е фер да се очекува такви ствари од работник на каса, што дневно услужува неколку илјади луѓе
И кога крадат се секогаш во право? Тоа правило важи за високо цивилизирани земји, каде постои нормален однос меѓу продавач и муштерија, а не да се расправаш или да вреѓаш некого за неговата интелектуалност оти не ти било д'н. Работата на една касиерка е да ви наплати за она што сте го купиле, ни помалце ни повеќе. Ради такви напорни муштерии, се такви какви што се. Најтешка работа во светот е работа со луѓе, крај. Ако не си задоволен, ќе се обратиш на повисоко ниво, т.е менаџмент. Доколку и таму не наидеш на разбирање, секогаш постои пазарна инспекција, која верувале или не, одлично и функционално работи. Туку кога веќе навредувате некого, не сте нешто поразлични од оној на кој се однесува вашата навреда. Цивилизираноста и културата запира во истиот момент кога влегуваш во конфликт.
Ма и 50.000 ден плата да земам, мојата работа како касиерка е да вршам наплата, не да терам мераци и филмови на мајки и деца.
Ти можеш да побараш што сакаш исто како што сака и комшиката да побара да ми ја провери торбата Но мое право е дали јас ќе ти одговорам позитивно на твоето барање, ако јас одбијам немаш право ни да и се доближиш на ташната без судски налог. Мислам дека сега ме разбра што сакам да ти кажам. Без согласнот на сопственикот на ташната без судски налог немаш право ништо да тресиш.
Ова мене лично би ми било вознемирувачко без разлика девојки биле или мажи. Општо ми е непријатно некој да ме чепка, да треба да тргам облека за вакви ствари. Ми се има слично случено да им се активира аларм и стварно имав пудра АМА купена од друг дм. Па само ташна отворив, видоа пудрата велам не е од тука, проверете камери, ќе чекам еве. И ај се набедивме некако дека не е украдена. Е интересното беше што алармот свиреше и кога влегов и касиерката што примети не реагираше тогаш, туку кога излегував. Ама ајде, си отидов после, ништо немаше да добијам со карање, тужби и остали ствари.
Сношти у Стружанка се деси нешто. На врата пишува еден по еден да влегува,а внатре четири души плус две продавачки. И мајка ми се изнервира не дека и беше нешто работа, отвора врата и вика “Ќе ви викнам инспекција, што е ова по четири души” и им затвори врата. Арно ама јас надвор како што стојам ја гледам таа внатре што е од потрошувач во Стружанка,ја гледам во очи. Мислеше дека нема да ја откријам што и мисли на мајка ми и сакаше да ја нападне вербално. Отворам врата јас и викам: “Немој да си се осмелила тоа што си намислила,те читам како букварче” и ја затворив вратата. Таа ја извади маската и ми вика “Што?” и сакаше да ја мавне со ќеса мајка ми и се дере и вика “Викнете,ако сте храбри”. Јас и покажав среден прст,со простак не вреди да се расправаш, она ми возвраќа “Толку ти е културата” на што и возвраќам “За тебе толку ми е,толку вредиш”. Јас и мајка ми си заминавме,она продолжи да кажува нешто,не ја ни слушам. Ако дојдеше до тепачка, ќе викнев полиција.
Ги мешаш лончињата не е така. Имам право да спречам да заминеш од маркетот без да ја исполниш обврската кон мене, во истиот момент имам право да викнам полиција.