1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Арогантни продавачки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од prettygirl, 27 ноември 2009.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Еднаш си идам јас во Базаро со другарка ми по поклон.И една продавачка не фати на пик уште на влезот и све по нас појде.И си идеме јас и другарка ми,шетаме и она се по нас.И ни вика: Девојчиња мислите да се бркаме :@ ?! И толку се изнервирав и и се изнавикав и си отидов.Еднаш во Бисеридам во една продавница и глеам една блуза).И прашувам колку е блузата и ми вика 3500 а на блузата пишуваше Made in China.И прашувам зошто толку скапо и ми вика во оваа продавница има само марки.Ма тоа како лажат не се свесни.А крај на се ми е кога ќе видам си седнале со колкешките од соседниот дуќан си пијат кафе и си муабетат |( . А еднаш па идам во еднапродавница зафрлена беше и првпат влегувам и прашувам имате ли поклон за машко и она ни збор не кажа ни пак стана. И одма си излегов. Де бе ако си продавачка барем знај како да си ја работиш работата.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.940
    Арогантни досега не биле но кога ми ласка некој одма секавам ..продавацките за ласкање се приказна за себе кога ке почнат.
     
  3. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    колку и да ми се свиѓа некоја блузичка, фармерки било што, ако е продавачката арогантна нема да купам. Па тие треба да се олицетворение на дуќанот, да привлекуваат муштерии, а не да ги бркаат. НАјмногу ме нервира во Евроазија кога продавачките се влечат по тебе, ако го приметам тоа одма си искачам. Па имаат камери, за кој к*р се влачат по нас.
    Баш пред извесно време во во ГТЦ во бижутеријата карши шехерезад си разгледувам накит, а продавничката е мала и продавачката нонстоп ме пратеше што правам и што фаќам. И јас цело време навикната раката во џеб пошто телефонот ми е таму и само гледам да не сум го изгубила.
    И кога на излегување само ми вика:
    - девојче може да видам што стави во џебот?
    леле среќа што бев сама, немаше никој друг иначе ќе умрев од срам. И и го вадам мобилниот и џебот надвор и и падна криво зашто ме праша. МИ се извини сто пати и за крај и реков:
    Знаеш дека можам да те тужам за клевета? Ова е слободен дуќан и имам право да разгледувам што сакам, а тоа што немате ставено камери си е ваш проблем. Не ви беше малку што ми бевте зад грб цело време? и си отидов
    више не планирам да стапнам таму, јасно е зашто

    ова беше само пример од многу арогантни продавачки низ Скопје кои треба итно да се избркаат од работа
     
  4. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Значи ми одмилее да влегувам во нај снабдената бижутерија откако ја вработија оваа новата продавачка :devil:

    На секој чекор ме следи, да не може човек на раат да се испрска од тестерите :lol: :P
    Незгодно ми е така само да ме следи па прашувам а колку е ова? , а ова? :worried:
    Не друго, знам јас што и се мота низ главата. Кога ке влезевме со другарки правец парфемчињата. Прс, прс и полека од шишенцата снемува. :lol: :rofl: Ме памти таа, како нема да ме памти. :devil: :devil:

    Во друга бижутерија па еден сељак - продавач ми нудеше свашта. А венченце нели сакаш?, имаме многу убави, и прслучиња имаме. Ми пукна главата и ништо не купив :@

    Едит :
    Кимче ме потсети сега и мене една кога ми викаше: Вакви се носат сега. Божем ја незнам какви се носат. :x
     
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Ауф, мене највеќе ме нервираат тие во бижутериите и парфимериите. Си гледаш парфеми, ни прскаш ни ништо оваа све по тебе иде и све некои погледи ти удира убиствени. Не ти крадам бе аман! И мене исто кога бев во парфимерија со мајка ми, во Рефан поточно и имаше уште 15 минути до затварање или пола саат и ја сакав да си купам на мерење, да одберам некој. И оваа некако промрмори нервозно али одвај се слушна. Ај, ве молам побрзо одберете си парфем, затварам! Ништо не ни понуди. Само ми даде два и рече ај девојче овие два се убави, ај бирај од овие два, треба да затварам. И ја само ја погледнав и набрзинка купив еден, али многу се изнервирав. И си отидовме.. А за продавачките од Веро, секоја чест. Во секој момент се услужливи и љубезни. Ќе ги прашаш нешто и одма ќе ти покажат, ќе те однесат до таму. Ептен се фини. :)
     
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    А мене што ми правеше една :o
    Си пробував едно палтенце и таа ми вика:
    -Леле колку убаво ти стои, земи го, и такви се носат сега, види како ти стои
    И јас дури си размислував таа додаде:
    -Земи го!!!!!! Слечи го да ти го спаковам.
    *Ама не, не го земам прво да разгледам
    - Ама многу ти е убаво. Слечи го, дај ваму да ти го спаковам
    И уште си продолжуваше:
    -Ич не мисли се, сега вакви се носат, готово земај го и дај слечи го да ти го спаковам ( и се пресегна по ќесичка)
    Јас ваква :o
    Го слеков палтенцето (сега веќе палтиште) и си заминав пред да проработат моите рефлекси, да не ја истепам.
     
  7. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    За арогантни,ќе ги кажам тетките од Maxi D во Кисела Вода. Јадните беа вечно без ситни пари и кога ќе им кажеш немам те стрела со поглед,абе те убива. Има исто такво теткиште,тука на автобуската станица во мојот град и таа кутрата увек нема ситно. |(
    Мразам продавачки од типот на следачки,како што сте ги нарекле,што не ти дава за нешто да се фатиш,а таа веќе пет пати те прашала што ти треба.Е,кај тие таквите јас не влегувам,па и последното убаво парче да е во нивната продавница.А,најмногу ме иритира продавачка што способна е и во гаќи да ти го пикне парчето гардероба само да го купиш,човек да не може да се измакне од продавница кај што се наоѓаат вакви напасти.
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.899
    Допаѓања:
    103.026
    Пол:
    Женски
    Сега ми текна една случка :D Летово бевме јас и маж ми да си купиме филџани за кафе. Влеговме во едно дуќанче и излезе една стара баба со мало пекинезерче. Јас разгледувам филџани , кучево ми се мота меѓу нозе гледам да не го згазнам а од друга страна бабава ајде види ги тие лепотани имам многу убави филџани за вас. Мислам главава ке ми пукнеше од зборење. Јас се смеев гледав да не и правам муабет да не мне задржи повеке таа си збори колку убав пар дрн дрн итн..И само се влече позади мене не ме остава на раат да гледам. Ја прашувам за цените кога ми вика 20 евра , 25 евра..вика еве земи си поскапи поубави се , само 80 евра. И јас :o Ме тераше да земам филџани 80 евра ајде земи земи види што се убави. И маж ми виде дека ме замара и и вика ние поевтини сакаме..
    Јас сакав само да си одам :@ И на крај земавме едни од 15 евра :fubar:
     
  9. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    бутикашици |( ахх Многу ги има такви... посебно во бутиците во чаршијата низ Прилеп
    5-6 се најдуваат гарант!
    типките мислат дека го ослободиле градот или дека селебритис се...(а 6000 земаат за две смени)
    па какви лоши погледи даваат како лебот да им го земаш
    па некои дури ни повели не викаат па не да станат да ти понудат нешто....
    фустанче за матура кога си купував продавачката не ни забележа дека сум тука
    си имаше дојдено пријателка нејзина и дека нова роба стасала тогаш и оваа се да проба
    преку 20 парчиња облека имаше пред гардероба за да ги проба ццц
    и јас и викам ајде само едно имам јас да го пробам и одам неможам да чекам 5 саати (со повишен тон)
    и добро ајде ми вика со намуртена фаца |(
    таман ми беше фустанчето ама си го купив кога дојде другата смена
    ако беше истата продавачка во другата смена немаше да го купам фустанчето
    мразам такви арогантни персони

    Не го бидува секој за секоја професија!!!
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    во софиленд во аеродром таа црната дебелката одвратна е на сите име одвратна што купуваат таму....кога е она таму избегавам да влезам а таа плавата е срце и ептен е услужлива
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    арогантни продавачки колку сакаш јас додуша простички би ги нарекла.
    нај ме нервираат оние кои што седат и си прават муабет на телефон бог да чува.

    а баш пред некој ден во тинекс во делот на сувомеснатото една продавачка не сакаше да ни пресече едно парче месо онолку колку побаравме оти ќе и останело малку а друго парче немале и не гледа и не ни го дава. овој мојов и вика и сега што нема да ми го дадеш? и оваа наперната вика НЕ.

    леле овој мојов така на ништо не ќути оставање количката директно на каса и ја бара шефицата, овие се стресоа, ама што како а он веднаш да ви ја видам шефицата. доаѓа женава како попарена кажете господине, овој мојов ренде ја стори продавачката и кажа се , дека е ароганта дека не ни дади што ни треба и дека не и е првпат а шефицава не и се верува што слуша, одиме сите кај продавачкава и вика дај му на господинот се што му треба и право во канцеларија кај мене.

    мене искрено срам ме изеде ама си заслужи таа глупавата. како да и побаравме без пари да ни го даде месото.
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  12. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    хихиихи браво за маж ти треба да се гордееш а не да се срамиш
     
  13. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Во Велес во една продавница за бижутерија има толку дрска продавчка што еднаш ми рече : Ако не купуваш , излегувај ! Се изнервирав и до ден денес не сум влезена во таа продавница :@
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Aх колку типови има на продавачки само.

    1. Ме нервираат оние кога ќе пробаш нешто ти изгледаш како вреќа, широко ти е, а таа пустата скока од среќа и се дере ЈАО ПРЕКРАСНО, на никој поубаво не му стоело од тебе, совршено |(
    И одма се соблакам и да ме нема.

    2. Оние продавачки што додека ти пробуваш ти бутаат уште 10 алишта во гардароба а немаат врска со она што ти го бараш? :devil: Па мајку му јас бирам и купувам или они?

    3. Евроазија во ГТЦ аааауф идат по тебе како мањаци и ти дишат у врат, нема шанси на раат да си бараш :geek:

    4. Влагаш во продавница а таа збори и збори на телефон, ти ја прашуваш а она вика чекај почекај доаѓам и ја нема уште 5 мин. До тогаш веќе јас сум искочена нормално.

    5. Кога ќе видам па лута продавачка, станала на лева нога па има мерак и сите да ги изнервира што ќе влезат во продавницата, уште да те затепа фали.


    Али сепак има во изобилство и девојки кои со насмевка те пречекуваат и се ти помагаат. И имаат стил. Нормално млади продавачки, може и тетки во ред. Ама не може мене некоја баба да ми каже како да се облечам и ми дава гардароба од 65та.
    И најдобро е во Теранова, Њујоркер, Кара, тејли Вејл и тој стил на продаавници, сама си бараш, никој не оди по тебе, ако нешто ти треба прашуваш, секогаш ти помагаат. ;)
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    Јас еднаш кога бев во еден бутик.И си пробав 4-5 блузички и мајка ми ми вика дека не ми стојат и ја соблекував таа последната маица и оваа продавачкава ми вика ајде не ме замарајте не ми го трошете времето и вие вашето и ние излеговме и никогаш више не и влегувам
     
  16. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Стварно во Евроазија дишат во врат, не може што се вели на раат да прднеш :lol: И јас ги сакам продавниците како Calliope, KARA, Terranova, Tally Weijl ... каде можам на раат да си гледам наоколу и да си пробувам. Баш пред недела дена купував нешто од Calliope и девојката на каса насмеана расположена пријатна и морав да и кажам комплимент, зошто многу често налетувам на оние другите - намрштените.
     
  17. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Јас имам работено во бутик и можам да кажам како е од другата страна. Значи од мал град сум , а сега живеам во Скопје. Колку сакаш биди љубезна и услужлива, ама по неколку недели ќе ти дојде преку дунда :lol: Кај мене нон стоп влегуваа средношколки во групи и се ми растураа, што ќе им паднеше на земја немаа раце да го кренат,упорно се обидуваа да се пикнат во фрмерки што немаше шанси да ги соберат. И тоа секој ден така, демек бутикот им беше разонода. Или ќе влезе некоја тетка и иако и кажувам најкултурно, госпоѓо немам тоа што барате, таа се лути дека не си ја услужил. Имавме и облека за мали деца, па ќе ми влезеа со смоки,сладолед, фаќаат а мајката се прави дека не забележува ништо, а тебе коса ти се крева. Затоа лесно е да збориш од другата страна, продавачките вакви такви, ама луѓето сами си заслужуваат понекогаш, никогаш не можеш да знаеш дали некој пред тебе ужасно ја изнервирал, па сега ти ги сносиш последиците.
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    добро сега, стварно има некои што претеруваат,не викам не
    Ама тука се збори за арогантни..ти ни крив ни дужен ќе си го изедеш
    И вас не ви е лесно знам, често седам кај тетка ми во бутик и гледам што се дешава, ама како продавачка(не зборам за тебе, него општо) треба да си културен, услужлив,а не некои ќе се изнервираат од дома и се истураат на муштериите
     
  19. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Глупави, мрзливи, арогантни секакви ги има. Кога купував фармерки не ми беше точен бројот и и побарав друг број и ова само врти со очите ама не знааам мислам дека нема треба во магацин да побарам (т.е. три скали да слезе) и ми дава други фармерки слични ама дупло поскапи. Ја гледам онака бледо и ја викнав другата продавачка и и велам на колешкава мака и е дај замени ја греота е скапана е. Оваа само измумла нешто и се тргна и другава фала Богу пољубезна беше и ми го најде моето бројче :)
     
  20. mangupce31

    mangupce31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Зар навистина мисите дека шефовите по супермаркети се занимаваат со тоа дали лугето како вас ке купат 100 грама,200 или 300 грама и при тоа ке се жалат дека не ги услужила продавачката која цел ден стои и сецка и при тоа ве прашува дали сакате дебело или тенко госпоѓо? Па како не ви е срам?
    Кога ке работиш како продавачка тогаш ке сфатиш која е цената на нервите бидејќи со ваков народ нема ни да ги имаш за кратко време.
     
    На Miamigirl му/ѝ се допаѓа ова.