Да им врши претрес иако не е полициски службеник со судски налог и ги задржува во маркетот иако нема судски налог за тоа со што врши противправно лишување од слобода што е кршење на основни човекови права.
Ништо џабе лопов ќе те направат, мене кога ми се уклучи аларм толку ми беше непријатно што немав ни сила да се расправам а куп луѓе поминаа реално голем пропуст од нивна страна е да те набедат за кражба буквално како муштерија угледот ти е загрозен и мн непријатна ситуација е, не е мој проблем ако рандом се уклучува алармот, нека го наместат.
Не обрнувам внимание на продавачките, во Џамбо стварно има некои јаки фаци на каса секогаш, али да ме изнервира некоја посебно, па да ми го уништи денот не се случило. И ако не сфати нешто од прва, ќе и објаснам и толку. И односот може да им е ладен, али јас таму сум една од реката луѓе, сигурно не сум специјална снегулка за мене лично да ме забележат па намерно да ми се понашаат арогантно. А колку дрски луѓе има, спремни за караница (надвор од оние што работат во услужна дејност) има, јас сум запрепастена. Ни крив ни должен ќе те нападне некој ако помисли дека на криво си го погледнал. Народов само на карање е наострен. Можеби и некогаш треба да се пожалиш на шеф, ама треба малце да се нивелира нивото на толеранција.
Тоа е проблем од техничка природа, не е страшно, стално свири, што се потресувате толку. Еве Луциферка вика да си тужела, можеш неа да ја викнеш да те застапува.
Пошто е многу битно како ќе ме гледаат другите, абе озбилно ли вака размислувате. Аларм се вклучува од метален предмет или од нешто друго. Најчесто се поминува без никаков проблем, освен кога ви е повредено егото и се расфрлате со закони и тужби. Затоа што свирел алармот у продвница. Вака да нѝ се активира срамот и за битни работи у животу, ихаа. Вака да нѝ е наштелувана правдата и за битни работи у државава, кај ќе ни биде крајот.
Никаде не кажав дека сум поинаква, ни моето не е арно ама нејзиното па ич. Колку треба да имаш акл во глава да напаѓаш жена од 70+ години? И тоа со ќеса!
Јас не сум имала некое лошо искуство со продавачки ама секогаш имало нељубезни. Ме нервира само обезбедување ако ме прати додека купувам или разгледувам нешто.
Не тролам воопшто. Упорно спомнуваш закон, барем да наведеш член или извор за да се едуцираме. И упорно ги убедуваш луѓето да тужат пошто се уклучил аларм у продавница или пошто касирката криво ги погледнала. Не знам дали толку немаш клиенти, па буцкаш или не ја разбра дискусијата. Дур стигне мвр, ќе исчезне и снимка и лопов. Озбилно не си свесна дека си дел од најкорумпираниот и најнеефикасниот систем во државава? Не сме ние на ниво да зборуваме за углед, уште 'ркаме шлајм по улици и фрламе ѓубре од седми спрат.
На МВР му треба налог за камери, да се даваа како на кванташки пазар добро ќе беше. Врска немаш девојче, од авион се гледа.