Да судијата одлучува ама врз основа на докази и како се изведени пред судијата.Ако доказите се изведени на начин што е добро осмислен обрачот околу судијата ќе се стекне и ќе нема друг избор при донесувањето на пресудата.
Јас ако добро сфатив, целиот проблем бил што касиерката со тоа што препрашала за остатокот пари му го скршила филмот на детето што сакало само да си ја купи играчката со парите во кеш.
Баш така.Проблемот е што детето ќе имало трауми бидејќи продавачката кажала дека фалат уште 100 денари.
Мајката можела одма да каже тоа што фали да се наплати со картичката, а не да ја игнорира (како што кажа и самата) и да ја вреѓа на форум. Мене овде однесувањето на продавачката воопшто не ми е арогантно, баш напротив. Мајкава ми стои арогантна. И даваш и пари и картичка. Зар не треба да кажеш што и како да наплати?
Кизнеј колку луѓе услужила таа простата на каса тој ден, па сега како се осмелува да нема време да ја тинтри твојата ќерка. Браво за неа шо си собирала пари, секако и ти ко нејзина мајка си среќна за тоа ама цела таа претстава можи комотно дома да се игра, на каса не. Која смелост ја има па да и се обрати и да го навреди Височеството Ваше.
Колку само има високо образовани што работат како продавачки, зошто немале бате тате, во партија па да бидат на местото за кое вложиле труд,нерви и пари.Затоа често се изложени од напади со зборовите ,,тоа ти е работа,, што верувам ги боли ,а тие зборови и напади најчесто ги користат искомплексирани лица на кои тате и партија прво им завршиле средно школо,им купиле диплома и на крај им ги сместиле задниците во институција, на државна цицка, на стол што требало да седи некоја ,,смотана,,продавачка.
Ќе купи ќерка ти со твои пари собирани и незаработени. После се чудам со какви луѓе што мислат дека им е се на тацна го делам воздухов.. @Cka Ја игнорираше и дојде тука да пишеш дека е преглупа? Штом ќерка ти плаќала нормално дека нејзи ќе и се обрати. И што бараше ти уствари пола од картичка пола кеш да платиш? Која ароганција и препотентност не можам да поверувам. Такви музички желби ако сакаш некоја касиерка да и исполнува на ќерка ти ќе си платиш актерка па изигравајте цел ден и убедувај ја ќерка ти дека тоа се нејзини пари.
Не знам дали ги замислувате касиерките ко оние луѓе што се пикаат во мечиња или големи животни и забавуваат луѓе на центар? Не знам како се викаа точно. Можеби некоја жена би и го направила ќејфов на девојчево, ок ама да нарекуваш друга што нема да и го направи дека е преглупа и не била за на каса еј Ова се тие луѓе што очекуваат работите и во кеса да им бидат ставени.
Не, воопшто. Мислев на идејата дете да се почасти нешто со пари што ревносно ги збирало. Тој настан да бил добро организиран и испланиран, би бил забавен и поучен. Без очекувањето кон продавачката да изиграва клаун.
Не значи дека касиерката е глупа.Можеби се збунила/занела на 2-3 секунди. На секој му се случува. Еднаш,еден пред мене на каса во маркет ја праша касиерката „извинете,може ли пола продукти да ги платам со пари,пола со картица“. Си праша и си кажа човекот.Не е тешко.
Добро идејата можеби и била добра, за тоа требало да и каже на ќерка и дека не биле доволно тие пари.
Бубаче, абе не е до децата, до родителите е. Драма околу ништо. Некому е потреба да биде центар пажња, да раскажува како се изживувал врз други, како фрчеле тужби, извињења, поклони. И веројатно пола од причиве се измислени.
А како ќе се драми ако не се искористи ситуација како оваа да се драматизира? Не може да е нормално и едноставно.
Ич не очекував од членката вакво однесување, вака што ја имам читано ок била. Друг пат кога ќе иде во Џамбо со детето нека се јави саат време предходно да стават некоја од Менса за да знае точно како да се однесува со нив.