Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Арогантни продавачки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од prettygirl, 27 ноември 2009.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Држи вода, безобразна била. Ама што е маката не разбрав. Стравот на детето или срамот.
    Зошто се срамите толку мене не ми е јасно, сериозно прашувам, без иронија? (не тебе лично, ама да се надоврзам на постот). Не сте биле никад на аеродром, знаете како пипаат таму? И тоа пред сите кога брзаат. Не ви ваделе гаќи прљави од куфер, исто пред сите? Бламови у живот колку сакаш, ама кога некој не е во право, имаш право да се одбраниш. И ете била безобразна касиерката, била нервозна, не можела да го најде извештајот, гужва имало, па уште и за фискална прашувала, за каталог прашувала, во ред. Реагирај на лице место. Ми се чини за да биде исто драматикус, се убаци детето. Ко џокер.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Темата може да биде "Арогантни продавачки и клиенти" и сите да имаат шанса да си ги раскажат своите причи, би било ептен забавно.
     
    На cresa-jagoda, crimson, GrimTheReaper и 2 други им се допаѓа ова.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Шо праите вака по продавници, па да имате вакви искуства?
    Не дека нема арогантни продавачки, впрочем арогантноста не е одлика само на одредена професија. Ама во мојов живот никогаш немало драма на каса или пак општо во маркет. Ако јас сум љубезна, ќе биде љубезен и оној што ме услужува. Нема потреба својата фрустрација од нешто да ја исфрлам врз некого.
    Ми свиреле аларми, и да незгодно е кога сите очи ќе бидат вперени во мене, но не чувствувам срам, затоа што нема што да кријам. Ми побарале да видат што имам во ташна, но никогаш не ми брцале сами, туку јас, лично сум вадела.
    Од друга страна, јас пак, се карам со арогантни муштерии кога се однесуваат неартикулирано со продавачки. Јас разбирам дека сите се брзаат, ама па што се должни тие на каса да трпат тантруми и останато недоветно однесување. Пишав и претходно, не е само работата на каса, истите во некои маркети се one man show. Да се растртат ако не?
    Пазари си, плати си и излези. Што е тешко не знам.
     
    На spacegirl92, baguf4e, Snow-Star и 29 други им се допаѓа ова.
  4. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    5.073
    Пол:
    Машки
    Кас секогаш сум љубезен и насмеан кога сум на каса. Никогаш не сум навредил касиерка, а дури со една и се запознав и сега ми е другарка.
     
    На gjoker4e и elimkd им се допаѓа ова.
  5. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Не велам дека нема арогантни продавачки, не велам дека нема такви кои превртуваат со очи кога ќе влезеш зошто мора да го остават телефонот од рака, или дека нема такви кои нема ни добар ден да кажат, зошто ги мрзи од столица да станат. Има и такви кои нема ни пријатно да ти кажат зошто не си купил ништо, има и продавачки кои те гледаат попреку ако немаш ситно.Јас конкретно, не сум имала некој проблем со продавачки,во смисла на конфликт или не знам што, секогаш културно се однесувам, и горе долу така и ми било возвратено.И сум прашувала, и ме услужувале, и сум заменувала роба,трпелива сум конкретно се водам од начелото-добриот збор железни врати отвора.
    И мене ми се уклучил аларм во продавница во која горе долу персоналот ме знае, често купувам од таму, она ми вика ок е девојче, има проблем со алармот, а јас сама ја отворив торбата и кесите, и не гледам зошто тоа треба да е понижувачко. Подобро нека погледне дека не сум зела ништо и утре да влезам со чист образ. Нема што да правам сцени и продавачката да побара да види, зошто утре можеби некој навистина ќе земе нешто и истата таа продавачка ќе треба од свој џеб да го плати, треба некогаш да се ставиме и на нивно место.
    Има и крајно безобразни клиенти, кои својата фрустрираност, ароганција и простотилук си го покажуваат на каса во маркетите,во бутиците и да не набројувам. Сум била сведок на повеќе случаи,човек кој се дереше зошто не можел да чека ред, пензионер бил , дете кое ги измачка вратата и прозорите на салонот со сладолед а мајка му цело време си разговараше на телефон, исфрустриран пар кој цинично коментираше за висината на цената .Ако ти одговара купуваш, ако не одминуваш и тоа е тоа. И ако продавачката реагира, што мислите кој ќе е крив? Пак таа.
    Има и такви кои не се за таа работа, во смисла спори или не се разбираат многу од асортиманот кој го продаваат, не знаат кои броеви ги имаат и дали ги имаат ама тоа треба да го гледаат работодавците кои одлучиле да ги вработат.
     
    На cresa-jagoda, Idedemja, Компир Манџа и 2 други им се допаѓа ова.
  6. @Zaljubena

    @Zaljubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2020
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    335
    Пол:
    Женски
    За тоа баш и на знам дали продавачите се виновни.Мислиш некогаш имале обука за продизводите што ги продаваат?
    Сами на смена кога ќе најдат време ги учат производите и го знаат само тоа што го пишува на декларацијата и купувачот сам може да го прочита.
    Персоналот секаде се менува на неколку месеци.Додека ги научат производите напуштиле.
     
  7. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Ова обично се случува во фирмите во кои работодавците често менуваат персонал од вакви или онакви причини, какви знаеме и сами, и немаат доволно време да посветат на обука на работниците. Затоа велам тие се пропусти кои сами мора да си ги согледаат работодавците и да се свесни, а не е мое да се карам со продавачки зошто сум чекала 30 секунди повеќе или помалку.
     
    На @Zaljubena му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот во претрес.
    Туку во однос.
    Луѓе сме, прашај убаво. Нема потреба од дрскост или набедување.
    А не да умислуваат дека се фби агенти кои претресуваат нарко дилер.
     
    На gjoker4e и Need for Speed им се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    16.461
    Пол:
    Женски
    На секого му се случува да се збуни, преголема гужва, тензија, чекаат луѓе, може не се чувствувала добро, можеби е нова па не се снаоѓа најдобро, уплашена треба малце да имате во обзир некои работи, можеби едноставно не и бил денот, а и не е должна на никого да му чита мисли, должна е да ви наплати.
     
    На cresa-jagoda, gjoker4e, noteforself и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Нема однос, тоа е веќе јасно од сите муабети на темава :)
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Мене ми се има уклучено алармот во ДМ. Пазарев претходно во друг ДМ и после влегов во тој во ГТЦ и на излез свиреше алармот. Фино лепо им покажав сметка од тоа што пазарев претходно и уште во ташна ги имав производите со алармите залепени и никоме ништо.
    Извинете и пријатен ден
    Ако совеста ви е чиста, што има да паничите и да се притресувате.
    На секој може да му се случи
     
    На cresa-jagoda, gjoker4e, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Е.А мамата Фајзеров. (facepalm)
    Не очекував дека толку ќе се смеам на темава.
    Па тоа драми, средни прсти фрштат, мавање со кеси, па децата исплашени од баба роги продавачки.
    Ај совземете се.:x
     
    На spacegirl92, Indiegurl, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    И јас со ова на аеродромите, а секогаш писка ради металните шноли на глава и секогаш си викам не ги ставам ама како да идам таква бушава во главата. И како за беља кркам мануелен претрес од жена нормално, а стомачево ми е како трудничко или криминално обмислено како да имам залепени пакетчичи бело па ме опипува од околу, доле, горе да сфати меко ли е, нешто тврдо ли е:rofl:
    На темава арогантни продавачки ги има, ама има и арогантни купувачи. За темата да се направи мерак на детето продавачката нема должност за тоа, ама од човечност, од милост зошто да не? Зошто да не се вклучела малку во оној дел е браво колку си паметна си заштедила и да и се сврти на мајката да рече фалат 100 денари, дали цела сума на картица да наплатам или минусот само, зошто има маркети каде што не можат да делат дел во кеш, дел на картица или се кеш или се на картица наплаќаат.
    Ама само да објаснела подетално продавачката се на картица или ако сакате се во кеш фалат уште 100 денари и секако и муштериката да не игнорирала туку да и објаснела детално како сака се ќе било во ред. Типично вербално недоразбирање.
    Во маркет независно од плата, услови и се што ќе те дочека на работа таму, да не си приморана да си во таква професија, налет луѓето и и(не)мањето основна култура, трпение, толеранција, најтешко е во исто време да се работи и со луѓе и пари.
    Вака од страна делува лесно ама кој не работел не знае и да најголем мит е дека зошто сте некакви какви ве замислуваат од страна затоа и таква работа заслужувате да работите. Не е така, ама ок секој со својот ум, суд и мисли. На крај на денот сите сме робови на своите мисли:!:
     
    Последна измена: 18 октомври 2021
    На nevermet18, Need for Speed, Nikolina35 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Ниту мене во мои 30 и кусурот не ми текнува на некој инцидент со продавачки, иначе во Ваикики купував за малото скафандер и гужва влез излез слушнав дека титна на вратата ама занемарив ни на крај памет дека до мене е, идам дома гледам пластиката си стои не можев да го извадам, се враќам назад пак тоа титка, со брзина на светлината стигнав на каса и објаснив, ја тргнаа пластиката, сакам да кажам како се поставуваш таков и фидбек ќе добиеш, да беше некоја друга лом ќе ги направеше на каса за малтретирањето и небрежноста, кој сака да направи проблем ќе направи, ама луѓе сме грешиме
     
    На cresa-jagoda, gjoker4e, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.106
    Допаѓања:
    26.974
    Шо е со мислењава на темава?
    Средни прсти, буквари, читање мисли, читање од усни.
    Хахахаххах нисте тачни, мајке ми.
    Немам зборови.
    Јас не сум секогаш во маркет насмеана и ведра, ама сум културна, најчесто индиферентна.
    Одам често во маркети во кои продавачите ми оставиле позитивно искуство. Не сум имала негативно, ама сакам кога ќе се ептен услужливи.
    Може сум имала некогаш некое негативно искуство, ама ете не се сеќавам. Што има да се карам со продавачката и да се натегам која е попаметна.
    Скоро бев во Рамстор, касиерката ми врати помалку пари и покажав сметка, ми се извини и ми ги доврати тие.
    Што е со драмиве, ко да не сме луѓе.
    Ај да е било нешто озбилно да сфатам, ама за ова бе, не можам :rofl:
     
    На spacegirl92, Indiegurl, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    3.276
    100 проценти од вас што кометирате вака, немате работено со луѓе. Работев на шалтер за минималец тазе дипломирана за искуство и плата.
    Најлошо искуство, некултура, ароганција, надменост, фрустрации... се на едно место. Некој дошол леб да вади на работа, услужува 100 луѓе на ден, на секој треба да се насмее, да го услужи, да го истинтара, да му ги ислуша сите маки, имал пари немал пари... и уште некоја будала ќе дојде и ќе му расипе ден ќе му се исповика ќе ја извади нервозата за системот, за животот, за немаштијата, на шалтерскиот работник (во овој случај продавачката). Размислете малце, вие си одите дома, таа останува да услужи 200 луѓе после вас. На крајот од денот и таа е човек, веројатноста дека денот и е лош или има проблеми или пред вас некоја будала и се извикал е голема. Осет бре.
     
    На mira.mira, baguf4e, Dandra и 19 други им се допаѓа ова.
  17. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    7.685
    Пол:
    Женски
    Али овие што се тепале во Стружанка, се мавале со кеси, средни прсти, нееееееее :worried:
    Сакам да можев да гледам од некаде :rofl::rofl::rofl:

    Луѓе, ај купете си шо ви треба, платете си и заминете си. Драма куинс.
     
    На cresa-jagoda, Принцезичка1, Idedemja и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    5.073
    Пол:
    Машки
    Работава е уште со телефони да се гаѓале :drunk::worried::mp:
     
    На spacegirl92, cresa-jagoda, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Немој така да му даваш идеи после ќе отидат да купат нов телефон и таму ќе искараат.
     
    На cresa-jagoda и elimkd им се допаѓа ова.
  20. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    5.073
    Пол:
    Машки
    И после ќе ме тужат за идејава, оти се искршиле со телефоните. А јас онака чисто мирољубиво...;(
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.