Не знам дали разбрав убаво кога свиреше аларм во H&M ама на жената и рекоа да го тргне новчаникот на страна и само ташната да ја помине низ тоа за да видат дали ќе свири дека уствари заради некои картички од банка некогаш свиреле алармите. Знае некој нешто повеќе? Бидејќи и јас не сум сигурна, така слушнав ама не сум сигурна дали сум слушнала убаво па ме интересираше дали има логика и дали може да е навистина вистина. Значи не е дека се расипани таму некаде каде што имаше некој пишано да ги поправат, еве и во странство за џабе свират и купувачот се враќа сам на каса без некој да трча по него без да се срами и слични глупости.
Да и јас така знам. Во Германија на девојка пред мене и се случи истото го кажаа дека е од некои картички
Да, има логика, и мене еднаш во ДМ ме натераа да извадам паричник и да поминам. А и на работа кај што одам, се куцаме со картички и секогаш ни велеа да ја вадиме картичката кога се куцаме, пошо апаратчето читало и кодови од картичките за наплата.
Иста ситуација со апаратчето за евиденција на работа, затоа картичките за куцање на врат на околувратник и го поминуваме. За тоа дека се штеловани по дуќаниве да можат да учитуваат картички можно е. Ама па често и се случува во брзање при наплата да не отстранат се, пример на кутиите од козметичи производи тоа пластичното залепено делче и да писка при излез. Нема ништо срамно да писне, ехее колку пискаат по дуќаниве сензорите за се. Ќе си се објасниш убаво и ќе се разберете, па кој ме гледал и зошто гајле ми е. Мене на аеродром скоро секогаш ми писка и сега да се притресувам дали ме мислат за криминалец, дилер на дрога, свашта. Во светот секој си брка своја работа и никому не му е гајле за другиот, освен ако тоа што другиот го прави му наштетува на секој друг, пример не дај боже носи пиштол, писка и некој прави инцидент, е тогаш и те како се се менува наоколу. Се е можно во овој луд свет, ама правење од мува слон зошто пискал сензорот во дм и проверка во магацин до соблекување како што прочитав е за никаде или ако ви писне демек сите гледале дека божем сте украле нешто, како не.
Уживаш да испревртуваш,ние никого не мавнавме ниту имавме намера. Да беше за мајка ти вака да ја мавне некоја не знам дали ќе беше мирна баш. И е квинс,бар англиски научи ко што треба.
Од Зегин почнаа многу да ми идат на живци. Секогаш кога барам нешто, ако го нема тоа, ми нудат замени кои не се ич исти, ни слични со тоа што сум го барала. И некако навредени се кога ќе одбиеш. Нема везе. Пред некој ден ја пратив мајка ми да ми земе носко, додаток за правосмукалка. И нагласив стриктно него и никако она што се влече со уста да не зима. Ајде, отиде женава и ми ѕвони. Вика немаат носко ама имаат исто од др фирма. И викам дали е за правосмукалка и ја слушам девојката таму вика да абе исто е со носко. Пак и викам на мајка ми, да не е такво што се влече со уста, она ја прашува, девојката вика не, не абе исто е со носко. Мајка ми доаѓа, гледам ми носи аспиратпрче за влечење со уста. Идам да го вратам, ми вика аа сменивме смени сега пред 5 минути, ќе мора да дојдеш утре да ти вратиме пари, сега немаме во каса. Ок. Утре таа ми вика ама ова многу го купуваат. Ок, викам јас не го сакам. Ама многу им одговара на другите. Викам супер, мене не ми одговара. Вика што ќе земеш друго за овие пари. Не сакам замена, сакам да ми вратите пари. Ама не, мора нешто да земеш, еве витамин ц и што уште да ти дадам? Не сакам ништо, врати пари. И таква навредена, ми ги тупка парите на пулт.
Исто и јас за Зегин имам забележано дека во последно многу напнуваат за плус производи да им купиш. Далеку од тоа дека тоа е ароганција, можеби се на процент се обидуваат да заработат повеќе но лично како купувач ми смета кога некој ќе ми напне за лек кој не ми треба само колку да се продаде нешто. Губат клиенти само.
За ова си во право, во Зегин некои чудни манири користат за да продаваат и така се вреѓаат ако не направиш како тие што сакаат. Не знам дали учат од својот газда или мораат така да прават бидејќи се принудени. Ама па затоа не сум им влегла не памтам од кога.
Од зегин исто само негативни искуства имам. Еднаш отидов, барам такви и такви апчиња за подобрување за крвта и дека се брзав не ни погледнав дека ми ставила сосема други во кесето, а не ми ни кажа дека ги немаат тие. Не знаат едно здраво и повели да кажат, чекаат ти сам да им кажеш што ти треба и често си зборат на телефон, а клиентите исто како да не се тука. И тоа буквално истото искуство во секој Зегин. Во некои продавници ми се случило да влезам, да пробам нешто и да не го бендисам и нареден пат кога отидам продавачката е лута мислеш од џебот сум и` извадила пари.
Јас само да ви кажам доколку не знаете, бидејќи е исплатливо доста, пазарете си во Еурофарм, со клуб картичката собирате поени и на секои три месеца имате ваучер во пари со кој што зимате што сакате, особено ако сте со бебе се собира доста, кога беше синко мал имав ваучер и по 1300, па не е малце, кој ти ги дава , а цените по аптеките се исти, дури некои работи сум забележала поевтини се во Еурофарм.
Zdr sakam da prasam kako bi postapile vie da na raftot ima edna cena na kasa druga cena ova veke dva pati mi se slucuva vo zito market vo strumica sto vo vakov slucaj
Ако си сигурна дека има друга цена на рафтот, а ти е наплатено по сосема друга цена реагирај одма на каса и врати го производот.
Ако немам доволно пари во мене го враќам на рафт и ќе им кажам да си ја коригираат цената они ќе знаат зошто, хараат многу инспекции. Мене ми се има случено ситуација на рафт пониска цена на каса повисока, продавачката се јавува на прогремерите и овие и викаат вратени се старите повисоки цен им завршила акцијата. И со колешката пред мене велат еј пред тебе искуцавме по пониска ама ете таква ти била среќата ги вратиле цените. Исто ми се случило на рафт повисока цена и ми наплаќа пониска цена и јас прашувам да не грешно искуцала па да е во минус после да провери цена ама не таа е пониската па иде да си ја смени на рафт. Тоа со акциите викенд, неделни, месечни многу прави збрки, ама нивно е да имаат точни цени на рафт, а не е секогаш така.
Во тој случај имате право право да барате а маркетот обврска да ви наплати по цената која што стои на рафтот. Доколу не постапат така треба да пријавите во пазарна инспекција.
Денеска во bubble tea во east gate, го замолив продавачот уште еднаш да ми повтори какви сирупи нудат, а тој ми возврати со “реприза у недела”. Браво, многу креативно.
Продавачка на каса со висок тон ми се обраќа: ,,Ти требаше да ми кажеш дека производот е намален за да го наплатам по таа цена, од каде јас да знам дека е намален?!" I mean, баш тоа ти е работа или грешам јас нешто тука?