Пред 1-2 год. Влагам да си купам медицинска униформа- scrubs за вежби и ѝ викам на продавачката добар ден ми треба медицинска униформа и ми возвраќа и шо да напраам ја сеа? И ја викам молам? И оваа вика се шалам бе па ти и нормално не влегов таму повеќе се шалам бе вика хахахаха wtf
Пред некој ден отидов до аптека (не би да именувам која) да купам клистир за чистење, влегувам, беше продавачката и уште едно девојче исто вработена стоеше позади неа и прашувам дали имате клистир за чистење на дебелото црево? Девојчево позади се изнасмеа, не ми е јасно зашто ваквите работи се исмеваат?
Сигурно не видела колку тешки и навидум неповрзани болести се јавуваат како резултат на неправилно функционирање и нечисто дебело црево па такви гримаси направила, во нормални држави истата треба да те упати како се користи, не би да именувам каде ама другарка што ми имаше кажувано, дека продавачката и се понудила сама да ја посочи како правилно се користи апаратот од а до ш, многу сме заостаната земја.
Продавачите и продавачките во Артурс во ГТЦ(особено) да намалат со ароганција и дрско однесување, навистина не им прилега, особено за годините. Да беше маалска продавница ќе разберев, ама очигледно толку им делиле, за жал.
Да ги пофалам продавачките у Шатци. Секој, ама баш секој пат кога сум влегла се однесувале арогантно. Особено во продавницата на Партизанска. Намерно бираат кучки за продавачи или? На друго место никаде не сум искусила до тој степен да се однесуваат, само во Шатци
Па мислат дека работат кој знае каде па и ти Прости. Инаку, јас еднаш имам влезено таму и никогаш повеќе, дрскост на ниво.
Мене тие во Сити Мол во тоа карши Пандора, секогаш кога ќе влезам ми се лепат на мене, ко муви на ла*но. Мене тоа ме гуши и се чувствувам непријатно. Да бев женско и јас ќе и удрев клоца и ќе бегав, ама после никој нема да ја погледне во г'з.
Сите одма се лепат, да. Или кога има уште еден клиент не ти обрнуваат внимание. Сеа онлајн само си нарачувам. Пијавици.
Бев да сменам производ што не одговара и да ми вратат пари, каков поглед добив од продавачката како од џеб да ги вади тие пари, уште ми се обраќа со тон, иди таму на каса! Ако има пари ќе ти вратиме! Ако не, дојди покасно ок?! Идам на каса, антипатичен лик левел не знам, што бе не одговараат? Како ти одговараа тогаш? Викам не ги зимав за мене, а што е тоа важно кога имам право, ниту оштетени ги вратив ниту нешто ова ми се случи во продавница во ист гејт и генерално многу некултурни продавачи имаат вработено не ми е ова прв пат ваков однос спрема купувач.
Во населбата каде што јас живеам,има едно малечко продавниче,ама има баш буквално се што ти е потребно.И таму има една продавачка стара,ама буквално како намќор е.Ако одиш чувствувам во продавницата зошто одиш...хахахахахаха многу ми е смешна
Двапати по ред, во два различни дена, на касата во КАМ во ГТЦ во подрумот, истата продавачка се однесуваше многу лошо со муштериите, срам ме фати што бев сведок. Првиот пат се искара со еден човек зошто и дал 500 денари за производ од 30 денари, немате ли 100-ки? Човекот љубезно и рече, немам -такви банкноти ми даде банкоматот, не даваше 100-ки. Кога почна да меле како не е точно, и таа вадела од банкомат имало стотки, само тој сигурно не знаел како да куцне на него и да побара?! не бе он е глуп, ти си паметна! Дрска до крај. Човекот ништо не и прозбори. Јас неможев да ќутам ко него, ме фати инат, само и реков, не е така има банкомати што не даваат да извадиш 100-ки. Си заќуте. И вистина има некои не даваат мали суми, ако ти се погодило баш на таков да вадиш..Ама и да не е така, не е должен муштеријата да ти носи ситно, без разлика за која сума купил, нејзино е да си има ситно во касата за кусур. Ова никогаш не им влага у глава. Уште и глуп го направи, неписмен пред полн маркет. Наредниот пат една жена сакаше да ја сторнира сметката зошто нешто враќаше од купените производи, ама сакаше и да ја задржи фискалната сметка дека голема сума, да ја скенирала. Продавачкава место да и објасни убаво и со фино дека неможе така, почна да се расправа и да и крева тон, синќир е луда женава. И на крај и рече ааа па неможам јас со вакви, еве ќе ви ја викнам шефицата па објаснете се со неа. Женава вика па сакам да ја викнеш, викни ја. Шефицата дојде и тивко, без галама се разбраа со муштериката. Некои луѓе не се за некоја професија, само тоа можам да заклучам..
Во Тинекс има многу арогантни касиерки. Со една се испокарав, лом се направив пред 20 души. Секако, по нејзина кривица/незнаење.