Продавачки не, ама вработените во Зегин ја претеруваат. Понашање 0 и секогаш гледаат поскап производ да ти продадат. Еднаш идам по препишан сируп, ме лажат дека го немало. Се вратив кај матичниот да ми препише друг, па и тој го немале демек и на крај им се јави и пак ме врати кај нив, ми го дадоа истиот што го "немаа" 2 мин претходно. Друга случка, барам памперси, ми викаат демек немало бројче од тие и ми нудат на друга фирма, поскапи, викам не фала и ете ја после 2 мин демек ееј еве сме имале. Денес пак сличен пристап. Пак по памперси, ѝ кажувам да ми даде едни, ми дава други, поскапи. Ѝ велам не ги барав тие, и мораше да ми даде од тие шо си побарав.
Во Зегин стварно ептен се за никаде. Го праќам маж ми да купе спреј синомарин за деца, му даваат обичен. Пак го праќам да го врате и да им напомене дека за деца треба, му рекле дека тој е за деца. Се изнервирав и отидов јас, им велам:Спрејот синомарин што го купи маж ми пред малку, а таа не ми ни дозволи да се доискажам и вели: синомарин чилдрен ли сакате? Велам:да од тој. И ми го дава спрејот. Не е прв пат такво понашање никакво да имаат
Таа не го understand, требало children да и каже. За Зегин и јас имам пишувано. Има ретко некои навистина пријатни ама повеќето бутаат производи што не ги бараш
За Зегин не ме чуди дека имам и другарки завршени економско они во аптеки работат Една дури во Алкалоид .. Стварно не знам како ги примаат а немаат учено фармација..
Продавачките во Fabu City mall. Влегов да видам дали го имаше парфемот што го барам и продавачката магично процени дека јас немам пари да го купам, крајно некултурна се смешкаше во смисла јаоо глупачо па каде ти пари за ова. Како бе вака? Како вака проценувате? Драга продавачке (зошто не заслужуваш поинаку да бидеш наречена) се надевам дека твоите месечни примања се поголеми од моите и можеш да си го дозволиш било кој парфем!
Jas imav odamna takvo iskustvo od evroazija vo vero sto bese edna prodavacka mi vika za tebe nema nisto tuka odi si a prethodno im ostavav dobra suma na pari posto pazaruvav od niv I trebase da rabotam tamu ama odbiv I I rekov oti ke bide naklevetena na gazdite ama ne ja naklevetiv jas tuku posle drugi luge sto se najdea vo ista situacija kako mojata I ja izbrkaa od rab
Значи продавачкиве во ваквите "фенси" продавници многу подценуваат. И мене ми се има десено. Само затоа што не одам облечена ко за на оскарите не значи дека неам пари да купам ебан парфем. Зашо иначе би влегувала таму? Следен пат ако ми се испонашаат барам менаџер, ме заболе за нивната работна позиција.
Точно, бутаат производи што не ги бараш. Купувам во една прилика антибиотик, фармацевтката посига накај кутија со Провен и ми вели: Колку пробиотик сакаш? Значи не прашува дали сакам, не прашува од кој сакам, туку само колку сакам. Извини и викам, не ми треба пробиотик, дај ми го само антибиотикот. Ок, вие се си знаете ми вели. Не, и одговарам, докторот ми кажа што точно треба да земам од терапија.
Зегин се типична пазарска тезга станати, не се за помош, туку да продадат нешто што им е на таргет, со рок и нивен увоз. Во "стручноста" одамна се уверив, дури смешни ми се некогаш, жал ми е за тие луѓе што немаат познавање па дотичните успеваат да им увалат секакви глупости...Притоа и арогантни. Второ место, вработени во Космо, Фабу, бренд продавници за облека...па тоа еден занес, мислиш во НАСА ракети кодираат. Па тоа едно гледање, мерка земање, потсмев, шепотење... Трето, комерцијалисти...исто така луѓе што мислат дека работат страшно битни позиции па често и однесувањето им е на нивоУ. Имам уште ама ајде, претежно тоа се луѓе кои имаат страшни комплекси за своето битие и постоење, па мора вака да ги искажат.
Не знам зашто се замарате со ова. Си влагам, купувам што ми треба и излегувам. Ако се безобразни за нив си се такви. На крај краева јас не губам ништо туку они ме губат ко муштерија парите си се кај мене.
Мене во Еурофарм така за изопринозинот ми напраија.Демек најдобар нѝ е блабла, а овде ми рекоа има и поевтина варијанта.Ок? Мене ако ми се испонаша така дали продавачка, келнерка, им враќам.Прва не почнувам, поготово ако влагам со намера да купам.Секогаш сум фина. А и мене ми се случувало во тренерки да тркнам до Сити мол или некои други бутици и ме гледале ко просјак, а од кај знае бе, може 100-200€ ќе им остаам.Не се суди по облека, башка и да неам пари за да купам, не можеш да ми забраниш да влезам и да разгледувам јбг. Таму кај што функционира ,,купувачот е секогаш во право” освен и тој ако не е некој опинок, бизнисот цвета Не сфаќаат дека од муштериите зимаат леб, али ок
Зегин ти се посебна прича, секогаш гледаат да ти пикнат дупло поскап производ од што бараш, под изговор "подобар е". Имав ситуација со нив и они се првите со кој се имав испокарано дури и пријавено во човечки ресурси.
Еднаш одам и ги прашувам какви пелени за бебиња имате, а таа ми одговара какви сакаш? Еднаш пробаа да ми дадат друго ад нан, а не тоа што го барам и следен пат кога отидов да купам ми го даваат тоа што го барам, само што амбалажата од фабрика им беше сменета, ама јас не им поверував и не го ни земав. После проверив дека имаат нова амбалажа
Јас овде еднаш имав искуство од обезбедување од друга фирма. Боже ме сачувај,тие мислат дека ако обезбедуваат имаат права на сѐ. И за жал,повеќето ги прекршуваат правилата. Во маркет влагам со ранец и на каса,си собирам продукти во ранецот. Таа ми го допре ранецот и ми се обраќа дрско да сум ги отворела сите прегради. И кажувам дека може да гледа,но не и да допира и дека нема никакво право да ми врши претрес. Како ме погледна бледо, се повлече. Така да си знаете,обезбедувач не смее да ве пипне во овој случај. А во Мкд на каса во Веро во мало ранче што го носев со мене имав сок кока кола купено од друго место,а влегов по чоколадо . И така да си платам ко ми се закачи еден набилдан и надркан, да ми врши претрес продавачката не сакаше да ја скенира кока колата, они окензени од кец до кец фатиле крадец. Му викам брате сакаш да викнам полиција дека претрес не смеeш да вршиш Ме гледа и ќути. Ми вика ти крадеш. Продавачкава ќути. Јас си вадам пари да платам за чоколадото, чекав да искочи сметката и земав сама си ја скенирав кока колата на тоа скенерот. Прц,кодот не беше пронајден. Нормално. Викам брате очите во компјутерот нека ти се, да крадев барикадиве со сензор ќе свиреа. И јас уште по рамо го тапшам му велам “ Не се нервирај губиш лепота “
Бонус од Зегин: еднаш за малце ќе ми дадеа некој си лек за црн дроб наместо Синомарин капки. И кога побарав Бекутан капки против грчеви ми рекоа дека немало таков производ на Бекутан, а на крај ми ги тупнаа у ќесата баш тие истите.
Во Бако продавачките се ептен некултурни, и во Скопје и во Битола. Кога ќе влезеш нон-стоп грицкаат семки, кикиритки, зборуваат со полна уста, на муштериите им се обраќаат како на другари/ки. Последно кога бев, продавачките цело време до мене стоеа буквално залепени. Мене до крадење семки или бадеми ми е дојдено.