Се е отидено во неповрат. Баш на оваа тема за Зегин аптеките зборев со нивна поранешна вработена и она ми кажа дека имаат одредени марки, што ако ги форсираат да ги продаваат имаат процент и од цената. Затоа луѓе ако знаете што ви треба и сте сигурни во производот, не дозволувајте да ве манипулираат.
Мене само не ми е јасен моментот во веро конкретно еве што ташна на рамо нема проблем, ама ранец некогаш бараат да оставиш. Мислам ако сакам да украдам нешто можам и во гаќи да го пикнам. Двапати ми се случило да го побараат, сум рекла дека имам битни работи и не сум оставила, па ме пуштиле.
Сеедно, и овде мене ми барале во веро. Мислам што е разлика од ташна на рамо до ранец освен до тоа на кој дел од телото го носиш.
Бар кодовите на производите се секаде исти (сдк во сите маркети во мк).. освен ако кока колата не си ја донела од малта а да ја скенираш во МК ... Во еурофарм секогаш ама баш секогаш пробуваат поскап производ да ми продадат, најчесто нивни увоз.. Секаде е исто...
Мисли не покажало таму зошто бројот кој го имаат на производи не им се совпаднал, пример имаат на залиха 1000 кока коли оваа ќе ја нема зошто би била вишок ја нема во систем.
А зошто би била вишок? Освен ако имале 1000 К.К и ги продале сите.. па нема ниедна за продажба?! Се додека има на рафт, можно е да ја земала од таму. Бидејќи хипотетички можеби влегла да купи к.кола...како не би ја искуцало? Нема логика од двете страни гледано
Ќе биде вишок зошто во систем им се 1000 кока коли пример и како се троши се намалува бројот. Точно се знае колку производи се на рафт и во магацин и толку се внесени во систем.
Ама неа на каса ја застанале или пред каса сеедно кај ќе те застане. Не отишле да ја избројат залихата... Па дури и да нема на залиха не треба да не го покаже кога ќе го искуца. Тој си е баркодот... ќе покаже дека нема или у минус кој знае сеа програмите какви им се Небитно ај.. и офтопик сме.. А за арогантни..арогантни се
Секоја камера може да се врати освен тоа на влез пак има обезбедувач,внатре пак има обезбедувач. Од секој ќош се снима? Зошто би купила друга кока кола ако вече имам друга во ташна? Зошто не реагираа сензорите за кражби поставени на секоја каса?
Еднаш со мајка ми бевме на шопинг и влагаме во една продавница и мајка ми ја бутка вратата која притоа беше еден тон. Одвај ја отвори и влагаме и таму седат продавачи и се смеат и едниот и вика на другата: ја искрши вратата... Цинично им се насмеав, ја фатив мајка ми под рака и си излеговме.
Aбе ич не е битно зошто би купила друга.. за дечко ти што те чека на клупата во веро Што е битно Сензорите толку често не реагираат на нивни работи, а реагираат на глупости Како на пример на јакната моја Ама на детето пред мене на каса што истрча надвор со киндерот ниту свирна ниту ништо
Конктетно за Зегин вработените земаат провозија ако продаваат артикли кои се нивни увоз. Затоа и се толку нападни. Јас на пример што и да ми дадат читам декларација и ако пишува увозник Зегин напротив баш тоа не го купувам и барам да ми дадат нешто друго зошто не сум сигурна дали ми го нудат зошто е добро или затоа што тие имаат ќар.
Точно и во другите аптеки е така. Имаат фиксна плата и плус процент од одредени производи што ќе ги продадат. Затоа се толку упорни и те разубедуваат да го купиш производот како во Топ шоп.