1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Арогантни продавачки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од prettygirl, 27 ноември 2009.

  1. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Леле колку мразам арогантни продавачки леле леле а повекето се такви абе ајде платата и работното место и зависи до нас купувачите и пак незнаат да те услужат како што треба. Најмногу ги мразам оние кога ќе влезам во бутик и на пр ке барам фармки и тие еј ај да не станувам фармерките се наугаа таму и ке покажат со рака леле бе на што личи тоа заслижуваат да и го повикаш гадата и убаво да ги наклеветиш или пак ти ке влезиш во бутик а таа гајле си нема си седи надвор си пуши ма не се замарати внатре чекај си, чекај. А многу ги мразам и оние нападните во стилот леле срцка купи си ги мн убаво ти стојат леле колку убаво изгледаш купи си ги а ти во тоа како за маскембал да ок точно е треба да си ја продадат стоката но сепак не на тој начин. Затоа совет за сите продавачки бидете секогаш љубезни и насмеани.
     
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Се извинувам што ставам едно под друго мое мислење но морав да изреагирам за девојката погоре ма дај жити се од таму далеку се гледа дека ти си продавачка и се имаш препознаено во ваква ситуација. Како прво не ти доликуваат зборовите ПРОСТАЧКИ а како второ газдите и текако ги интересира мислењето на потрошувачите секој потрошувач е важен и тој си плака за услугата и треба да ди ја добие поскауваната а ако продавачката не ја бива знаешли колку девојки се без работа и таа работа ке ја работат со насмевка од уво до уво??? И не ќе да е лошо да разлисташ некоја книга маркетинг и ке ке разбереш зашто КУПУВАЧОТ СЕКОГАШ Е ВО ПРАВО . поздрав имајте пријатна вечер
     
  3. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Мора да ви се приклучам на муабетов,но непристрасно.Првото мислење дека продавачките се простички како што ги нарекува Јоелле е навистина непотребно,бидејќи сите ние пазариме секојдневно и ги оставаме нашите пари по продавници за наши потреби и цели,значи за јадење,облека,сето тоа се цени како услуга кон потрошувачот,и таа услуга треба да е на врвно ниво,тоа е исто како гостин кога ви влегува дома и вие го пречекувате насмеано,расположено,го нудите со вашите специјалитети и на крај го испраќате со ,,Пријатно,дојди пак,, итн.Така и продавачката треба да е цело време насмеана,без разлика дали таа сака или детето и е дома болно или ја болат нозете бидејки таа постојано има муштерии и треба сите да ги услужи и на сите да им биде по ќефот па макар и еве да го услужи и тој што инсистира дека тоа парче месо треба да го купи иако продавачката го изёвестува дека парчето е мало и ќе остане крајче што на крај она самата ќе си го плати бидејќи никој не ма да го купи.Купувачот е секогаш во право велиш,да во право сме сите ние бидејќи во целина сите сме купувачи.Не моѓе секој да работи како трговец,треба вештина и многу знаење да се применува бидејќи во директен контакт со луге настануваат конфликти,има нервозни луге,болни луге,луге што немаат нерви и луѓе што не знаат за ,НЕ, како одговор и мора да го имаат зацртаното по секоја цена.За жал оваа продавачка во Тинекс налетала на еден таков тип така да сега мислам дека ќе дува и на кисело млеко.
     
    На mangupce31 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mangupce31

    mangupce31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Хмм, моето искрено мислење за горенаведената ситуација е дека постои одредена вина кај продавачката од тинекс,но за мене поголема вистина е дека парот што пазарел и што ја пријавил кај шефицата нема свој живот а по се изгледа и редовен секс,па затоа изигруваат некои си бунтовници како да тие се толку прекрасни во тоа што они го работат.Моето мислење за такви личности кои би оставиле некого без работа само за да каснат од средината на месото што и не е логично така да биде служено е дека се себични и мислам наместо за цивил типот треба да знае дека е дебил.
     
  5. marina22mk

    marina22mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    51

    Ако купувачот е секогаш во право, тогаш продавачот секогаш греши?!?!?! Нема логика, луѓето се научиле со таа реченица, па си мислат се им е дозволено. Има многу арогантни продавачки, не велам не, но има и многу безобразни купувачи, така да НЕ СЕКОГАш е купувачот во право.
     
    На mangupce31 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Доколку имаш прочитано книга за духовноста на човекот немаше да се изразуваш со толку прости зборови па и не ќе да е лошо да ни препорачаш некоја книга за ДУХОВНОСТА НА ЧОВЕКОТ само не овде имаш соодветни теми за тоа :) Се извинувам за офф топикот А за тоа дека купувачот е секогаш во право не сум го јас измислила има луѓе кои оддамна го кажале и во книга го ставиле. Да и јас не се сложувам во целост со таа реченица но во нормални услови би требало да е така.
     
  7. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Малце ми е неверојатно дека баш секаде и во секоје бутикче работат толку арогантно неподносливи продавачки кои треба да бидат искоментирани тука! И најчесто продавачките не се и сопстевнички на бутикот,односно завистат од работното место така да не верувам дека баш така се испонашуваат!
    Јас не ве разбирам сега...каква продавачка сакате, Велите дека е некоја арогантна дека си седела со пријателката и ја мрзело да ве услужи, си зборела на мобилен и дрн дрн днр...а од друга страна пак ве нервира ако ви се влечка по вас додека пазарите! Мислам дека на муштеријата не им се погодува баш!
    И јас сум продавачка,можам да се пофалам дека услужувам максимално,се трудам да го убедам муштеријата да купи (ова знам дека не го сакате,ама мене ми е од работа и сум успешна во тоа), не делам комплименти, поздравувам и обавезно користам ,,повелете,што ќе ви треба,разгледајте слобдно,,, ама морам и да си признаам дека знам да бидам и ,,арогантна,,! Ако за вас е ароганција што ќе ве погледне некоја продавачка на криво тогаш и јас сум таква во случаи кога ми влегува цела група непрошетани тинеџерки и само дават глупави кометари,се зафркаваат една со друга користејќи ја робата во бутикот,се смејат ко нездрави без причина! Е тогаш ги гледам на криво и сум арогантна (гајле ми е оти сум)
    Ако е ароганција тоа што немам ситни пари, тогаш сум исто така ароганта оти често немам а и според мене не е трагедија ако се извинам и излезам да побарам ситни од комшиите! Арогантно ќе биде ако не ги услужам муштериите бидејќи сум немала ситни пари!
    Ако е ароганција тоа што одам по муштериите во дуќанот тогаш нека сум арогантна ама мене ми е работа да им дишам зад врат,да ги пазам што фаќаат (оти 100 пати сум нашла извалкани парталчиња),ги вардам да не ме украдат (оти тоа е секојдневие)и ги ,,читам,, што од прилика им треба за да ги услужам и со бројче,и со модел и со боја!
    И ако за вас е тоа ароганција,тогаш сметајте дека треба да ги одбегнувате таквите бутици! Вистина е дека продавачката треба да ве услужи но тоа не значи дека ви е слугинка која гз ќе ви лиже за да купите!
    На едни ви пречело оти бројчето сте ја ,,молеле,,да ви го даде,не била до вас... на други ви пречело што по вас се влечкала! Па и тоа го нарекувате ароганција! Вие сте толку професионални на вашето рабтно место?
    И јас сум налетала на арогнатна продавачка, ги има,не велам не... но повеќето случаи кои ги прочитав на темава ми се баш ОК однесување на продавачка и немаат ни А од ароганција!
     
    На Go-Girl и mangupce31 им се допаѓа ова.
  8. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Bчера бевме излезени со едно девојка,за да купам некој фустан,не викаат од кај мажот ми на работа на некоја забава,ама стилот бил како на бал,свадба :D и барам насекаде,бев во еден бутик и се што ке побарав ми даваше едната со насмевка да ти е мило да си пробуваш,ама не најдов ништо од тука и заминав во тој наспроти за малку поголеми броеви,и тука имаше и послатки работи :) и се што бендисав си земав сама си знам број и си одам да пробам,е добро сега девојкава што беше со мене,одеше и ми носеше и продавачкава ми вели ти треба нешто и јас и велам ако сакаш донеси го онај што беше напред, број S,(јас сум тој број само во тој бутик) :rofl: и ми носит XS и велам ама S носам носам,ова тесно ке ми е,и таа ам S на куклата е,и јас и велам те молам можеш ли да ми го дадеш да пробам,леле луге како се намршти,и керка ми како што играше на тепихот,како ја потргна настрана грубо,не ја собираше да помине голема беше :lol: и ми го донесе и како да сакаше да ми го фрли в лице,и после најдов еден и си го купив,ама пак не најдов за таа забава :^) Cе на се,има добри продавачки и има и некои како оваа :) а мина има и луге што влегуваат бутик само за да тепаат време,како тие тинејџерките,и да нормално да излезиш да бараш ситно,може да ти чапне некој облека
     
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    се изненадив искрено, колку коментари предизвикал мојот пост овде.

    не планирам да се расправам,само да им кажам на сите продавачки што коментирале овде дека се нереални.

    ви благодарам за навредите но јас многу добро знам каков живот имам и зошто така се изреагира на ситуацијата. а исто сакам да ви кажам дека додека студирав денски одев на предавање и работев како продавачка во маркет а навечер како келнерка и тоа неколку години па извинете сум видела се и сум преживеала мн работи и знам што значи да си продавачка ама никогаш не сум се понашала како вас нкогаш никој не нвредив и затоа добивав поклони и големи бонуси од работа. ама тоа тие македонски менталитет сите им се криви.

    ние не бараме она што сме го замислиле туку она што таа е должна да ни го даде кога плаќаме со пари и ако остане мало парче сигурно она од џеб не го плаќа да е така нема ни шефицата да прифати. и последно да ви кажам , многу ми е гајле ако таа стое и сецка цел ден, а јас што правам не сум на работа повеќе од 8ч? јас не се расправам со луѓе тука ? секој треба да си ја врши работата најдобро што можи и да не си лечи комплекси на купувачите.
     
    На maja8, girl1985 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  10. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Се согласувам со joelle :up:
    Темата арогантни продавачки не е во смисла дека сите продавачки се арогантни !!!
    Впрочем има и многу мили ,фини добри абе срцки.
    Сме имале искуство со такви (арoгантни) и го споделуваме искуството со другите...
    и испулувањето накриво ,непослужувањето , и фрлање на облеката наместо фино подавање
    е ароганција и тоа како...
    Тие се на работно место ,не им сме ние криви ако имале лош ден
    зошто и на нас да ни го расипат?
    Си собрал некој денар, и со кеф одиш да си купиш нешто да се подновиш
    и некоја така да се испонаша дебилски |( абе мрш излегувам и не земам ништо оттука
    не ми треба никој кој може да ми влијае негативно врз моето расположение !

    Има арогантни продавачки и точка и извичник !!!

    и не коментирам повеќе
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Оф леле, што и се нафрливте толку на Жоел?! Дајте девојки малку ослободете ги мислите, не си ишкајте муви од капата, не е потребно. Едноставно девојчето си кажа од лично искуство, не е мислено дека сите продавачки се простички, арогантни и не знам какви :| Сега јас ако сум работела како продавачка да идам да ја колам тука за тоа што рекла. Ми е гајле. Јас сум јас, а тоа дека има секакви луѓе тоа е факт.

    Се извинувам морав малку, иаку знам дека не е културно да го мешаш носето кај што не му е место.

    Како и да е, во однос на темата, морам да ви кажам дека не знаете што значи арогантна продавачка додека не отидете во некоја посткомунистичка европска држава на шопинг. Ужас невиден. Затоа викам - златна Македонија!
    Сепак обично најмногу сакам продавници каде што може човек да шета и да пробува колку му душа сака а никој не те гледа ниту ти дише во врат.
    Кај нас продавачките не дека се арогантни, ама секогаш ми се смешни оние кои просто се решени да ме убедуваат колку парчето облека кое го пробувам е само за мене шиено! Па види се молим те. Гледаш ли колку убаво ти стои, е е сега ќе ја викнам Жане да ти каже...Жанееееее Па тука ја вика колешката евентуално другарката на колешката, која дошла на кафе, па комшиката колешка од другата продавница, па нејзината тетка, стрина, золва, вујна итн не знам кој се затекнал во продавница во тој момент, и сите групно ме коментираат - ма види како и стои! Ко кукла е! А јас се гледам во огледало, и не знам дали да заплачам или да се смеам од новостекнатиот моронски изглед. Муабетов ми е ко дечко, локално фраериште а ла Тошо, кога те убедува - јао маче па ти си најдобра! :)
    Но, тоа е нашиот менталитет и мене ми е тој дел забавен. За среќа не се случило некој до коски да ме изнервира во продавница. Тоа право е резервирано само за одредени вработени во државните институции :wasntme: (немој да ми се нафрли сега некоја форумџика за ова, знаете како е мислено) ;)
     
    На LivingGlam, joelle, blond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Пирамитче јас мислам дека во ситуацијта кога ти дели комплименти продавачката само се труди да продаде,и таквата продавачка според мене е само нападна а е далеку од арогантна!
    Ароганција е кога нема да сака да ти го извади фустанчето од излог,или ќе ти го фрли со намрштена фаца (како во случајот на wolf4e), но зборот ми беше дека не можеме сите да ги ставиме во еден кош, бидејќи некои само со тоа следење по вас,и ,,делење комплименти,, си ја вршат работата,и според мене тоа не е ароганција!
    joelle мојот коментар не беше директно упатен на твојот пост бидејќи во твојот случај и јас сметам дека станува збор за арогација! Треба да ти го продадат тоа што го бараш (ако имат),во случајот имале и не сакале да те услужат! И те како станува збор за ароганција... (значи не се ,,нафрлав,, на тебе а богами и на никој друг конкретно)
    kate-the-great има арогантни продачки сум налетала и јас на нив, ама има и арогантни муштерии,но највројатно ќе треба да се отвори посебна тема каде ќе зборуваме за таквите муштерии кои се оденсуваат кон продавачките како кон слугинка!
    И да...се препознав во многу случаи кои ги раскажавте... ,,дишам зад врат,, и делам комплименти (умерено),одам по ситно во комшии, погледнувам на криво кога знам дека влегува во дуќанот за да си утепа време (го прави тоа секој ден), бидејќи јас сум таму продавачка која треба да услужува а не некој муштерија да се изживува врз мене и робата во бутикот!Ако е тоа ароганција,како што раскажуваа другите членки пред мене,тогаш сум арогантна! Тогаш муштеријата нека повели во друг бутик! А можам да се пофалам дека сум успешна во својата работа, знам да продадам и да го натерам муштеријата да се врати пак кај мене (и самите муштерии ми имат кажено дека успешна сум во продавањето)
     
    На mangupce31 и joelle им се допаѓа ова.
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Па Мина мене ми е многу јасно зошто толку комплименти делат продавачките, и јас ги разбирам. Тоа им е работата - да продадат нешто. И не е тоа пример на ароганција туку наведов што ми е интересно и смешно кај нашите продавачки. Јас веќе се забавувам кога ќе почнат вака комплименти да делат и ќе го соберат цел спрат што се вика од ГТЦ да те види и да ти потврди.
    Јас се смешкам и јасно ми е дека и триста комплименти да ми изреди, ако ме стегаат панталоните нема да ги купам па што сака нека е.

    Ама знаеш, многу повеќе, барем кај муштерии како мене, се постигнува со неглумена искреност. Зошто да не ми каже таа продавачка - е ова не ти стои ама имам за тебе подобро парче? Тоа ми се случи во еден бутик во Беверли, најискрено ми кажа и вториот фустан кој ми го подаде беше навистина поубав и го купив. И волкот сит и овците на број. Ама да ми тврди дека изгледам беспрекорно и прекрасно во нешто во што очигледно е дека изгледам ко за гревови, ми е смешно :)

    Точно е тоа што го кажуваш, и реков веќе, луѓе има секакви, како продавачки така и муштерии. Јас сум лично муштерија кој сака да си направи муабет во бутик, онака домаќински муабет што се вика да си истерам. Ама ако не сум задоволна од нечие однесување и те како знам да си ги одбранам своите основни права на муштерија.
    Пред некое време влегов во една продавница, еве сега ми текна, јас фина насмеана, продавачкава ме стрела со поглед мислиш сум и опцула цела фамилија до 3то колено. Мрмори, ја мрзи уста да отвори. И викам - Вас некој ви се заканил дека ќе ве убие ако бидете попријатна со муштериите? И на крај се насмевнав. Ма јок бре, не и беше денот за ништо не пак да го сфати мојот хумор :) Тоа е тоа, секакви не има.

    Едит. Пиши Мина дискретно, ако сакаш нели, во кој бутик работиш, да ти направам промет некогаш. Па да видиш каква сум пријатна ко муштерија, абе да ти е милина да ме фалиш :D :*
     
    На mina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.212
    Допаѓања:
    5.613
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми се случи, и баш во Еуро Азија. Позади мене идеше цело време и цело време викаше, а девојче ова да го пробаш, а ова, леле ова колку убаво ќе ти стои. И додека пробував, нормално се изнасмеавме со другарками за тоа како е она “услужна“.
    И дури на крај неможевме да искочиме од Еуро Азија,од што не замараше толку :x
     
  15. mangupce31

    mangupce31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    СЕ согласувам Мина со тебе,има секакви купувачки :D ,секакви луге,оваа работа е за ментално јаки личности,подобро да ги нарекуваат продавачките ,,, арогантна,, околку неспособна.Треба да се издржи машки и професионално.
     
    На missperfect му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Секогаш треба да се ислушаат двете страни, и на крај заклучокот е.................. и двете страни се во право :) .

    Финтата е да направиме разумен компромис, што би рекол нашиот ни драг Претседател. :lol:

    Е сега и јас сум како Пирамидката, сакам продавачката да биде искрена а не да ми дава балонче фустанче и да ме убедува дека нема да ме шири на моите облини, или гледам дека ми излегол пола задник надвор од фармерките со низок струк и да ми вели дека се супер и дека и ќерка и имала такви :^)

    Јас упорно и велам дека не ми се допаѓаат, а таа ме убедува со сите сили :talk: :talk: :talk:
    И мразам да ме следат со сомнителен поглед и 100 пати да ме прашаат дали ми треба помош :@

    Сакам да си влезам културно и опуштено, да си разгледам што ме интересира, да си прашам тоа што незнам, да си побарам да ми даде нешто што барам и толку. :)
    Зарем е толку тешко да му дадеш на купувачот малку да дише?

    Е сега јас не одам секој ден за разонода да пробувам, не крадам, не пробувам нешто што ми е мало да го раширам и не и ги растурам сите алишта, туку сум максимално коректна.
    Зарем не заслужувам коректност од другата страна?

    Вие продавачки што се правдате со такви досадни и дрски муштерии- имајте си такви арогантни тактики со нив, а не со некој кој со насмевка влегува да остави некој денар кај вас, а вие го стрелате со поглед.

    Е така :geek:
     
    На blueeparadise, LivingGlam, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Мислам дека темава Арогантни продавачки се однесува на процентот кои се навистина арогантни. Нема потреба оние кои работат како продавачки да се лутат и да се најдат навредени ако не биле такви.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Сесилија, значи тотално, тотално се согласувам со тебе! Тоа, типови на продавачки има сто! Некои се арогантни, некој пренападни, некои таканаречени 'следачки' :lol: , умилкувачи, а па некој има што ВООПШТО не те ни приметуваат дека си влегол во продавница. Еве еден пример.. Бев во една продавничка мала, што туку отворена во мојата населба, и тие место сега отворена продавница да привлекуваат повеќе муштерии, и бар да стават нешто кукли на излог, да ја уредат, и да стават нешто океј тиее.. Туку, остајте на страна тоа, влегуваме со мајка ми, мајка ми рече добар ден оваа едната седнала на стол кафе си пие, другава застаната, се смее ко луда и демек мести нешто и си пивнува и таа од кафенцето! Ни добар ден, ни бакрачи! Продавницата ко што беше 2 квадрата, се растурено, уште неизвадено од кеси, тоа што паднало не станало.. абе лом. Ништо посебно немаше, иако цените беа по 150 денари. -.- Па, толку и вредеа парталчињата! И гледам сите се жалите од тие од Евроазија, еве и јас да се пожалам. Тие баш спаѓаат во типот пренападни продавачки и упорни следачки! Хахах :D Значи, океј ствари има, ама да зажалиш што си влегол. Ем имаат камери, ем уште на влезот некоја ќе тргне по тебе, и не те прашува така љубезно туку, што, што ви треба? Ви треба нешто, што барате, каде, што? Ко да те тера, да не купиш. И по цел пат се влечеше по мене и мајка ми! Сакавме да купиме тексас јакна, и сакавме да ни симне нешто, и оваа цела нервозно не гледа и вика не, неможе тоа, и незнам зашто, што ни рече. Ја купив таа тексас јакната, ама тотално ме разочараа продавачките. Досади живи!
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    аууууу. :@ :@ :@ :@ :@ :@ за таа имам пишано во предходните страници, ама пак да ја пишам... кога бев во бисер другарка ми ме натера пак да влезам со молбиииииииииии!!! и ајде.... и влагаме, и онаа дебелана ни вика што ви треба со :^) ваков поглед... и викам само да разгледаме! и после 5 секунди и викам на другарка ми, ајде ајде да си идеме! не дека нема роба, преубави има, ама арогантност до бесвест брееее!!!! кој ќе им купува од таму бре, не даваат ништо да се проба, за матура мене само 2 фустана ми дадоа, вика ако не купиваш нема пробување! Моламмммммм????????? :envy:
     
  20. ss80

    ss80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Хахха, навистина имаме доста дрски продавачки (за жал повеќето се од женски род)...
    Јас имам еден предлог кој сеуште го немам употребено на свој пример, ама еве за сите вас кои во иднина ќе имате непријатна средба со неуслужливи вработени: им кажувате дека сте од Асоцијацијата за заштита на клиенти/купувачи и ги замолувате учтиво да ви ги дадат своите податоци-име, презиме и на пр.од кога се вработени на тоа работно место (за да изгледа поверодостојно :lol: ). Доколку не сакаат да соработуваат, се правите дека во вашиот телефон запишувате податоци за фирмата/продавницата и кажувате дека ќе мора да поднесете негативен извештај до нивниот шеф во кој ќе биде назначен денот и времето на „рацијата“ :devil:
    Знам дека е малку лошо и дека можеби ќе им го зезнете денот на некои од тие лоши тетки/чичковци, ама мислам дека стравот ќе ги свести, дека иако сите ние имаме лоши денови, сепак мораме да продолжиме да си ја работиме работата-нема потреба од внесување на емоции притоа...
    Инаку, на запад постојат вакви асоцијации основани точно за доброто на секој клиент.