Сум слушнала за ова, иако мене не ме застанале до сега, а често сум со ранец. Мене некако полесно би ми било во ташна да бунам нешто, а потешко во ранец, особено на грб. Што знам...може грешам
За Зегин и јас немам некое позитивно мислење. Еднаш ми збутаа поскап ацетон за нокти, иако јас си барав друг, демек тој имал повеќе течност. И за влошки пробале на каса други да ми увалат, мислиш на пазар се наоѓаш.
Со Зегин мислам дека 80% од луѓето шо пазарат таму ја ималедешавкава. Јас пијам витамини и сакам истите да си ги купам и нормално дека таа тетката таму ми подметнува други чија разлика во цена е повеќе од 500 денари и сеа тука треба ја да се убедувам и карам со неа. Да не праиме муабет дека стварно не им се фармацефти вработените, знам девојки со средно угостителсо и фризерско раму вработени, ужас. Друго и ова во фабу/ бивша анабела исто ми се има десено, да те гледаат со потсмев као сиромаштијава ли ќе купи. Мене ми се деси таква случка кај Мериот проданицата па двете после беа изненадени како си купив маскара од 2000 денари. Катастрофа
Значи многу ми се бедни тое продавачки што ги гледаат муштериите баш така "сиромаштијава ли ќе купи тука", па као со потсмев, па као гледаат да не украдеш. Мислиш они едни тешки богаташици, као да се над другите само затоа што продаваат нешто поскапи производи. Да не беа трагични, ќе беа комични, мене па ми е жал за тоа колку се умислени и колку често ги бутаат на земја
Од дешавки во Зегин, една ми правеше нц нц нц ококорена со очите зашто во пуна аптека побарав кондоми и објаснував од кои точно сакам Ко божем неа ќе ја...кхм. Едит А во рандом продавници и мене ми се случило да влезам со тренерки или општо облека за по дома и да се изненаџени ако купам нешто поскапо
Сега баш ме потсети муабетов, тогаш имав некои 11-12 години и дента бев некако без везе облечена зошто ме прати мајка ми по некои намирници, леб или така нешто, па навлеков што ми дојде при рака. И продавачка во Тинекс ја видов кога пред цела редица луѓе и покажа на колешка на мене, као да ме следи, да не крадам. Бев дете, ми беше ептен срам од луѓето, а не сфаќав и ден денес не сфаќам зошто изреагира така. Мала бев, не изреагирав само и кажав на мајка ми кога дојдов дома. Мајка ми отиде и лом ја направи.
Сите имаме предрасуди, а со оглед на тоа дека вработените си плаќаат од џеб за се што фали нормално е дека понекогаш се параноични и се обидуваат да се заштитат. Имам видено мајка до бебе во количка како краде, баба со внуче, постар дедо, помало дете како си зема киндер во раче или џеб. Така да и на нив не им е лесно. Не е дека нешто лично имаат против вас.
Не е така. И јас работам со луѓе, со производо кои се навистина скапи и никогаш не сум си дозволила вакво однесување. Предрасуди немам зошто животот ми покажал дека облека и накит не значат ништо. Нема оправдување ниту разбирачка за таков однос.
Да ме демне некој додека купувам - или ќе искоментирам и ќе продолжам да купувам или ќе искоментирам и ќе си искочам. У секој случај, ќе спомнам. Знам дека има секаков народ, и ја иам видено све и свашта, али таков пристап кон потенцијални клиенти ми е одбивен и сметам дека не е во ред. Ми ствара тензија тоа следење додека купувам, посебно пошо сакам убаво да си прочитам, особено ако е козметика у прашање. Космо у Лиса на пример, вработените мислам дека круг прават околу клиентите. Истото е и кога сакам да се доинформирам за одреден производ, а вработените си раскажуваат дешавки од прошлата вечер дур биле искочени у парови. Подеднакво ми е одбивно и непрофесионално. За продавачки шо ќе им поставиш едно прашање и шо ќе изреагираат као да си ги прашал за 3 њутнов у 5 сабајле, исто неам коментар. Пред некое време у Котон прашав една девојка дали случајно може да се отворат хулахопките за се види точно дебелината, ми изреагира као да и утепав мајка. ‘Као не, не може?!’ пред 10тина луѓе кои чекаа на каса. Да девојко, знам дека пишува дека се 40денски, писмена сум, али очигледно ти не си чим не знаеш дека и од 40 до 40 има разлика. Нормално дека и одвратив и дека и потенцирав следен пат да припази како се обраќа. Јас лично, со мојава професија, среќавам и по 900 различни луѓе у еден ден и да, сите добиваат подеднаков третман. Среќавам луѓе кои се pain in the ass, а при крај на ден сум со истенчени живци, ме болат нозе и грб од стоење, ама си ја сакам работата и не ми е тешко да услужам и дообјаснам таму кај шо ќе има потреба. Ваљда и у тоа е разликата. Од продавачки шо го мрзат светот, шо се исфрустрирани и искомплексирани, не постои нешо шо поише ме вади од такт. Префина сум секогаш, ама испонашај ми се еднаш и ќе ја дигнам цела продавница у ваздух.
И, овие во Космо ГТЦ не се ништо поразлични од другите. Бев тргната по фарба кене или еволушан, ама онака по тренерки и патики,и кога ја прашав кај ви се фарбите ме носи кај овие поевтините. Сакав, да и речам по што примети дека сакам од палете? И кога и кажав, која фарба ја барам, така цинично се изнасмеа Ми идеше да им ја оставам на каса безобразни.
Во Т мобиле плаќам сметка на апаратот и гледам еден човек седи и чека, завршив и ме прашува да му објаснам како да плати сметка. Малку погласно му одговорив - еве овде има вработени тие ќе ви објаснат, тоа им е работа. Така остро ме погледна едната како да и направив не знам што. Искрено, жал ми падна за човекот, ама па не ми е мене работа да објаснувам, они се за тоа таму ставени.
Леле што има врска, си можела да му објасниш на човекот. Искрено многу себично си постапила. Човек ти доаѓа, ти бара помош, а ти не сакаш две минути да застанеш да му објасниш....
Некој да ме замоли за помош од чиста култура ќе одвојам 2 минути и ќе му објаснам што треба. Секоја чест, ептен човечки си постапила.
Па секој би те погледнал остро. Човек те замолува, а ти го одбиваш. Јас на банкомат на еден постар му имам објаснувано како да извади пари, раце и уста не ми се изедоа.
Човекот воопшто не дојде до мене, беше таму пред мене. И токму тоа ме испровоцира така да постапам. Кој знае колку чекал некоја госпожа да си ја одработи работата за која што е платена. И зошто стана да му објасни? Чекаше некој како мене да реагира? Нормално дека немаше да ми се изеде устата. И до банкомат надвор не стои вработен. И јас сум објаснувала, посебно додека одев на пракса. А овде вработената беше буквално на еден метар од апаратот и седеше така, воопшто немаше клиент кај неа. Тоа и е работа. Ај заврши ја ти мојата работа, а јас ќе си седам така. И воопшто не зборуваме на темава за мене и мојата човечност, зборуваме за продавачки кои се однесуваат како што не треба. Јас само споделив случка.
@Orchidea Самата кажуваш во првиот пост дека те замолил. Ако ме замоли некој секако ќе му помогнам. Посебно стари луѓе и технологија не им е баш лесно. Второ, ако толку си била испровоцирана, ќе му помогнам ќе отидам до неа и ќе и кажам дека ова дошло до тоа да реагирам до нејзините претпоставени за нејзината немарливост. Точка.
Па не знам што се објаснуваш… после првото мислење се ни е јасно. После на секој друг ќе му биде страв да побара помош. Тебе те прашал,сметал дека си соодветна кулурно мирна особа што ќе сака да му објасни. Но,згрешил. Којзнае колку срам го изело.